1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Политички колумни

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 12 јануари 2011.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Oва не дека ќе го прочита премиерот :D ама е интересно да се види еден поинаков начин на пишување од тој кој го имаат повеќето "новинари" кај нас. Всушност не новинари ами "опинион мејкери" кои се во тренд со нивните колкумни и контра-колумни.

    Отворено писмо до премиерот Никола Груевски:
    ЗОШТО ИНФАНТИЛНО МУ ПОКАЖАВТЕ СРЕДЕН ПРСТ НА ЦЕЛИОТ ЗАПАДЕН СВЕТ?


    [​IMG]Почитуван господине Премиер,

    Ви благодарам за укажаната чест да ѝ посветите на мојата маленкост внимание во Вашето интервју за државната агенција МИА. Да Ви се претставам, јас сум Борјан Јовановски, новинар и по професија, автор и водител на емисјата “Еврозум”.

    Знам дека сте презафатени со преродбенички активности и дека секако сум закопан длабоко во Вашата меморија, па еве, да Ве потсетам: тоа е онаа иста емисија, во која Вие сте биле гостин во повеќе наврати. Истата емисија, која Вие и останатите преродбеници прилично ја фалевте, барем во 2005-тата и 2006-тата година, поради тоа што ревносно укажуваше на сите слабости на тогашната власт, релевантни за европските интеграциски процеси.

    МЕ БАРАВТЕ ЗА ПОРТПАРОЛ

    Јас сум тој истиот Борјан, кој тогаш го каневте на Вашите панел-дискусии, организрани со поддршка на фондацијата “Конрад Аденауер”, на кои отворено говоревме за слабостите на владата на Владо Бучковски. Морам да ви кажам дека Бучковски и Радмила Шеќеринска достоинствено се носеа со тие критики. Не ги сакаа, некои не ги прифаќаа, но исто како и Вашата влада, ниту една информација објавена во таа емисја не успеаја да ја демантираат.

    Ниту вие, ниту Бучковски, тогаш не помисливте дека работам по налог на кабинетот на тогашниот комесар за проширување Оли Рен!

    Јас сум истиот тој Борјан, кој беше портпарол на починатиот претседател Борис Трајковски, еден од малкуте политичари кои ги познавам, кои со срце ѝ се посветија на Македонија. Да, јас сум тој Борјан, кој кога го напушти кабинетот на Трајковски, се сретна со Вас и тогашниот ваш почесен претседател Љубчо Георгиевски, да разговара за Вашата отворена понуда да станам портпарол на Вашата партија.

    Разговорот беше мачен, затоа што тешко го поднесував сето она што ми го зборувавте за Трајковски. Во разговорот ни стана јасно на тројцата дека имаме различни видувања за тоа што е ВМРО како идеја и визија. Јас бев горд што му служев на Трајковски и на неговата визија за Македонија, а вие сакавте да ми ја погазите таа гордост.

    Инаку, не знам дали знаете, ама тешко беше да се работи кај Трајковски, затоа што во тоа време владееше Бранко, со истата медиумска логистика со која сега Вие се служите, во побрутална и повулгарна форма.

    ЗА БРИСЕЛ НЕ СУМ “ПОРАНЕШЕН НОВИНАР”

    Сега, би сакал да одговорам на некои од Вашите дилеми покренати во интервјуто за МИА. Мислев да се објаснам во интервјуто за “Дневник”, кое со мене го правеше главниот уредник на весникот. Час и половина раговаравме, ама немав среќа разговорот да излезе на страниците на весникот, барем не до моментов, кога Ви го пишувам писмово.

    Тоа што ме нарекувате “поранешен новинар” нема да го коментирам.

    Нека Ви служи на чест. Впрочем, веројатно знаете и на какви коментари беше изложена таа изјава во меѓународните организации, особено.

    Ви јавуваат, претпоставувам, вашите амбасадори. Нејсе, вие си знаете за тоа....

    Туку, што сум барал јас на таа прес-конференција на Штефан Филе, се запрашавте Вие. Премиере, ако за вас сум “поранешен новинар”, за многу други не сум. Посетете го њњњ.гоогле.цом и пребарајте информации за “Еврозум”. Многу резултати ќе ви излезат. Цитирана е емисијата насекаде по регионов.

    Всушност, јас функционирам и се движам во еден поширок простор, кој се вика Европа. Договорот за “Еврозум” го добивам неколку години по ред, на транспарентен тендер, со прецизно утврдени правила и критериуми, на кој впрочем можат да конкурираат луѓе од цела таа Европа.Не знам зошто Вашите мегафони никогаш не ми биле конкуренција.

    А навистина, би сакал да се натпреваруваме, со идеи. Тоа е натпревар што нема да можат да го добијат, доколку не понудат квалитет. По што, се разбира, согласно губитничката реторика и логиката на Калимеро, ќе се жалат дека “тендерот е наместен”.

    Но, да се навратам на вашето прашање. Јас во Брисел бев како дел од еден поголем регионален проект, заедно со колеги од целиот Балкан. Работиме, се дружиме, споделуваме вредности, разменуваме идеи. Ете во каква констелација се најдов јас во Брисел. Не знам, дали тоа го дозволувате

    А сега, другиот дел - како тоа јас сум поставил прашање на прес-конференцијата на комесарот Филе“?

