Не е тешко да се означи @♡BuBaLe♡ Сакав да прикачам нешто но од телефон сум и никако не се прикачува... ќе пробам подоцна.
Добро утро! Како и секое така и ова, мојот ритуал е да си посакам добро утро, благодарност што се будам и среќа на она што го имам - нов ден пред мене и нова шанса за да направам и доживеам нови убави нешта Уживам во утринските насмевки на трите дечиња. Во вравата и гужвата која ја имам со нив иако не можам да стигнам на ред за мочање и кафе пијам на помини замини дур ги хранам, собирам трошки кои им паѓаат, бришам истурено, разнесувам нокшири... Секој ден си поставувам цел, за некое лично достигнување, надвор од физичките достигнувања, туку цел како - да бидам среќна, да направам некое добро дело, да имам некој позитивен печат на денот. Сите изјавуваат дека бегаат од негативни личности. Зошто? Едноставно сослушајте ги и пренесете им ја вие вашата позитива! Како ќе се поставите така и ќе се 'однесува' животот кон вас. Факт е дека не можеме да го смениме времето на пример, ама можеме да се смениме ние и да облечеме капут чизми и капа и да уживаме на студот На почетокот на годината си правам дневник и си зацртувам цели кои сакам да ги остварам во конкретниот месец. На утро поставувам цели кои сакам да ги остварам во денот и пред заспивање се пребројувам. За некои 'грешки' се програмирам во текот на ноќта потсвеста да ми даде одговор преку сонот Спојлер: Еден пример Кога дипломирав, си купив класичен комплет сукња сако кошула, ќе се облечев, нашминкав и прошетав пред огледало со штикли,ташна таква и си замислував како така се спремам за работното место од соништата. Во декември ја држев дипломата во рака а во април започнав да ги носам облеките на прекрасното работно место Пробајте и верувајте - се што посакуваме се остварува!!! имајте убав ден мили мои!
Прекрасна тема! Браво за идејата Јас не сум некој чест посетител на форумот или подобро кажано активна сум само на одредени теми(секој со маката) но оваа тема е одлична, насловот ме поттикна да ја отворам, позитивни вибрации, и тоа како ми требаат! Ние сме тоа што мислиме. Да мислиме позитивно! Мислата го води човекот, нека не одведат нашите мисли на прекрасни патувања! Најблиското и бесплатно, е овде во темава! Убав ден девојки!
86.400 секунди живот ви се доделени денес. Дали искористивте една од нив за да се заблагодарите за тоа? И една позитивна песничка од мене. И уште нешто.
Браво @Ginger^ за темава Нека биде ова убаво катче каде ќе поминува секој што сака да остави убава мисла, или едноставно има потреба да прочита некоја таква
@Ginger^ Браво, браво, браво за темата! Нешто што моментално ми ја поткрева вибрацијата е БЛАГОДАРНОСТА! Сознанието дека имам тооолку многу на што да бидам благодарна! А за се она што сум благодарна, Универзумот ме наградува со изобилство од истото. И најчесто, најмногу треба да сме благодарни за оние работи кои ги земаме здраво за готово.
Мене не ми требаше да прочитам никаква позитивна порака - самата тема ми ја дигна вибрацијата веднаш. Самото сознание дека постои вакво катче каде ќе можам да поминувам време секој ден, без да се грижам дали нешто ќе ме растажи притоа, ми создава убаво чувство. Вакво нешто многу фалеше на форумов, со оглед на тоа што во СДК и останатите теми членовите да речам повеќе зборуваат за своите проблеми отколку за работи што ги исполнуваат и мотивираат. Па, секоја чест за темава @Ginger^ Инаку, не дека ги делам луѓето според нивните ставови поврзани со животот, но ете чисто ме интересира, дали ти Ginger веруваш дека сме креатори? Јас да. Како и да е, ќе бидам редовна тука.
Ви БЛАГОДАРАМ луѓенца, што се најдовме, а не е ни малку случајно Благодарна сум на денов! Благодарна на парчињата со кои се почастив! Благодарна на насмевките кои ги извлеков на многумина! Благодарна сум на секое ново сознание до кое доаѓам. Благодарна на сознанието дека сме креатори на своите животи @Florenсе , кое многу ми олеснува! И на сите докази до кои доаѓам, дека сум на вистинскиот пат. И до сега сум била. Сите патишта се вистински, кога целта е една!
Химна ми е! Кога ми се наоблачува денот, на глас си ја пејам Ама многу, многу е важно вистински ДА ВЕРУВАШ
Зен приказна за лотус! За еден белоснежен ТиенШански лотос. За еден симбол на човечкиот живот. Со корен втиснат во калта на "материјалното", додека неговите бели листови се стремат кон небото. Свет за Египќаните,творечка сила од Античка Индија. Отелотворува чистота и целомудрие, плодноста и света сила. Велат ја регенерира кожата, заради изворот на антиоксиданси,алкалоиди,флавоноиди. Мене пак, душата ми ја обновува. Ми ја изљушти онака до корен, ми ја "обели". Имам само едно кандилце со лотос на него. Една свеќа во негова форма, и катаљарда слики во главата. Светлината која излегува од кандилцето, се формира во лотос. Лотосот е цвет што расте во калта, колку подлабока толку поубав е цветот
Наминувам да ве потсетам - дека ниеден момент посветен на нешто што ви измамува насмевка на лицето, не може да се нарече потрошен Колкава било количина време помината во слушање музика што ви влијае позитивно, читање книга, разговор со драги духовити луѓе, гледање комични видеа или филмови... сè што ни ги трга настрана сите оптоварувачки мисли од секојдневието и понатаму останува во умот како нешто на што кога ќе се сетиме на момент, не можеме да се воздржиме да не се насмееме - сето тоа е на преубав начин квалитетно поминато време! И да - нема клише и вишок кога станува збор за кажани или пишани зборови, со коишто директно или индиректно ќе предизвикате нечија насмевка или кревање на општата самодоверба и вербата во исполнувањето и на највисоките цели и желби... You're never fully dressed without a smile!
Химна на љубовта Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи; И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува. Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината; сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме, но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното. Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското. Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат. А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.
Ова видео кое го гледав со солзи радосници потполно ми го смена погледот на животот. Исто така и оваа посебна прекрасна жена која ја пратам се од почетокот на нејзината работа на јутјуб.. Толку е позитивна и умее да пренесе позитивна енергија. Жената од која научив како да се спознаам себеси и што точно сакам.Благодарна сум од се срце што ми ги даде сите насмевки кои знаам дека никогаш нема да исчезнат од мојата уста. Жената која ме упати и ми кажа што е живот. Жената од која заборавив што е вистинска тага веќе долго време. Толкава позитива немам видено кај ниеден човек. Од срце ја препорачуам затоа што иако виртуелно, вибрацијата која мене ми ја пренесе трае и трае. Еве и некои цитати по кои се водам и успевам во тоа.