Супер тема. Треба силно да веруваш во моќта на позитивните мисли и во тоа дека сами си ја креираме иднината. Долго бев во некоја апатија, но афирмациите на Лујза Хеј ме вратија во живот. Ги има на јутуб, кога ќе бидам во можност ќе споделам, а дали ќе ми се остварат ќе ви кажам. Клучот е во благодарноста според мене - колку повеќе си благодарен, толку повеќе добиваш. Ќе почнат да се нижат многу добри околности, и кога немаме нешто треба да викаме имам, сите имаме и многу повеќе од што мислиме како на пример живот. А ако уште и нашите блиски се живи и здрави нема поголема среќа. Што и да се случило сите имаме свој пат. Креирајте го животот, имајте богата фантазија и не се штедете. Сакајте ги другите и не ги осудувајте, тоа се нивни животи и нивни избори, немаме ние што да бараме во нив освен ако треба да пружиме пожош. А доколку се токсични и лошо влијаат врз вас тогаш понастрана од нив. Душевниот мир е најголема среќа што постои.
Колку повеќе даваш љубов и колку подобро се чуствуваш , толку повеќе се шири твоето поле , привлекувајќи ги кон себе сите луѓе и сите нешта што ги сакаш ! ♥ Добра ноќ
Eдно огромно браво за темава ''какви ти се мислите таков ти е и животот'' после секогаш изгрева сите ве A баш сега почнав да ја читам книгата моќта на потсвеста,и си реков да видам тука на форумов дали има ваква или слична тема и ве најдов.
Не за џабе рекле се е од главата. И така е. Со мислата ги привлекуваме мислите. Мисли убаво, за убаво да те снајде.
А кај мене тоа во спротивна насока оди. Почнувам да мислам убаво и позитивно и одма нешто лошо се случува.