Пожари беснеат во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Dust, 4 август 2021.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со Тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот, информира Дирекцијата за заштита и спасување.

    [​IMG]

    Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, едно амбулантно возило, две АТВ и девет приколки.

    Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата.


    ©Makfax.com.mk
     
    На GrimTheReaper, monibejbi, ane.bella и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.698
    Допаѓања:
    14.165
    И мене ми е чудно што само во македонските населени места гори.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.739
    Допаѓања:
    13.610
    Пол:
    Женски
    Сега имаше објави на фб, Австриските пожарникари имале проблем со комуникацијата со нашите, се бара преведувач што знае Германски и кој доброволно ќе оди да преведува и ќе им ја олесни комуникацијата.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    25.592
    Пол:
    Женски
    Да не ни се соседиве , тешко нас . Не е до противпожарните служби , до " приоритетите " е . Можеме да градиме споменици , да рушиме владини огради , да набавуваме опрема за прислушкување и ред други небитни работи , а не можеме да набавиме опрема за гасење пожари (facepalm) .
    @Tanjamm и во Тетово имало вчера пожар во индустриската зона на градот ( баш каде што има објекти во близина , повеќето ги држат Албанци или се странски инвестиции ) . Пред некој ден имаше и на Шара пожар во близина на етничко албанско село .
     
    На Sestra :), Lima24 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.698
    Допаѓања:
    14.165
    Дај боже да не се тие, би ме лутел многу фактот ако некој на национална основа пали. Ангелов сега спомна дека во светиниколско Богословец од искрење на жици настанал пожарот. Каде е ЕВН? Тие треба да ја надоместат штетата ако е нивна вина. Не им се вложува во нови бандери, инфраструктура. Знам пред година две имавме зад куќата скинати жици, од дрвени бандери и почна да роси, абе вртев, ги молев, па едвај дојдоа од ЕВН и кога дојдоа па не можеле од гранки на дрво да пристапат, да сме ги сечеле. Само Господ да те чува од вакви неодговорни.
     
    На CrazyGirl15, SnowWhite8 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Зошто потоа излегуваат со ставови дека нема доволно пожарникари, луѓето оделе во пензија и немало нови работници, немало млади да ја наследат професијата, кога тие сами ги бркаат луѓето?
    Screenshot_2021-08-06-12-13-21~2.png
     
    На MeowMeow, Biljarkata, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Македонија гори, Зајче си се сонча на плажа во Грција. (facepalm):x
     
    На GrimTheReaper, Bridget, темјанушка и 5 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.128
    Пол:
    Женски
    Како не ти е срам така да збориш, човекот појде во Грција помош да даде на грците, нели и кај нив гори (facepalm)
    Гледаш целиот запотен, се мачи таму...

    Дечки, шала на страна, ептен е сериозна ситуација.
    Над Робово е пекол, мештаните се излезени, се борат сите заедно, мажи, жени, пламените јазици се на 20тина метри од куќите ;(
    Од другата страна накај делчевско е уште пострашно. Сега и на сител кажаа, Голак е под опасност да се запали.
    А како што кажав, ако се запали Голак, ни 1000 хелихоптери не го гасат после ;(
    Ќе излезе кај Виница и кај Радовиш пожарот, пола источна ќе е под пламен.

    Ако Пехчевско не можеа да го изгаснат, после веќе ќе е ептен касно.

    А Заев уште се поти во Грција...
     
    На vitamina, MeowMeow, IRBBB и 16 други им се допаѓа ова.
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    И тоа што викаш грев на душа си ставам, може отишол вода да донесе од морето.. Туку ќе ги " награделе" пожарникариве со 10.000 ден за учествово во гасењето, се прекршија за патни трошоци по 10.000 евра за луѓе што глава во торба си ставаат социјална помош. Туку се сеќавате пијани Петре како се однесуваше со пожарникарите пред една година??
     
    На MeowMeow, IRBBB, Stephen Amell и 5 други им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.739
    Допаѓања:
    13.610
    Пол:
    Женски
    Дали има некој информација за пожарот во близина на Јасен, дали е локализиран?
     
