Со поезии да не ќе почнете сега? Жално е да се оштети еден таков симбол на Европската цивилизација и култура, да се потсетиме колку нас за ништо не не' бидува и колку назадуваме. Може сама се самозапалила кога видела какви луѓе ја шетаат
Бабе јас како дипломиран книжевник добро знам што значи една светска катедрала. Со оглед на тоа дека во Будимпешта и Прага влегов во сите историски места, треба да почувствувате за да знаете да доловите една катедрала. Ќе речете, ај градба е ќе се обнови, но не е тоа тоа. Стара градба не може да се обнови и да биде иста. Ќе го нема тој дух што тлее, кога ќе ве гушне со тие "раце" па ќе ви ја отплетка душата и ќе ви ги избрка сите злобни ѓаволчиња, ќе посакате да се вратите, ќе посакате уште 10мин да се задржите. Кој бил знаел барем во една стара светска катедрала. Не сум била во Нотр Дам и свесна сум дека испуштив да почувствувам нешто поинаку од другите и жалам за тоа.
Па куполата што изгоре не е дел од оригиналниот дизајн на Нотр Дам. Додадена е во 19 век, кога почнала да се реновира капелата затоа што била пред распаѓање. Старата била срушена за време на француската револуција.
Религиски и култоролошки објекти нека се уништуваат. Само луѓето да се живи, здрави и среќни. За максимум 60 години од сега сите овие предмети и монументи кои мислиме дека ги поседуваме не само што нема да имаат значење од историски и антрополошки аспект, туку следните генерации дури ќе им ја заборават и примената. Секако, доколку меѓувреме не доживеат некоја друга феноменолошка/природна непогода, од типот на поплава, торнадо или земјотрес. Не дозволувајте вакви работи да допрат до вас емотивно, грижете се за своето здравје. Човештвото од друга страна, преживеало многу поголеми трагедии низ епохата. На пример, Александрија. Бидете добри. @buba4e89 Заради прекрасната поетска нота, мислењето ќе го цитирам во темата ,,мислења кои треба да останат запаметени".
Да, ама ќе се обнови, реизгради, и сите ќе ја гледаат заради убавината, а не заради "богатството". Sagrada familia уште не е изградена, дали тоа што Гауди умрел ја прави помалку битна? Сѐ додека може да се реизгради ќе се среди. Читав проценка од $180 милиони долари за реконструкцијата. Само двете богати фамилии што ги спомнав ќе дадат повеќе од тоа. Плус што ќе се собираат донации, плус што УНЕСКО ќе помогне во реконструкцијата. За брзина ќе ја поправат. Сите ќе се ангажираат. Друго, @Nigredo Odor ја спомна Александрија. Се претпоставува дека горењето на библиотеката го вратило човештвото 1000 години назад. Овде, за среќа, се работи само за финансии. Нека дадат капиталистите дел од колачот.
Не, само ти си била. Никаде не реков дека не е битно, туку дека ќе се реставрира. Дали ти знаеш колку од катедралите во кои си била се палени? Плус прозорците не се уништени, висечките столбови не се уништени. Најголемата штета е на покривот. Ни едно од обележјата на катедрата не е уништено. Околу 30% е штетата, можеше да биде и повеќе.
Ти ја сликна фоткава. м? Се гледа дека имаш око соколово за детали. Еве имам неколку слики по дома со „рамчиња“ и „есми“ (како што вие стручњаците љубите да ги викате) па можда ќе извадиш и цел психолошки профил дека истите се гонети од интерпол за тешки кривични дела.
Многу неубави коментари Отворив за да пишам дека жално што вакво нешто се случи, иако не сум ја видела во живо. Вие сите кои кукате за децата во Сирија, за џамијата во Ерусалим, повелете отворете тема, ќе коментираме и таму дека е жално. Немора овде да се труе за тоа како не ни е гајле за другите загуби. Исто и за нашите цркви и џамии, штом сте информирани, повеле отворете тема и ќе ја читаме. Историските знаменитости нема да ја имаат оригиналната убавина и енергија која ја имале претходно. 8 века ја чувале, сега изгоре Реставрацијата брзо ќе биде, но духот на оваа катедрала никогаш нема да биде ист. Жално
Абе какви црни мигранти, од елитна кујна е зготвен пожарот. Добро осмислен, без човечки жртви, вредните реликвии навреме тргнати, жолтите елеци паѓаат во втор план, нацијата обединета над трагедијата, бла, бла, бла. Холивуд. Сега ќе следи дебело перење на пари, милијарди евра ќе сврти бабољубецон и ќе кешира онаму кај што најмногу шкрипи - под неговата фотеља. Просто ко грав. А вие купувајте палома марамчиња.
Па баш ако е запалена по нарачка, уште потажно за илјадагодишното наследство. Ама сега е во агенда нели да се менуваат истории и мода е да му се одзема на минатото од значење, ете, некои обични жители на светов гледам и се радуваат
Мислам дека е намерно ставен фокусот на Нотр Дам, или бидејќи се спрема нешто поголемо или за да се заташка нешто. Толку века не изгорела сега баш најде До утре може тероии на заговор да правиме, ќе видиме што ќе испадне на крај
Затоа што медиумите натаму го насочуваат фокусот и бустаат со информации. Ние несвесно го правиме ова уствари.Што споделуваме информации и тужиме. Кога не беше на ТВ толку активно за морбилите темата овде не беше толку раздвижена.Кажаа нешто на ТВ и одма почнаа сите да пишуваат. Запримети со нареден настан и ќе приметиш.