Ништо не е твоја вина. Живееме во комплексно опшество каде твојата улога е само 1 фактор во однос на илјадници други фактори со кои си опкружен. Правиш најдобро што знаеш и можеш, знам дека даваш се од себе! Гордеј на тоа. Не плаши се да се отстраниш од негативни околности и луѓе. Подобро биди сам во својот мал и совршен свет и пополни го своето време со работи кои тебе ти се допаѓаат. Самоизолацијата е неопходна кога е најпотребно да посветиш внимание на себе. Не грижи се за минатото, ниту за иднината. Минатото нема да се врати, а иднината сеуште не се случила. Живеј во сегашноста, најскапоцениот момент е сега, па направи го денот да ти биде убав. Земи длабок воздух. Вежбај благодарност и повторувај со мене. Благодарен сум што сум жив и имам прилика да го искусам светов без оглед на моите околности. Благодарен сум што дишам и го осеќам мирисот на цветовите. Благодарен сум за телово кое верно ми служи да ги правам работите по моја волја. Не е совршено и секогаш нешто му фали, но сепак работи и еве уште сум жив. Благодарен сум што имам топол и мек кревет да се одморам и наспијам добро. Благодарен сум што не сум гладен и секогаш наоѓам оброк па и кога јадам сам пак ми е најслатко и тоа ме прави среќен. Благодарен сум што можам да ги кажам моите мисли и да ги слушнам твоите. Што би било ако овој ум беше затворен во себе. Среќен сум што не сум сам на светов, иако некогаш се чувствувам така, знам дека тоа е само привремено. Напиши се за што си благодарен и прочитај ги тие зборови секој ден додека не ти стане навика да си ги повториш наутро во глава. Не заборавај да излезеш на прошетка. Не чекај на никој. Природата секогаш те повикува со отворени раце. Погледни во некое дрво, види како стои цврсто и му пркоси на ветрот. Така и ти сеуште стоиш цврсто и пркосиш на сите бури кои ги помина досега. Знај дека ќе дојдат нови бури и пак ќе се најдеш во невреме, но биди уверен дека ќе издржиш, цврсто како дрвото низ ветрови, исто како што издржа досега.