Па еве цел јули пожари гасат странци. Тоа е блам невиден на европско тло. Сега и Чеси и Германци доаѓаат. Мене ме нервира дрскоста, безобралукот на Македонците што делат квалификации цел божји ден и кажуваат кој што требал да прави, а самите немаат една пожарно возило ново да му се невиди. Не се надевам на ништо, мене ми е чудно што се замараат за туѓи проблеми, тоа е воен сојуз, не е ТППЕ. И Србите сега гаснат кај Мгленце, тоа е покрај српска граница, да не им прејде таму. Се знае зошто влеговме таму, да не правиме мутави, не за пожари да ни гасат, туку кошмар ни е поделба, а поделба на државата е крај и за нацијата. Ние вода во очи немаме, се правиме силни тука по форуми. Да не беа странците, досега цели села ќе беа изгорени. Друго, Хрватите крадци по блокови следат со дронови? Овие нашиве немаат ли пари за дронови, да пуштаат во шумите? Цел месец гори, фатиле еден пироман. Абе кога е за други, многу високи критериуми имаме што е држава, за нас се дозволени грешки. Овој признал, инаку ќе го пуштеле ако немаат цврсти докази.
Не се пиромани, пироманот пали и седи да гледа да гори и како гори пошто ужива во пламенот. Ова се платеници кои намерно палат за некоја цел од други наложена.
Мене не ми се верува дека некој намерно пали места напуштени и од Господ. Се е ова ненамерно од локалното население и неговата некултура да се фрли пикавци кај стигне.
Ама, палат оти се болни во паметот. Или и платени. Фатиле повеќе лица. https://sitel.com.mk/privedeni-pove...har-policijata-so-zasileno-prisustvo-na-teren
Баш локалното население никогаш не би запалило особено тие што живеат во села на планини пошто шумата е насекаде околу нив и знаат дека со се шумата целото село ќе отиде. Платеници дебело платени палат и бегаат.
Не бидете толку сигурни дека локалците не се. Прво погледнете дека сред Скопје на плоштад е полно со отпушоци. Еден отпушток фрлен на сува трева или стрниште ќе запали цели ниви, ридови. Вчера Механџиски даде изјава во Пехчево, човекот донел храна, пијалоци, мислам дека и од аптеките кажа дека можат да земаат што им треба, плус гориво за 200 возила да гаснат. Алал да му е, ама и кажа дека си седеле по кафанчиња, и не биле малку таквите, рече ако треба и по име и презиме ќе ги каже. И тој ЕУ механизам, функционира така што пријавуваш дека имаш проблем, ако некој се пријави, кој сака, може да ти помогне, ама не мора, не е задолжително. А НАТО механизмот исто така се активира, ама рекоа вчера на вести, дека не е до таму дојдено. Сигурно има некој критериум, не е тоа така, му текнало на некој во Македонија, желби ќе кажува од кај сакал, да дојдат да му гасат. Туку нека молчи народот, тие што ги нарекуваат зло, лицемери, гејеви, сатани, па и терористи(имаше тука и терористи ги викаа), тие на кои Македонците им посакуваат распад, еве тие ги спасуваат македонските градови и села да не бидат пепел. Па и Германците ќе дојдат да гасат. За истите Германци не знам што не е кажано и тука на форум и по социјални мрежи. Навреди, измислици, посакуваат пропаст, ќе умирале по улици од глад и студ. А Сијарто не нарече северномакедонски пријатели, тера мајтап, виде просиме пари, заем од Орбан, па и бараме помош за гасење на пожари, па и тој да се зеза. Ми кажаа во селото Живење, наводно некој дедо запалил грашиње(остатоци од грав, суви мешунки) и предизвикал пожар. И зошто нема пожари во Западна? Нека запали некој, нека направи штета, ќе го најдат, по тие куќи палати иселениците сигурно имаат камери, ќе го истепаат браќата, ќе си ја научи лекцијата. Плус тие се сложни, ќе гасат веднаш, сите, а не Македонците фатија пат за Грција, ене ги колони на Богородица и ќе кажуваат кој требало да дојде да гаси. Германци, Чеси, Срби, Словенци, Црногорци, Романци, Турци, Австријци, Бугари, е овие ги спасија македонските градови пред некоја година и сега, инаку немаше да ги има на мапата. И кога правите споредби, редно е да кажете дека Грција гори секое лето, ама Грција е поголема по територија, Грција е членка на ЕУ, ама волку помош Грција не добила, гаси некој, ама не гасат толку многу народи и држави одеднаш.
