1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Политичка релаксација - вицови, карикатури, видео клипови

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 31 мај 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Абе убаво си кажа човекот. Ај што ќе кажува, што е разумен компромис? Треба да си глупав за да не знаеш. Се знае што е `разумност` и што е `компромис` и што даваат заедно. :)
    Договор со разбирање кој е разумен. :D
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Се возел „самобендисаниот“ во авион. Авионот се срушил, и кој се спасил?
    - НАРОДОТ!

    Го прашале циго дали е сдсм-овец.
    - Не бе јас сум ситен лопов.

    Двајца пензионери седнале во градскиот парк да ги хранат гулабите и си разговарале:
    - Знаеш, овие гулаби многу ме потсеќаат на нашите политичари!
    - Зошто, како мислиш?
    - Па дури се на земја се толку кротки и мили, а штом се издигнат високо на небото, ќе ти се посерат на глава!

    Грујо ќе го запрел емитувањето на "1001 ноќ" затоа што Шехерезад имала поголем рејтинг и гледаност од него. Ама затоа ќе го земе Али Кемал да глуми во рекламата за трето дете...

    Едно дете го прашува својот татко:
    - Тато што е тоа политика?
    - Епа тоа ти е вака сине: Јас во фамилијава заработувам, значи јас сум капитализам, јас им плаќам на чистачката и дадилката значи тие се работници. Мајка ти ве чува тебе и брат ти и се грижи за се што е дома, значи таа е владата. А дедо ти гледа како работи мајка ти значи тој е синдикатот. Брат ти бидејќи е сеуште во пелени тој е иднината. Епа сега сине јас ти кажав што е политика, а сега ти размисли па наредниот ден ќе ми кажеш како ти ја замислуваш политиката.
    Ноќта детето станало од креветот и тргна накај собата од малиот брат. Детето влегло во собата и го гледа малиов брат испостран до врат. Оди кај мајкава а таа спие и никако не можи да ја разбуди. Оди кај таткото и гледа дека татково внатре се работи со чистачката и дадилката, а гледа дека дедово постојано скришно ги гледа..и се вратило во собата... Наредниот ден таткото го прашува синот:
    - Сине што е тоа политика?
    На синот му текнало од вчерашната случка и рекол:
    - Додека владата спиеше капитализмот ги дупеше работниците, синдикатот сето тоа го гледаше, додека иднината беше во гомна до гуша.

    Се возеле Груевски и Црвенковски во авион и одеднаш на Груевски му текнало :
    Груевски: Да фрлам 100 евра ке усреќам 1 македонец....
    Црвенковски: Ех што се 100 евра фрли 10 по 100 евра да усреќиш 10 македонци...
    Тоа го слушнал и пилотот на авионот и им рекол: А да се фрлите и двајцата па да усреќите 2.000.000 македонци.

    Отишле политичари во Сахара.
    Првиот ден, му се чуделе на песокот.
    Вториот ден, формирале влада.
    Третиот ден, поскапел песокот.
     
    На Cinderfakinrella и maca cvet им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
  5. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    На maca cvet, An-na, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Седнал Тодоровиќ на рингишпил и дошол Жерновски и му вика: Брат ај бе стани трет круг ти е више!
     
    На maca cvet и elimkd им се допаѓа ова.
  8. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Актуелни политички настани

    Седнал Тодоровиќ на рингишпил и дошол Жерновски и му вика:
    - Aј бе стани, трет круг ти е више!

    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    Не можам да престанам да се смеам бре. Алал да му е на авторот.
     
    На Cinderfakinrella, maca cvet, martinuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Актуелни политички настани

    Хахаа, актуелни се денеска. И ова
    "Не возете велосипед во Скопје, Тодоровиќ ќе ви побара круг!"
    :rofl:
     
    На Cinderfakinrella и maca cvet им се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Разговараат двајца другари од Центар:
    - Каде за Велигден?
    - Веројатно на гласање. :rofl:

    не знам дали го имало во темава ама смешно ми е
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Вести од земјата: Лебарска Пролет - Лебарките го кренаа гласот против лошите услови во студентските домови

    [​IMG]

    Лебарките сместени во студентските домови решија конечно да го кренат гласот поради катастрофалните услови за живот во студентските објекти. Во рамки на настанот „Лебарска пролет“ тие организираа протест пред зградата на Министерството за образование.

    Неочекуванo големиот број на лебарки-демонстранти беше позитивно изненадување за сите, но загрижува тоа што нивниот број беше многу поголем отколку бројот на студенти на кои било студентски протести.

    „И ние имаме право на достоинствен живот. Студиите на студентите не се комплетни без нас. Нашите заслуги се речиси еднакви на оние на универзитетските професори“, изјави Грицка Лебаркоска, предводник на побунетите лебарки.

    Таа додава дека не се проблем само неваросаните соби, прозорците кои не се затвораат, покривите што прокиснуваат и искршениот инвентар. Осиромашувањето на студентската популација и намалувањето на нивната куповна моќ дополнително ја влошува положбата на лебарките, кои се хранат од остатоците од студентските јадења.

    Министерот за образование Зналец Празноглавски се огласи веднаш по протестите, велејќи дека го разбира револтот на лебарките, но и дека активно се работи на подобрување на условите за живот во студентските домови.

