1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полип во матката

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од shiningstar, 25 декември 2009.

  1. Maay

    Maay Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    44
    Да. Пиши Роза Канина Ресен на Фб и мислам тука има, јас го немам
     
    На Макаронкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. komso

    komso Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Дали некој скоро правел хистероскопија на клиника за отстранување на полип и како сте поминале?
     
  3. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.446
    Пол:
    Женски
    Малко е доцна, ама исто и мене ми открија дека имам полип на грлото на матката. Бремена сум 15+0 недели... Ми почна кафено при бришење, пред една недела бев на преглед, немаше ништо (за прв пат кога ми се појави кафен исцедок) сега после една недела го видоа. Предходно не сум имала проблеми со полип, хпв или нешто специфично на пап, се беше уредно... Ептен сум исплашена...
     
  4. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    3.476
    Дали некоја одстранувала лапароскопски полип во матка во Плодност?
    Ме интересира цената, наназад има едно мислење од 2021 што не верувам дека е истата цена од тогаш до сега.
     
  5. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    Во декември 2022 беше 50 000
    Сега е сигурно 60тина по мое мислење.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  6. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    3.476
    Ако си се правела
    Колку дена е опорувањето? Во смисла да одсуствуваш од работа дали е потребно подолго од 2 дена?
     
  7. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    Не се направив, ама од консултацијата, ми ја објаснија процедурата, тоа е уствари хистероскопија. Одиш наутро гладна жедна, самата процедура трае отприлика 10 мин, под опсервација си неколлу сати и си одиш дома. Дури и другиот ден можеш да одиш на раб. Еве и да сакаш да не одиш и 2риот ден, во ред ама повеќе од тоа нема потреба.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво, за нова година многу се разболив , ме фати вирус , неколку дена висока температура, почнав да кашлам многу и примав антибиотици и инекции дексазон 5 денови. Последната менструација ми беше на крај декември, се нормално ама од кога се разболив и примав терапија во јануари почна да ми касни, скоро средина на јануари почнав да крварам по малку , мислев дека е од менструацијата , дека сум добила , ама беше многу розево и траеше повеќе од две недели. Ми стана чудно , никогаш не сум имала такво нешто, никогаш. Бев во Плодност на преглед вчера кај доктор Влатко Георгиовски и односот никаков. На брзина ме прегледа и веднаш ми рече еее еве од што си крварела , имаш како полип или миом , не е баш мал , треба да се оперира за брзо , 15 мм ако сакаш да родиш. Јас целата се шокирав , почнав да плачам и ко ми се изнаразвика ми вика еве ти број телефонски ако се решиш да се оперираш ќе те кошта 62.000 денари. Стана и си замина. Ужас. Од вчера мислам дека животот ми се скрати, се ми се урна. Ве молам кажете искуство со ваков проблем. Сакам да одам и на второ мислење кај доктор Димитров во Систина сега што е. Со години се борам со анксиозност и од вчера ни јадам и пијам нешто. Како зомби сум. Поздрав
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anettta

    Anettta Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2022
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Па штом не ти доаѓа можно е да има нешто. Оди во Систина, кога имаш повеќе мислења е подобро.
     
  10. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.730
    Пол:
    Женски
    Ми најдоа два полипи, не ми кажаа колкава големина.
    За хирушки зафат, знам дека треба.
    Една другарка ми спомна некој лек со чувар куќа и мед.
    Искуства?
     
  11. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Искуства со полип во бременост? Дали е опасно?
     
  12. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.055
    Во предходната бременост го имав, освен повремено крварење минимално друго нешто немав од полипот..
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elen4e89

    Elen4e89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Јас успеав да ги намалам полипот со чувар куќа и мед, јадам веќе четврта тегла, но ради годините што ги имам, а не сум била бремена до сега мораше да се отстрани хируршки што кога ми го извадија беше со големина многу помала од првично кога беше откриен.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.