Затоа што кога ќе кажеш дека нешто ти засметало сите ќе најдат причини и изговори да се правдаат. Верувам дека сме возрасни и секој знае што прави со своите постапки, од после не мислев така, не мислев вака не значи ништо.
Јас и сопругот сме единствени во нашето друштво шо уште неаме деца и многу пати ни се десило да не не поканат на родендени па дури еднаш и на сватба баш зошо неаме деца
Не знаете да комуницирате. Ни ти не си најсовршена, човек си, правиш грешки, свесни и несвесни. Да ти се налути тебе некој, ќе сакаш да знаеш зошто и ако можеш ќе поправиш, или? И на цц 20 години не сте толку возрасни. Можеби ти си, ама твоите другарки генерално не се. Сестра ми има 19, паметни деца се сите, ама возрасни?
На 24 години не сме деца сигурно. Завршени факултети, луѓе што работат на сериозни позиции од кои живот зависи на луѓе сигурно знаат што и како мислат со своите постапки, не станува збор за деца во основно што не мислат што прават. Едноставно не гледам зошто би оправдала што така ме одвоила, а и немам намера да молам за другарство. Кој како си одлучил. Некогаш делата повеќе кажуваат од зборовите.
Ти си знаеш, ти дадов предлог ако сметаш дека ти е битна другарката. Никој не е совршен, сама си свесна дали вреди или не тој разговор. Ако е целта да кажеме дека е лоша итн. еве јас од мој аспект ти кажувам дека не гледам така, други ќе ти речат така е. Сите различно ги перцепираме работите и тоа е многу нормално. Само во темава гледаш дека нема едноумие, туку сите си мислат дека знаат што мисли другиот.
Мене ова ми е многу важно. Си била свесна дека и' се ближи роденден, не си ја заборавила, си издвоила време, енергија и финансии и си и' купила подарок. Штом си се разочарала, си сакала да бидеш поканета. Звучи како да си looking forward на роденденот (не ми текнува моментално подобар израз на македонски за да објаснам). Твоето вложување наспроти нејзиниот однос многу кажува. Те разбирам зошто се осеќаш навредено и планираш да се дистанцираш. Џабе други ти кажуваат нивно искуство и примери кои се различни од твојов случај, води се според твоите чувства. Ако сметаш дека не ни заслужува да и' кажеш како се осеќаш поради нејзината постапка, не мораш. Можеби кога ќе примети дека те нема, еден ден ќе се заинтересира и ќе те праша што се случило. Може ни тогаш нема да осетиш потреба да се објаснуваш. Во секој случај, има валидна причина зошто чувствата ти се навредени.
Не не поканија на сватбата зошо била само за млади со деца и цела сватба им беше темацка(игралиште, кловнови и не знам шо), ни рекоа ќе ни било досадно зошо сме биле без деца
Не гледам зошто не би поканила некој кој до вчера ми бил близок, а сега има деца (во случај јас да немав дете). Или пак, еве сега јас имам дете и да викам само луѓе што имаат деца, другите да ги исклучам. Не ми прави логика. Мое е да поканам, па оставам на личноста да одлучи дали ќе дојде или не. Доколку сум ја поканила личноста во неколку наврати, а не ме испочитувала да дојде, тогаш сигурно ќе размислам да ја исклучам од листа на поканети. Точно е дека се` почесто се случува, а објаснување зошто, немам. Веројатно некои луѓе прават селекција на пријателства откако ќе настапат животни промени. Ја разбирам фрустрацијата бидејќи и јас изгубив многу пријателства на сличен начин.
Точно. Изминатите 9 години немало роденден да си го пропуштиме, затоа и бев изненадена и навредена на некој начин. Ме разбра конкретно на што и како мислев.
Навредливо е, имаш причина да се лутиш. Такви се луѓето денес, за секунда прекинуваат пријателства ако немаат некоја корист веќе како што имале порано. Не заради деца, сум осетила од други причини, така да не ме чуди и што вакви работи има и постојат вакви луѓе.
