1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пожар во катедралата Нотр Дам во Париз

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Dust, 15 април 2019.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Ама дали некој за нас плачеше кога ни го избришаа идентитетот?;( А Македонија, што?;(

    Многу тажно, толку години историја, како можело да дојде до вакво нешто... Се надевам дека ќе откријат што се случило.
     
    На PaLaVa, Abeja, zuto и 12 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Трагедијата е душо моја што ние самите Македонци не плачевме кога ни го бришеа идентитетот, индиферентни бевме, како маѓепсани...можеби ќе откријат некогаш што ни се случило:?:
     
    На PaLaVa, Abeja, душленце и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Таа енергија што ја има ова место не се опишува... незаменлива е Нотр даме...На прво место е кај мене..
    IMG_20181018_174302.jpg
    IMG_20181019_202116.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    На CameliaMiller, Rama, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    2ynl7g.jpg
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    [​IMG]

    Секогаш кога ќе се спомене Нот'р Дам, ваква слика ми излегува во глава.
    Виктор Иго баш се потрудил со описите во романов и убаво ја опишал и доловил Катедралата.

    За жал вечера прва се урна куполата во која Квазимодо ја засолнил Есмералда од спалување на плоштад.
     
    На Stephen Amell, theowndemon, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  6. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    @DAngel ,@SwanMay не верувам во таа нивна приказна. Како и да прскаш со водата пак ќе влезе внатре, гравитација. Уште повеќе затоа што Макароната вчера требаше да има состанок со жолтите елеци и да им каже што ќе превземе.
    Еден хеликоптер да пуштеа ќе беше само кулата и немаше да се сруши, ама ај.
    За да бидат на престолот мислам дека се ќе направат само и само да останат на позиција. Веќе видено сценарио од политичарите.
     
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Париз има многу обележја,ама Нотр Дам е најголемото.Баш е срцето на Париз,пред Нотр Дам е нултата точка од каде се мери растојанието до било кое место.
    Толку нежна и величествена со розета витражите,а толку страшни гаргојли ја чуваа и демнеа од опасности.
    На островот на Сена,посебно во вечерите кога има поводи блеска во најразлични бои.Имаше душа местово,кој бил и ги слушнал оргулите,знае.
    Отворив сликите вчера и во пролет и во есен е преубава со цвеќињата одоколу.

    Верувам дека ќе се обнови,не смее вакво ремек дело да остане уништено.
     
    На PaLaVa, Peperutce1115, galapce и 13 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Луѓето нека се на број...

    Да, културно наследство е.
    Да, греота е да се изгуби...
    Ама не е крај на светот.

    Цела тема за историско здание, а сите деца кои умреа во светот, од глад, болести, војни, додека пишувавте на темава?
     
    На realGirl, staycalm, Abeja и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Машки
    Со вчерашнава катастрофа како и сите оние неколку во изминативе години што се случуваа и во наше поднебје, ќе кажам само едно нешто: Ти ебам интернет стручњаците што од столче, на топло си прават секакви аd-hoc анализи, од теории на заговор, до сериозно ширење на говор на омраза. Мислам дека време е да се појави одреден закон за санкционирање на истите.
     
    На staycalm, Peperutce1115, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.565
    Пол:
    Женски
    Многу жално, толку старо ремек дело и историско и културно наследство да биде така уништено. :(
    Една од знаменитостите што секако сакав да ја посетам кога ќе одам Париз. Ќе ја реставрираат, ама никогаш нема исто да биде..

    Сепак и за ова, Македончето не остана покусо да колне на фб по коментари цела Франција да изгорела, арно им било, не било ништо битно.

    Не знам само зошто секогаш некои луѓе споредуваат трагедија со трагедија кога ќе се случи вакво нешто. Секоја трагедија има своја тежина. Или само кога ќе се случи една, се сеќаваме и на другите само за да го минимизираме значењето на првата? :D
     
    На Stephen Amell, cresa-jagoda, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Пред да ја напише Иго книгата црквата била руинирана, уништена и запоставена. Ја реновирале, ја реизградиле. Ќе ја реизградат пак. Се донира на големо. Некој француски милијардер донирал 100 милиони евра. Други француски богаташи исто донирале огромни суми. 200 милиони од сопствениците на Мое/Хенеси/Луј Витон.

    Горела и Нотр Дам во Ремс, и катедрата во Келн, па се реизградени. Среќа бронзените скулптури и голем дел од уметничките дела биле тргнати. Прозорците и кулите се исто нечепнати.
    Не мораш да веруваш во ништо.
    Еве, имаше поназад дека и српски архитект рекол дека не може.
    Друго, знаеш ли со која јачина исфрла хеликоптер вода? Која сила е тоа? Не е исто како со црево да прскаш. Малку физика не е на одмет :?:
    Ако ти не веруваш во приказната, имаш експерти од цел свет што сигурно немаше да ќутат на изјавата и на кои ич не им е гајле за Макрон.
     
    На PaLaVa, theowndemon, galapce и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Тоа што има поголеми несреќи во светот од оваа, не значи дека на ова не треба да му се придаде важност.
    Да „само“ објект е, ама и историја е, и уметност, и архитектура и никако не смее да се потцени.

