Како да направиле светско чудо, се вратиле од одмор ејјј. Па тоа им е работа, илјадници евра плата земаат од народот, народот ги гласал, и ништо да не прават тука треба да се.
Америте нема да дојдат од преку езероно да ти помогнат. Доста им го лижеш гзот. До вчера велеа дека не постои Македонија, најде тука Србите да ги критикуваш. Секоја чест на Србите, барем тие да поможат ако нашиве политичари не ги боли уво.
Над будинарци рекоа во 2 ќе дојде авионот на романците ама јас сум на состанок па врска немам што бидна.. Само таму мислам беше покритично и накај разловци на чешмите..
Браво за нив. Спасија едно 4 села. Никој не е обврзан да помага, ама помагаат. Браво за нив и затоа ги сакам Србите. Ем вакцини ни дадоа, ем пак ги вакцинираат Македонците во Врање. Не можеме да им се одолжиме.
Тим 24 „Канадер Т21“, специјализиран хеликоптер за гасење пожари пристигна од Романија, а напладне се очекува и авион „Херкулес 530“, кој е со најсовремена опрема, носи придружна противпожарна опрема, пожарникари и други пропратни материјално-технички ресурси за гасење пожари. Помошта ќе биде распределена таму каде што е најкритично, соопшти денеска на прес-конференција помошник-раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Марија Милкова. Раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Горан Стојановски појасни дека авионот „Хекрулес 530“ е товарен и е прилагоден дополнително за гасење на пожари. „Се работи за специјализиран авион, за специјализирана намена кој со себе носи материјално-технички ресурси, носи луѓе, пожарникари и шесттонски кеси наполнети со вода и при летањето на подрачјето кое му се задава како координати за активен пожар тие се хидраулични и во форма на падобран бомба се концентрираат на пожарното дејствие каде практично е изворот на жариштето на пожарот. Тоа се големи авиони, нормално во координација со ВИНГ-от и со Генералштабот“, објасни Стојановски. Тој потенцира дека оперативниот центар денеска ќе се одлучи од каде овој авион ќе се полни со вода, имајќи предвид дека со правилата на УНЕСКО тоа е забрането на Охридското Езеро. – Имаме две можности – Преспанско Езеро и уште едно од поголемите вештачки езера, така што денеска ќе одлучиме како тоа ќе се врши и верувам дека денеска во 17 часот во пресекот на денот ќе имаме јасна информација за начинот и процесот и постапката на негово дејствување, рече Стојановски. Тој рече дека верува оти со овие материјално-технинчки средства и летала кои навистина се користат за оваа намена, за големи пожари и ќе бидат добредојдени со оглед на временските педиспозиции кои се очекуваат – сончево, топло време и можноста од дополнителен развој на ситуацијата со дополнителни пожари многу ќе придонесе за да можат со нив да се справат. Во врска со состојбата со пожарите Стојановски посочи дека во моментот Пехчево е најкритично. – Утрово имавме добра температура од 9 степени која на некој начин дозволи сите хеликоптери да се кренат и да дејствуваат во тој правец. Тоа е Пехчевско-беровскиот регион затоа што пожарот и дејствијата на пожарот се одвиваат во таа насока. Сите материјално-технички ресурси и голем број човекови ресурси се во правец Пехчево – Берово, додека другата сила материјално-техничка и ресурси човекови се концентрирани во појасот на Делчево кон Разловци, затоа што во можност да се дејствува што повеќе за да се спречи пожарот да избие кон Берово, односно кон Голак, истакна Стојановски. Во Штип, потенцира, има повторно реактивирање на пожарот во Криви Дел и таму се 35 војници и противпожарни екипи, а таму се и дел од Шумско стопанство кои повторно дејствуваат. Тој појасни дека теренот на кој е пожарот е многу непристапен. – Имаме мака во тој дел, и кон Кадрифаково, тоа е на граница меѓу Штип и Свети Николе. Во Прилепско