Мештаните во град и во село се различни тие се грижат за својата околина. Доста ги штитите платениците кои намерно палат со бензин од коли и џипови на поминување. И мене ми кажаа во Живење со бензин истурале по шумите и палеле, изворот, верувај ми, ми кажаа.
Не знам зошто не се вложува повеќе во пожарникари возила и да се вработат повеќе луѓе.. Немаат многу возила, од пред многу години купено, немаат никаква пракса, обуки добри, не се ни сите физички спремни, како шо знам треба да се вежба секојдневно и да се изведуваат операции за вежбање на пожарникарите. Само се јаде се пие и по кафеани. Не ги кривам нив,но од многу пожарникари шо ги знам тој му е животот и не гледаат да се физички здрави и спремни.
Почнаа да ги фаќаат, ама ја изгореа државата. ЗАПАЛИЛ ОГАН ВО РУИНИРАНА КУЌА, КОЈ ПОТОА ЗАФАТИЛ СУВА ТРЕВА Приведен е 31-годишен маж од Свети Николе – plusinfo.mk
Eве знам за село каде имам имот, контејнери има, ама смет се фрла околу селото(ги мрзи да одат до контејнерите, а не е подалеку од 200 метри од било која куќа и контејнери има на 4 локации), и сточарите кога пасат крави, да не им стапнува стоката на тегли, скршени чаши, секаков отпад има, облека, памперси од деца, палат. Значи ќе запали 2-3 купчиња, и продолжува со кравите, не се замара. И така со години е. Згора на тоа сите ликуваат, како тоа не сакал смет да има, го палел, мислиш којзнае што направил, а од тие 2-3 купчиња запален отпад може да пламне цело село. Градоначалникот пушта анкета пред креирање на буџет, што треба да се направи, коригира, пишав да ги казнат тие што фрлаат смет при контејнери и нормално дека ништо не е направено по тоа прашање. А ако се намерно подметнати, нека ги најдат, гори цел месец, имало 765 пожари во јули, а фатиле едвај неколку души откако се изгоре. Гледајќи што се случува, не вреди да имаш имот на село, викендица и слично. Пепел ќе ти биде се, и на крај после некоја година може да ти дадат некои смешни пари што не се доволни ни за една врата. На тој од Кочани од 2021 година не му дадоа само 50 евра за изгорен покрив? И кој заврши во затвор за тие пожари? Скоро никој. Секогаш кога стојам на јавно место, гледам дека сите околу мене пушат, и фрлаат цигара позади натстрешница, кисок, било каде во град. Таму асфалт нема да запали, ама во село има што да запали. Една недогорена цигара е доволна. А тој што ја фрлил нема да се јави и да рече „еееј, јас бев, извинете, не беше намерно“.
Ја гарантирам дека се подметнати сите. Не можам да сфатам зошто. Шо треба да ти фали во тимбата да земеш да палиш? Што? Злоба? Досадно ви е? Дрва ви требаат? Па вие и вашите деца го дишете истиот воздух пацови едни издишани. Не знаете дека пикавците се фрлаат у пепељара у кола или се гасат убаво? Не знаете дека било кое ѓубре, особено упљач, стакло, дезодоранс СЕ ФРЛА У КАНТА, НЕ ПОКРАЈ ПАТОТ? Или толку сте малоумни. Кај дрва неаме, и тоа шо иаме ќе го уништите пошо сте стоки невидени
Донирајте на 143 400. Јас донирав, инаку не знам што владата не одржи седница и да донесе одлука за обештетување.
И Грци од Кипар дошле вчера да гасат. Пола Европа не може да изгасне тоа што народот го пали. Вчера на вести кажаа, 6 години немало осуден за пожари во државава. Имаше едно соопштение, дали од МВР беше, не знам, палење на стрниша беше опишано како невнимание. А што ми е гајле дали е невнимание, кога тоа е казниво со закон? Нека излезат по селата, нека пребројат колку стрништа се запалени, дома кај газдите да им отиде полицијата и казни да платат. Закон има, казни има за тоа, ама не казнуваат. Епа не може бре територија каде не важи закон да се смета за држава, па згора на тоа да седи на маса во НАТО и да преговара со ЕУ.