Пожари беснеат во Македонија

Discussion in 'Политика и настани' started by Dust, Aug 4, 2021.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,775
    Likes Received:
    14,221
    И Максути од ДЗС никој не го спомна на тв. Не гори Западна, што да им е гајле па нив, гледам за Рамковен се во еуфорија, јубилеј си слават.
     
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Joined:
    May 28, 2018
    Messages:
    2,179
    Likes Received:
    14,264
    Gender:
    Female
    ДУИ си тера предизборна кампања, па и на Мерко што фалење му удрија како најдобар градоначалник :headbang: на Струга.

    Пожарите во делчевско и пехчевско се шират, се појавиле и нови жаришта
    https://makfax.com.mk/makedonija/пожарите-во-делчевско-и-пехчевско-се-ш/
     
    nextredstyle and Tanjamm like this.
  3. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Joined:
    Mar 16, 2020
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    3,453
    Gender:
    Male
    Зоки Едно Евро За Вицето затоа ли пуштил брада? Од жал за запалените шуми?
     
  4. Candelabra

    Candelabra Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2021
    Messages:
    18
    Likes Received:
    118
    Gender:
    Male
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    4,909
    Likes Received:
    25,611
    Gender:
    Female
    Секако дека Грујче не треба да ги поправа од Будимпешта , ами да го врати украденото и да ја одлежи казната тука .

    На власта е , а кој ги бира оние на власт ? Народот , нели ?

    А за кого да се гласа на избори ? Има ли подобри ? Не . Сите се исти според мене . Каде се сите оние партии кои се кандидираа на минатите избори да излезат во пресрет меѓу народот , барем една флаша вода да понудат на сите кои гаснат пожари ? Повторно од народот се собираат донации . Од народот кој живее од мизерна плата и едвај крпи крај со крај .

    Никој не ти мрчи за тоа што да правиш . Твое право е дали ќе гласаш или не . Мое мислење е дека воопшто не треба да се излезе на гласање , ниту ние ниту Албанците и сите останати етнички заедници во Македонија .
     
    IRBBB likes this.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    17,091
    Likes Received:
    131,382
    Gender:
    Female
    Да,народот.Ама,народот не му рече на Зајко,Зајко нема везе што нема доволно луѓе,возила и опрема,па оди излежавај се на плажа во друга држава дур гори овде.
    Народот и пред пожарите бараше да се набават противпожарни и амбулантни возила.Власта спиеше и уште спие.
    А,и ти си дел од народот.Не ја пери власта од одговорност.
     
    Tanjamm likes this.
  7. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2011
    Messages:
    3,382
    Likes Received:
    78,132
    Gender:
    Female
    Тоа што го предвидев, се случува.
    Огнот околу селата е локализиран, ама сега гори горе високото, каде што теренот е многу недостапен.
    А огнот е доста голем. Се наоѓа баш на границата меѓу трите општини, Берово, Пехчево и Делчево. А дува југоисточен и го тера огнот накај Виница...

    Луѓето од околните села веќе душа немаат во себе. Седум дена нон стоп се на терен, помагаат, трчаат наоколу, организираат храна за сите што се горе.
    Плаќаат од свој џеб за сè.
    Барем нафтата да им ја даваат по пола цена ;(

    https://www.facebook.com/groups/576237129169264/permalink/4100938046699137/

    Да не беа гостиве, ќе изгореше пола источна.
    Денес пристигнаа нови пожарникари од Австрија, да ги заменат колегите кои после 5 дена активно гаснење на пожарот се преморени.
    Фала им на сите.
    И на австријците, и на словенците, и на бугарите, на романците, сите кои дојдоа да ни помогнат во најтешкото.
    Највеќе на локалците кои со голи раце и без опрема го гаснеа огнот ;(

    За жал, романскиот авион и српските хеликоптери мораа да појдат и да помагаат на други места, каде што живототе на жителите се загрозени.
     
  8. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Joined:
    May 28, 2018
    Messages:
    2,179
    Likes Received:
    14,264
    Gender:
    Female
    Накај Евија и Атина најверојатно. Евија 6 дена гори, а и опасно се доближува огнот накај Атина. Со целата помош и вончовечки напори на пожарникарите, ветерот кој дува од сите правци (како и кај нас) создава проблеми и многу тешко оди гаснењето.
     
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2018
    Messages:
    4,750
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    Дали го локализираа пожарот на Китка, дали има некој информација?
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,775
    Likes Received:
    14,221
    Не е дека има некоја понуда, ама мора да се гласа и да се избере од понуденото. Минатите избори поради апатијата на Македонците, Албанците имаа рекорден број на пратеници. Вие во Тетово ако не гласате, знајте дека ќе имате се помалку советници, и со тоа само ќе губите. Како што ви менуваа имиња на улици, школи, директори, така ќе си продолжат. Во општината ќе имате се помалку административци Македонци, практично сметај дека нема да имаш со кој да се разбереш ако нешто ти треба. Jас размислувам да гласам за Левица, па и ако грешам, сум грешела кога сум гласала за ВМРО и СДСМ, може ќе згрешам, ама битно нема им фуфа на копуците.