    И поздрав до експертите од темава кои одма излегоа со теории на заговор. Преинтересни сте, навистина.
     
    На PaLaVa, theowndemon, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Мене ми е сега ептем криво што секогаш нашите убавини ги забораваме(или не ги познаваме), што секогаш за туѓите жалиме а кога гореа нашите манастири во Трескавец, кога се запали Ј.Бигорски, кога сега брзо гореше Галичица, скоро цела Македонија пред неколку недели нои беше во пламен и направи ненадоместлива штета..НИКОЈ НЕ СПОМНУВАШЕ:(:?:

    Жал ми е за катедралата како уметничко ремек дело, но тоа е што е, пари ќе имаат сега уште повеќе отколку што имале, па и да не се реконстурира, никому ништо, пак ке биде посетена, позната во светот, уникатна.....Само едно не ми е јасно, зошто толку години чекаа за реновирање, зарем не им е срам на Французите едно такво уметничко дело да запустат???
     
    На PaLaVa, Abeja, душленце и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.565
    Пол:
    Женски
    А не може да ни е жал и за нивното и за нашето? Нормално дека не се зборуваше толку за Трескавец пример, едноставно затоа што Трескавец не е познат светски како Нотр Дам. И тоа не ја прави таа трагедија помала од оваа на Нотр Дам. Мене за секаква трагедија ми е жал.

    Поентата е што некои луѓе, кога ќе се случи нешто вакво, одма алудираат како не ни било жал за други трагедии како на пример со децата што гинат во Сирија и слични земји. Никој не рече дека тоа не е жално. Но ништо од ова не е во наша моќ да го запреме.
     
    На theowndemon, Кена Рис, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Па нормално е такво однесување од народов оти они незнаат да одвојат политика од несреќа, уметност од омраза....:(..
     
    На RainbowButterfly и Shmizla94 им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Бабе, сите такви дела се постојано во некакви фази на реновирање и реставрација. Не е дека се оставени туку-така да тонат.

    Впрочем, ако се загледате на сликите, се гледаат скелињата околу кулата што падна. И не само во Париз, и во Барселона и во Истанбул и во секој друг град со богата културолошка вредност е истото. Сите објекти со историска вредност постојано се реновираат т.е. се реставрираат, заради тоа што дневно се посетени од илјадници луѓе и ако не ги одржуваат правилно, ќе се распаднат за неколку години.

    А да, и не знам зошто мешате баби и жаби во муабетов. Работава ќе си ја мериме, на кој му е потешко и што е потрагично? Ако се мериме више, Богородичната црква е направена кон крајот на 13-ти век, додека овде ние најверојатно сме се бркале по пештери. И ај сеа, да земеме да умреме од мака, а?

    Ако веќе толку сте загрижени, наранете некое гладно дете овде, донирајте/помогнете во некој манастир и ете, и нечиј стомак полн и грижите намалени, а и вие задоволни.
     
    На elimkd, PaLaVa, theowndemon и 12 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не спорам.. напишав: Културно наследство/историско здание..

    И ај, нека е така... ама и во Сирија се разруши се', па нема посебна тема за еден објект.
     
    На Abeja, душленце, bijonse и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Додека горел Нотр Дам во Париз, истовремено во Јерусалим горела познатата џамија, трета по светост муслиманска џамија после Мека и Медина.
     
    На Abeja и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто воопшто има потреба од споредби. Никој не оспорува дека и едното и другото се немили настани. За ова има интерес затоа што на нас ни е поблиско ова културно здание и поради самото тоа што веста се пренесува низ милион светски медиуми па нема шанси некој да нема слушнато/прочитано.
    Никој мислам нема забрането да се отвори тема и за Сирија. Ете ако сакаш можеш да отвориш тема и за тоа, а оваа тема ако е непотребна веројатно треба да се обратиш кај Даст.
    Макар што на форумов има еден куп други теми кои се слични со други или се сосем непотребни, така што не знам зошто токму оваа е „една премногу“.
     
    Последна измена: 16 април 2019
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Не сум била во Париз и не сум ја посетила Нотр Дам, жално е што ќе немам прилика оваа градба да ја почувствувам со праисториски дух :( . Како љубителка на стари градби и катедрали сочувствувам со Париз, верувам дека секој посетител почувствувал посебен дух и енергија при влез во катедралата. Квазимодо ја чуваше како капка вода, имаше посебна магија и Виктор Иго баш ја возвишуваше во своето дело. Зборови испреплетени и во секоја буква по еден слика да ја долови секоја шајка, дрво од Катедралата. Стара многу векови со вчерашниот оган умираше и по мал дел од Квазимодо, исто како кога беше камшикуван. Ниту една обнова нема да го врати тој дух, нема таква рака на светот што може да го наслика и изгради оригиналниот Нотр Дам. Можевме само да ги гледаме пламенските јазици кои го голтаа немилосрдно Нотр Дам, а тој беспомошно им се предаде.
     
    На PaLaVa, senjorita-v, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.