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Противпожарната бригада на Град Скопје утрово информира дека во текот на вчерашниот ден биле примени 29 пријави за пожари на територијата на главниот град, од кои 7 биле лажни.

    „Од нив, 22 пожари се со интервенција и нивно гаснење и локализирани навремено, меѓу кои и фабриката ОХИС каде се употребија повеќе возила и пожарникари. Седум пријави за пожар беа лажни. Меѓу другото се уште имаме екипи од БППЗ-Скопје во Пехчево-Берово“, велат во соопштението од скопската Пожарна.

    Македонската влада, поради зголемениот број пожари, прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена, додека од вторникот на сила е целосна забрана за движење во шумските области.

    тим24
     
    На _beautyy_ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.915
    Пол:
    Женски
    Не сум изненадена од Заев,а ни од други.Бабата(во ситуацијава власта)си се чешла дур гори.
    Северна класика. :D
    Малку се 10.000 денари за пожарникарите при овие температури и опасност.
     
    На IRBBB, темјанушка, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.116
    Пол:
    Женски
    К*р му е, двор му е.
     
    На vitamina, Dust и VDT2906 им се допаѓа ова.
  14. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Ако си ја лади владата како мислите дека дојдоа на помош од Словенија, Австрија, Бугарија, Србија??? Така видоа и тргнаа нели??
    Не сум партиски определена ама како да сте договорени ко папагали да повторувате истото ко да ќе дојдат од одмор и ќе одат да гасат...
     
  15. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Може Заев и од одмор да се информира и да е во контакт со службите.
    Не е пожарникар, дека ќе гасне пожар, тешко :D
    Ама...ама од морални причини, според мене, треба да е у МК и меѓу народот.
     
    На IRBBB, smooch, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    30 дневна кризна состојба е прогласена за тоа време господинот треба да биде во државава, а не да си го лади на плажа. Се надевам и Венко и Стојанче ги земал да се одморат малце многу се наработеа и тие имаат душа. А ти оди дреми во штаб и спремај се плакати да лепиш за некој месец.
     
    На IRBBB, GrimTheReaper, Oneo и 11 други им се допаѓа ова.
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.128
    Пол:
    Женски
    Знае што го чека.
    Може зел азил во Грција, кој го знае :rofl:
    Грујо постави високи стандарди со поплавите 8)
    Се пушти Заев, од Крушево појде во Кочани.
    Којзнае како го пречекале :wasntme:
    Затоа не смее во Малешевијата да појде. Нема доволно обезбедување што ќе го спаси од линч. Дури на четвртиот ден пуштија хелихоптери, си играат играчки со народот.
    Ајде и да ги "прежалиме" Малеш и Пијанец.
    Изгледа не сте свесни каква катастрофа ќе настане со палењето на борова шума на Голак. Не гасиме само за нас, туку и за вас. Ама не разбирате, мудрувате само :wasntme:

    Некој напиша борова шума тешко се палела :rofl:
    Изгледа вие ни оган не знаете да запалите, а јас за друго ви правам муабет :whew:
     
    На IRBBB, dunika, Kanya и 7 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.036
    Допаѓања:
    130.915
    Пол:
    Женски
    Влада која не си ја лади набавува противпожарни возила и вработува и повеќе од доволен број на пожарникари пред да дојде до вакво нешто!
    Влада која не си ја лади не ја префрлува топката од еден кај друг!
    Влада која не си ја лади не иде на одмор кога има опасна ситуација во државата,туку е меѓу народот!
     
    На IRBBB, GrimTheReaper, Oneo и 11 други им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    И не им дава мизерни 18.000 денари и не им вика ако не ви чини дајте си отказ. А да на спортистите може да им дава илјадници евра, а на пожарникарите само 10.000 денари, а само тие си знаат колку им е тешка и опасна работата.
     
    На Nut, Bitter-Sweet, IRBBB и 15 други им се допаѓа ова.
  20. FleursDuMal

    FleursDuMal Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    37
    Груевски колку и да беше болно популистичко манипулаторче, барем ќе беше сега на лице место и ќе мавташе со лопатата.
    Овие ни срам ни став немаат.
     
    На IRBBB, VDT2906, темјанушка и 3 други им се допаѓа ова.