    Па еве, Премиере, да Ви ја објаснам процедурата. Таму, новинарот крева рака, со што означува дека бара прашање, во мнозинство случаи ја добива таа можност, доколку има време за тоа. Се разбира, новинарот не зема насилно збор и не пцуе, како “Вашиве”, во Европскиот парламент. А логиката на Вашиот кабинет, дека прашања поставуват само оние на кои прашањата им се нарачани, само да Ве информирам - во совремна Европа е непознаница!

    Патем, жалам ако грешам, но не ја видов колешката од МИА, која Вие ја плаќате со наши пари, да крене рака и да побара да постави прашање.

    Се извинувам ако грешам, но јас таква работа не видов. На Жоро во интервјуто му објаснував малце како одат тие работи со прес-конференциите во Брисел. Белким ќе им го пренесе тоа , да ги подучи неговите млади соработници.

    МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е МОЕТО СЕМЕЈСТВО

    Полека доаѓаме до мојот најголем грев, кој го предизвика и Вашиот гнев. Моето прашање за слободата на изразувањето и за владеењето на правото, на кое добив одговор дека “ако Македонија не си ги реши тие фундаметални работи, може да ја загуби препораката дури и ако го реши проблемот со името”. Зошто се чудите, Премиере? Зарем навистина мислите дека можете да ја игнорирате темата за слободата на изразување?

    Жоро ме праша она што Вашите мегафони го прогласија во јавноста како аргумент за нивните тврдења дека сум платеник - зошто не сум прашал каде е македонскиот јазик во извештајот.

    Премиере, да бидеме сериозни. Настрана, “Мирки, свирки”... Јас сум дете израснато во и од македонскиот јазик. Не знам дали сте запознати дека ПРВИОТ современ македонски роман објавен во Северна Америка и преведен на англиски јазик, го напиша мојот татко Мето Јовановски.

    Мојата покојна мајка Мира, пак, ги преведе Жан Пол Сартр, Оноре де Балзак и Антоан де Сент Егзипери (автор на “Малиот принц”), од француски на македонски јазик и со тоа придонесе на исклучително важен начин за развојот на македонскиот јазик. Таа од македонски на француски, исто така, преведе голем дел од нашите поети, афирмирајќи го македонскиот јазик низ целиот франкофонски културен простор. Не е мала работа.

    Логика, Премиере, логика...! Зарем мене би можел да не ми е важен македонскиот јазик? Тоа е како да се откажам од семејството!

    Мене премиере, растен во вакви околности, одамна ме боли што имаме проблем со македонскиот јазик во извештајот, уште кога тој исчезна во 2009-тата година. Знаете дека претходно редовно и нормално пишуваше “македонски” во сите извештаи на Европската комисија. Ова сериозно треба да нè замисли сите нас и треба отворено да разговараме на темата - што ли тоа се случи македонскиот, за да го снема од извештајот на ЕК?

    Треба да ја воспоставиме дијагнозата, па потоа да го пронајдеме лекот.

    Тоа е можно само во услови на слобода на изразување, во општество во кое се води цивилизирана и транспарентна дебата, особено за вака значајни прашања. Не дебата во која ќе пуштите кучиња да лаат и да касаат по сите оние кои можат да Ве просветлат со поинаков став, од кој целото општество ќе има корист. Ете, затоа го прашав Филе за слободата на изразувањето.

    Таа ни е, Премиере, потребна како леб, за да излеземе од вителов во кој сè повеќе тонеме. Без слобода на изразување, нема да мрднеме напред.

    ГО ЗБУНИВТЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ

    Е сега, кога би можеле да дебатираме цивилизарано, јас и би Ви кажал што мислам, зошто исчезна македонскиот од извештајот. На времето, кога живеев во Брисел, имав другар Грк, се вика Фиљос, многу драг пријател, но од Солун, па беше прилично националистички расположен за мојот вкус.

    Сепак, често разговаравме. Тогаш, на Грците главен аргумент против Македонија им беше дека ние наводно сме имале територијални претензии кон нив!

    И тој аргумент, Премиере, не им проаѓаше. Кога разговоров со Фиљос го водевме пред нашите колеги од други држави, тие му се смееја на моево Грче.

    Грците беа фрустрирани, бидејќи секој здаворазумски човек се потсмеваше на нивната аргументација дека мала наша Македонија ќе го окупира “Солунско поле”. Елем, помина време, дојдовте Вие на власт, а со се Вас и теоријата дека ние сме тие од кој е настаната белата раса, Македоноидите, наследниците на Александар. Се сеќавате на оној фамозен спот на МТВ?

    Е, драги Премиере, тоа е болката. Таа инфантилност, да се прави упад во светската историја и во генезата на западната цивилзација, ги стави сите во одбрана на Грците. Направивте цела конфузија, почна светот да се прашува што тоа ние подразбираме под поимот македонски?

    За да Ви стане јасно што зборувам, Ви препорачувам да ја прочитате книгата “Светот на Софија”. Книгата е приказ на историјата на западната мисла, преку една шарманта приказна за патешествието на Софија и на нејзиниот татко низ Европа, Јостен Гарднер, норвешки писател и автор на овој светски хит. Таткото на Софија ѝ ја раскажува историјата на западната мисла. Долга приказна...прочитајте ја, ќе Ви причини задоволство. Поентата е дека Гарден патешествието со ќерка му го завршува во Атина, како колевка на хеленизмот, кој светската историја го третира како културолошка матрица на современата западна цивилизација.