    Сонувај дека Албанците нема да излезат. Уво не ги боли за пожарите. За избори ќе дојдат ако треба и од Швајцарија. Тие не се како нас. Кај се од Западна Македонија да пратат некое противпожарно возило?
     
    g8lQQk likes this.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Joined:
    May 28, 2018
    Messages:
    2,179
    Likes Received:
    14,264
    Gender:
    Female
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Joined:
    Jan 8, 2020
    Messages:
    9,793
    Likes Received:
    41,889
    Gender:
    Male
    Евија е х о р о р.
    А сепак сите авиони Грците ги држеа над Атина.

    Туристите од Пефки се евакуираат, а нови посетители на островот не се примаат.

    FB_IMG_1628420126106.jpg FB_IMG_1628420042157.jpg Screenshot_20210808-203417_Facebook.jpg

    Сликиве ептен ме трогнаа денес.

    *сори на оф- топик...
     
  13. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Joined:
    May 28, 2018
    Messages:
    2,179
    Likes Received:
    14,264
    Gender:
    Female
    Многу ми жал, имаат и 60- тина жртви. :worried:
    Ама и оној накај Атина опасно се доближува, што да прават попрво.
     
    ane.bella and Ahoy like this.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Joined:
    Mar 16, 2012
    Messages:
    1,831
    Likes Received:
    5,144
    Gender:
    Female
    Ма ми се повраќа од сите по ред. :puke:
    Па до толку да беше труло во оваа банана држава..
    Деновиве одлучив дека јас си одам од тука. Ајде бори се да биде подобро ама нема...едни грабаат па други, исто срање се сите.
    Зошто плаќам даноци јас и тука си ги трошам парите? Не, ќе си отидам во друга држава, знам дека и таму ќе има проблеми ама мислам дека се похумани и поорганизирани.

    Жал ми е, превише ми е жал за луѓето. Која материјална штета ќе ја надомести Заев? Има луѓе што имаат една крава/коза, продаваат млеко и од тоа живеат месец за месец. Ќе исплати 50 евра за две години од сега ама дотогаш?
    За што јас ќе работам цел живот? За да се случи нешто вакво и државата во која се трудам да заработам нешто да ме остави да горам? Знаеме каде отишле нашите пари, си изнакупија станови, куќи, си ги обезбедија и правнуците за цел живот.
    Ми се гади од сите, и од овој што беше на плажа па еве си го прекинав јас одморот за да дојдам (си сакал власт и позиција, носи се со одговорност сега!). И од тој што плукаше по прес конференции и по статуси на фб за да добие политички поени па сега еве растоварам вода.

    Пак луѓето меѓусебно се спасија колку можат, се покажа хуманост и со донации од маркети, од бензински станици, на тоа остана да се надеваме дека барем меѓусебно ќе си помагаме.
    Толку голема неможност, немоќност чувствував кога дознав дека кај нас над село гори, и уште чувствувам. Со голи раце се спасуваат луѓето, за греота еј, го интервјуираат еден со што помагал - со гранка. Не знаев кој попрво да го мислам, буквално секаде кај што имам некој што ми е мил гореше. Мислев дека сум готова да полудам.
    Ми се чини овој стрес ми одзема пет години од животот (знам дека многу други претрпеа многу повеќе). Пак на крајот толку сум (сме) наивна и се надевам дека ќе се смени нешто и ќе се земе поука од ова, и дека ќе се освестат. Луѓето станаа толку нетрпеливи и спрема полиција, се што е државно, се што зема плата од нас поради тоа што ништо не функционира како што треба...

    Се извинувам за долгиот пост, стварно се изнапишав. Морав да бидам силна пред моите, знам дека и тие се правеа храбри пред мене, а морав да се искажам некаде...
     
    Last edited: Aug 9, 2021
    smooch, WildMk, Sofice and 17 others like this.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Joined:
    Oct 25, 2012
    Messages:
    8,031
    Likes Received:
    48,363
    Gender:
    Female
    Знам дека не е ни време ни место за шеги ама точно ова ни се случува
    https://fb.watch/7g4OrLYYr4/
     
    Tanjamm and blady like this.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,775
    Likes Received:
    14,221
    Сега читам коментари на Фб, Малешевци се жалат по медиуми дека ако не беа странците ќе изгореа селата, а други пак „еее, а нашите што помогнаа, а граѓани, а пожарникари, армија“. Обичните граѓани не треба да изигруваат пожарникари со метли, вили, лопати и тоа не е некое гасење на пожар. Пехчево слушнав на тв имало само едно противпожарно возило. Како тоа дел од нашите граѓани мислат дека со едно возило изгасиле пожари во три села, тоест не се ни изгаснати сите, уште си тлее. Странците да не беа, се ќе беше пепел. Ќе ги обештетат, ама стресот кој ќе им го плати? И колку и што и кога ќе обештетат? Заев се гордее со тој стогодиен Фап, фрлил 6 тони вода. Добро е, не се распадна по пат. На прашање на новинарот дека ако не биле странците ќе изгореле, овој „аа па Австријците се обучени за шумски пожари, нашиве не се“. Зошто да не се? Што правиш Заев 7 години на власт? Плус Австријците беа волонтери, не пожарникари, ама додека патувал од Грција сирот не гледал вести, не читал медиуми, инаку ќе знаеше дека тие не се пожарникари.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,775
    Likes Received:
    14,221
    Баш така. На крај сите го пцујат Стојанче, а тој најмалку е крив од сите нив.
     
