1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подуени нозе и стапала

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Amelie, 2 септември 2010.

  1. Amelie

    Amelie Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    9
    Имам страшен проблем со отекување на стапалата и на нозете од колениците надолу. Не пијам многу течности, не сум имала ниту некакви проблеми со бубрезите. Обично имав мака сега во топлите денови тогаш е ептен лошо. Особено грдо изгледаат во сандали :( Ве молам доколку некој знае некаков лек нека пише.
     
  2. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Подуени нозе и стапала! Чареее....

    Би сакала да те прашам дали си имала стрептокока или пак гнојна ангина? Тоа може да е причина за отеченоста...
     
  3. mmarija

    mmarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    32
    Има повеќе причини кои можат да предизвикаат оток на нозете и стапалата. Најчести се артритисот, абнормална функција на бубрезите, недостиг на протеини, задршка на соли, анемија, недостиг на калиум или витамин Б, алергиска реакција или да се јави како предменструален симптом.

    Еве неколку совети кои се надевам ќе ти бидат од корист:

    • Држете ги стапалата неколку минути прво во ладна, па потоа во топла вода. Промената направете ја неколку пати во рок од 30 минути. Потоа измасирајте ги стапалата со крем за нозе или некое есенцијално масло. Најдобро е маслото од сандалово дрво, есенцијално масло од еукалиптус или лимон. Ова ќе ви помогне да се ослободите од отокот и од болката доколку ја имате.
    • Секојдневна физичка активност исто така може да помогне.
    • Избегнувајте високи потпетици и не ги изложувајте вашите стапала на преголем притисок.
    • Носете чевли кои се удобни, со соодветна големина и облик.
     
    На Amelie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amelie

    Amelie Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    9
    Подуени нозе и стапала! Чареее....


    gnojna angina ne, a strptokoka pred dve godini,odam redovno na pregledi i nemam za sega problemi,no vo oktomvri mozam da napravam mikrobioloski brisevi ne e na odmet,blagodaram(se izvinuvam za latinicata pisuvam od mob)
     
  5. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Е па во тој случај, мислам дека ти е од стрептококата. Една од последиците од стрептокока е подуеност на нозете и на стапалата. Така да мој совет ти е да одиш и да си се провериш. Поздрав ;)
     
    На Amelie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.919
    Пол:
    Женски
    Последниве 5-6 дена нозете од колената надолу ми се отечени многу, навечер дури ме болат од што може да е така :?:

    Симптомите на задржувањето на течности може да вклучуваат:

    отекување на делови од телото
    на зафатените делови од телото може да чувствувате болка
    зглобовите може да ви бидат укочени
    автоматско зголемување на телесната тежина во текот на неколку денови или недели
    необјаснета флуктуација на тежината
    кога ќе притиснете, кожата може да остане повлечена за неколку секунди
    во други случаи, кожата не останува повлечена кога ќе притиснете.

    Се пронајдов во сите
     
  7. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш си имала проблеми со бубрези, срце или пак имаш семејна историја на бубрежно или срцево болни дома?
    Зголемување на телесната тежина, ноќно мокрење, надуеност и отоци околу очите може да бидат предзнак на генерализирани отоци во кои спаѓаат: срцеви (кардиални), бубрежни (нефрогени), црнодробни (хепатални) итн. Срцевата слабост е најчеста причина за појава на отоци. Предизвикува собирање вода во белите дробови (белодробен едем), што е еден од најдраматичните состојби во клиничката медицина, а се манифестира со забрзано дишење, гушење, страв и немир. Тегобите се намалуваат во седечка и стоечка положба, но болните претпочитаат исправена положба на телото, со што отоците се лоцираат во долните екстремитети, и се најизразени навечер. Заболување на црниот дроб како што е цирозата исто така може да предизвика отоци. Прво се собира вода во стомакот, а нозете натекуваат.
    Оштетувањата на бубрезите (нефротски синдром) предизвикуваат генерализирани отоци на целото тело (лице, екстремитети, вода во стомакот, градната шуплина и срцевата кеса).
    Причина за отоците може да биде земањето некои лекарства како што се: естрогените хормони, оралните контрацептивни средства, како и некои лекови за снижување на крвниот притисок. Ефикасен начин за намалување и исчезнување на генерализираните отоци се постигнува со намален внес на сол во исхраната и земање диуретици.
    Покрај тоа што веќе 5-6 дена имаш оток, а тоа не е мал период, веднаш посети доктор.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    3.648
    Пол:
    Женски
    Лек за оток на нозете долу кај стапалото?
     
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    8.311
    Пол:
    Женски
    Облоги со ациди борици за прва помош би требало да помогне што и да е причината. А кога ќе ја откриеш причината зад отокот тогаш ќе бараш соодветни лекови и терапии.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Крема со ладен ефект, ациди бороци. Ногата на високо ставија.
     
    На eliesaab и Limpan им се допаѓа ова.
  11. Herc

    Herc Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Zdravo imam eden problem pred skoro 2 godini primiv inekcii protiv spontan abortus I od togas na gornite ekstremiteti na nozete kaj sto. Mi gi stavvaa inekciite mi se pojavija kakko topcinja vnatresno odev po lekari i preku fizicki pregledi mi velea nema nisto koristi krem ova ona ama sega osekam mi tezat nozete i okolu oblasta muskulite mi se oteceni i tvrdi ve molam za pomos