    Ме разбирате ли сега? Значи, со инфатилностите за антиквизацијата, со покажувањето на средниот прст кон Грција, како што вели Вашиот бивш министер за надворешни, Вие средниот прст му го покажавте на целиот западен свет! Од тој момент ги навредивте и нив, правајќи упад во нивниот вредносен систем. Ги збунивте. Одеднаш, излезе дека ние под македонски не ја подразбираме славјанската автентична култура на која ѝ припаѓаме, туку имаме претензија да ја редефинираме светската историја.

    ПРИФАТЕТЕ ПОДАДЕНА РАКА ЗА ПОМОШ

    Сетете се на она писмо, потпишано од 250 професори по историја од престижни универзитети од целиот свет, во кое Ви обрнаа внимание на овој проблем. Се надевам не го толкувате тоа писмо како дел од Вашите полуписмени обожаватели, дека и тоа е происход на грчкото лоби. Ако е така, одете пробајте Вашето МНР, нека му плати колку сака пари на професор на Харвард, да Ви потпише дека сте во право! Можам да го замислам резилот од еден таков обид на Вашите дипломати. Ќе им ѕвонат ушите од шлаканицата што ќе ја добијат за непристојниот предлог.

    Премиере! Ова ви го пишувам најдобронамерно, со верба дека сме барем подеднакво засегнати за нашиот културен идентитет и обајцата подеднакво повредени што македонскит ни го нема во извештајот. Прифатете подадена рака за помош. Дајте како луѓе да разговараме. Не се срамете со писмата до Филе и не си го брукајте министерот за надворешни, кој го брка Филе по ходници во Стазбур. Немало одговор. Одговорот ни е дома, дајте да си го пронајдеме!

    СЛОБОДАТА е почетокот на тој процес, кој ќе нè спаси од овој слободен пад во бездната. Затоа, песната која ја снимав со нашиот скромен новинарски бенд, Ви ја посветувам и на ВАС, со искрена верба дека ќе ме разберете што Ви пишувам.

    Со почит,

    Борјан Јовановски, новинар

    ПС. На крајот, имам една молба! Имам три деца. Онолку колку што бараше Преродбата. Оставете ме да работам и чесно да ги изгледам и да ги пораснам, како горди граѓани на оваа држава!
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    True True...

    Авторот е некој си член на кајгана, не е политичка колумна, но е многу, ама многу вистинито. Ви гарантирам дека ако го прочитате ќе сфатите дека Марјан Ѓорѓиевски е тиње, и има други кои на многу поинтересен начин ја кажуваат реалноста :D


    Дакле...

    Државниот апарат е одлика на народот. Да не мислиш дека во (стави тука рандом држава каде што дражвните апрати, демократијата и правото функционираат) дошол некој пред икс година им донел на послужавник и им рекол-Луѓе еве од денес вие сте слободни, имате демократија, солидна економија, убав стандард на живеење. Јок, некој на колец бивал наденат за да дојде до тоа.

    Иначе луѓето во нашата земја.

    Ќе почнам од негативните работи

    Синдромот-да му умре козата на комшијата. Завидлукот е моќна движечка сила во нашето општество. Во Македонија можат да ти простат се освен успехот. Секој успешен кај нас поради завист е обавезно подложен на сопки, сплетки и манипулации-затоа и толку често има одлив во странство. Од друга страна, најбрз начин да те засака еден Македонец е ако увиди дека имаш повеќе маани од него. Ако си посбособен од Титовите пионери (сегашни директори-капиталисти) место да те ценат те гледаат како опасност.

    Синдромот-на комшијата дворот. Види го Трајче си купил нова кола од кај му пари, или на Вера од ќесата од Веро и се оцртаваа Дурекс кондоми којзнае каква курва е се чести коментари меѓу народот. Мешањето во туѓи манџи ни е национален спорт. Навреда од највисок степен е ако не му одгвориш на Македонец за кого си гласал, колку плата земаш, колку пари си потрошил на одмор, дали имаш швалерка и колку ебеш и зошто не.

    Синдромот на предавство и користољубие. На еден комита-тројца кодоши. Така било и во турско и во СФРЈ и сега. Тоа зло делче е врежано во ДНК-та. Уште и ќе ти го величаат Тито, и гордо ќе ти кажуваат дека работеле за југословенските интереси (а против македонските). Македонецот знае да ти прави најубаво лице, да те лаже, да ти прави замки ако од тебе има било каква корист материјална или нематеријална. Еј Трајче, златен, кај си бе, ај дојди утре кај нас на вечера, не сме те виделе 100 години со душа те чекаме. Later that night during dinner... Трајче нели син ти беше заменик во полициската станица? Абе знае ми пишаа казна а чист бев жими куров мој демократски, па знаеш ако можеш... Затоа и корупцијата ни е на тоа ниво.

    Синдромот-лежи лебу да те јадам. Ова е синдром од златен Тито. Тој добро знаел како да игра на картата леб и игри. Успеа народот да го доведе до такво паразитско ниво, да денес просто ми се одвратни тие што сеуште работат во државна администрација, што по цели денови пијат кафе и те гледаат дрско и безобразно, за разлика од нивните понесреќни врсници кои ги подбраа приватњаците и малку од малку ги научија на ред (знам дека приватњаците злоупотребуваат не се правите паметни).