Ако сме искрени премногу е глупаво да не поканиш близок пријател ради имање/немање деца. @Snowflake99 Го имаш секое право да се лутиш. Ти едвај си чекала да и дојде роденденот, си одбрала поклон, само за да не си поканета "ради децата". Нејзино е да покани, твое е како ќе се снајдиш во врска со детето ако прифатиш. Ваљда нормални луѓе се доволно свесни и нема да ги земат малите деца во ноќен клуб, ако се плашат од тоа па не канат , но тоа било ланџ бар како што прочитав. Деца на блиска пријателка се како мои деца, и да не сум дечарка многу. Никогаш не би и рекла "не иди ти сега посебно ќе дојдиш оти со дете си". Освен ако самата не избери така, ама мое е да поканам, не знам што е тешко да се сфати тука. Ако мислиш дека вреди доволно пријателството разговарај со неа. Ако почне да станува дефанзивна и да наоѓа изговори, се знае дека неа не ѝ значело толку пријателството како тебе. Страшно колку земаат здраво за готово луѓево денес.
Јас мислам дека е сосема океј да не сакаш деца на своја прослава или свадба и да го потенцираш тоа, но воопшто да не поканиш некого затоа што имаат деца е безобразно. Луѓето си остануваат луѓе и кога имаат деца, не ми се верува значи.
Нели имавме ваква тема: https://forum.femina.mk/threads/Нов-тренд-забрането-носење-деца-на-свадба.27521/page-32
Ми се случило добра другарка да не ме покани на прв роденден за детенцето, славеа два дена, ајде првиот ден беше во игротека, не ме покани, искрено и не се лутам за тогаш, како немајка би ми било досадно, ама наредниот ден пак ги имаше собрано другарките и соседките со децата дома, и ни тогаш не ме викна, а можеше барем тогаш да ме викне.... Поминаа денови, па и недели и почна да ме вика на кафе, и не и отидов ниту еднаш... Оти ми дојде преку глава секогаш да бидам онаа без партнер, без дете, и ајде ќе ја викаме насамо, да не ни "расипува просек", и да, истата оваа другарка не ме покани ни на свадба, ми даде изговор дека немало да поканува другарки, збор не и реков. Арно ама, после гледав слики дека сите другарки и биле на свадба и блиски и помалку блиски, уште и цд од свадбата ми пушти да гледам, и ај да не се караме збор не и реков да и се понижувам оти не ме покани, не сакав да и се молам и тажам оти ме излажа дека нема да поканува другарки а покани. И да скратам, години се дружевме никогаш не и пререков ни збор, ама ова со роденденот ја прелеа чашата, ајде таму, ми се смачи веќе од трчање отпосле да пополнувам време, не сум човек кој во лице ќе ти каже тоа што му смета, ама дека ќе се тргнам тивко тоа да само што, штета што моето тргање не трае засекогаш, ко будала некоја, на крајот пак попуштам, атер за долгите години
И јас таков проблем имам, не знам да се тргнам од луѓе заради годините пријателство што сме ги имале. И сега за ситуацијава, се премислувам сто пати. На тие не им трепнува око да се однесуваат како се однесуваат, а ние се премислуваме да не ги повредиме и дали да се оддалечиме. Се гледа по односот на овие луѓе дека не се искрени во пријателствата како ние кон нив.
Млада сум за да се најдам во ваква ситуација. Делува непријатно и јас би постапила така што би редуцирала контакт и дружба со таква личност. Валидна причина е за да се налути и навреди некој.
Да се навредиш е нормална реакција како што кажав на некоја страна поназад, чудно ми е како некој смирено би изреагирал на ваков игнор и уште оправдување за луѓе што вака правеле поделби и двоења. Нема што да се мислиш, токсично пријателство, му дошло крај. Подобро е да прекинеш пријателство, а не да имаш лажни пријатели што ќе ти прават лошо да се чувствуваш.