6 лица приведени за подметнување пожар. Колку треба да си будала да ти е забавно да правиш штета на животната средина?
Гори Галичица, најубавото и највредното во Македонија… Не сакам да верувам дека е подметнато, едноставно главата не ми го прифаќа тоа како можно. А можно е очигледно. Има повик за доброволци кај adventure, дечките од Велес. Исто, со право ги осудуваат инфлуенсериве што збор не кажаа ниту поддржаа некој апел за помош. Беда.
Не ние, туку некои, некои платеници кои добра пара зимаат за тоа, бел ден да не видат. Арам да им се парите. Не проаѓаат више причите дека од несовесните граѓани се подметнати или дека е топло..
Cel balkan gori no samo balkan zasto nema pozari na drugi zemji se e od nas , nie ja ostetuvame zemjata
Галичица гори веќе десетина дена и повеќе, досега ја немаше на ничиј радар, вработени лица во НП гаснеа и волонтери, без механизација. Среќа се крена врева, конечно. Прежално е, ни изгоре национален парк. Годинава е хорор во овој поглед, секаде.
Не ми е јасно, толку не можат да ја мобилизираат и државната администрација на пример? Една поголема акција да се направи да се соберат луѓе... Катастрофа е ова.
Кај да ги бараат на плажа во Грција? Имаше еден човек доброволец се јавил да гаси пожари и добил отказ зашто не бил на работа!! И сакаш да се пријави некој? Во Турција кога гаснеа волонтери им даваа награди после тоа, платени одмори што не а кај нас работа губат зашто замисли имаат свест!!
Дечки може ќе ме нападнете ама јас стварно не знам како се гасне пожар....како доброволци помагаат? Без опррма ли, цивили? Стварно немам појма. И на неколку пати помислувам за помош ама освен линијата за донации не знам како може да се помогне.
Е па порано имаше Општонародна одбрана и бевме сите обучени за вакви ситуации, воен рок обавезен, се по ред.. ама умре тоа време и сега нема..
Јас колку шо знам од луѓе шо ми имаат кажено, без опрема помагаат, кофи вода носеле и гаснеле. Државата нема доволно апаратура за гаснење пожари а не па народот.
Изучување на секакви основни животни вештини е искоренето од образовниот систем комплетно. Справување со пожари, земјотреси, катастрофи, пружање прва помош... вештини за преживување во природа, познавање, грижа и одржување на природата. Основни познавања во домаќинство - ракување со игла и конец, чекан и шајка се само два примери.... Се тоа треба да е дел од образованието. Ама напредни, религии учиме, секс... тоа е најважно за општеството.
Учеме да крадеме и лажеме, не заборавај Ако дојде апокалипса, мислам дека меѓу 10те топ народи шо ќе преживеат, ќе бидеме ние. Плус шо ќе се котиме како зајци, пошо врска немаме како се забременува. Плус, 30 години сме во survival mode, ништо не ни може апокалипсата, навикнати сме.
Во целата штета од пожариве барем бомбите од светските војни експлодираа... 120 ЛИЦА И 2 ХЕЛИКОПТЕРИ ГАСАТ НА ГАЛИЧИЦА, треба да се внимава на стари бомби, ќе се вклучат и авионите (vecer.mk)
Сакам да знам, дали има вонредна состојба прогласено во државава?Или демек ситуацијава е под контрола и нема потреба од доброволци, или вондредни мерки? Што се случува во државава, нема ни вести вонредни, никаков повик.Село гори, баба се чешла...
Нема Треба ќутек бе. У Охрид сум. Таму сеа кај шо гори, НЕМА НИШТО. Ни кафич ни вила ни бутур. Како се запалило само од себе? Отишло некое говедо и фрлило пикавец или намерно запалило. Е за таквите, ем со се гаќи да го соголиш, ем ќорка.