    Синдромот-јас сум доктор по сите науки, а ти си глуп. Кај нас секој е експерт за се економија, наука, политика, медицина, за се бе. Доволно е да пуштиш Јади Бумбар, Бел Бурек, тоа новото на Нора Шачири и се ќе ви стане јасно. Мислам кога ќе се јави Трајче со некој
    акценат од Латинска Македонија и кога со некој одважен тон ќе завеземе ''став'', да не разбираш Македонски, само гласот да му го слушаш самоуверен и оштар ќе си помислиш дека кога овој ќе се појави во Оксфорд, Харвард или Сорбона тоа професорите таму ќе го пречаат со натртен гз и едно буре вазелин. Кај е он најпаметен ти си најглуп.

    Синдром-поделба по банални причини. ВМРО-СДСМ, Скопје-Охрид, Скопје-Битола, Скопје-Цела Македонија, Кавадарци-Неготино, МЗТ-РАБОТНИЧКИ, про и контра Скопје 2014, дали има или не злато во Бигла, и дали или не вонземјанци се кријат во Криволак and many, many more. Спротиставени мислења се здрави за едно општество, од контрањето излегуваат нов начини, нови идеи се развива здрава дебата. Но не на тоа ниво како кај нас. Македонецот е радикалист кога завзема страна. Да му го чепнеш мислењето на Македонецот е како да си му го удрил детето. Абе со ножеви се кољаат во кафана на работи како дали Илиевски требал да шутира тројка или да му ја подаде на Антич или дали Влатко Лозаноски или Влатко Илиевски треба да иде на Евровизија (Добро е детто ќе га биде. Кој добар бе на мајка ти путката continues).

    Синдром на лажење, превари, неодгворност, некултура, некохезивност, плукни залепи принцип, и разјареност и синдромот на пичка у душа и педер у срце.. Зошто да се симнам да го фрлам ѓубрето во контењер, кога вака инспириран од Македонија-Литванија ќе дадам кош од 7-ми кат? Кој ќе вади имотен лист сега, има уште 6 месеци фора (после 6 месеци-сите ли најдовте сега маме му ебам, да ви ебам и држава и народ и се, нема да стигнам утре до рокот). Зошто да го почитувам гласот на тие што ме избрале и да направам нешто за државата, кога можам на кумот Трајче да му наместам едно тендерче па да уживкаме и двајцата. Зошто да не кажам на форум дека имам изебано 1000 пички, може стварно ќе ми упали таа фора, па и ќе легнам нешто, зошто да не си пијам кафе со колегите и да трачарам мора ли да му завршам работа на човеков кој чека документ 2 саати, се само дел од рак-рана прашањата што го мачат Македонецот. Гради афалт потенок, ама и поефтин е, што е битно, повеќе пари за нас а кога ќе се распука ќе му ја мислиме. Јас живеам во Пехчево, ме боли курот што во Велес се трујат со олово, нека си превземат они нешто што има јас да му ја мислам. Хм партииве се Мурто или Курто и штетни за државата, ама што му ебам матер кој ќе ја вработи ќерка ми за тој ќе гласам останатите ич не му чуе. Море си зиам платичка арен сум, боље да си ќутам да не го имам и тоа, среќа и вазелинче си имам па и гзов не ме боли до толку, може требаше да му помогнам на Перо кога без причина фо заебаа ама подобро да си молчам, наведната глава сабја не ја сече.

    Продолжение...

    Врвни социолози и психолози собрале Американец, Русин, Израелец и Македонец ги ставиле пред Гренд Кењон и испитувале што би ги натерало да рипнат. На Американецот му рекле дека има ордер фром д президент ту џамп и овој одма рипнал. На Русинот му ја покажале бездната и му рекле-за матјушка Русија. Овој уште на пола реченица рипнал. На Израелецот му препишале 3 банки, не сакал, на 4-тата банка рипнал и он. Попусто било со Македонецот. Ни со премиери ни за татковинска љубов ни за банки нејќел да чуе. Малку се замислил на понудата од миљарда евра ама пак не рипнал. На крајот еден од психолозите со Балканска жичка по дедо, ставил знак пред провалијата-забрането рипање. Македонецот само бледо го погледнал знакот-промрчел-море вие на мене маму ви вашу и главеечки рипнал.

    А сега the good stuff.

    Снаодливост и улична интелигенција

    Ко на виц, соберете рандом Американец, Французин, Казахстанец, ма цели обединети нации, Бенетон и шире и наш. Ставете ги сред Сахара со пола литро вода, и стара камила без една нога. Ќе цркнат за 2 дена. Нашиот не само што ќе им аутостопира на вонземјанци, не само што ќе ги убеди одма да го телепортираат дома, туку на крај ќе им го дрпне и вселенскиот брод. Македонче ќе го најде и Пегаз и крилестиот лав и тигарот на Химен и ќе ги јавне до дома, притоа како благодарност ќе ги закова у синџири за да им ги покажува на комшиите. Македонецот никогаш не е оној од другата страна на топчето и трите чашки кај што треба да погодува во која чашка е. Он ги врти чашките. Не можеш на Македонец лесно да му продаваш муда за бубрези.

    Гостољубивост и пријателство

    Освен државни службеници, Охриѓани и ако немаш повеќе маани од него, Македонецот има карпа душа. Колку има ќе ти даде и храна и вода, ќе те услужи ќе ти објасни што треба, ќе извади ракиичка, зелкичка, ајварче. За кавијар и шампањско нема да има пари, ама колку може ќе помогне. Кога ќе стекнеш Македонец за вистински другар, ништо не ја кине таа врска. Што се е е подготвен да направи за тебе, да гори, да гине, да ја даде душата.