има два пожари. Едниот пожар е сосема под контрола и нема никаков проблем. но вториот пожар што е под Плетвар. Малку потежок заради непристапноста на теренот и во овој момент дејствуваат се додека е вакво времето, температурата е во ред за да може да се дејствува. Меѓутоа, оној непристапен терен не дозволува во моментот да можете со сите капацитети и сили да дејствувате. Се држи под контрола. Се договоривме со градоначалникот да видиме во текот на денот ако има потреба најверојатно ќе интервенираме и со летало. Ќе видиме какви насоки ќе добиеме, додаде Стојановски
Денес посета на политичките партии, се собрале од страна партијците, поддршка да се даде за претседателите на партиите Мештаните се на терен, никој не ги пречека лидериве, а и поарно Денес нема страшни видеа од терен, ама се уште гори. Пехчевци се поактивни на нет, ама кај нив се симна огнот до Мачево и Робово. Од делчевско е затишје, или е смирено или е ептен лошо, немам инфо. Лошо е што северниот ветер се засилува, се надевам нема пак да се разгори. Ептен голема територија зафати пожарот, се рашири неконтролирано на сите страни. Да беше само пехчевскиот дел, ќе се собереа сите и ќе се запреше огнот на време. Ама нели си немаме држава, се пеплоса се. Над 50тина објекти се опожарени во целиот регион, Стојанче ветуваше оштета, да сме оставеле да изгори. Тие не купија возила на време, ветуваат тапани после свадба. Ни денар нема да пуштат, си ги знаеме
Доста е мислам од политика во темава, демек да беа тука другите нешто поразлично ќе беше. Толку ни е силата, опрема имаме како афричка земја. Ветувања од сите страни, доаѓаат на власт, полнат џепови и адиос. Едно е критика, друго е изјави од опозиција да постираш на секое, си имаш тема за тоа. Него да се испратиме еден по еден, мака ми е во желудникот веќе од толку неспособни луѓе кои располагаат со толкави пари.
Интересно, манастирот остана недопрен и ако пламените јазици се буквално до него. Ce cлyчи виcтинcко чyдo: Пожapoт пеплoca ce’ нaoкoлy, но го зaoбиколи манacтиpoт (Bидео) https://www.facebook.com/watch/?v=520017072552996
Па и нема што да гори, бетон, цигли и камења не се запаливи. Гола земја исто така не гори, нема зизмзелени дрвја наоколу па тогаш да беше чудо.
Леле жално. Абе и штала да е изгорена, и за неа луѓето си вложувале пари. Како така бе. Што е изгорено, куќи, викендици, помошни објекти? Во Кумановско изгореа некои стари куќи, во Мургаш куќи градени од 1953 година од камен, ама пак институциите се должни да го заштитат имотот. Навистина не е така. И стара викендица да е, моја е, не може да трпам штети од туѓа неодговорност. Јас би тужела.
Зборев со еден наш постар човек кој долго време живее во Германија. Кога беа поплавите пред некоја недела Германци, машко-женско, старо-младо сите на улица и помагаа. Наши Балканци терале шопинзи и ручеци. Можеби ќе ви стане јасно зошто некои нации секогаш се на врвот, а некои на дното. Инаку, 2 дена бев и помагав во гаснење. Дури сабајлево се вратив дома. Кога ќе се одморам ќе споделам информации. Инаку, срам и брука. Луѓето беа оставени неколку дена сами на себе. @WildMk Беше ли да гасиш пожари? И, цел тој НВО сектор? Или тука нема пара, не е интересно?
Мислам дека твојот гнев треба да го канализираш во склоп на нашите граници. Не мораа воопшто да се мешаат, не мораа воопшто да помогнат. Буквално ништо не мораа. Нашиве нит мислат за некакво влијание во мк, нит ги заболе патиката. Туку да ги трампаме нашиве 100тина пратеници за еден Вучиќ?
Ама Вучиќ брка и бизнис и политика, овие само до бизнисот се држат. Не мислев дека ќе дојде ден да кажам дека го бива, ама со оглед колку направи за Србија, и колку овие ништо не направија минатите 10 години, дојде и тој ден-Вучиќ го бива и работи за државата која му го полни џебот.