Политиката во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Vitorija, 10 јуни 2011.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Немора да оставате коментари за тоа каква е политичката состојба кај нас да не испадне ептен на широко и гоооооооолемо ;) Иако не е задолжително ;)
    Ајде да ја оцениме со бројка од 1 до 5...

    Јас ќе бидам објективна и ќе дадам 3че кое за жал оди се повеќе во минус :tmi:

    Повелете, па да видиме кој ќе биде завршниот коефициент :)
     
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Солидна двојка, која е и многу за 2 000 000 луѓе. Фотељаши, тешко оние кои пробаа да сменат нешто...и нив не ги бидна... :geek:
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    И двојката ми изгледа пресилна оценка. Драгите личности кои се научени само да се држат за фотељите имаат проблеми со прифаќање на реалноста.
    Ако овие избори требаше да бидат поука за едната партија, која остана да биде опозиција, требаше да се АМА УШТЕ ПОГОЛЕМА - ДЕСЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМА ПОУКА за овие кои пак си ги добија на тацна фотељите, но со прилично расклимани ногарки.
    Проблемот е што гледам поуката ќе изостане, што е жално, бидејќи ајде што си поиграле со гласот на секој оној што ги гласал, ама си поигруваат и со останатите нас, кои и без тоа не ги ни сакавме во тие фотељи.
    И ако оној кој треба да е челник на државата ми излегува со фаца куче скитниче, министерката исто.. и ми креваат веѓи дур зборат, сеедно јас треба да им влезам во кожата да разберам како се чувствуваат тие, дека им е тешко, напорно е владеењето и угодувањето и на народот и на опозицијата и на медиумите :worried: , пак не можат да се справат со некои елементарни работи од мандатот кој се уште официјално го немаат, е човече прости ми. ТИ НЕ СИ ЗА ТОА МЕСТО, пошто државава е пред многу посериозни, многу потурбулентни моменти, со кои ТИ ќе треба да се справиш и да ги сносиш последиците, а не опозицијата, а не Пајажина и сите кои ви кројат заговор и константно ви прават опструкции.
    Премиеру несуден, тоа ти е најбитниот дел од работата што ти ја довериле сите оние кои гласале за тебе, да ја однесеш земјава на прав пат, а не да ми се вадиш на илиња, ко мало дете.

    И криво ми е богами. Слушам прееска за Хрватска и ЕУ. Не дека им завидувам. Ама мака ми е зашто и јас да го немам тоа што го имаат тие граѓани, зашто сите во земјава да го немаат тоа.
    Да не би помалку привилегии да имате од тие лидери на другите држави?!?
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    Кога веќе си слушнала за Хрватска не слушна дека и нас не спомнаа? Кај и да е и ние :party: :D
    Сега значи вмро ги оценуваме така? Или треба да правиме споредби со претходните?? Или споредби со другите држави?? Во глобала или на кој како му е по дома?? Сега за сега солидно 3 но очекувам многу повеќе
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Ваљда е кој како си сака, така да си оцени.
    Тоа е што јас осеќам во овој период.
    Сега се ВМРО пошто освоија мнозинство :)
    А, кога ќе дојдеме на ред и ние како Хрватска е тогаш заедно ќе одиме сите на Плоштад. :)
    За сега нема фешта. Имаме дома фешти што треба да си ги решиме, плус безвизниот режим. Ако него го вратат нема да ми е многу прекрасно со работата, да треба да вадам визи за да патувам. Тогаш би го потапкала по рамо Амди Бајрам за добро сработеното. :)
     
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    MSkorpionke доволно е да ја оцениш политичката сцена во Македонија, она што е секојдневие и она што не опкружува не само нас туку објективно каква оценка има политиката која се води денес, не само ВМРО туку сите оние кои се нејзини главни актери и севкупната оценка за нив ;)
    И нормално севкупната оценка за сето тоа кое заедно ни го сервираат...
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    1
    ВМ
    -Група на луѓе во кои донесуваат какви било одлуки.
    Се знае.
    Не е битно дали предлогот за некаква реформа е добар или лош,ако го предложи ВМРО, СДСМ ќе се против или обратно.
    Во зависност од која партија е мнозинството се усвојува или не се усвојува.
    Ете ја политиката во Македонија.
    Никој не размислува со своја глава.
    Политика.
    Пффф..
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.052
    1-
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Гоооооооооооле среношколски ќец а :shake:
    Ццц не чини :x
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    4.144
    Едвај 2-
     
  11. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Не давам оценка. И јака им душа на политичарите. Со народов не е лесно.
     
    На kva и tessie им се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.267
    Допаѓања:
    21.600
    Пол:
    Женски
    1 КАТАСТРОФА :x
     
    На dragan4eDR и ch-lunde.no им се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Море со политичарите не е лесно.Само за сопствениот џеб си гледаат, а народот како да отрпна на лошите економски услови во државата .Не му е лесно од нашиве политичари.

    За оценка може добар (3).
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.968
    Пол:
    Женски
    И ние сме тешки и они као некој дел од народот би требало да се тешки, али ај некако гураме.
    Ми се допаѓаат постегнатите законски регулативи, оживувањето на одредени норми затоа што навистина ни` фали дисциплина. Не ми се допаѓаат високите казни, затоа што не одговараат на нашите примања, но со нешто мора да не` стегне некој. Сега се буниме, а во анкетиве шо се праеле на медиуми кои поддржуваат разни политички партии, сите викаат „море само казни на некои им треба за да слушаат“. Последниве години и се изгради и се отвори и се привлекоа баеги странски инвеститори што ми е исто за почит.