    Инат

    Владо Јаневски во своите жалопојќи пееше дека љубовта го лекува, љубовта и ќе го отруе. За Македонецот, љубовта е инатот. Иако беше спомнат и во лошите особини, инатот е меч со две острици. Не палеле, не труеле, не набивале на колец, маме ни ебавале (буквално), и уште сме тука. Како што ќе рече великанот Петре М. Андреевски. Пиреј, што сакаш прави му, корни го, пали го, тури му отров, напалм, ќе никне пак, за инат оти сака да го истребат и не се дава. Нема товар што Македонецот не го носел и не може да го носи. И нема пожилаво нешто од Македонецот, никаде и никогаш.

    Обединување и борбеност

    На жалост само по потреба. Се сеќавам на погребот на Борис Трајковски, на Тоше и на Македонија на европсково кошарка. На тие три настани осетив колкава е силата на овој народ ама кога се сака. Се функционираше под конец-беспрекорно, совршено. И нема помоќно нешто од Македонците кога се обединети.

    Херои, национални икони и капацитети

    Во последниве 200 години не можам да изнабројам колку војводи, комити, паритзани, поети, писатели, музичари, бизнисмени, научници имало во оваа земја. Дел се во странство меѓутоа помалку битно. Една Америка од што нема што од фаци како Буч Кесиди, Вајат Ерп, и Били д Кид прават национални легенди. Какви великани, каква интелигенција само излегла од овој 2 и кусур милионски народ.

    Мирољубивост, филантропија, добродушност

    Ако ископаш длабоко под кожата на Македонецот, испод цел оној цинизам, сувопарност, зајадливост, манипалутавност, латентна тупост и летаргија и горделивост ќе го откриеш вистинскиот Македонец. Сите работи наброени во претходната реченица обично се само реакциja, најчесто одбранбена на денешните услови на живеење и лошиот тек на настаните во сегашноста. Настапи му искрено, отворено, срдечно ќе те прифати како свој па макар бил американец црн како ноќ со име Лестер Бо Мекелјеб, албанец (кои се традиционално несакани) со име Артим Шаќири или само еден обичен Хрват кој испеал една песна за државава наречен Дадо Топич.
     
    На Hipster, Divinebutterfly и danichap им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Човекот го губи идентитетот во толпата, а она на што бевме сведоци во годинава што изминува беше најчесто политика на толпа. Таа не беше победа на партиципативна демократија или чин на практикување на правото на протест и на несогласување со политиката на елитите. Ова беше година во која политиката доживеа планетарен пораз, најнапред затоа што стана поле за битка и доминација на пазарот и профитот, но и на геополитиката, па и на религијата


    [​IMG]
    Има нешто бизарно во изборот на овогодишните носител(к)и на Нобеловата награда за мир и на личноста на годината на магазинот „Тајм“. Коинциденција, или поверојатно не, трите нобеловки (две од Либерија и една од Јемен) и „Демонстрантот“ на „Тајм“ се од женски пол и „обични“ активисти, актери во настаните што ја обележаа 2011-та. Нобеловиот комитет образложи дека овие исклучителни жени дале голем придонес во борбата за женските права, улогата на жените во процесот на градење мир и демократизација. Секако, добитничките имаат име и презиме (најпознато е она на претседателката на Либерија), но и да ги наведам, тие нема да им значат ништо не само на моите читатели туку и на најшироката меѓународна јавност. Тие беа избрани повеќе како симболи за милиони (анонимни) жени-активистки низ светот, а особено во Африка и во арапскиот свет, отколку како личности што се навистина заслужни за работи поврзани со мирот и братството меѓу народите. Личноста на годината на „Тајм“ е не само вистински анонимна туку и со затскриен лик (но познавачите веќе открија дека станува збор за женски лик). Во оваа смисла, „Тајм“ е почесен од Нобеловиот комитет: тој навистина се одлучи за симбол, повеќе отколку за реален лик. Ценејќи дека „пролетта“ оваа година траеше (и трае) речиси 12 месеци, а во улога на демонстранти/учесници на улични протести се јавија милиони луѓе од различни меридијани, се одлучи дека е ова најправичен начин да им се даде заслуженото место на овие луѓе, без оглед дали протестираат во Каиро, Сантијаго де Чиле, Њујорк, Мадрид или во Москва. И повторно, пораката е донекаде феминистичка, насочена кон оснажување на жените.

