Ти како ожалостена и непристрасна во исто време, колку поста напиша на форумов за нашите манастири и за пожарите кои не задесија нас ? Гледам дека ептен те допрело сето тоа па затоа прашувам.
Од кај виде дека ме допрело сето тоа и од што заклучи? Не пишав ни за тоа ни за ова. Немам ниеден пост каде што се траскам од земја. За разлика од некои како тебе. Жал си е и ако не си пишала ама да бидам селективна само да плачам тука за некој објект, и да цитирам наоколу членки што и не им е нешто посебно сето ова и дека споредувале и тоа не е во ред. Форум е, мора да се помирите дека секогаш ќе има различни размислувања. Продолжете си со жалопојќи, но ценете ги тие и што сакаат да искажат свое мислење и не размислуваат како вас.
Една милијарда евра соберени за два дена за Нотр Дам?! Боже во каков изопачен и суров свет живееме. Не сум слушнала никогаш да соберат толку за јадниците во Африка кои умираат од глад, разни болести и кои немаат чиста вода во 21ви век...Жалосно. Премногу. Колку и да е тажно горењето на Нотр Дам ова собирањето на парични средства е одвратно . А крај краева зошто воопшто да се донира на богата држава како Франција? Врв на небулозите ми е дека Македонија донирала. Зошто бе луѓе, колку рушевини има кај нас, какви ни се болниците, студентските домови...Ке донираме за катедрала, лудаци пу!
Колку и да ми е жално уништувањето на таков величествен објект, и колку и да сум за тоа дека секој може да прави со своите милиони што сака, дека не треба да се споредуваат трагедии и каузи за зборење, тажење и донирање... не можам ни јас да го поддржам конкретно ова со астрономските донирани суми. Љубител сум на уметноста, почитувам културни споменици меѓу кои и верски објекти (иако не сум верник), но луѓето и нивни судбини ми натежнуваат во споредба и со највелелепната градба. Посебно што се работи ем за богата земја ко Франција, ем католичката црква исто така како институција со огромни средства. Точно, не можеме да смениме ништо, но ете да си кажеме барем овде...
Контрадикторно ептен. Цени ги и ти луѓето кои одлучуваат кој врз која трагедија ќе жали и дали воопшто ќе жали, за кој настан ќе донира пари и ќе зборува. Различност дека..
Реагирам што се донира од МОИ пари. Вие ги нападнавте тие што одеа контра јас само реагирав на тоа. Што ти е контрадикторно тука?
Толку многу донации... милиони. А сите знаеме ох колку е сиромашна католичката црква. Не знам, не функционира светов како што треба.
Светскиот гигант за продажба преку интернет - „Амазон“ соопшти дека по пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам, се зголемила продажбата на романот на францускиот писател Виктор Иго - „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ во оригинална верзија на француски јазик. Од „Амазон“ истакнаа дека се зголемила и англиската верзија на романот од 1831 година. Извор: fakulteti.mk
Не дониравме, наше МНР стапило во контакт со Франција за да види дали може некако да помогнеме. Тоа не значи пари, и не значи и дека било што ќе помогнеме. Значи дека сме покажале волја и желба да помогнеме. Пари не им фалат, секако. Работници градежни може да им пратиме
Фала за инфо.. искрено, цело време мислев дека пари сме донирале.. И ми изгледаше смешно. Колкав капацитет имаме? Една фамилија онаму донира стотици милиони евра, ние ќе се 'покажеме' со што? Пријателски гест, разбирам.. ама и смешно е.. барем мене ми е...
Не да нема шо знат.. само ги мрзи и се неодговорни.. А и проблем имаат со инвеститорите, односно газдите. Слушнав за случај каде за да заштедат на грабата, крателе на железото кое се става во столбовите и плочите. То статиката му ја нарушва.. не дај Боже, цела зграда ќе падни од мал земјотрес.. А и инспекторатите ни се лесно подмитливи.. очигледно.. Пошто такви пропусти, ни под разно не смеат да се дозволат. Во нормален свет, ако нешто се случи со градбата, инжинерот, надзорот, инвеститорот.. сите во затвор треба да завршат.
Понудиле помош, што значи понудиле мои пари. Што ако побараат пари, друго ме верувам дека ќе им треба од нашава земја. Па и работници да пратат, што мислиш од кои пари ќе ги платат тие луѓе?
Никаде не пишува "парична помош". Пари сите знаеме дека се соберени повеќе од доволно. Гест е тоа што се координирале за дали треба помош. Никаде пари не се спомнаа. Има Франција богаташи за цела држава да ја купат. И Епл, и Дизни, секоја од тие компании е од 10 Македонии појака. Оти не ги вклучувате лејките на мислење? Или нема такво дугме? "Понудиле помош" не значи "понудиле пари". Пари колку сакаш се собрани.
Пак ќе ти кажам оти изгледа не читаш што искоментирав. И ти твојата лејка да ја научиш да чита се, а не само тоа што и одговара да перцепира. Било каква помош да е - е пари. Па и работна сила, па и материјал. Освен волонтер ако сака да се пријави па да отиде бесплатно да помогне. Е воздух ако сакаат како помош да им пратиме не е пари.
Да се запали нешто кај некои на улица нема да прашаш дали можеш да помогнеш, ако ништо друго барем од култура? Не знам што креваш паника, нормални дипломатски односи се да покажеме волја за помош. Не мора да помогнеме ништо, доволно е да прашаме. Ама да, има експерти за сѐ па и за меѓународни односи кои во сѐ гледаат пари и само пари. Не си ти крива. "Гладна кокошка просо сонува." Стара народна е оваа.