    Така што, можеме да бидеме далеку подобри, но далеку од тоа дека владата/политичарите ни` се единствен проблем. Коренот сме самите ние и нашиот накомшијатанекамуумрекозатапаакотребаникадданемаммојакоза менталитет.

    Единствено нешто што ептен ми паѓа во очи и ме нервира е константното препукување. „Овој рече/оној рече/вие пред сто години ова напраивте/вие уште тоа го праите.“ Значи понепрофесионално нешто ми нема. Кавгине у темата „Свекрвите и снаите проблеми“ се одвиваат на повисоко ниво (зборам и за едните и за другите).

    Tројче.
     
    На imelda и Hipster им се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Политиката и политичарите во македонија ми се како полагање на градска, полагаш минимум 4-5 пати и пак не си сигурен дека ќе поминеш зашто може во секој миг да те бутнат. Така и овие, колку години постиме како држава, самостојна зборам 22 години ќе праиме за некој ден, и пак се понашаат како почетници. Не пораснаа, за жал само бетер стануваат и позиција и опозиција.
    Жанр трагикомедија!
     
    На makedonkamak, imelda и tessie им се допаѓа ова.
  16. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345

    Така е! Ние секогаш политичарите ги обвинуваме, па тие се од нас од народот. Не се паднати од Марс!
    Карактеристиките на членовите на влада (па која и да е, во било која држава ) се огледало на карактерот на нардот со кој раководат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Бидејќи се од народот треба да ги застапуваат интересите на народот, а не сопствените интереси.
    Не важи за сите политичари, ама повеќето не се ни грижат за народот, освен кога ќе треба да има избори.

    А за народот. Такви сме си.
    Родени сме политичари, па не е ни до толку важно дали не бива или не.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.897
    Допаѓања:
    133.673
    Ваков народ е сон за секој политичар! Не знам дали има народ што може полесно да се изманипулира. Два примери што први ми паѓаат на памет се - референдумот за територијалната распределба, и предновогодишниот притисок за усвојување на буџетот.

    Мојата оценка на политиката е добар 3. И тоа само затоа што треба да се гледа севкупната оценка. Просекот го качува албанската страна, затоа што имаат цели и работат на нивно остварување. Е тоа е добра политика, тоа е преродба во 100 чекори. Молим лепо.

    Нашиве се катастрофа. За нив оценката ми е доволен 2, едвај се тера некако.
    Има некои добри реформи - плаќање даноци, намалена сива економија, казни, значи генерално има повеќе ред, што е добро.
    За сметка на тоа, имаат две огромни грешки:
    1. Меѓуетнички односи. Навидум стабилни, ама ова е само затишје пред бура. Живееме во паралелни светови, и порано или подоцна ќе се разделиме.
    2. Вклучувањето на политиката буквално во се. Ако не си член на партија - не можеш да најдеш работа, да напредуваш, нема да ти оди бизнисот, и ова е до најниските слоеви. Одвратно.
    На страна тоа што граѓанското општество исчезнува. Или со нив, или си против нив, нема друга опција.
    Да ги сумирам 1 и 2 - живееме во посредена држава која има тенденција да ги смени границите и општественото уредување. Сурово, ама вистинито.

    Ова се однесува на сегашната гарнитура, иако и за претходно оценката би ми била иста. Само добрите и лошите страни се различни, другото е исто.
     
    На Nymeria, imelda и vinozito1 им се допаѓа ова.
  19. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Пред некој ден ја видов оваа статија и сега темава коа ја видов, одма се сетив... се вика „Амелија Андерсдотер - доказ дека политиката ја сфаќаме пресериозно“.

    http://sarma.mk/meni/25309/amelia-ander ... eseriozno/

    Муабетот е дека девојкава која изгледа како убава девојка која излага у скопска Маракана, всушност е политичар. Член е на партија која се вика „Пирати“ и на работа оди ворозева маичка, со лап топ на кој има лепенки од нејзини омилени работи. Тотално кул девојка. Али, Швеѓанка, не Македонка.

    Тоа што сакам да кажам е дека Македонците се премногу опседнати со тоа што поличарите го работат. Ретко каде во светот народот точно знае да каже кои се министрите со име и презиме, ниту што се случувало на вчерашната седница на влада. Сите Македонци се длабоко заинтересирани за политиката, имаат став и се спремни да дебатираат за тоа како да им зависи животот.

    Ама од друга страна, го разбирам тоа, ние сме таков народ, топол и полн со емоции (убави и неубави), сеирџиски и сакаме да знаеме сè што се случува. Сепак, место 16-годишни девојчиња да се грижат за своите хобија и уживања, момците да ги вежбаат своите трикови со карти или да шутираат слободни цел ден на маалски кош, тие седат по кафичи и зборат за сè, па и за политика.

    Политиката е само уште една професија како сите останати, а не гледам теми за „Продавање на каса во Тинекс“. :x
     
  20. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Го најдов ова во СДК темата.

    Млади луѓе, без визија, заглавени во канџите на дневно политичката програма. Времето кое го трошат на форум, да го трошат на барање работа, многу посреќни ќе бидат.

    Ја стварно не знам ако на дваесетина години муабетат за политика и потребата на Скопје да има сијалици, фонтани и споменици, кога ќе имаат секс у парк, кога ќе го изневерат дечкото со гитаристот на некој пропаднат бенд и кога ќе крадат лубеници на патот меѓу Кавадарци и Прилеп додека одат на викенд во Дојран и газдата на нивата ќе ги фати?!? Кога све ова? :tmi:

    Остајте ја политиката на оние кои заработуваат од неа. Надградувајте се себеси, не барајте изговори во политиката за сопствените потешкотии да се реализирате. :!: