Многу точно. Ама против кого да се бориш и како? Знаеш дека ќе отидат во оган првите што ќе станат за себе. Најдобра опција е да си одиш од државата ако имаш можност, освен ако работиш во странска фирма и те заболе за сите. Се смени нешто после поплавата? Ќе се смени нешто сега после пожарите? Не и не.
Ако не гласаш не постоиш. Исто како да те нема во Тетово. На локални се гласа за личност. Од листите на македонските партии гледај ги само првите 3 имиња, и одлучи кој сакаш да биде твој претставник во општината. Ставаат лекари, пратеници, истакнати луѓе и сигурно ќе најдеш некој кого го почитуваш. Имате само 6 до 7 советници вкупно, а тоа е ништо и тие немаат влијание. Се повеќе ве откачуваат за било што со изговор па вие не сте ни 20%. Ако дремеш дома на избори, само ќе им дадеш ветер во грб да велат дека сте помалку од 20%. А само Господ знае колку сте. Kaj нас во Куманово, ВМРО и СДСМ земаат по 12 советници во просек, а тие имаат севкупно 6-7. Со еден советник плус, кога од 6 прејдоа на 7 поради поделеноста на Македонците, уценуваа. Затоа сега сите албански села се средени, а населбите каде живеат Македонци се како села со калливи улици. Ова го зборам за општо добро. Гласај народе. Замисли еве ти од Тетово си и утре мнозинството советници да изгласаат пример дека ти и комшиите треба да се иселите, да си ги продадете плацевите за да некој инвеститор гради, и да ви платат некоја многу мала сума. Кој тебе ќе те брани и застапува? Никој. Имаше моменти кога советници Македонци напуштаа седници на совет во Тетово. Сепак не е дека се скроз пасивни, но толку моќ сте им дале преку гласови.
Ствар е што пожари има откако е свет и век, порано цели градови исчезнувале во огнени бури, нема никакво оправдување на светот кое ги пере сите светски политичари и влијателни лица, еден едини човек ко Безос може да финансира сам развој на огромен хидроавион кој ќе превенира развој на големи пожари во сам зачеток, тука се искуствата со Екранопланите кои држат светски рекорди по дигање терет, замисли 500.000 литра вода во еден налет на локален пожар, има цела мрежа сателити кои можат да се усмерат кон рано откривање пожари, може да се ставаат сензори во природно поднебје, во ова време на целосна умреженост и комуникација нема шанси зачеток на пожар да мине незабележано, па и да мине, со соодветно летало тоа би се средило веднаш. Па Х-4 Херкулес осмомоторното чудо на Хауард Хјуз (ексцентричен милијардер) уште во 1947 дигал над 100 тона, сеуште ненадминат по димензии хидроавион, каде отишле овие 70+ години не ми е јасно, со авиончињата на Канадер или уште помалите од нив колку да се каже "нешто правиме'. Тие шуми се развивале со векови, цела таа екосфера сега да исчезне за неколку дена, неопростиво. Што се однесува до глобално затоплување може да има влијание, но се повеќе се појавуваат вести за болесници-пиромани кои намерно прават зулуми. Таквите лица треба да се затворат во лудница и да не се пуштаат никогаш, доволна им е една канта од 25 литра бензин при доволно ветар да направат нестварни штети. А тие пустите сексуално се возбудувале од гледање големи пламени, што све не шета по свет. Некои од нив барале да бидат признаени како ориентација т.е. пиросексуалци ! Тука се и имбецили неодговорни пушачи кои се расфрлаат со пикавци низ прозор на +40 степени, посебна категорија морони. Ете јас сум по тутунот ама нема теорија да фрлам пикавец, не само во вожња туку никаде и никогаш него директ во лименка полна со вода. П.С. Вкупната цена на најновиот амерички воен авион-ловец, Локид-Мартин Ф-35 Лајтнинг вкупно целиот проект ќе чинел 1,7 ТРИЛИОНИ долари, сума поделена на 20-тина земји кои ќе го купуваат или по лиценца произведуваат, најскап воен проект на сите времиња. Тоа се 1700 милијарди долари. Со 5% од тие пари би се спречиле сите големи пожари на планетава. Приоритети.........море nek idat u qratz site, prokleti gomnari.