    elimkd likes this.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    1,000
    Likes Received:
    3,684
    Gender:
    Male
    За жал РМ е само дел од глобалната негрижа за пожарите, горат и Калифорнија и Австралија и Русија, сеуште нема меѓународна соработка за вложување во соодветни летала и опрема за брзи интервенции пред огнот да избега од контрола. Тоа не значи дека овдешниот немар и општа тупавост треба да се амнестираат, напротив, треба да летаат оставки но тоа ниво на свест сеуште не дошло кај нас.

    Секој потенцијален голем пожар може да се сосече во корен со денешна технологија, брзо и ефикасно, но не, тоа не е приоритет.
    Затоа имаме 86 заменки за родови и буџетско финансирање на транс, чисто да се знаат приоритети, нек горат милиони хектари годишно, нек умираат илјадници секое лето по светот. На денешна технологија и можности, сателити и сензори, срамота е што нема еден соодветен авион на светско ниво, не ми се верува сеуште иако сум упатен во тоа.
    Овој романскиот Ц-130 е карго авион од воена авијација на кого му се монтирани резервоари но сето тоа е импровизација, настрана што не може да слета на вода туку треба на аеродром да се полни со саати за нареден лет.

    Навистина е нејасно како секоја година истото се случува и никој нема одговор.
     
    MeowMeow and Tanjamm like this.
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Joined:
    Mar 16, 2012
    Messages:
    1,831
    Likes Received:
    5,144
    Gender:
    Female
    @Црна Ружа знам дека цел свет потфрли во грижата за глобалното затоплување прво за да се спречи пекол на земјата, а после да се вложи во опрема, да се соработува за да вакви трагедии се санираат побрзо. Секој си го гледа сопствениот двор од поголемите и поразвиени држави и затоа немаме нешто на глобално ниво.
    Но, мислам дека ако немаме можност за многу напредна технологија, можеме барем да го сервисираме тоа што го имаме и да се вложи во нови возила и да се вработат повеќе луѓе.

    Ако одиме за други светски проблеми како што спомна ти, ( пример именки за трансџендер луѓе) дефинитивно се согласувам дека човештвото е превише фокусирано на вакви небитни работи. Се додека нештото не се случи во нашиот двор, нема да сфатиме како му е на комшијата. Оваа ситуација ја видовме и со пандемијата кога многу луѓе ептен, ама ептен доцна сфатија дека не било зафрканција, за жал кога некој близок заврши трагично. Од не носење маски до изложување други на ризик. Така да не верувам дека тоа на глобално ниво ќе се подобри, ама барем похумани да сме и да си се најдеме еден на друг, секојдневно да бидеме подобри како човештво.
     
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    4,909
    Likes Received:
    25,611
    Gender:
    Female
    Најмалку сакам да ја перам власта од одговорност . Спие и народот , веќе 30 години никако да се разбудиме и да ги земеме работите во свои раце . Ако сите оние кои заминаа во странство , останеа и се бореа да променат нешто , можеби ќе беше друга приказна денес . Со години младите заминуваат и се откажуваат од борба за подобро утре во својата држава . Можеби , да сме се бореле како народ против ваквите лопови од самиот почеток , не би стигнале до ова ниво , да немаме асални средства за гасење пожари . Да гасиме пожар со Титовиот ФАП . Да чекаме милост од соседите за да не изгориме живи .
    Западна Македонија одамна не е дел од Македонија . Во време на Грујче , Тетово не го ни спомнуваа како град ( освен пред избори ) . Тажно , но тоа реалноста . Го кажувам она што го гледам . На карта , формално , сме дел , физички не сме . Како што се шушка по чаршија , Тетово ќе има своја влада , своја општина , зградата за истата е веќе спремна и се наоѓа зад културниот дом . Се чека амин од Скопје , за Тетово да стане кантон , со своја влада , свои закони и правила . Држава во држава (facepalm) . Околу советниците .. И тие што ги имаме ништо не работат и воопшто не се залагаат за македонците тука . Ти кажувам затоа што сум видела со свои очи . Повеќе Албанец ќе ти заврши работа , отколку Македонец . Како викаат " иди кај Албанец , од наш човек бегај подалеку " . Проклети сме ние како народ . Гледаш на другиот сеир да му фаќаш , додека они се помагаат меѓусебно и затоа и успеваат . Со таква слога , Западна Македонија ќе ја изгубиме , за памет на нашиот народ .