1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Покачен холестерол и шеќер

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OlgicaSK, 14 јули 2014.

  1. OlgicaSK

    OlgicaSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите! Татко ми има покачени холестерол и шеќер. Кажете ми како да ги среди, некој лек на природна база? Хелп!!!
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Кога бил на лекар зарем не му дале некои апчиња или зарем не му кажале нешто?
    Или на природна база сакате нешто?
     
  3. OlgicaSK

    OlgicaSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    да, на природна база...
     
  4. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    2.362
    Mene mi e pokacen holesterolot i pijam sekoj den po 4dl zelen caj so 3 mali lazicki cimet i 2 lazicki med, ama strav mi e da odam da go proveram povtorno :)
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    100 гр семки од тиква (има по маркетите на виталија, или друга фирма)
    100 гр сончоглед суров,
    100 гр ленено семе,
    100 гр овесни снегулки.
    30 гр ѓумбир во прав.
    Семките ги мелам во машинка за кафе, се мешаат сите состојки и наутро наместо доручек 2-3 големи лажици во чаша за чај се преливаат со јогурт.
    Го намалува холестеролот, проверено.
     
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Холестеролот доколку не е алармантно висок може (проверено) да се намали со строг режим во исхраната, т.е со внесување на намирници со намален процент на маснотии во составот. Нивото на холестерол и шеќер во организмот се взаемно сврзани - со намалување на холестеролот ќе се намали и шеќерот!!!
    Еве еден испробан природен рецепт за намалување на холестеролот
    2 литри исцеден сок од лимон + 50 чешниња лук
    Се ставаат во шише обвиткано со алуминиумска фолија и се оставаат 25 дена на темно да отстои. Се процедува и се пие насабајле пола саат пред јадење по една малечка чашичка (20-30мл).
     
  7. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тоа што го напиша Val-Dim. Брат ми имаше покачен холестерол, мајка ми шеќер. И двајцата се средија со опасен режим на исхрана. Се исфрли се што беше мрсно од фирижидер, бел леб не се јадеше во куќава со месеци, само оној горчливиот, киселиот што е 50ден 4 парчиња, што и да сакаш нема да го јадеш. :) Сабајле овошје, во текот на денот непечени, несолени лешници, бадеми и ореви, само варено пилешко, јајца ама само белката, риби, туна, печен лосос без масло, без ништо и зеленчук, салати, печен морков. Леќа,грав, се тоа со вода со ништо друго. Одвратно ми беше мене, али им помогна. Кафе без млеко, без шеќер, без засладувачи. Млечни производи со висока масленост воопшто. За џанк фуд да не спомнувам, чипсови, газирани сокови, милки ич. Помалку стрес и добра физичка активност. Бар тоа делуваше кај моиве. А и ослабнавме сите :)
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Здраво,татко ми има 53 год.и работи како директор на ревизија(да не испадне дека се фалам)он душата си ја вади работи по 11 саати дневно.Доаѓа дома у 18 и ќе јаде набрзина,и ќе спие.У јуни му дијаностоцираа холестерол 9 и шеќер 8 .Пиеше еден сок од зеленчук и овошје и му беше подобро али пак си јаде по едно чоколодо од Краш(со 45% какао)ве молам помош имам 13 год и се грижам за мојот татко....премала сум,HELP me <33333 :'(
     
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    93.769
    Татко ми е со покачен шеќер и веќе неколку год наназад пие терапија Глибедал и Метформин и нивото на шеќер никогаш не му падна под 8. Неодамна некој му кажал да пие цимет и ајде викаме ништо нема да се изгуби , треба да се проба. Пие веќе неколку месеци секојдневно и од некнашниот резултат останав со отворена уста. Ниво на шеќер 4.6!, а и благо каснува редовно... Инаку циметот се подготвува одвечер во 100-150мл ладна вода , се става една лажичка цимет (не се промешува) да одстои и насабајле се пие на гладно. Со среќа!
     
  10. Пандичка

    Пандичка Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2023
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво дали е нормално на крвна слика глукоза ако е 3.3-5.6 да е 5.64?