    На прв поглед, ова беше добар потег, кој конечно светлината на сцената ја сврте на оние што се најчесто во сенка. Наративот оди вака: активистите и учесниците на протестите се оние мали херои, обични луѓе што ја осознале својата моќ да го менуваат своето општество, па и светот, кои се гневни и разочарани од диктаторите или од финансиските и политички елити водени од лакомост и желба за моќ. Иако имам желба да им аплаудирам, сепак има нешто што ме прави скептична. Како што анонимниот зол лик на „терористите“ секој можеше да го исполни со содржина и да му даде идентитет по сопствена желба (од Чеченија до Израел и САД) и така да го манипулира во согласност со моменталните политички потреби, така и овие добри момци/девојки, всушност, симболизираат различни нешта за различни луѓе. Понатаму, оваа глорификација на Демонстрантот е претерана, затоа што дури и во снимките што ја проследија веста за личноста на годината што ја емитува Би-би-си, на исто место се ставаат луѓе што се борат за демократија или човекови права со оружје в рака (сликите од наводните демократски протести во Либија) и оние што на ненасилен пат бараат социјални промени („Окупирај го Волстрит“ или „Окупирај се“). Се редат ликови на луѓе што протестираат на улици или без јасна агенда или со сосема спротивни агенди. Всушност, едните бараат либерална демократија, додека другите протестираат токму против она што на првите им се чини како лек за сите болести. Фактот дека ликот на насловната страница на „Тајм“ е прекриен може да се толкува и како порака дека тој повеќе асоцира на учесник/учесничка на Арапската пролет, а потешко на некој од демонстрантите од Атина или од Њујорк. Но, најважно од сé е тоа што Демонстрантот е анонимен, што е потврда на тезата дека човекот го губи идентитетот во толпата, а она на што бевме сведоци во годинава што изминува беше најчесто политика на толпа (crowd politics). Таа не беше победа на партиципативна демократија или чин на практикување на правото на протест и на несогласување со политиката на елитите. Ова беше година во која политиката доживеа планетарен пораз, најнапред затоа што стана поле за битка и доминација на пазарот и профитот, но и на геополитиката, па и на религијата. Ако во почетокот бев склона да аплаудирам на барањата на „Гневните“ во Мадрид, кои гласно порачуваа дека не се против системот, туку системот е против нив, сега откако го видов „голоракиот либиски народ“, а веднаш по него и сирискиот, веќе е јасно дека спонтаните случки и не се баш спонтани, а „случувањето на народот“ ми враќа спомени на не така дамнешното минато.
    Корпоративните глобални медиуми продолжуваат со двојните стандарди: додека ги игнорираат сликите на западните активисти тепани од полицијата и со тешки повреди од гумени куршуми, многу се позагрижени за путинизмот, а воопшто не им пречи што во редовите на сегашната руска опозиција, која протестира поради наводни изборни нерегуларности, чекорат и членови на комунистичката партија или присуството на еден познат руски доброволец, кој со радосни извици го гранатираше Сараево.

    Кога корпоративен медиум како „Тајм“ му дава толку големо значење на анонимен јунговски архетип лик на нашето колективно а посакувано несвесно, станувам скептична. Несомнено, сведоци сме на важни настани на планетарно ниво, ама сме еони далеку од глобално ние, па затоа не можеме во стилот на Џејмс Џојс да кажеме „еве го Секој“. Се плашам дека на оној 1 процент (Некој) му одговара оваа глорификација, на наводно оснажениот Секој. Реално гледано, резултатите од годината на Демонстрантот се катастрофални: покрај цивилните жртви и разурнувања, јасно е дека арапската зима ќе биде долга со устоличени шеријатски држави, а богами банкарите се живи и здрави, фала на прашањето. Неспособна да понуди алтернатива, опозицијата во многу земји се маскира во доблесниот лик на „демонстрантот“ и ветува дека ќе дојде на власт „од улица“. Речиси по правило, по изборите следува период на оспорување на резултатите, а вирусот на демократските протести се шири (лажно) како едно време птичјиот грип. Сега сé се сведува на одговор на прашањето: колку демонстранти треба да се соберат и колку време треба да протестираат пред да се доведе во прашање постојната власт? И сé така во маѓепсан круг... Без почитување на правилата на игра и политичка толеранција, нема ни вистинска политика, ни демократски резултати. Правото на протест е дел од политичките права на граѓаните, а не додаток на претставничката демократија. А ако овој модел на демократија е против интересите на мнозинството граѓани, тогаш се поставува суштинското прашање - менување на системот како таков, низ реформи или низ револуција. Се плашам дека меѓу оние што се за револуција има голем број такви што би смениле сé со цел да не се смени ништо, туку тие да бидат калиф наместо калифот. Завршува уште една, навидум бунтовна година, ама останува најголемата болка: немоќта да се замисли, а потоа и оствари инаков систем. Затоа, Черчил е сé уште актуелен: демократијата е најлошиот систем на владеење, освен сé друго што е испробано низ историјата.

    Автор: Билјана Ванковска
     
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Иако авторот на колумната не е светец, не се сложувам со 20% од колумнава но има и што да се прочита


    Без лицемерие: Киро умре, Тито е жив!

    Кога би читале политичка историја на Македонија каква што комунистите ни кроеја во ЦК на СКМ со децении во согласност со српско-грчките интереси, ќе кажевме, можеби вистина било. Ама, ниту сме држава со ЦК на СКМ, ниту СКМ е партија на власт, ниту кога и да е ќе биде. Им помина векот. Киро повлече нога. Не е лошо за покојникот и лаф-два да има, ама се изнаслушавме и изнапрочитавме славопојки, да биле само СКМ, Црвенковски, Андов, Малески, Фрчковски на власт та други сведоци ни еден?! Од спој меѓу 1944 и 1991, до Гоце Делчев во минатиот век, Киро Глигоров до денес, до тестаментот на Киро за НАТО и ЕУ, ко на татко му да е па ја остава во наследство земјата некому. Де Киро сакал скромен погреб да не му дошле лицемерите во Бутел. Лигаво, не се гледа, а камо ли да се голта...

