Се сложувам комплет. Ние само ги изедовме парите на српските граѓани, преку вакцини, ем ни донираа, ем ќе вакцинираат наши граѓани гратис. Па каде го има тоа? Какви паразити сме ние. И народот ги кривам, и народов е стока. Па оди бре протестирај пред Владата, барај вакцини, но и оставки, а не да одиш да те вакцинираат во туѓа земја, да им првавиш гужви по болници, а денар не си дал за тоа, па и како држава само работиме во полза на Косово, а против нив. Тие вакцини ги платиле Србите, не ние, и тие лекари, сестри кои вакцинираа ги платиле српските граѓани, а не ние. Тие хеликоптери, 4 наспроти наши 2, ги купиле Србите, и тој персонал си го плаќаат српските граѓани за нивни потреби. Не мораа со прст да мрднат. Ќе изгореа 4 села, народот ќе беше во траор, и сегде во светот ќе бевме топ тема по тоа што ќе ни се случеше. Друга работа, кога одиме на одмори, зошто одиме кај Грци, Албанци, а не одиме да ја шетаме Србија. Србија нема море, ама има доста убавини и вреди да се види. Или им дадовме гратис патарини кон Грција, а не кон Охрид, и готово. Па кој сега ќе патува толку многу во време на корона, а и кога знае дека беснеат пожари?
Проблемот е што скоро цела држава е партизирана. Ретки се оние што се вреднуваат и печалат како знаат и умеат. И кој ќе се крене на протест, ја, ти и три кучиња скитници. Инаку да, целосно се согласувам дека повеќе од потребно се масовни протести. Само прашањето е, колку е доста? Колку камшици можеме да трпиме за да кажеме стоп? Уште колку може да не парчосуваат за да кренеме глас? Индолентен покорен народ, силна власт. Колку е длабоко дното? Колку можеме да проголтаме, пред да изговориме? Не осакатија за век и векови. Срце ми се парчосува за умрена природа. И некој планира сега да сади дрвја или така ќе оставиме за успомен како благодарност за несебичната помош од србите, австријците и романците. Уствари ги бива за грмушки садење по булевари, за тоа, рака давам. Сега плус и локални избори. Кој образ ќе го имаат да стапнат во малешевијата? Не ни треба политика да не уништи, знаеме и самите очигледно.
Аман значи, како може некој толку да е психопат, да ужива да предизвикува пожари. Ни најмалку милост, ни најмалку свест и совест да се немало.
Well ... баш оти се грижам за тоа што се случува во нашите граници, не сакам руско влијание. Сакам способна влада и народ што не подметнува пожари. Ама многу сакам, па ќе морам да се задоволам со туѓи пожарникари и нивната пожарникарска опрема... па макар и руска. Ок? Пошто за без пари одам, одлучувам кај ќе помагам, кај не. Волонтерството е по желба, а не по нарачка. Повели волонтирај кај шо ти е ќеф.
Кое руско влијание бре? Се сожалил Вучиќ живи да не изгориме, и тоа без некој интерес, туку само по братска линија, и какво руско влијание. Србите се палат на Русите, а Русите не ги фермаат нешто Србите. Какво влијание има во оваа викојебина? На кого му е потребно ова парче земја што го уништија самите Македонци? Толку сме мали, небитни за да бидеме предмет на нечие влијание. Какви смешки. Фала на Србите. Дур сме живи нема да можеме да се одолжиме.
Преголем ми е револтот од неспособнава влада. А посебно од директорчево на ЦУК. Изјавата: „Нека гори се, само сите да се живи и здрави. Затоа како ЦУК целосно ќе бидеме фокусирани на луѓето, а потоа на материјалните добра. Изгорени се само два покриви на куќи, неколку возила, но најважно е што нема жртви. Дрвјата ќе пораснат повторно, крововите ќе се санираат, но човечкиот живот нема да се врати“. Молам? Како не му е срам да изјави вакво нешто? Мене ме јаде туѓ срам. И оваа: “Хеликоптерите имаат лимит, не само нашите, и српските, и француските и американските. Никаде во Европа не постои хеликоптер кој гасне ноќно време, ова е проверена информација. На хеликоптерите не можеме да сметаме откако ќе се намали дневната светлина, тие мора да се вратат во база. Со нив управуваат луѓе чии животи ни се важни” Така ли? А колку животи се загрозени со пожариве? Тие животи не се важни? Не само човечките животи, животни изумреа. Да им пресуди народов и никогаш пак власт на овие.
Каква е состојбата на терен луѓе ? Што се случи со пожарот кај Мачево ? Господ на помош да ни е на сите .. П . С . Не се согласувам дека само власта е виновна . Во Турција не е Зоки на власт , па ене ги не можат да се справат со пожарите . Во Грција исто .. Србија не е обврзана да ни помогне , но сепак ни помага . Дали имаат некаква цел ? Не би рекла . Бескорисни сме им и на нив и на ЕУ и на сите . Туку , од Бога се плашат , верувам во тоа , Србите се далеку порелигиозни од нашиве , незнабожци .
