Пироманите не можеш да ги истребиш. Сега дај му на некој кеш... Уште не завршена со муабет ќе оди ќе вивне нешто. Да се најдат нарачателите... Тоа е тоа
Пожарите се шират со голема брзина, а имаме сознанија дека некои намерно се запалени, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. „Пожарите се шират со голема брзина. Дури се чудиме некаде како пожарите се шират и се појавуваат. Има одредени сознанија за намерно палење, необјасниви се причините за некои пожари“, рече Ангелов и додаде дека полицијата работи на случајот. Што се однесува до апелите за ангажирање на хеликоптерите во гаснење на пожарите и критиките во јавноста дека тие недоволно се користат, Ангелов вели дека никаде во Европа хеликоптерите не гаснат пожари навечер. „Хеликоптерите имаат лимит, не само нашите, и српските, и француските и американските. Никаде во Европа не постои хеликоптер кој гасне ноќно време, ова е проверена информација. На хеликоптерите не можеме да сметаме откако ќе се намали дневната светлина, тие мора да се вратат во база. Со нив управуваат луѓе чии животи ни се важни“, рече Ангелов. Исто така, тој повтори дека на температура над 37 степени не е безбедно летање со хеликоптери. „Паничното барање хеликоптери од стручни лица во наводници создава само паника. Верувајте преземаме сè што би презел секој ваков центар“, рече Ангелов. Tweet ©Makfax.com.mk
Добро како вивнуваат толку огнови во еден ден? Нели имаше забрана за движење низ шумите? Има некоја патрола шо ја спроведува оваа забрана?
За да ловат загадувачи, едно време набавија дронови. Или пак и на тие треба сервисирање? Зошто не ја ангажираат полицијата да патролира околу шумите? Вработија еден куп. Или доволно е само забрана да се стави, колку што народот носи маски, така и тоа ќе се почитува. Не е воопшто наивно и случајно ова што се случува. Да беше во размак од неколку месеци, во ред, ете се запалило од X причини (мислам не е во ред), ама на куп локации за само два дена, премногу е симптоматично. Во секој случај, треба некој да одговара. Оној што го сторил делото, а и оној кој ништо не превземал сиве овие години за подновување на противпожарна опрема.
Богословец сега гори. Мештаните кажувале дека 20 мин пред да вивнал огнот поминала странска кола. До сега 2 куќи изгореле. Страшна работа.
Уште едно приведено лице за предизвикување на пожар Добро бе шо мозок имаат? И дали имаат? Апдејт: Луѓето скара си правеле
Богословец во Светиниколско каде се изгорени четири куќи и село Лешани во Дебарца, Охридско, моментно се двете најнови жаришта. На овие места попладнево избувнале пожари, а во гасењето се вклучени пожарникари, месно население и припадници на Шумското стопанство. Како што соопштија денеска на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и неговите соработници, засега не може да се каже точната бројка на пожарите во земјава, зашто се менува од минута во минута. Се дејствува со сите расположливи сили и ресурси, но временските услови ја усложнуваат ситуацијата и го отежнуваат пристапот. Само во Кумановско за неполн час се пријавени нови седум пожари. Причина за ваквата алармантна состојба се високите температури и силниот ветер. Во Скопје, пак, се активни 18 пожари од кои три се најкритични, во Кучково кон Горно Свиларе, меѓу Добри Дол и Ракотинци во Сопиште, како и во Горно Блаце. На терен моментно се околу 300 војници од Армијата. Дејствуваат три хеликоптери од Србија, а вкупно се четири на располагање, три за гасење и еден за извидување. Од Бугарија се дојдени 25 пожарникари со 11 возила, од Словенија 40 пожарникари со 16 возила и од Австрија се очекуваат 120 пожарникари со 40 возила. Австриската извидница е веќе кај Пехчево, Берово, Делчево, во пијанечкиот регион, каде бугарските служби дејствуваат. Се бара поддршка и со воздухоплови, но секаде има пожари. Сопиште побарало 50 војници за гасење на пожарот, а Куманово 80. Таму за неполн час избувнале седум пожари. Ангелов апелира да не се шири паника. Рече дека се прави максумум и ги повика граѓаните да бидат екстремно внимателни зашто, како што нагласи, доволна е мала искра од електричен уред или отпушок од цигара за да избувне пожар. Според него, постојат одредени сомнежи дека се