    „Во дворот на студентскиот дом Книшко Полтронски засадивме дрво на сознанието, а започна и изградбата на споменикот на Адам и Ева. Планираме да го направиме истото во сите студентски домови. Покривите што прокиснуваат, смртоносните лифтови и мувлосаната храна не се толку итни“, изјави Празноглавски за Пара вести.


    извор: Лебарките протестираат против лошите услови во студентските домови
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    :D :rofl: :D
    Заглавени лифтови во Кисела Вода и Капиштец на денот на гласањето

    Линк

    Штета што немав број од Цивил и Џабир. Вчера за малку моето граѓанско право ќе беше загрозено или нарушено. Сабајлето плинското решо ми снема плин, па морав капучиното што сакав да го испијам пред да излезам на гласање да го правам со вода стоплена на струја. Плус патиките ми беа испрани, па морав да одам со постарите. Доручекот ми беше тенок и посен, не знам ни како сум имал сила да заокружам бројче и којзнае како сум гласал. Во продавница имаа сникерс само од дуплите, немаа единечни помали како што барав. Латас носеше одвратна вратоврска. Ниеден Цветко, Цвета или сл. што ги знам не слави ни вика више на именден. Се тоа вчера на денот на гласање. Па и Барселона изгуби во саботата, баш во предизборен молк. Куп поплаки и неправилности за пријавување во Цивил.

    Навистина поразов ги збрлаве, ама смешно е да се вадат на вакви глупости со лифтови, како некој носел 5 лични карти, скалите биле неметени, некој снемал тоалетна хартија, нечеткани му биле кондурите, зошто било топло времето тој ден,...
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Влада на РМ: Дрвjата ги сечеме за да не станеме влада во сенка

    [​IMG]

    Боровите крај Владата ги сечеме затоа што многу пораснаа, прават голема сенка, а ние не би сакале некој да помисли дека полека стануваме влада во сенка, ја објасни портпаролот Александар Ѓеоргиев сечата на дрвја во дворот на Владата. Тој додава дека кај дел од министрите се појавил и сомнеж за квалитетот на дрвата зашто не се садени со акцијата „Ден на дрвото“. Сепак, дознаваме дека на последната владина седница, министерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловска реферирала и за безбедносни импликации од постоење на дрвја и грмушки во близина на зградата на Владата.

    – Од пријателска служба ја добивме следнава порака. „Иза сваког грма непријатељ вреба…“. Тоа е јасен сигнал да се исече од корен секоја појава на непријател, односно опозиција. Особено сега, ко шо си збориме со Зоки, кога царот е гол, глупо е да не е голо се околу царот – рекла Горде.

    Премиерот Никола Груевски од министрите побарал да му направат список на сите парцели кои се џабалк, а се обраснати со дрва и наредил да се исече се. На забелешката од министерот за животна средина дека така ќе останеме без шуми, тој остро пресекол дека Македонија има шуми, и тоа „Македонски шуми“ каде што се вработени илјадници дрва.

    Груевски очекува да се преиспита текстот на песната со која Даниел Кајмаковски ќе ја претставува Македонија на претстојниот Евросонг. „Лисја есенски“ воопшто не одговара на политиката на сечење на дрва во нашата Татковина.

    Со декрет најостро се забрани македонската ненародна песна „Бор садила мома Евгенија“. „Коза ностра“ ја користи приликата додека уредбата за забрана не е објавена во „Службен весник“ на РМ за последен пат да ја објави оваа еретичка, антимакедонска и непатриотска песна:

    Бор садила мома Евгенија,
    Бор садила, ем Бога молила.
    Бор садила мома Евгенија,
    Бор садила, ем бога молила.

    Дај ми Боже бор да ми порасне,
    Да се качам на борови вејки.
    Дај ми Боже бор да ми порасне,
    Да се качам на борови вејки.

    Да здогледам сред море гемија,
    Во гемија-окован делија.
    Да здогледам сред море гемија,
    Во гемија-окован делија.

    Раце му се синџир-заврзани,
    Нозе му се франги-оковани.
    Раце му се синџир-заврзани,
    Нозе му се бука-оптегнати.

    На рамо му се два сива сокола,
    Го прашува мома Евгенија.
    Го прашува мома Евгенија,
    Со што раниш два сива сокола.

    “Парче сечам, соколи си ранам,
    Солзи леам, вода ги напивам.
    Парче сечам, соколи си ранам,
    Солзи леам, вода ги напивам.”



    извор: http://www.kozanostra.net/vlada-na-rm-drvata-gi-secheme-za-da-ne-staneme-vlada-vo-senka/
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106


    :rofl:
     
    На maca cvet и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  16. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    хахахааа прво мислев дека е нешто старо од нив, затоа што им се актуелни секогаш нивните скечеви, ама после го чув Глујо ..хаххааааа Најдоброто од МК е К15 !
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Ивона посетена од премиерот(лево) после тешките добиени повреди одкако била нападната од страна на непознати лица

    [​IMG]
     
    На Cinderfakinrella, maca cvet и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  18. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    цццц...како можеше вака убав да излезе...што ти е фотогеничност...
    [​IMG]
     
    На maca cvet, Yipman2, CrazyOne и 2 други им се допаѓа ова.
  19. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Така е!!!1 Бришка, сите! :rofl:

    hgfjghjmvhm.jpg

    Оукејј...
     
    Последна измена: 15 март 2016
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    12961733_10209480562994638_3287240764557354009_n.jpg
     
    На Cinderfakinrella, maca cvet, Esmeralda-MD и 13 други им се допаѓа ова.