Од 12 век беше? Морале да пазат,ова не смеело да се случи. Ремек дело се чува ко очите во главата. Европа со една знаменитост помалку,за жал.
Џонка ај оди гледај надарени жени или покопај по тоа нивичето на малата, остај не да тажиме тука Почнале да ја градат 1163г, завршиле 1345
Зошто не интервенирале веднаш? Бетер од нас да се, не ми е баш верно. Не ќе да е тоа несреќен случај ама во ред, да почекаме некаков абер од официјален извор. Катедралата (околу 14в) е сведок за еден огромен технички, конструктивен пресврт во историјата на архитектурата и уметноста, имплементиран уште од времето на готиката. А тоа е баш одамна. Не е воопшто сеедно, не можам да опишам колку важен споменик е оваа катедрала и навистина не ми е јасно како им избегала ситуацијата од раце. Тажно за тие што не успеале да ја видат и за сите идни генерации, колку и да ја реконструираат, едноставно нема да биде тоа тоа...
Notre Dame ти е ко кј нас што се деси со Бигорски и Трескавец. Недај Боже која и да е црква или Шарената џамија во Тетово да се изгорит или некој музеј. На пример куќата на Робевци со златната маска, Уранија итн ..
Можда Господ му кажува нешто. Гадот со своите идеи донесени седејќи во фотеља, спремен е да уништи една цела стопанска дејност. Малку сум огорчена на францусково маже па ландрам За Катералата...штета (ама не и трагедија; се додека фала Богу нема жртви, не го доживувам како трагедија). Уништен еден историски, верски и уметнички споменик. Како и да ја реставрираат никогаш нема да биде иста или нема да ја носи истата душа.
Познатото дело на Виктор Иго всушност било успешна иницијатива на авторот да се подигне свеста околу тогаш запоставената состојба на градбата... за денешните изгубени луѓе да ја сторат пепел. Не се „потресов“. Се налутив и се растажив. Од мала ми беше мака за разграбувањето и шверцувањето археолошки артефакти, камо ли нешто вакво.
Секој пожар претставува ужас и болно е да се гледа како пламенот го голта она што на некој му е толку значајно. Затоа е потресно и ова, катедрала од огромно историско значење и вредност. Гледам уште го гаснат пожарот, ќе потрае, а после тоа сигурно ќе можеме и да видиме што останало...
Многу жално! Нотр Дам катедралата е стара 8 века и е импресивно, неверојатно уметничко и архитектонско дело. Имав прилика да ја видам два пати и треба да се види за да се доживее. Каква убавина и детали во готски стил...Деталите се посебно одушевувачки. И е најголемиот симбол на Париз, поголем и од Ајфеловата кула. Пред малку гледав тв, за среќа не е зафатен предниот дел, а уметничките дела и реликвиите се успешно евакуирани.
Главната носечка конструкција наводно била добра, но штетата е веќе направена. https://www.archdaily.com/915138/fi...2ilNsIfy1RELLHdf1VuIPAPJQW8maZfKvIrGdhYi_928w
Не можев да поверувам на вестите па уклучив CNN и снимка во живо, чад, оган, толпа луѓе тажно пеат молитви. Се уште не ми се верува дека пола од најубавото нешто во Париз трајно го снема. Ќе ја обноват катедралата но не знам колку ќе биде се тоа успешно направено. Чувството во неа кога влегуваш во градба со толку историско значење со толку голема уметничка вредност и душевниот мир се нештата што требаа само да се доживеат, се надевам следната посета ќе можам да го почувствувам истото.
Претажно ми е да помислам дека такво прекрасно архитектонско, уметничко и културно обележје на Париз исчезна за само неколку часа. Ми беше на листа на уметности на која сакав да и се воодушевувам и во живо а не само од фотографија. До идниот Виоле ле Дик, ако воопшто го има... засега погледот насочен кон она што остана..
Ова како намерно да ја оставија да гори. Зар толку неможеа да пратат неколку хеликоптери и да го изгаснат огнот?! Се мислам дека е намерно, само за да го свртат вниманието на луѓето од протестите. Макрон
Браво! Не знам колку катедрали има на список за покритие, ама не ќе да се доволно бидејќи протести тек ќе има. Макарона проклета.
Баш штета изгоре толку препознатлив белег на Париз. Ајде може ќе ја озобноват пак, ама нема да биде иста.
Еден француски архитект имаше изјава за српски медиум дека наводно поради дрвената конструкција било ризично да се интервенира со канадери. Така штетата би била поголема. Како и да е, загубата е навистина непроценлива.
Не смееле да гасат со вода од горе затоа што ќе ја ослабат структурата и тек тогаш ќе било уште поголема катастрофа. И многу колатерална штета резикувале да има на околните згради.
Трамп им порача на Твитер да гасат со хелихоптери и авиони, ама еден началник од пожарната веднаш одговори дека така штетата би била уште поголема заради тежината/падот на водата врз и онака кревката конструкција. Патем, додека едни гасеа, други евакуираа слики и статуи од внатре. Значи, мислеле и на тоа. Не дека не знаат, него, некогаш и ние не знаеме зошто некои одлуки се донесуваат и иако изгледаат нелогично во моментот, на крај излегува дека се правилни. Затоа што нели, сепак не сме стручни лица. Сега кога ќе размислам, замислете цела катедрала да ја потопеа во вода?! Инаку, штета, навистина. Многу беше тажно кога падна тоа кулата. Не верувам дека некој намерно би ја запалил Богородичната црква за политички цели, но дека станува за голем пропуст, станува. Некој ќе го крка бааги за ова. Ќе ја реставрираат, а дали ќе биде тоа-тоа, ќе видиме. п.с. Потрагично од пожарот ми се коментарите на Интернет од типот на АКО ИМ Е, НЕКА ГОРИ или КАКО ГОРЕА НАШИТЕ ЦРКВИ, НЕКА ИЗГОРИ И НИВНАТА........ Па само сакав да прашам, дали се слушате воопшто што зборувате?