Здраво девојки, пред 8 дена вадев полип на цервикс во државна и поминав супер.(за тие што треба да вадат воопшто не е страшно, те успиваат , се будиш одморена хаха и немаш болки тој ден а наредниот мн слаби како за добивање) Крварев два дена многу малце и третиот ден почна кафеав секрет. Денес ми е 8 ден и ме фаќа паника како сеуште ми тече а таму кажаа до 7 дена е нормално.Сега ме фаќа паника и не знам дали да одам на преглед. Инаку упатот ми беше за др Даниел а на отпусната листа стои доле друг лекар што мислам малце не е во ред еден доктор да те прегледа а друг да те оперира..
Мислам 3 мм , не ми беше многу голем , мислам дека гин. ми го немаше приметено и кога го сменив докторот , новиот ми кажа дека е најубаво да се одстрани веднаш бидејки се испитува и дека го имам сигурно околу година дена..
Феминки, молам за искуство ако има некоја од вас. Во рок од 2 години ,4 пати ми се појавува полип на грло на матка, и 3 пати го отстранувам на ГАК !!! Веќе немам сила да издржам поминаа 4 месеци од последната интервенција и на преглед денес повторно имам полип на истото место, големина ко пченица зрно. Има ли некој искуство, совет ,препорака...
Јас кога го вадев на ГАК ме убедуваат да родам. Тогаш го отстранив и по некое време останав бремена од тогаш до сега фала му на господа немам веќе таков проблем.
Мене ме убедуваат дека сум склона, додека матичната тврди дека не е возможно толку бргу рецидив да има...Страв ми е на преглед да одам, од што веќе ми е многу стресно да слушам дека имам повторно полип и да одам два пати годишно да го вадам
Zdravo na site jas sum nova na forumov i me interesira dali nekoja od vas imala polip na grlo na matka i toa vo bremenost. jas sum 23 nedela i mi e otkrien polip uste vo 21 nedela poradi sto imam mnogu kafeav iscedok odvreme na vreme me interesiraat vasite iskustva cekam odgovor fala odnapred
Zdravo devojki, pred nekoj den bev na redoven pregled bez da imam nekoj problem i mi rekoa deka imam polip vo golemina na zrno od lekja. Moze li da spodelite vase iskustvo ili nekoj sovet da mi dadete, nikogas prethodno ne sum imala nikakov problem.
✌еве ме, мене На редовен гин. преглед ми кажува матичниот имаш полип 11мм демек не е ништо страшно ама ако сакаш втора бременост моментално ти делува како да имаш спирала. Во секој случај пожелно е вадење ми рече мене, пред неколку дена го извадив, со општа анестезија, искрено мене тоа беше тоа што ме плашеше, целосно успивање ама ништо страшно, анализи крвни ти прават те спремат, те успиваат за 5/10 мин процедурата е готово и се разбудваш. Болка како од циклус имав јас, полежив сат и пол и после дома.
Киретажа, класична. После нецел месец од киретажата бев на гинеколог и се зачуди и тој оти полипот уште стои па чекам два циклуси да поминат па можеби ке ме пушти матичниот Скопје за хистероскопија. Сега да можам да го вратам времето би одела плодност ама сепак го послушав матичниот првенствено.
Преспанска горчица и микс од три чаеви- Фемина микс, хепато микс 4/1, и хепато микс 3/1. Да напоменам дека за мојот проблем на различен ги конзумирам. Сите се на Роза Ханина, може таму да се јавите или обратите директно. Се надевам на подобрување.