1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Покажување на среден прст

Дискусија во 'Психологија' започната од Papillon.Papi, 28 декември 2013.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.529
    Пол:
    Женски
    Мислам дека едно време ми премина во навика тоа да го правам... Бледо се сеќавам, изгледа беше краток период, сум се освестила навреме дека е глупо.
     
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.332
    Никогаш и никако
    Тоа за мене е одраз на простотилок
    Посебно во сообраќајот кога се упражњава ме нервира
     
    На Scott Weiland и Ivan-Ice им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ова престанав да го правам на мои 10 години. Од дома ми рекоа дека не е убаво и ги послушав. Зарем се уште возрасни го применуваат во втората деценија од 21. век? :D Мислев дека е со поминат рок. Мене никој не ми покажал среден прст.
     
    На Scott Weiland и Joi им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    У последно време и јас не покажувам среден прст, туку дигам рака со три прсти и му викам: читај меѓу редови!
     
    На Scott Weiland и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    Значи во оваа тема ќе треба да си се пофалиме до каде сме еволуирале?
    Покажувањето среден прст, пцуењето, оговарањето, исмевањето на туги недостатоци.... Се е тоа одраз на нашата фрустрираност и несигурност во во себе, со пцостите само си ја гнасите сопствената уста а не постигнувате ништо..
    Мислите дека ако некому покажете среден прст ќе постигнете нешто? Мој совет е, застанете пред огледало и направете го тој гест за да видите колку одвратно изгледате додека го правите тоа, посебно ако сте женско.
     
    На Bitter-Sweet и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Најјако ми е кога на состанок на некој колега од спротива ќе го погледнам и со средниот прст ќе си ги подигнам наочарите 8)
     
    На Scott Weiland, Joi и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Елаборирај ми ја тезава, ќе те молам. Во неколку точки докажи ми дека среден прст помалку ,,личи" на женско отколку на машко.

    Можеби кога ќе седнете да ги напишете работите што ги мислите кога кажувате вакви фрази ќе видите колку смешно и патетично ви изгледаат сексистичките забелешки. |(
     
    На IM.TMKQ, cresa-jagoda, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    Јас незнам за другите но во моите очи жена што пцуе и покажува среден прст, ја губи сета останата вредност и квалитет ма колку и да е убава и привлечна.
    Нема што тука да се елаборира едноставно тоа е мој став, јас така гледам на тоа. Не тврдам дека сум во право само кажувам како јас ги доживувам таквите девојки-жени.
    Има тука уште многу работи што може една жена да ја направи одбивна во моите очи но да се задржиме конкретно на темата.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.698
    Допаѓања:
    11.246
    Пол:
    Машки
    Покажување на среден прст од женска страна ми е атрактивно. Лоши девојки 8)

    За од моја страна @EvAngelos убаво си пиша, читај меѓу редови и наочарите 11/10 фора. :D
     
  10. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    [​IMG] упс
     
    На christinnn, crimson, Rebecca_R и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не те прашав тоа. Прашав зошто женско повеќе ја губи почитта во твоите очи отколку машко?
     
    На cresa-jagoda, crimson, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Средниот прст го симболизира пенисот, свитканите прсти м*****. Е сега според ова, зошто кога жена го прави гестов ти е подегутантно, отколку истото да го стори маж ? Има повеќе право, му се може? Како ти гледаш на тоа?
     
    На crimson и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Мене син на познат македонски фудбалер ми има покажано среден прст и што е најтрагично си го бранеше својот син со зборовите дека сум го заслужил тоа. (facepalm)
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    Не е работата за тоа дали некому му се може или не, ако во мене барате машки шовиниста тогаш погрешна ви е адресата. Едноставно покажување среден прст, пцуење, пушење цигара додека оди по улица, плукање... едноставно ми нема некаква допирна точка според мои некои критериуми за она што треба да претставува пристојно однесување на една жена.
    Никаде не реков дека покажувањето среден прст од било кој ми е прифатливо, но од жена понајмалку.
    Ајде кога веќе пишувам да ви раскажам еден личен пример на оваа тема.
    Тргнувам јад да одам од точка А до точка Б, си викам кај ќе се акам низ центар со кола нема паркинг ќе одам со автобус. Во тоа време за моја среќа или несреќа налетува со кола една моја подалечна соседка која ми беше крајно сипатична па дури и гаев некои емоции кон неа. Каде комшија? Викам еве одам таму и таму... Вика ајде качи се у`з пат ми е. Тргна муабет, мене срце ми е полно, јас во нејзина близина.... На партизанска да се престрои изгледа беше преблиску и му влезе во линија на друго возило и нормално тој изреагира и свирна и таа во тој момент вади рака низ прозор му покажува среден прст со зборовите: Пуи к*р кретену еден. Верувале или не во тој момент како да ми се сруши цела планина на глава. Од тогаш ја гледам со многу, многу поинакви очи, не бев ни свесен дека она може да го направи тоа затоа што таа во моите очи претходно беше дама и пример за сексипил.
    Ќе ме прашате зарем девојка која покажува среден прст не може да биде дама? Според некои мои вредносни критериуми не може.
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Нема тука пре/по/најмалку прифатливо, тоа е финтата што ти ја објаснуваат. Ако женското кое се однесува така не е дама, машкото па не е џентлмен. Исто е, во очите на луѓе што си држат до култура и манири треба да е подеднакво одбивно, неприфатливо и непривлечно.
     
    На Lella, crimson, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.973
    Пол:
    Женски
    Не покажувам среден прст, сметам дека не ми доликува. Не е културно, делува уличарски. Не е во ред една млада високообразована личност на пример, без разлика дали станува збор за машко или женско така да се однесува. Лоша слика остава за себе, да видам некој така прво нешто што би ми паднало на ум е види го простаков!
     
    На Someonespecial и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  17. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Пцуење, дерење, покажување среден прст се знаци на некултура и простотилук.

    Ако си женско, немој да ги практикуваш. Ако си машко, исто така немој да ги практикуваш. :*
     
    На Joi, IM.TMKQ, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.529
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со ова, но мислам дека те прашуваат дали таквото однесување претставува лоша слика за женското или и за машкото, затоа што во твоите мислења, ти го потенцира покажувањето среден прст од страна на девојка. Што е со покажувањето среден прст од страна на некое машко? Тоа ги интересира. :)

    Инаку, оваа навика во мои очи е подеднакво лоша и за двата пола, се разбира. :puke:
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    52.598
    Пол:
    Женски
    Колку што жената не ја прави дама, толку и машкото не го прави џентлмен. Тука е во прашање културата и воспитувањето на личноста, без разлика од кој пол е.
     
    На cresa-jagoda, lovestoneddd, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    Се согласувам дека подеднакво е неубава глетката и кај едните и кај другите тоа го реков во последниот пост, но за нијанса ми е малку понепријатна глетка кога жена го прави тоа. Не за да ги деградирам жените туку затоа што жените се моја свера на интерес а за мажите баш ми е гајле како ќе се однесуваат, за нив треба да судат жените

    И за едните и за другите без исклучок, тоа е пред се израз на немок а не на нешто со што треба да се гордееме како што наведоа некои машки членови кои се фалеа демек била некаква финта да местиш наочари со среден прст..... Мислам тоа е ок како финта ама ако имаш 10 години овде зборуваме за возрасни луге нели?
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.