1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пожар во катедралата Нотр Дам во Париз

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Dust, 15 април 2019.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Се согласувам за тоа.
    Затоа и го сметам за проблем тоа што некои вести добиваат повеќе медиумска покриеност од другите.

    Цела Сирија гореше, а на вести имаше по 2 минути известување, Нотр Дам изгоре, по цел ден секаде за тоа се пишува и зборува по медиуми.
    Проблем е. Глобален.
    Пошто 'Рекламата' е најјаката алатка за моделирање на јавното мислење.
     
    На PaLaVa, galapce, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Знам и јас ќе сум досадна што ќе кажам како @WildMk ама да бидеме реални, за останатите проблеми не се ни збори воопшто, барем не како ова. Велите ако се случуваат други работи, зошто да не жалиме и за ова. Абе на сите ни е жал, ама да не го ставаме пред се' oстанато. Дали се отвориле теми за земјотресот во Непал, оној во Турција пред неколку години, авионот што се урна во Етиопија пред месец...

    Мислам може само да се преправаме дека еднакво ни е жал за Нотр Дам и за останатите. А не ни/ви е.
     
    На staycalm, Rama, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Скроз точно...
    И шо е најтрагично, не се ни криви за тоа...
    Жалиме за она што го знаеме, а знаеме она што ни се кажува по медиуми.
    Муабетот за 'рекламата'.
     
    На staycalm, galapce, душленце и 2 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.579
    Допаѓања:
    155.735
    Пол:
    Женски
    Си реков ќе ја читам темава и се шо сретнав е мрчење како на некој не му е гајле за друго и оти немало теми, за несреќи во Сирија пример. Скршете тркалото и отворете тема оти сигурна сум во грешна тема мрчите и многу од нас ќе слушнат зошто не, не сум за се информирана.

    Жал ми е зошто ја немам посетено до сега. Али ќе почекам да ја опорават. Штета е зошто огромно историско и уметничко значење има. Онака во пламен беше 800 години историја и 800 години уметност.

    За среќа, голем дел е зачуван, и ради реновациите се што е важно - беше тргнато.

    За тие со теориите на заговор: сомнително ви е дека се од уметност внатре беше тргнато дена унапред? Ко ќе варосвате дома не се раскревате вие? Се реновираше катедралата. Реновираше. Нормално нема да ги покријат работите внатре само чаршав и да ги остат внатре. Ќе ги тргнат.
     
    На candy.cane, RosettaStone, Rama и 12 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Па то е муабетот. И јас не сум информирана, а сакам да бидам.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто секогаш мора да се споредува едно дело со друго, трагедија со друга.
    Ако донираш за животни, зошто донираш за животни кога има толку гладни и малтретирани деца на кои им е потребна помош, ако покажеш сочуство за една трагедија, зошто не си искажал жал за друга ?
    Од кога отворена тема на форум е репер за емпатија и пристрасност ?
     
    На SwanMay, candy.cane, RosettaStone и 12 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ама не споредувам едно со друго, туку зборувам за пристрасно новинарство и сензитиирање на народната маса за едно, а десензитизирање за друго.

    Немам проблем да се зборува и анализира за Нотр Дам... Имам проблем што се селектира во медиумите на што се придава поголемо значење, а на што помало.
     
    На staycalm, candy.cane, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.579
    Допаѓања:
    155.735
    Пол:
    Женски
    Читај новости, вести, весници шознам. Ако тие не ги покриваат буни се кај нив, не зошто фама се кревало за едно, а не за друго кога си коментираат обични луѓе во време кога луѓето се сериозно загрижени за настаните кои се случват. Непотребно е.

    Ако знајш дека нешто се случило значи го имало негде. Не можи да збораме за нешто кое го немаме прочитано.

    Ако нешто знајш дека се случило ама не е коментирано, отвори тема, стави извори, и ќе збораме.

    Ама и јас, и ти, знајме дека темава не е за ова шо сега го збораме, така?
     
    На Dust, candy.cane, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Аааа... толку неубо објаснувам бе? :D
     
    На staycalm и galapce им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.579
    Допаѓања:
    155.735
    Пол:
    Женски
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Пожарот во катедралава е од пред неколку дена, војната во Сирија трае со години, и со самото тоа не е ударна вест. Кога падна првата бомба во Сирија, целиот интернет беше преплавен со вести од таму и беше на тапет во секој медиум, како и сега.
    Исто како што за Нотр Дам ќе престане да се зборува, впрочем веќе и престана, таков е случајот и со Сирија.
    Се што е на долги стази, губи интерес од јавноста и тоа е така пошто е.

    Далеку од тоа дека за Нотр Дам ме болеше душата, тргнувајќи од фактот што истата е дом, симбол на најголемите опресори во постоењето на човекот, али ми беше криво во одредена мера, пошто истата градба е прекрасно архитектонско дело, фасцинирана сум од умешноста која луѓето ја имале пред 800 години, да створиш такво нешто со голи раце, до најситен детаљ, за да во денешно време, покрај сите услови, биде проголтано се, ради човечка немарност.
    Нема жртви и тоа е најбитно.
     
