Можете да се спасите само поединечно. Со ‘рмбање или со талент, сеедно. Бидете подобри од другите. Подобри од нас. Искористете го овој хаос. Проникнете во суштината на општественото диригирање, заслепеност, укинување на секоја спонтаност или случајност. Одвојте се себеси од масата со писменост и интегритет. Само под услов да не се мрзоволни. И да сте писмени. И да не чепкате во суштината на системот. Не е лесно. За да разберете како функционираат работите за кои ќе пишувате, пожелно е барем јасно да ги видите. На Балканот секое богатство најчесто е плод на снаоѓање, бескарактерност, корупција, Алцхајмерова болест („Не се сеќавам од каде ми се парите“) или државна милост. Десно од парите се партиите и државата.Лево од парите се училиштето, црквата и медиумите. Десните ги одржуваат постојниот поредок и стравот. Левите произведуваат инерција, општествен консензус и илузија на движење кон подобро. Кое само што не почнало. Корупцијата, под која ѕирка мафијата, ги поврзува - како отровен бршлен - сите катови на пирамидата. Оваа шема важи за сите времиња, сите општества и сите системи..... Или ќе успеете, или нема да ве има. Немојте да бидете воочлива генерација, затоа што стоите на планина непрочитани книги. -Александар Тијаниќ
Носи се како лав, само така ќе бидеш силен во секој момент и ќе се докажеш дека си некој што заслужува да биде почитуван.