Многу ми е глупо и ниско да покажам среден прст. А и одамна не сум видела некој да покажува среден прст, веќе е изминато тоа. Сега со зборови се караат, не се покажување на среден прст.
Како мала, кога не знаев што значи. Цело време и` го покажував прстот на сестра ми. Да не претерам, ама по едно десетина пати дневно, и` го покажував сигурно. Детска радост, ќе научи нешто ново и мора да го промовира. Инаку сега не, во никој случај. Нема потреба. И онака само со сестра ми се карам. Кога ќе почнеме да водиме битки, јас сум таа што пробува да биде смирена. Она мислиш коса ќе си искорне, а јас и` се смешкам. Дефинитивно така повеќе е незгодно. А вака ако знае дека и јас сум нервозна, ќе и` се дигне егото. Додека поарно е она да си кине живци, а јас да си се смеам. Идиот сум, стварно.
Oва со средниов прст ,стварно навистина од такт ме вади,поготово kога некоја нафатирана госпоѓица или госпожа у сообраќај го користи како ладно оружје,ем не знаат да возат на лента што служи за претицување,ем возат на место кај се вози над 100 ,а возат 60 ,ем не се тргаат у споредна лента и на сето тоа кога им блендираш или свириш тие нон шалантно ти дигаат среден прст,ама кога ќе им заржи човек,се заклучуваат у кола,толку била од силината со прстот.
Кој што има, тоа ќе покаже... Некој кој толку има во умот, не ќе ви покаже љубов, насмевка, разбирање... Спојлер А, се почесто гледам каде родителите ги учат на дечињата да покажат среден прст.
Некогаш само со другарките на шала си покажуваме среден прст,ама онака на зезање меѓу нас.Инаку не,во други случаи не го употребувам ова,многу ниско ми е,заедно со тепачките.Како да немаш во мозокот па не знаеш на кој друг начин да се изразиш.
Мене дома кога ќе ми се испушти ај у бестрага, татко ми ќе ми даде еден остар поглед, а не па да се расфрлам со вакви гестикулации Шала на страна, јас не се служам ни со пцофки, со вакви работи уште помалку. Само со сестра ми дома знаеме да се зезаме со ова
Ваков начин на гестикулација за мене е под ниво.Никогаш не сум помислила да манифестирам револт со употреба на прст.А и не сум забележала поскоро некој да изреагира вака.За се постои зборот,добар или лош ни одлучуваме како ќе реагираме во конкретната ситуација.
Не,не сум покажала нит па ке покажам. Глупо е,безсмислено.Тоа мене ми означува само прст кој се наоѓа во средината.Ништо повеќе.
Многу е покултурно да пцуеш него да покажеш среден прст. Тоа го разбрав од оригиналниот пост во темава?
Ги гледам малите деца по улица како покажуваат среден прст.Па и нема ли од кого да научат.Повеќето од денешната младина го практикуваат тоа.Јас дали 3 пати имам покажано среден прст.
Често покажувам среден прст. Обично кога некој ми докажува нешто безвезе, не прифаќа дека не е во право, па само му покажам среден прст, излегувам и чао пријатно.
Секогаш кога некој ќе ми каже нешто што не ми се допаѓа,некоја личност што ме нервира или некоја личност што ме исмејува ај си замолчувам,ама кога ќе замине,го покажувам средниот прст.
Никогаш.Многу пати ми доаѓало да покажам среден прст но во себе ќе си кажам (не паѓај толку ниско)и веднаш се смирувам.
Пониско од ова - здравје. И никакво задоволство не ми причинува. Ако некој ме изнервира, му кажувам со зборови. Единствено кај професори ова може да помине, кога веќе не смееш да им кажеш.
Можеби сум малκу чудна, ниκогаш ама баш ниκогаш, отκаκо знам за себе јас сρеден пρст не сум поκажала. Знам неκогаш да опцујам и сл. ρаботи, ама сρеден пρст ниκогаш не сум κρенала. Едноставно во тие моменти не ми ни теκнало да поκажам сρеден пρст туκу повеќе пи теκнувало да се исплазам, иаκо мρазам да се плазам, глупо ми е, неκултуρно исто κаκо и поκажувањето на сρеден пρст. Зошто да пρавиме неκои одвρатни гρимаси и гестови κога можеме да упатиме само еден збоρ и да затвоρиме нечија уста!
Чиста вулгарност. Колку што се сеќавам никогаш не сум направила вакво нешто и нема да направам. Знам убаво и со зборови да се разберам.
Најчесто некои дечишта го прават знаков. Иначе мене многу ми е забегано коа ќе видам некој ставил така слика на фб, или пак некоја позната личност се сликала така, нели они оти се многу, јаки и генгста.
И ова го правам Срамота Еве кој ме инспирира да имам култура на ниво и да покажувам среден прст Спојлер
Безвеза ми е, као кога немаш аргументи и беспомошен си у расправија тогаш го покажуеш средниот прст...и што? демек на тој што сте му покажале мислите увреден ќе се осети? Не, туку вие сте испаднале смешни и прости.