Не за друго туку дека се скапи билтетите за Македонија, земја библијска. Инаку би дале тие... Проблемот меѓу другото е и во тоа што катедралата е објект, а гладните деца живи суштества. Утре повторно ќе треба некој да ги нахрани, а катедралата ќе ја возобноват еднаш во икс години, столетија... Постои и момент на едногласност, за жал во политиката кон земјите низ светот тоа го нема. Секој го гледа својот себичен интерес но и безбедност. Пример, луѓето во Северна Кореја гладуваат поради санкциите иницирани од САД. Велат првин откажете се од нуклеарките за да бидеме сите безбедни, севернокорејците тврдат тие се за нивна сопствена безбедност, немаат лоши намери и така во круг. Има слични примери и од соседството. Решавањето на гладта и епидемиите низ светот се многу покомплексни, но не и невозможни да се решат. Прашањето е какво убедување се следи, ама она искрено убедување од дното на душата, не декларативно.
Отсекогаш ненормални пари се вртеле во христијанството, а илјадници луѓе нивни поданици, секојдневно гладуваат, умираат како резултат на глад или болештини, а црквата е глува на сето тоа. Чекаат некој од горе да чуе. Како може до толку да сте слепи за некои ствари, се чудам одсекогаш. Срамота.
Брееј која чувствителност на темава. Ќе им ја плеснеш вистината у очи и плачат дека темава не била за критики. Молам? Во рок од 48 ЧАСА се собраа една МИЛИЈАРДА долари за обнова. Знаете колку пари се тоа за толку брз временски период, па и општо? Во рок од 48 месеци колку пари се собрани за човечки животи/животни? Јас ќе ви кажам, ни 50% од оваа сума. Да не се сфатиме погрешно, апсолутно е голема штета е што се уништил ваков објект од уметничка, архитектонска гледна точка, ама објекти не се поважни од човечки животи. Се гледа религијата, црквите и религиозните милијардери за што повеќе се грижат и да ви кажам ми се повраќа од лицемерноста.
А што пак правиме ние? Денес купивме непотребни работи, како вчера и утре, а сигурно за некој глобален проблем не размислувавме. Хуманитарните теми имаат по едвај 10-35 страни, а "Што последно си купивте" и "Каде и што јадевте", по 2000. И што сме ние поразлични и се дрзнеме да зборуваме за лицемерноста на милијардерите? Тие барем не се трудат ни да глумат. Ние не се ни обидуваме да бидеме промената што сакаме да ја видиме во светот, ние само на форум во Макгерија држиме говори за Нобелова награда.
Пишувате жалопојки за објекти наместо да размислувате за некој глобален проблем (или и двете) Впрочем, милијардерите и те како се трудат да глумат. Најголем дел од нив се уште милијардери ради глумење.
Ич не ми е жал. Ко да на нив им е жал шо Македонија не излегува на море. Арно шо нема жртви. Сеа донејшн и оп ете Нотре Дам.
Искрено, да сум некој од тие светски милијардери, и јас ќе гледам што повеќе да донирам за катедралата. Имам некоја чудна желба да возобновувам цркви и манастири а пак уште ако се работи за Нотр Дам Експертите велат дека неколку децении ќе бидат потребни да се санира штетата и градбата да го врати стариот сјај.
Гладот во Африка не се сопира со милиони и не се сопира со повремени донации туку систематски. Само на годишно ниво по проценки се потребни од десетици до стотици милијарди долари. Ако се пресмета и основна медицинска помош, лекови, едукација...а гладни и сиромашни нема само во Африка, двапати повеќе има во Азија. Oтвoри гугл пред дa нaпишеш нештo тoлку сигурнa вo себе.
Ајде ти пошо си посигурЕН у себе, изгуглај и прати ми го тој факт за којшто збориш, дека се собрани толку пари како што собраа во рок од 48h за Богородичната црква. Ќе почекам, не се секирај.
Новиот светски поредок е во прашање. Не е дали се донирало за Нотр Дам или за друг објект . Во прашање е проектот Златна Милијарда, односно милијарда луѓе , во цел свет. Сонот на некои си таму. Проектот е одамна почнат . Да не е така, ќе има ли терористички напади во верски објекти? Ќе има ли толку жртви на банални вируси и епидемии , кои реално се излечиви ама треба да има починати за лекот да го најдат. А лекот го наоѓаат по две недели од прогласувањето на епидемијата. Колку жртви имаше во нападите од ИСИС, толку не можеа да ги неутрализираат? Од ебола починаа еден куп луѓе , од ешерихија коли исто. Ете мајка ми имаше ешерихија, ја излечи во краток временски период . Слепи сме сите, не само овде, во цел свет луѓето се релативно слепи. Теориите на заговор се остваруваат се повеќе и повеќе , па за да се " исперат " оние , ги нарекуваат Fake News сега. Зошто баш во екот на протестите во Франција се запали Нотр Дам? Предходно не се извршуваа градежни работи? Мислете ме за ненормална, ама кога малку повеќе ќе размислам, ова има каква таква смисла.
Па никот ти е CrazyGirl. Шала на страна, дури и се да е точно, која е крајната цел на оние кои се зад ова?
Затоа што луѓето не се задоволни од претседателот кој е избран од страна на " моќните ". Прочепкај околу Златната милијарда, ќе ме разбереш. Многу опширна тема е. Многу јасна е целта . Моментално има 8 милијарди луѓе на планетата , и не може да бидат сите под контрола на 1% од богаташите . Под богаташи мислам на Рокфелер, Ротшилд , не на милијардерите што донираа за катедралата, тие се само пиони за замајување . Колку помалку луѓе во светот , толку полесна контрола. Затоа во екот на протестите во Франција , бум пожар во Богородичната црква. Кога светот бруеше за прскањето на воздухот, бум пожари од ведро небо во Калифорнија . Прочепкајте повеќе на оваа тема , проектот е започнат пред децении не е од сега . Зошто има економска криза во светот, ако еден човек тежи колку половина население?
Па затоа што еден човек тежи колку половина население. Нема правилна распределба нанж ресурсите. Некои имаат премалку, други имаат премногу.