Пола Влада е на одмор, иако е прогласена кризна состојба. Можно е да има член по Устав и закон да бидат уапсени веднаш на граница, ама кој ќе ги упаси?
Знаат они дека за нив закони не важат па затоа си тераат, мува не ги лази. Ама да гори кај Заев 5 авиона ќе испратат, обичниот народ кој го лула.
Прилично смирено, скоро секаде е локализирано, селата не се во опасност освен ако не задува јако пак.. Од сабајле летаа хеликоптерите, изгаснаа поприлично Над Будинарци уште гори ама не како што беше.. и тоа ќе верувам ќе го изгаснат
Па мислам дека нема да има жртви кај нас во овој регион..освен животните Малешевијата има богат биодиверзитет, ама ова беше преголем удар и за неа
Замислете ситуација. Српскиот Министер за внатрешни работи Вулин, дошол да го координира гаснењето на пожарите во Македонија. Оливер Спасовски го пречекал на Табановце и заминал на одмор... Одвратни...
Нема линк, барав. *Најдов сега Заев и неколку министри заминале на одмор, опозицијата реагира Меѓу оние што користат одмор се министрите Венко Филипче, Бојан Маричиќ, Оливер Спасовски, како и премиерот Зоран Заев, што предизвика остра реакција од опозицијата.
Кога тоа РМ имала Канадери? Освен ако под канадер колоквијално се нарекува секој еден авион со можност за фрлање вода од височина тоа е друга работа. Канадерите како што им кажува името се канадски двомоторни хидроавиони со пропелер. РМ имаше 3 Ер Трактор 802 кои можат да понесат макс. до 3000 литри и тоа во најповолни услови и тоа е се. Фрлени пари во ветар. За вакви работи е неопходна регионална соработка и како што кажав, мноооогу поголеми летала.
Вулин и Вучиќ повеќе ни мислат на нас отколку Заев и Спасовски. Кажа Вулин дека ќе останат дури треба. И тоа Вулин еј кој има радикални ставови одвреме навреме. Нашиве се за на клада. Што сме ние? Да не сме експозитура на Србија па мораат да ни помагаат. Никој не мора да ни помага, оти ние ниту некому сме способни да помогнеме, ниту можеме да помогнеме. Даноци овде плаќаме, а не во Србија.
Абе ти може да не се сложуваш до утре сабајле, ама Србија е најголема 'експозитура'(со твои зборови) на Русија во Европа.
Kако и да е, ќе изгореа цели села без нив. Не може да се минимизира нивниот труд и помош. Од оваа држава никој нема фајде. Пропаѓаме и за ништо не сме.
Еве ги Заев, Шеќеринска, Филипче во Будинарци. Дојдоа да се испосликаат демек еве многу се грижиме. Ма мрш таму сите до еден