Престрашно... Многу е блиску до куќи. Аман веќе... Нека се смилува времево бар еден дожд. Само дува, беља огромна да прави..
Страшно, се наежив ја од сликиве. Тетка ми е од Робово цело време и пишувам, сега и струја исклучена нема батерија да каже како е ситуацијата. Значи уште не е под контрола. Па и не заврна ич ко што кажуваа.
Не се, чекаат да видат како ќе се одвива ситуацијата, гасат од Австрија што пратија помош ама ветрот менува правци и им отежнува. Ако видат ептен дека зафаќа сигурно ќе бегаат. А колку ли е тешко да оставиш се за што си се мачел цел живот, посебно во Македонијава кај што ни помош ќе видиш од државата.
Ситуацијата прелоша, Заев си прави Бајрам на душа. Да гукнеше нешто. Ќе дојде, ќе тропне некоја глупост и тоа нон-стоп ќе се врти по порталите. Сѐ што зедоа,се испраа, се гледаат сега делата нивни. Ниту пак на Грујо власта беше нешто поарна. Јас не знам зошто воопшто постоиме? Како земја се ни зедоа? Еве гори и срцево,Македонија плаче, Заев се смее. Пу!
Не само заев, имаме ли ние претседател? Ѓорѓи беше фикус, овој што е сега? Нигде го нема, еднаш за нешто глас да му се слушнеше.
Престрашно......кај му е душата на тие луѓе сега...цел живот да печалиш, а сега пожарот е многу блиску. Се мислев ќе заврни, дека се најавуваше дожд, ама ништо. Страшно и болно за гледање, тешко на луѓето таму, останува само да се молиме. Зарем Заев стварно е на одмор? Веќе одамна се поминати сите граници, ама ова? До толку нула човечност?! Не треба да цапни сега во земјава, само да бевме малку поинаков народ.
Се ежам од сликиве, како грутка тешко чувствувам кај срцето. Како ли им е на тие луѓе... цел живот се мачеле да створат за еден скромен живот и еден пожар да избрише се. Бар да заврнеше, колку толку ќе им ја олеснеше работата на пожарникарите, и тие сироти ни спиени, ни јадени. Кај ќе им оди душата на тие шо си го ***** место да дојдат на лице место, ама не тоа е само пред избори.
Срамота еј! Словенците и Австријците ако не спасат. Дел од нив не се ни пожарникари, туку волонтери на годишен одмор....хм значи си го прекинале одморот и дошле да помогнат, а премиерот наш без ич око да му трепне си отишол на море. Дошле со соодветна опрема, со маски и останале Австријците да гасат, а нашите немале маски па морале дел од нив да се тргнат. Секако не ми е целта да ги обвинам нашите пожарникари, туку да нагласам колку сме за греота. Дно дно дно. Бегајте си од тука, барајте си чаре.
И избори идат ,и пак к** ги боли...жал ми е за сите погодени... Не дај боже да има нови места ,и се надевам за скоро сегде ќе се изгасне... Оф кога го видов фапот во Гевгелија.... Ми се слоши. Малку е да кажам дека сум разочарана кај живеам. За лешници,коли , патувања,лубриканти ,не знам што друго ,како набројувам така ми се лоши имало пари за да се сервисираат авионите за пожари немало...
Се плашам од природни катастрофи. Како што беше поплавата во 2016 во Стајковци, Ченто, обиколницата. Сега ова со пожариве...На тие луѓе таму им треба вода, им треба некој да им каже дека ќе биде се во ред, да ги смири, да им помогне. Во најтешките мигови се гледа кој ти е пријател и кој ти мисли добро. А политичариве од а до ш се покажаа на дело.
Страшни слики штетата е огромна, се надевам нема да има човечки жртви. И тука гореше синоќа, ама со помош на пожарникари и доброволци го изгасија. Оние што се гласани од народот треба да се сега меѓу народот и пожарникарите и да се борат со огнот.
Како можеа да стават таков идиот на чело со Центар за управување со кризи? Како? Немам ниедна причина да останам во земјава, камо да можевме сите да си идеме некаде. Сликите се претажни, не можам ни да ги гледам.
Најиронично е што малешевијата секогаш беа симпатизери на власта имаа гласачи сигурни. Сега се надевам памет ќе им дојде и на Мурто среден прст ќе му покажат на избори.
Зошто се карате дали луѓево од Источна Македонија биле за едните или за другите. После ова мислам дека за никој од понудените. Пак ќе кажам кога ти е тешко се познава кој ти е пријател а на кој не му е гајле за тебе или ти фаќа сеир. Толку шума изгоре, животинки, имоти на луѓето што со труд и работа ги стекнале (се гледа дека се сиромашни не живеат во палати), па не си човек ако ова не те допре.
Е ај Заев се капи,далеку дека оправдувам,ама опозиција каде е,по тв само?Што не слекоа тоа костумчиња и налицкани со говори само,да не не можат да одат кај пожариве и рака да стават.Мицко со компанијата негова на пример ете лопата да фати или црево,па да се види некој аир и од нив. Не туку бранете опозиција или власт,на исто се сведуваат и едни и други.На јазик јаки на дело....Тешко на народ....
Леле бе луѓе, страшни се сликите, Господ да се смилува, нека падне еден дожд, тешко на луѓето таму. Се предвидуваат уште повисоки температури од наредна недела, уште поголеми можности за пожари. Страшно!