Дали некогаш некој близок, роднина, другар/ка, дечко или девојка си поигрувале со вашите чувства? Не знам зошто одлучив темата да ја отворам во психологија, но кога се работи за чувствата морав да ја ставам тука.. Мене не многу пати ама сепак од време на време ми се случувало вакво нешто.. Еднаш најдобрата другарка што се знаеше за мене, ми беше како сестра, беше секогаш до мене во секакви моменти, но јас тој период фатив дечко и полека несвесно се отргнував од неа, а таа зашто и било криво дека ја губела најдобрата другарка му кажувала на тогашниот дечко некои раб што јас несакав никој да ги знае ама и се доверив нејзе..толку убаво ме изигра, ми ги изеба емоциите и мислењето за неа само со еден потек.. Потоа ми се правдаше дека и е криво за се, но тоа не беше доволно за да ја врати мојата доверба кон неа и ден денеска сме другарки ама веќе сериозни работи не и кажувам.. Ако не е соодветна темата избришете ја..
Нормално дека да. Најголема грешка била што сум кажала на мајка на другарка дека длабоко во себе некогаш се осеќам како најосамена и најотфрлена личност и дека ми е многу битно што го делам времето со нејзе (ми се допаѓаше едноставно нејзината мајчинска грижа што некако ја почувствував). После излезе дека јас не сум можела да се социјализирам и х луѓе стално ме прашуваа дали и со кого се дружам и сл. Не, фала. Повеќе никогаш. Се научив и кога ми е тешко да не се вртам и гледам во луѓе, нема зошто да повторам нешто слично. Да, имаше и има влијание ова (и поарно шо има).
Ми се случувало и мене и тоа од луѓе за кои никогаш не мислев дека би можеле да си поиграат со моите чувства..ама ете се случи и продолжи да се случува од страна на најдобри другарки, дечко, роднини... и сфатив дека освен на сама себе не можам на никој да верувам ..луѓето имаат во себе себичност, љубомора, лошотилук иако пред тебе се прават најфини на крај најфино те збрцуваат со нож ..иако звучи песимистично ова ама таа е реалноста за жал.
Колку повеќе се отвара човек пред некој-толку повеќе опасност постои да се поигра некој со вашите чувства. Да , се имаат поиграно ,ама вината во себе ја најдов и се корегирав ...
Си имаат да. Бифш кој е тежок психо, му немав признаено никогаш дека сум затрескана во него али 100% знаеше пошо играше пали-гаси со мене. Прв и последен човек на кој што сум му дозволила. Ни моите ни никому. Пробувале и моите и другари/другарки али не сум попуштала. Не се препуштам веќе на чувства одамна со исклучок на последново затрескување Не дозволувајте да си играат со вашите чувства. Преку добри и лоши искуства учете да ги читате луѓето
Во никој 100% доверба. Луѓе со кои сум се дружела од мала си поиграа со моите чувства, што останува за другите. Дознав дека ме озборувале зад грб и ми ги издале тајните на новите пријатели. Најголем доказ беше што се оддалечија од мене, не требаше ни да ги прашам дали е вистина. Многу многу пазете пред кого и колку се отворате. Ретко кој ви мисли навистина добро. Повеќето собираат материјал за сеир и/или трачарење. Само така нема да ви ги изигра чувствата некој. Колку сте потаинствени, тоа подобро.
Во однос на темава, можам да се себенаречам мазохист. Многу малце фали за да се отворам на некој. Секогаш мислам дека сите се со добри намери и искрени како мене. 1000 пати сум изгорена, и одам на 1001
Дали некогаш некој близок, роднина, другар/ка, дечко или девојка си поигрувале со вашите чувства? Да. иако последна сум дознала за тоа Обично не приметувам дека некој намерно би си играл со мои чувства а е дел од моето блиско опкружување зошто првично не можам да разберам која е поентата да си играш со чувства на личност со која своеволно поминуваш голем дел од своето време. А ако некој ми посочи дека сум предмет на изигрување и се уверам во тоа прво пристапувам кон јасно кажување дека знам што прави на моја сметка таа личност и да престане да прави така или нека ме избегнува ако смета дека има нешто во мојов живот и моите чувства што личноста ја тера да си поигрува. А ако продолжи да си поигрува и понатаму слободно нека си игра сама со себе бидејќи мене не ме интересира повеќе ништо од тие инфантилни поигрувачки игри само чувствувам голема жалост/сожалување кон такви личности.
Исто. Буквално исто. Додуша јас веќе решив да не одам накај 1001 пат, туку се трудам кочница да ставам. Доста биле 1000 пати горење Се затворив некако повеќе во себе, па ПРЕМНОГУ размислувам пред да се отворам на некој. Можам без проблем да слушам некој без да ја злоупотребам неговата доверба, ама јас веќе решив да не се отворам пошто некои едвај чекаат нож да ти забијат
Никогаш не сум дозволил некој мајтап да си игра со мене, дали причина за тоа е мојата резервираност или едноставно среќата одиграла улога па не сум налетал на некој таков
Не си играат, си жонглираат со нив. И пак не сфаќам и не оправувам пошо сум глупа. 2ра шанса дали давам? Не. По 14 шанси давам.
Многу добро те разбирам зашто и моето искуство е такво. Резервираноста и среќата во комбинација може да го дадат максимумот во позитивна смисла. Визуелноста ја замолчува вербалноста.
Не е до 'отворањето', до 'врзувањето' е. Колку повеќе си врзан за некого, односно, колку повеќе ти значи, толку поголема шансата е да те повреди. Не дека се полоши тие што ни се блиски, туку оти од блиски боли... од тие кои не ти значат, нема да ти е криво толку.
Аууууу, и те како ,,отварањето" ми беше грешка ... ти ги открива слабите точки и те шалта ... И немора некој близок да ти е или да си врзан со него за да те здоболи тоа што се поигрува/манипулира ... на некои едноставно тоа им е душевна храна
Да и тоа моментално се случува, иако сум свесна за тоа не превземам ништо, не знам што да правам. Се работи за мој бифш во кој уште сум затрескана, ме остави пред 1 год. и сега пак ми пиши и ме бара. Се трудам да држам став, да не се погазам, ама на крајот од денот сфаќам дека го сакам и не можам да го заборавам иако знам дека ме бара само кога му требам...
Будала никој не може да ме прави, ама чуствата ми биле злоупотребени во повеќе наврати. Но учиш, како и се' друго. Стануваш подобар во проценките. Сега многу тешко може некој да проба да ме искористи, и тоа ако јас сакам да бидам искористена во исто време. Не посветувам време и внимание на нешто или некој што не ми е превише важен/но, со тоа не оставам простор за билокакво влијание на другата страна врз мене така. За важни работи, треба доверба. Тогаш работите се покомплицирани и ништо не оставам на случајност.
Многупати ...Ама за тоа самата си сум крива ..јас сум дозволила ...во иднина ќе бидам повнимателна ..