Ние немаме толкава територија како Грција или Турција, не ни се сервисирани канадерите со кои пожарот одма ќе се ставеше под контрола, немаме соодветна опрема, нашите пожарникари немале ни маски, се гребеле од словенските, а даваат пари за НАТО, градба на мостови на Вардар од кои реално нема ни потреба, и не, не се согласувам со тебе дека не е власта виновна, власта е директно виновна затоа што наместо да гледа што е приоритет и важно и за тоа да дава пари, тие даваат пари за глупости,... Барем еден авион да имаа како тој на Романија, немаше да дојдеме до тоа да имаме илјадници хектари шума изгорено, ма не мора ни таков тој кошта околу 50 милиони евра, а само за споредба ние на Нато годишно даваме 2 милиони евра значи за 25 години на нато би му дале пари колку за еден таков авион, ете мала држава сме, и тие канадери што ги имаме и скапуваат несервисрани да ги одржувале и да се исправни доволно е ама ни за тоа не се способни. Нема да го спомнам фактот дека со денови се собираат донации од храна и вода за пожарникарите и луѓето што гаснат пожар, баш денес мислев што ќе беше да је се собираа донации, гладни и жедни ли ќе ги оставеа луѓето да гаснат пожар.
Исто така се даваа и пари за лавовите и портата , а можеа да се купат делови за тие канадери , можеше да се набават нови противпожарни возила , наместо да се вади оградата околу Владата .. Не е власта виновна , виновен е народот . Повторно ќе има излезеност на избори . Треба излезноста да е 0.0% . Треба и оние по штабовите да не излегуваат на гласање . Да , знам дека од мака се таму , трчаат за да добијат работно место и слично , ама со овие неправди , јас не би излегла да гласам ( дури и да бев член на некоја партија , дури и да трчав и лепев плакати ) и тоа не важи само за православното население , туку за секоја една полнолетна единка во државава со право на глас . Не е власта виновна . Народот е .
Па некој мора да биде на власт, а власта ги сноси одговорностите од нивната неработа. Точно, Грујчо правеше порти и ставаше лавови ама тој ги купил и авионите. Е сега ако сметаш дека тој би требал да ги поправа авионите и од Будимпешта, тоа е друго. Е и да, авионите претходно биле исправни, а дури и помагале во пожари во соседните држави. Сега сакаш да кажеш дека народот е крив за тоа што пожарот ја "изненадил" власта, како што ги изненадува дождот, снегот и вето за влез во ЕУ ? Најс.
Како не е? Е! Нема доволно пожарникари и противпожарни возила,а авионите не се сервисирани. Тоа чија одговорност е? Не е на Петко од Коњари.
Премиерот Зоран Заев утрово заедно директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и градоначалниците на Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Драган Тренчовски изврши обиколка и увид во Малешевијата, во близина на селото Будинарци, беровско, во чија околина се најголемите активни пожари. „Владата, државата и Буџетот постојат за народот. Граѓаните не треба да се грижат и ќе бидат обештетени за штетите на нивните имоти. Ние имавме до доцна синоќа седница за да ги обезбедиме сите ресурси на располагање на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување за набавка на резерви и алати“, додаде премиерот информирајќи подетално за сите одлуки. Тој посочи дека државата веднаш ќе излезе во пресрет за надоместување на штетите на граѓаните. „Веќе се започнати во некои општини процедурите за излегување на терен и правење проценка на штетите кои ќе се достават до Владата за исплаќање. Истовремено постојат експертски анализи и планови за возобновување на шумите и соодветно на почвата есенва ќе бидат посадени нови дрвја. Оваа есен ќе биде искористена за надополнување на шумските капацитети“, нагласи Заев.
Мора да казниме на избори, ама со гласање и тоа против овие. Вие изберете за кој ќе гласате. Ако ние дремеме, ДУИ ќе има над 30 пратеници.
Со ова се согласувам потполно, но не сум за тоа да се седи дома и да не се гласа. А и никој нема право да му кажува на народот што да прави и да му мрчи за неговиот избор.
Maсовно гласање и да го пратиме Зоки во опозиција. Сега го гледав на вести. Добро одговориле, не бил тој пожарникар. Клише. Неодговорност до даска. Од пет земји ни помагаат за гасење на пожарот, и ние сме биле спремни. Како да не. Што не направат ребаланс на буџетот, и веднаш да се купи по 1 возило за сите противпожарни единици во државата, да се вработат по плус 2 пожарникари, да се качат платите за 2.000 денари ако не можат повеќе. Идната година пак по едно ново возило. На што личи ова?
Јас одговорноста ја гледав во ДУИ затоа што со ЦУК, со години нивни кадри управуваат, посебно оној Агрон Буџаку. Окапа таму у фотеља.
Какви ребаланси, какви бакрачи. А сервисирање на службените возила, а патните трошоци. А нови вработувања, партиски и рамковни? Има и побитни работи. Замисли само на некој буџетар цицач да му се расипе колата, жално. И замисли некој да го натераат на работа да иде, при плата за ,,работење" од дома. Молим ти се. Туку ќе ги пратиме во опозиција, а план В имаме?