работи за намерни палења. Тој уште еднаш се осврна на информациите во врска со хеликоптерите. Објасни дека српските се помали и може помалку да летаат зашто собираат малку гориво, а вториот проблем е ветерот. Во моментов, информира, хеликоптерот на македонската Армија дејствува во Кумановско, а српските не можеле да полетаат зашто се лесни. Силниот ветер ја загрозува нивната безбедност. Горан Стојановски од ЦУК истакна дека за 20 до 30 минути, со едно јавување, се обезбедува помош по барање на Противпожарна единица или општина. Но, се дејствува по приоритети при што клучни се човечките животи и објектите, а нивите и нискостеблестите шуми се во втор план. -Отсега определуваме приоритети. Очекуваме дополнително засилување на ветерот и отежнувачки околности во справувањето со пожарите, но не губиме надеж, остануваме на терен со сите расположливи сили. Можеме дополнително да обезбедиме уште 500 војници. Материјалните ресурси се максимално ангажирани, истакна Стојановски. https://kurir.mk/makedonija/vesti/dva-novi-pozari-vo-bogoslovec-cvetinikolsko-i-vo-leshani-ohridsko/
Хеликоптерите и не се особено ефикасни летала кога станува збор за пожари. Имаат крајно лимитирана литража која мора да ја носат во "торба" испод трупот со некои 500-1000 литра вода или специјална пена. Настрана струење на воздух и остали подробности, роторот кој прави ветер и освен минимален дотур на вода на места каде не може да стигне пожарна, тоа е повеќе филгуд ситуација, демек еве нешто правиме. Настрана некадарноста и општата тупавост на овдешнава власт, од општинско ниво каде градоначалници се некакви примати па се до сељачиштето на врвот на држаата, секоја година се изненадени од пожариве. Како феноменален познавач на авијацијата, ме фрапира фактот што во светот сеуште главни авиони за гасење пожари се Канадери, моделите ЦЛ-215 и ЦЛ-214 а тоа е, верувале драги мои или не, технологија од WW2. Дури има и адаптирани олдтајмери како ходроавионите Мартин Марс од војната кои сеуште служат за гасење пожари. Како тоа при денешна технологија кога имаме шестомоторни чудовишта како Мрија или 4 како А-380, единствен напор да се направи нешто поголем авион кој ќе може да повлече повеќе вода е рускиот Бериев Бе-200, млазен авион за разлика од Канадерите кој брзо и ефиаксно може да слета на езеро, да наполни резервоари во внатрешноста и да фура назад кон пожарот. Тоа е двомоторен авион, добар проект но се соочува со недостиг на вложувања што го става на маргините со само неколку оперативни летала кои гаснат пожари низ Русија. Како тоа бре, во 2021 да нема меѓународен проект, финансиран од заеднички фонд на сите загрозени држави (читај скоро сите на светот) да се направи гигантски хидроавион кој во еден налет ќе земе 200,000 литра вода и има да поплави тоа пожарот, со 3-4 налети има да изгаси големи површини. Ете не мора секоја земја за себе, нек покренат акција ООН, ЕУ, било кој, има фирми како Дорние и Бериев кои произведуваат хидроавиони, има соодветни мотори, има искуства со огромни авиони, се има буквално све од мотори до авионика за да се конструира гигант кој навистина би гасел пожари а не како хеликоптерите демек еве нешто правиме со тоа торбите под нив, туѓ срам ме јаде коа ги гледам. Пример, неколку земји би можеле заеднички да имаат една ескадрила гигантски хидроавиони и да ги одржуваат заеднo па коа има пожари инстант да полетаат од док со вода на кризно место и тоа во зачетокот на стихијата со што шансите за големи пожари би се минимизирале. Несфатливо е како на глобален план никој не парави ништо за контруирање и производство на такви летала. Ова е засега најмодерниот хидроавион (технологија од 80-ти и тоа, значи пред 35-6 години) кој е наменет за борба со пожари. Срам, брука, јад и беда за светските политичари, далеко им лепа куча. Секоја година по свет страдаат милиони хектари шуми а овие.........СЕЛО ГОРИ БАБА СЕ ЧЕША, мамицата паразитска.
Колку што знам за петок сабота слегува бран од Хрватска со дожд ветар и грмотевици.Таму имало и штети од невремето. Се надевам ветерот последен ќе дојде.
Славчо најавуваше нешто… Ама и температурите си го направија своето. Сега гледам од наредната недела пак пекол. Ова не е нормално.