Државава не ни функционира никако. Нема противпожарни возила, нема возила за брза помош, немаме доктори, наставен кадар никаков.. се тоа што нешто вредело си отиде. Дали ако викаме каде е зајчето, каде е? Нешто правиме паметно и корисно. На такво место ако човекот го бива не треба да биде присутен, треба да биде способен и ќе делегира и управува како што треба. Меѓутоа за жал ниту политичари, ниту функционери немаме... Малку може погрешно го формулирав мислењето за да оставам впечаток дека бранам некого.
За Стојанче демек битно да нема жртви, а ова не се? Живо суштество, нечиј живот... Нечие се!!! Што се однесува до оние на плажа... Редно е да застанат пред народот и бар да пренесуваат, пошо нели за народот се тука они, за живото во Македонија. Ни ја снемува државата на секој можен начин.
Ама Стојанче и не е толку крив. Тој е директор една година. Требало со години да се набавуваат возила, да се вработуваат пожарникари, а за тоа Стојанче не е крив.
Зашто никој не го спомнувате ДУИ и нивниот директор што не ги сервисирал авионите за гаснење пожар, а набавил гориво за истите?! Кај Букурешт во Скопје кога поминувате стојат во дворот десетици расипани возила за брза помош и скапуваат и на никој не му е грижа пошто е државно нели, се што е државно нека пропаѓа.. Битно ние очи да си копаме тука и да се вреѓаме кој е подобар овој сега или тие претходните. Никој не е, ни едните ни другите!
Не е само до ЕВН. Еве ние имаме комшии што нејќат да го сечат оревот а секогаш исри кога ќе дува силен ветер, башка и ние сме приклучени на таа бандера. Ќе ни прегори се по куќа а може и да се запали не дај Боже. Еднаш пријавувавме и соседот си имал врски ги знаел тие и само малку го скратија а гранките пак ги притиснале жиците. Ја не знам што е толку страшно ако се среди дрвото, не велам да се исече од корен.
Касниш.Спомнато е тоа на почеток на темава. А,за амбулантни возила секоја година се коментира на форумов дека треба да набават нови. Никој не копа очи.Критикувани се и едните и другите,ама нормално е дека фокусот е на овие што сега се власт.
Па тоа треба да ни биде фокусот. Зошто не се сервисирани авионите за гаснење пожар. Зошто дозволуваме да ни пропаѓаат нови авиони, нови возила. Чекаме донации за возила за брза помош а се купуваат службени возила. Се почнува од доле па нагоре. Прво свесни како единки па нагоре .
Од инсајдерски информации Груевски е на пат за да го испоти газот со лопата Туку и тие и вие на власт се исто г*мно. Додека седнат у фотеља мед и млеко, после се шетаат по плажи, Грции, Израел итн.
Си имал човекот уште од Јануари резервирано за поевтино, без можност за откажување, од кај да знае дека пожари ќе има? Да му пропаднат ли парите?
Стојанче, не дека нешто го бранам, ама беше една година в.д. директор, а сега го поставија за директор. И јас сметам, дека ДУИ, како по обичај, не сноси никаква одговорност за својот кадар кој е на раководните позиции, па и оној кој беше директор на ЦУК пред Стојанче, нѐ е исклучок.
Потаму нека фати, да не го гледам со белото кошулче кај што се пува пред пожарникарите и ги нервира уште толку ко некој тумор закачен до нив. Само за тоа ги бива и едните и другите, ко некои дебили да се мафтаат. Ко шо за кур не ги бива уште да им дремат таму. Ајт, нека си се поти на плажа, барем не е лицемерен да глуми загриженост за семејствата на кои им изгоре све. Тоа уште поише ме нервира него некој да си се лади на плажа. Во Золошка градина и во Нано бар.
Не верувам дека е на национална основа .. Кај мојте во бавчата има далновод ( баш на наш имот се паѓа и стои така со години и години наназад , откако знам за себе ) . Тој далновод , до пред 3 години беше цел искршен на врвот ( бетонски е инаку ) од громови низ годините . Толку пати се јавувавме во ЕВН да дојдат и да го заменат .. Една година чекавме да дојдат . На крајот откако беа употребени пцовки и закани , дојдоа и го сменија со нов . Стариот беше опасност за сите нас ( се работи за обработливо земјиште ) и не дај Боже , можело да падне парче од горе да остави на место некого . Жиците беа хаос . Откако го ставија новиот е потсредено малку , ги средија и жиците . Секако , пробавме да го поместат од тука , ама не можело , бидејќи е далновод , ќе требало целата мрежа да се преместува ( таков одговор добивме од ЕВН ) . Среќа што немаат моите дрво во близина на далноводот , до сега кој знае што ќе беше , како што е се ниви тој реон .. Се согласувам дека се неодговорни , ама морам да кажам дека има и граѓани што се неодговорни . Под викендицата наша имаше една крушка на еден комшија . Крушката буквално го имаше окупирано кабелот за довод на струја на нашата викендица . Се изнервира маж ми ( со години му се зборуваше на човекот да си ја средува крушата ) и зеде од корен му ја исече . Правеше драми после " леле крушката " .. маж ми му рече само " кога ја зборував да ја средиш , ти ми велеше не драми , епа сега и ти не драми " .
Ако се спомне една индивидуа не значи дека само таа се обвинува. Јас го коментирав неговиот говор. Криви се сите, апсолутно сите зошто сите работат исто! Да беа луѓе, сите ќе се појавеа кај што треба, без разлика кој е на власт. А не само да се препуцаваат последниве години.
Од лево поголемиот чад - Мачево и Будинарци.. Од десно Робово.. Ова од балкон ми е, малку подалеку ама може да се види дека е лошо.. Пред малку се слушнав со другар на терен, рече будинарци и робово се критични ќе стигне до првите куќи.. И брзата помош 2 пати свиреше по градов Долниве 2 од Будинарци