Нивоу на комуникација ти е Прво навредувааш со лејки, потоа со поговорката. Секоја ти чест, но не сакаш да сфатиш и да ја прифатиш реалноста. Јас едно ти друго само колку да не речеш да така е.
Не беше навреда. Ниту се однесуваше само за тебе. Статистика е тоа. Имаш истражувања колку сакаш. Колку е поголема платата, толку помалку се замараш со политика. Јас сум ви најмалку крива за тоа што се навредувате од сѐ и сешто, ниту пак сум ги измислила поговорките.
Ти си доказ дека истражувањава немаат врска бидејќи ептен се замараш со политика, а се фалиш со јака плата
требаше ли да изгори катедралата во Париз за да повторно се соочиме со вистината дека човекот всушност е лицемерен, злобен, едноставно нечовечен За само два дена собрани се повеќе од милијарда долари..што ни докажува тоа, дека има толку богатши на планетава кои можат за секунд да го решат проблемот на гладните деца...за срамота, СРАМОТА И ГРЕОТА...во денешно време да има уште смрт поради глад??????
^ Колку и да сум дека секој може да прави што сака со свои пари, не можам да замижам на ова. Милијардерите низ светот имаат доволно пари да го решат проблемот со гладни деца. Отсекогаш сум го мислела ова. И е стварно тажно и болно што не сакаат.
Капитализмот на дело. Несоодветна распределба на капиталот. Ама со време ќе научат и гладните и босите. Како што паничат Америка и Европа оти Кина им ја презеде скоро цела мануфактура... Индијците го држат телекомуникацискиот и софтверскиот пазар... Бавно оди, ама ќе биди...
Не се однесуваше на тебе, ти знам многу освестена си. Ама многу наивни луѓето, одеднаш ги изненади дека гиганти имале пари да стават крај на целата сиромаштија Вие што мислевте, сите како нас крпат месец за месец За 20 поколенија напред имаат. И пак ќе шета Боки со Гучи чевли и Луј Витон ташна.
Поќе онесвестена сум отколку освестена... Навистина има што се чудат оти луѓе имале толку пари? Ами цел ден Кардашијанс гледат, не им текнува дека сето то шо го имат и прат пара го врти?
Никој не се чуди, сите знаеме кој колку пари има и колку му е моќта...поентата беше човечноста во сите тие наречи ги "хумани" добротворни цели..лажливата добрина, за тоа
Ама пак.. нивни се парите... На што сакаат ќе ги трошат. Донирањето за Нотр Дам е далеку похумано, од тоа што трошат милиони долари на накит и облека...
Е нивни се де парите, не велам во тој дел ништо, само поентата ми е како што кажа една млада шведска климатска активистка - Спасете го светот како што сакате да ја спасите катедралата Нотр Дам.
Похумано е жими г... в. Видоа дека им се пружи историска шанса да си го удвостручат богатството, па се удрија на "перење". Се засекираа тие за катедралата колку и за афричката сиротиња.
Вистинското прашање е зошто Црквата (сфатена како институција) самата не си го изгради повторно Нотр Дам штом е толку битен од верски, културолошки и историски аспект? Нели црквата милува да се презентира себе си како чувар на традицијата и културата? Наместо тоа апелира (читај: очекува) донации од богатите и сиромашните. Римокатоличката црква има енормни суми на пари бидејќи таа како држава (Ватикан) има деловни зделки низ бројни земји. Да не збориме дека преку соодветни инвестиции на тие суми можат да се решат и повеќето егзистенцијални проблеми во сиромашните земји.