Искрено , откако имам право на глас , секоја година гласам . Секогаш се двоумам , но на крајот излегувам и гласам . Колку и да се тие советници , треба да се борат и да го застапуваат македонското население во Тетово , а не да бараат мито и корупција . За жал , поважно им е да лапнат некој денар во џеб и да ќутат , отколку да застанат на страната на правдата и да се борат за граѓанските права на Македонците . Инаку , мене не можат за мала пара да ми ја земат куќата , па макар и општината да решила . Голема ќе ја биде . Затоа што оваа куќа постои од пред Тито , веќе 200 години оваа фамилија живее на истата локација , само градбата се менувала низ годините . Ги имаме сите документи , црно на бело , со општински печат , легализација и приватизација на земјиштето и објектот . Нека повелат и нека понудат цена , ако ми одговара ок , ако не , не мрдам ниту милиметар . Да размислуваа сите Тетовчани вака , денес немаше ниту 10% да се во општина Албанци . Ама " во виорот на војната " секој гледаше да продаде и да бега . Кој остана , остана . @Jana06 никогаш и нема да се смени . Проклет народ сме ние , сами се истребуваме , не ни треба вето , не ни треба муслиманското население , Грција и Бугарија , не ни треба војна . Фино и културно си се истребивме . П . С . И во Тетово и околина беснеат пожари . Ама на ТВ ги нема истите . Како и минатите 15 години , Тетово не е дел од Македонија . Спречени се пожари во атарите на селата Групчин , Бродец и Шипковица .
Мора да се гласа. Еднаш во четири години бираме и мора да казнуваме, оти за награда никој не е. Не се буниме и затоа е така. И за пожари, и за лошо здравство, и за било што молчиме и тоа така си поминува.
Мислам дека темава од пожари стаса до кој како гласа. Модераторот нека ги префрли мислењата во соодветна тема. Влегувам во темава за да прочитам каде гори и дали се локализирани пожарите. Дали е сега смирено во малешевијата?
Мора да се корегира легислативата за пироманите, не смее да се извлекуваат со смешни казни. Поради нивните постапки имаме и мртви луѓе, па и такви со времени или трајни последици по здравје, уништување на све што граделе цел живот, бездомници и што све не, настрана уништување на природно богатство. Пироманите треба да се третираат најстрого со казни од 25+ години робија. Исто важи и за превенција. Обично пироманијата започнувала во адолесценција кога младиот човек започнува да пали помали огнови. Ми текнува на еден случај кога пироман од Драчево запали неколку згради пред 10-15 години при што имало 4 мртви и 35+ лица со разни степени на изгоретини и трајни проблеми со дишни патишта. Масовен убиец по дефиниција. За среќа се обесил во Идризово после некое време...
Пехчево нема пожарна, нема ништо. Тоа возило е сега од донацијата од швајцарија пред месец дена добиено преку ПЗП фаза 2 Така да, нема ни спремни и обучњни пожарникари. До сега се користеше ТППЕ Берово за вакви ситуации, дали ќе направат сега и ТППЕ Пехчево останува да видиме..
Епа уште полошо. Знам дека имаше донација од Швајцарија, ама мислев дека тоа е само дополнување на возниот парк, ама сега сфатив дека не е. Овие заслужуваат да им се блокира влезот кога планираат да прават митинг.
Според гугл, сликата не е од Пехчево, најверојатно е од Турција. Но, од каде и да е, ја прикажува тажната судбина и жртвувањето за своите деца.
Изгаснато е рекоа.. Нема мирис нема џад.. не се гледа ништо од балкон. Мојов 2 дена не го викнаа да гаси.. Така да верувам дека е изгаснат во целост.
Јас мислам дека, за жал, не се спасила... Жената не можела да се движи, целосно или делумно, како беше? Некој ако и' помогнал, ќе се дознаеше... Ако останала во куќата што ја зафати пожарот, која потоа и ја рушеа, како да ја најдат воопшто... Со тек на време, ќе има некоја потврда.
Во Сарај уште гори, но со француските дронови лоцираат некои подземни жаришта. Наводно тлеело уште под земја на места кај што има доста корења. Со дроновите мапираат ризични точки поради непристапниот терен.