Со онаа министерката за правда дебелата плавата. Мајтапи многу што и правеа. И го заборавив името. А да, Славјанка. Која позната личност би сакале да и е брачен другар на ваш брат/сестра?
Е па веќе кажав Дарко Димитров ама да не давам ист одговор, еве би се сменил со Магдалена Цветкоска да видам како размислува, што прави и како е да си женско, за да не давам бејсик одговор после Дарко да биде Лазар Цветкоски. Па еве нека биде Ена сестра му, со неа би се сменил. Која позната личност би одбрале да ви е мајка или татко?
Шер од странскиве, ептен кул ми делува, татко не ми треба. А од нашиве ретко кој ме воодушевува за да сакам да ми биде крвно сродство. Ај нека бидат Бојана и Васко Скендеровски. Имаат сопствена продукција, ќе ми снимаат песни, плус ќе имам по една државна турнеја годишно, без разлика дали песните ќе ми пројдат кај народов. А реално, 100% нема да ми пројдат. Значи ги бирам нив за да бидам материјално обезбеден. На која позната личност би ѝ украле цела гардероба и стил?