Словенците поминаа 1100 километри да дојдат да ни помогнат. Бугарите ги оставија своите пожари, да дојдат да ни помогнат, оти знаат дека ако помине пламенот преку патот накај Црник, ќе зафати и кај нив. Србите пуштија возила и хелихоптери да ни помогнат. Ама долг е патот од Скопје до Пехчево. 4 дена и требаа на власта да пуштат помош за нас. Пуштија војници без опрема, нема цистерни, нема авијација... Кризен штаб нема, само партиски. Пожарникарите немаат опрема, немаат радио станици, немаат тренинг за гаснење на шумски пожар. Нема кој да се нафати да превземе водство, да се организира. 4ти ден како гори висока борова шума. Локалците ризикуваат животи, го гаснат огнот со голи раце. Да пуштеа хелихоптери пред некој ден, немаше да стигне до ова. Ето, најново инфо, и накај Црник гори https://www.facebook.com/groups/576237129169264/permalink/4090759811050294/?sfnsn=scwspmo Национална трагедија
Исти се сите и вмро и сдсм. Коренот почнаа да ни го сечат вмро, не заборавајте. Разликата е во тоа што они името на крај ќе го сменеа. Ни требаат луѓе и власт како Борис Трајковски, нашиот покоен претседател
Највише ми е жал за пожарникариве. Јака им душа дур гледаат што им се случува пред очи и прават све у своја моќ, ама не можат повеќе и да сакаат оти некој таму к**от си игра. И луѓево што будно следат нонстоп да не им дојдат до куќа пожариве. А идиотиве што и ова го користат за препирки....неам више шо да кажам.
https://www.facebook.com/100000514507364/posts/4996581453702289/ Со возила не успеваат да го изгаснат. Опожарени се неколку објекти, под опасност се уште. Огнот не се смирува. Се надевам дека цела Европа ќе прати авијација да се изгаси огнот. Ако не, ќе пламне накај Бугарија https://www.facebook.com/100000596681540/posts/4821692124527296/ Еве ги големите пламени јазици како се шират наоколу и голтаат се пред себе
https://www.ccc.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=387&Itemid=75&lang=mk Извештај од 2020та ...На 30-те територијални противпожарни единици во земјава им недостигаат 536 пожарникари за да имаат барем толку вработени колку што е законски пропишаниот минимум. ...Просечната старост на возилата е 28 години и 68 % од нив се од минатиот век. За споредба, според истражувањето од пред точно една година, бројот на возила изнесуваше 220, просечно стари 27 години. Исто така, последното истражување на возилата на министерствата и општините покажа дека нивната старост, пак, е 12,5 години. За противпожарниот авион кој не може да биде во употреба, оти не е сервисиран знаете. Ама утре ќе го сервисирале, под итно ...Вести од Македонија, земја во близина на антартикот, за каде не се очекувани тропски температури и страшен импакт од глобалното затоплување не е во најава
Какви се жални сироти, по маички на кратки ракави, ниту соодветна опрема, ниту бутур. Возилоно од Гевгелија било 50, со букви педесет години старо. Едвај се движи, ти се чини ќе се распадне секој момент. Страшно. Срамно. Жално.
Комшиите да дојдат да владеат во нашава држава подобар живот ќе имаме, најсериозна сум. Србија ни помогна со вакцини, еве сега и за пожариве сите ни дојдоа на помош. Овие нашиве политичари гледаат само како да нè умрат. И си гледаат како да дојдат до фотеља, ништо чудно пожариве да се намерно пред избори да се покаже колку неспособна власт имаме. Не им е ич гајле дали некој ќе остане без својот дом во кој живее, дали некој ќе изгори жив, само знаат да се препукуваат. Арно викаат да не беше Тито ние сега пожари ќе гасневме со пиштолчиња на вода. Ни едните ни другите немаат ништо ново купено.
Наместо полицајци да вработеа пожарникари добро ќе беше. Ужасно е што ниту една влада нема план за кадарот што ни е потребен.
Тоа се локалци на кои им гори имотот, или се дел од блиската фамилија. Нормално дека нема опрема, надвор е 37 степени, околу пожарот е над 60 Не е време за обвинување, ќе коментираме после. Пламнаа неколку имоти, можно е да има жртви оти овие луѓе се трудат да спасат што можат. Не се ни свесни дека можат да загинат таму
Српски хеликоптери 4, а наши 2. На српското МВР има видео како помагаат и пишува „помагаме на северномакедонските колеги“. Овие нашиве се само добри трговци и просјаци, ништо друго.
Повеќе се просјаци, него трговци, бидејќи за да бидеш добар трговец треба да продаваш за добра цена а не да продаваш за џабе како што прават.
Пак ќе ги гласаат за жал. Не верувам дека некогаш умот ќе му дојди и од едната и од другата партија, уште очи си вадат. Заради тоа сите страдаме и гледаме надвор од тука да избегаме. Жално па уште не се срамат на тв излегуваат. Битно тендер за нови пасати ќе си гласаат До толку да не си ја сакаш државата во која живееше, чудо.
Струмичките пожарникари во Пехчево. Во Пехчево се собираат донации од храна и вода за луѓето што се на терен.
Организација 0(со букви: НУЛА)! Како муви без глава се сите до еден од тие кризни штабови, агенции за справување со кризи и сл. кои треба да даваат наредби и прават стратегии. За противпожарните возила срамота е да се прави муабет. Сите до едно, по малите градови, се дотраени, едвај функционираат, течат од сите страни и немаат доволен притисок на млазот за да достигнат определна далечина, а пожарите се на тешко достапни места, огромни пламени јазици и не можи да се гасни од близу. Хеликоперите се океј, но НЕ СЕ ДОВОЛНИ!! Принципот на гасење со хеликопетер е многу побавен и помалку ефикасен отколку со авион(канадер) со шо значително се губи на време, а истовремено на тие недостапни места има и ветрови во моментов и прашање е кога ќе почни да се движи огнот и во други правци. Од директни извори, состојбата е мнооогу алармантна, значи многу. На вестите цело време се труби дека е под контрола, а не е. Верувајте пожарот се шири многу брзо и можно е да има потреба од евакуација на селата за скоро време, доколку не се превземат посериозни мерки!
Човештвото е пред сé. Добредојдена е помошта на соседните држави, секогаш, и ние треба да помагаме во секоја ситуација. Но, за ниту еден проблем власта не е подготвена да се справи. Не умееме брзо да изреагираме, се нешто се успорува, па излегуваат да зборуваат, се правдаат и пак ништо не прават. Само ја префрлуваат топката од еден на друг. Тие авиони/хелихоптери имаат технички грешки веќе 20 години, па не ги поправија. Тие камиони со цистерни вода во употреба се 50 години, никој не ги смени. Човечки животи губиме, мора да се освестат.
Слики од изгорените животни во Кочани видовте? Автралија кога гореше одма паники, тука до нас горат животни - како ништо да не се случува.
Да чекаме и да се потпираме на помош од други држави оти ликовиве во нашава држава само за твитање се спремни. Срамота!
За кученцето во Албанија колку се потресоа, а да видат на улица куче бегаат како ѓавол од темјан, место да го наранат, галнат.