    Патем, поводот... На 1 јануари 2012 година, почина Киро Глигоров, роден на 3 мај 1917, во историскиот Штип, поранешен Претседател на Република Македонија. Првиот мандат на 27 јануари 1991 година го доби во Собранието при повторено гласање со пазарење за Љубчо Георгиевски како “Потпретседател на претседателот“, а вториот мандат го доби на 19 ноември 1994 на фалсификуваните претседателски избори. Некои можеби не паметат, ама има и живи кои се сеќаваат. Шефот на изборниот штаб на Киро, Тито, влезе во прес-салата на Собранието и уште пред Државната изборна комисија да ги соопшти конечните изборни резултати рече “еве го Претседателот на Македонија“?! Според ДИК Киро доби 715.744, Љубиша 197.210 гласа. 130.810 гласачки ливчиња биле неважечки, ама за противкандидатот Љубиша Георгиевски, така кажа Тито и остана жив. И, Киро експресно стана претседател. Впрочем, никој од “независните“ новинари тогаш не праша ништо. Му веруваа на Тито? Или се плашеа од Киро? Ко брат на овој тазе погребаниот Ким Јонг Ил, им забранија да поставуваат прашања и “независните“ одмолчаа, а имаше многу што да се праша. А, кој смееше, пак, нешто да праша? Како влегоа, така и излегоа, Тито го спроведе до претседателскиот трон и Киро повторно остана Претседател. Функцијата Претседател ја извршуваше до 19 ноември 1999 година. Која беше цената за Киро? На 150.000 Косовари полицијата им подели македонско државјанство на повторениот попис по куќи, после ги наполнија кутиите без проблем. Се’ поради коалцијата СДСМ-ПДП. Во мандатот од 1994-1998, поради опозицискиот бојкот на ВМРО-ДПМНЕ и ДП на вторите парламентарни избори, поранешните комунисти владееја суверено, ептен демократски, без опозиција, со апсолутно дво-третинско мнозинство. Ги доизбраа сите судии кои од благодарност им ја легализираа криминалната трансформација, доиспокрадоа се’ од општествената “сечија и ничија“ сопственост, која до вчера како “авангарда на работничката класа“ ја штитеа од “групно-сопственичкото однесување“. Фрази, боли глава. Не, светот не се потресе поради власта без опозиција како полани, кога СДСМ и со мандати бегаше од Собранието, па Брисел го стави тоа како услов за препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ...

    ... Како и да е, за волја на вистината, поради историјата, точно е дека Киро беше Претседател, но поранешен, а не прв. Лесна му земја, сочуство до фамилијата. За покојникот, велат, се’ најдобро. Мртвите не зборуваат самите за себе оти повеќе ги нема, за нив секогаш зборуваат живите, не заради тие кои заминале, туку поради сопствените фрустрации и амбиции, или како сведоштво за минатото зад нас. Погребот на Борис Трајковски не можеше да се реплицира. Не оти Трајковски беше подобар од Глигоров, ниту Глигоров е споредлив со Трајковски. Секој со своите вредности. За помладиов, Глигоров дури знаеше да каже “кога дојде Борис кај мене како кандидат за Претседател, му реков, Борисе, во кампањата кажи се’, ама не, оти Бугари сме!“ И Глигоров само еднаш во животот рекол “че е благонадежен“, ама тоа поради адвокатската кариера, разбирливо.



    Заедничкото меѓу Киро и Борис, и двајцата беа жртви на атентати. На Киро на 3 октомври 1995 во 9 часот и 50 минути му извршија атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот "Бристол". Службено, се’ уште не се познати ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот, но целта беше да пројде промената на знамето и временото обраќање за името, оти ден по атентатот опозицијата требаше да организира најголем протест пред Собранието против ратификацијата на македонско-грчката Привремена согласност. Киро уште не се знаеше дали ќе преживее во Државна, ама Андов за “возот да не замине“ си ја изврши задачата, свика и одржа седница, ратификацијата помина, помина и промената на државното знаме. Физички Киро остана со трајни последици. Му загина шоферот и случаен пешак, подоцна под непознати околности се фрли под воз обезбедувањето, ја отепаа девојката во МВР која била дежурна во петтата управа на скалите во Козле, никој не праша од каде се најде фичото “случајно“ со полицајци што ја забави колоната пред претседателскиот мерцедес, прашање дали се водеше истрага кој го сервисирал мерцедесот со веројатност за вградување на сензор за активирање на експлозивот во амито, Господ знае каде заврши демолираното возило. Фрчковски сигурно не случајно, откако мистериозно исчезна, од самиот почеток погрешно ја наведе целата истрага, ги евидентираа сите хаварисани ами-8 низ градот, прекопаа тони и тони песок низ цело Скопје, едно време фатија хајка по русокоси, тие биле некоја врска со атентаторот, ги сардисаа жените по фризерај за фарбање коси.

    На Борис Трајковски, пак, и тогаш беа СДСМ на власт, заедно со 9 членови на екипажот, му “падна“ авионот во близина на Мостар кај Столац, на 26 февруари 2004 во 08 часот и 1 минута, го убија, бидејќи не се согласуваше со владината територијална организација на локалната самоуправа. Борис го испратија на Бутел, остана коалицијата СДСМ-ДУИ! Со Борис во авионот не летнаа еден министер за економија и еден претседателски советник, кој знае зошто?! Кумановци велат “ја си ќуту“...

