Наназад имаше веќе едно видео постирано од Ана,мене навистина ме инспирира и многу видеа ми помогнале досега.До скоро не верував баш во вакви видеа,цитати,афирмации и сл,ама емоцијата што ја пренесува,едноставно не можам да останам рамнодушна.
allow yourself to have bad days! a bad day does not equal a bad life, and if you don’t allow yourself to have a sucky day you won’t be able to fully enjoy the great ones.
''Имањето на храброст да им кажеш НЕ на малите нешта во животот, ќе ти даде сила да им кажеш ДА на големите нешта.'' ''Кога ги контролираш своите мисли, ти го контролираш својот ум. Кога го контролираш својот ум, го контролираш својот живот. А, штом ќе го достигнеш нивото на потполна контрола на својот живот, ти ќе станеш господар на својата судбина''. ''Јас сум повеќе од она што се чини дека сум. Целата сила и моќ на светот се во мене''. ''Секоја стрела која ќе ја погоди целта е резултат на стотина промашени''. ''Tи си она за што размислуваш во текот на денот. Ти си исто така она што си го велиш самиот на себе во текот на денот''. ''Кога велиш дека немаш време за сопственото усовршување, без оглед дали тоа значи унапредување на твојот ум или негување на твојот ум, тоа е како да велиш дека немаш време да застанеш да ставиш бензин бидејќи си преокупиран со возењето. На крајот колата ќе ти застане''.
''Многу од проблемите со кои се соочуваме се само мисли''. ''Кога несакана мисла ќе заземе централно место во вашиот ум, заменете ја со друга којашто е благородна, во истиот момент''. ''Универзумот секогаш има план за тебе''. ''Какви ти се мислите, таков ти е животот, затоа сподели ја позитивната енергија''. ''Во бурата од емоции, надежта е она што ќе те одржи во живот''. ''Oна што ти изгледа незамисливо, ќе стане реалност''.
Секогаш бидете благодарни. Пред се затоа што сме живи и ова утро ги отворивме очите да ги видеме нашите сакани
Животот е една огромна лотарија во која се видливи само добитните лозови. Ти, пријателе, си еден таков лоз!
Девојки мои,кажете ми како јас да бидам и да мислам позитивно?Во некои моменти пукам од позитивност ама во некои сум катастрофа.......?Помош
Девојки ве молам за некаков совет.....Имам мал проблем кој сакам да го решам што побрзо.....како да се решам да престанам да се плашам и заномавам со работи што не треба....На пример да слушнам дека некој умрел од срцето,направил сообрајќајка или сл и јас три дена не спијам со мисла да не му се случи нешто на моите...Еднаш имав една случка со мажот ми не беше кој знае што но јас се уплашив и од тогаш бел ден не видов само се плашам да не му се случи нешто само го мислам...Кога си легнуваме заедно јас неможам да спијам само го гледам дали е добар се дли е во ред и сл.Вервајте ме немаме нормален живот.Не сме како порано.Не дај бог нешто да го здоболи што е нормално мие одма паника креваме ..Вервајте ме сакам само да сум надвор дома да не бидам....Дома ништо не правам апсолутно ништо,од страв имам зацртано дека ако работам ако нешто направам дека ќе се случи нешто лошо и џабе сум го правела тоа и се е на свекрвата што многу ме нервира и не го сакам тоа....Што да превземам поздрав девојки
Имаш опсесивни или црни мисли. Ѕирни ја темата за анксиозност (во категорија Здравје), таму доста пишуваат околу таа состојба. Не си само ти со такви мисли, туку има многу луѓе што се борат...Некои секој ден одат кај матичен за да им каже дека се здрави и ништо не им е. Некои успеваат сами да се изборат, всушност сите треба сами да ги контролираме мислите, да ги насочуваме кон убави и позитивни нешта, повеќе смеење, дружење, правење нешто што те исполува...Ама голем дел од луѓето бараат и помош кај стручно лице (психијатар/психолог). Пробај сама да си речеш дека ништо нема да биде, дека се ќе биде ок во иднина, земи си чај да те смири, пушти си нешто за релаксирање, ако не бива, обрати се на психолог па тој/таа ќе ти помогне.
Ти благодарам на советот.....Знаеш колку бев силна ништо не ме туркаше сега само тоа го мислам....Ама ќе се трудам да не мислам повеќе на тоа и на крај лраева имам огромна верба во Бог дека нема да го дозволи тоа ти благодарам за советот