    На Dust, candy.cane, RosettaStone и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Темата е конкретно за Нотр дам, а има и други теми во кои исто така можеме да израземе жалење за нешто и по нешто. На кој не му е гајле за ова немора да влегува овде и да пишува.
    Сепак станува збор за еден од најомилените и најпознатите објекти во светот со предолга историја.
    И да секако жал ни е и за се друго неубаво што се случува во светот и кај нас.
     
    На Dust, candy.cane, RosettaStone и 10 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.278
    Допаѓања:
    101.224
    Пол:
    Женски
    Нотр Дам ќе се реновира, ќе биде поубава, а кој ќе ги врати жртвите од Сирија и другите војни кои ги нпаравија и за кои не одеше толку бомбастично жалење и кукање. Зашто кога се случува нешто во Европа сите одма ги фаќа колективна депресија, а на блискиот исток војни се водат и никому ништо? Тие не се луѓе? Вредностите се потполно изопачени. Ужас!
     
    На galapce, Rama, душленце и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    А вие што идете во темава само да мрчите гледам еве ги вративте жртвите, ене ги живи и здрави се сега.
    Не знам зошто имате потреба воопшто да пишувате во темава ако не ве ни интересира, едноставно одминете ја наместо да држите лекции за тоа кој имал а кој немал вредности.

    Бај д веј вредност е и човекот да знае да почитува културни споменици.
    И да не вадите реченици од контекст, НИКОЈ од тука не рече дека за Сирија е помалку жално.
     
    На cresa-jagoda, dayla, Dust и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.479
    Баш тажно не само за Франција, туку и за европската уметност архитектура и историја. Не знам вака пред Велигден што знак ќе беше.
    И не е за споредба уметноста со војните во Сирија, а на некој му текна за сиромаштијата и гладта во Нигерија на пример? Катедралата се градела од 12ти до 14ти век, во 19ти изгорела па пак ја изградиле. Ете за среќа ништо круцијално не е уништено, ќе се реставрира.... али зашто бе нашиве мора да
    лижат толку г:swear: да ми извините
    ете им таму милијардери за 6 часа собраа 300 милиони евра, шо па ние има да даваме, од каде со кои пари? Гледаат во туѓ двор, а сопствениот гние. Кога веќе се прават споредби имаме и ние културно наследство кое чека на ред, не е од рамките на светската Нотр Дам, но е бесценето.
     
    На cresa-jagoda, dayla, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  16. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Епа ај да ве остават тука да си пишувате жалопојки.
    Темава е за сите и тие што жалат и тие што не жалат и дел од дебата е да се прават и споредби.
    95% од сите што паѓаат во несвест за катедралата нигде ги немаше да жалат за нашите манастири па и за националниот парк кога гореше.
    Сите почитуваме културни споменици ама ете несреќа се случи што е толку препаѓање кога изјавија дека сите позначајни работи се на сигурно и спасени.
    Па и Македонија ќе помогнела бе?
    Со кои пари побогу? Се задолжуваме како грчка за да пуштиме пензии и породилно, а изиграваме хуманост...
    Нека помогнат бизнисмените кај нас нека дадат од нивниот колач, а не да помагаат од народот од оние што одвај го врзуваат крај со крај месецот со мизерни 200еур плата!
     
    На staycalm, PaLaVa, Abeja и 6 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.278
    Допаѓања:
    101.224
    Пол:
    Женски
    Почитувам културни споменици, и да жално е што изгоре дел, ама 1 милијарда евра се собраа за 1 ден, а толку има поголеми проблеми на платенава, а некој да дадеше за тие да се решат? Тоа ме иритира. Помпезноста ме иритира.
     
    На staycalm, PaLaVa, Abeja и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Извини не знаев дека треба и да прашуваме како да се чувствуваме во врска со одредена несреќа.
    Ако не забележа имаше во коментарите освен „жалопојки“ се дискутираше и за колкав дел е оштетен од градбата, само што селективно читате.
    Да се прават споредби помеѓу смрт на луѓе и изгорен објект? На такви споредби мислиш? Нормални ли се тие споредби?
    Всушност она што сакате да го постигнете преку тие споредби е покажување на сопствената хуманост преку оспорување на туѓата, што реално не спаѓа под поим Хуманост.
    За нашите манастири реков и ќе речам, можете слободно да отворите тема и таму да се дискутира за тоа. Јас лично повеќе следам случувања од светот и до мене не стигнале информациите за манастирите.
    За тоа дали ќе помагаме и ние тоа е веќе свет на политиката од кој максимално се дистанцирам, ниту пак сакам да го коментирам тоа колку пари сме имале и дали можеме да помогнеме. Имате политички теми, ете таму пишувајте ги фрустрациите.

    И сега што да правиме ние од овде со помпезноста? Да им кажеме на модните куќи, претседателите на држави, други политички и јавни фигури да не донираат?
    Не ве разбирам, навистина.
     
    На Dust, candy.cane, RosettaStone и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    А ние досега не знаевме дека на светот постојат толку многу милионери и билионери кои можат да решат еден куп проблеми со само дел од парите свои. Па сега ко изненадени дека некој решил толку да даде за Катедралата. Сите сме дел од вакви лицемерија и неправди само на малку поинаков начин.
     
    Последна измена: 17 април 2019
    На dayla, Dust, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    А и парите се нивни, на што сакаат, на тоа ќе ги даваат. Sad, but true :)
     
    На cresa-jagoda, Dust, RosettaStone и 7 други им се допаѓа ова.