    ... Во СДСМ, правни наследници на Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти) формирана 1918 во Белград, владее една чудна традиција, секогаш кога треба да ја спасат партијата, ја жртвуваат кралицата. 1995 година, да не ја изгубат власта, му се случи атентат на Глигоров, да го свртат вниманието на јавноста од предавството за знамето и името. Го сменија знамето и во правниот промет на Македонија го внесоа временото обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“. По атентатот, Киро остана до крај на вториот претседателски мандат. Нели, старо правило е, зад секое политичко убиство, нема правна разврска. Затоа што убиството е кроено во власта. Тоа му се случи на Глигоров. Настрана приказните дека кругови на српската или бугарската мафија го дигнале во воздух поради профитни интереси во Македонија и виа Македонија на Балканот. Настрана и настраноста на Фрчковски кој бркаше купишта песок, се ѕвереше во секое ами-8, ги сардиса русокосите кои масовно ги фарбаа косите, конспирацијата на бугарската мафија во една вила на Водно, и така натаму и така наваму. Ништо од тоа не било верно, за трагата која ја сотре. Да не зборуваше Фрчковски дека на Глигоров му нуделе пари за продажба на името, или обратно беше?...

    ...За волја на вистината, потсетија некои телеграми на сочуство и од власта и од опозицијата, па, да не заборавиме: Киро никогаш не беше, ниту ќе остане „прв“ Претседател на државата Македонија, затоа што Македонија не почна од 8 септември 1991, Македонија само ја возобнови својата државност од 2 август 1944. Дури и да бил записничар на АСНОМ, прв Претседател на државата Македонија засекогаш ќе биде Методија Андонов Ченто. Него комунистите го ликвидираа, тајфата на Бранко. Не се знае колку Киро помогнал Ченто жив да биде...

    ...На Тито веќе стигна, деновиве ќе му постават восочна фигура во Музејот на ВМРО и жртвите на комунизмот и на Киро. Како и Тито, Киро не беше претставник на капитализмот во времето на комунизмот, и тој беше дел од социјализмот. Цел живот во Белград, за во 1990 да ни се врати, место архиепископот покоен Михаил...

    ...И бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, почит кон функцијата што ја вршеше, да не претераме со славопојките, а она што не беше, да не кажеме како било...

    ...За време на распаѓањето на поранешна СФРЈ, со босанскиот претседател Алија Изетбеговиќ, Киро беше коавтор на платформата за асиметрична југословенска федерација. Додека Словенија и Хрватска прокламираа независност, Глигоров со Изетбеговиќ предлагаше спас на Југославија. И затоа го збунивме светот: сакаме самостојна држава или редуцирана федерација со Србија и други. Нема врска дека мотивите за вториот дел од референдумското прашање беа заради негов успех и прогласување на македонската независност. Вториот дел беше заради “можноста од договор за Југославија“ и верата на СДСМ дека со референдумот ќе се спречи прогласувањето на независноста во Собранието, во коешто немаа сила. Обидот на Владата на Кљусев да предложи Уставен закон за прогласување на независноста со потребните државно-правни акти, на затворена седница, откога ЈНА здивее во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, беше дочекан на нож од СДСМ со обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ предлага „еднострано отцепување“ од СФР Југославија. За да не пројде независноста во Собранието, предложија референдум, после три варијанти и пак го дезавуираа Уставот, не се повикаа на „правото на македонскиот народ на самоопределување до отцепување“, туку на одредбата за референдум како претходно изјаснување, Собранието да се информира за мислењето на народот, ама ако сака може и да не ги прифати неговите резултати. И добро што го прифатија амандманот на Тодор Петров зборот “суверени“ да се замени со зборот “суверените“, та од “со право да стапи во сојуз на суверени држави на Југославија“ вториот дел после запирката стана “со право да стапи во сојуз на СУВЕРЕНИТЕ држави на Југославија“ со образложение, ако и една република не остане, ниту Македонија да не биде во редуцирана федерација.

    По референдумот, откако Никола Кљусев му ја “подари“ реновираната со буџетски пари вила на МАНУ на Водно, Киро Глигоров и Стојан Андов ја турнаа Владата на Кљусев и го доведоа на власт Бранко Црвенковски. И затоа не е чудно што Бранко на Киро му даде книшка број еден и што му е благодарен до Бутел и после тоа. Го тргнаа Кљусев, за да се спаси од одговорност во Собранието југословенството на Денко Малески, кој како Министер за надворешни работи на Македонија, жалеше за Југославија и не криеше да каже дека се чувствува за Југословен, Македонија без Југославија не може. А Кљусев, го молеше од собраниската говорница на еден метар дистанца “Претседателе, нели не се договоривме да паѓа Влада, Претседателе, нели се договоривме Владата да не паѓа?“ Арно ама, Андов заврши задача, Киро мудро одмолча. Заборавивме дека од заедничкото присуство на осми март слава, утредента Митре Арсовски го пречекаа на врата со решение за разрешување од Началник на Генералштабот на АРМ? Е тој и таков беше Киро...

    ... Без образложение за мисијата поради која го именуваше, го смени Васил Тупурковски од Специјален пратеник на Претседателот на Републиката во Соединетите Американски Држави. Никому не даде отчет...

    ... Кога ЈНА се повлекуваше од Македонија, Глигоров беше против дислокацијата на регрутната документација од подрачните одделенија на Министерството за одбрана што ја изведоа Кљусев и Мијалков...

    ... Во време кога Македонија бараше независност, на 2 август 1992 Киро се сретна со премиерот на СР Југославија Милан Паниќ, српскиот печат се отепа од вести за согласноста на Глигоров за федерација со Србија и Црна Гора, Киро уста не отвори да демантира, додека не го повикавме во Собранието да поднесе информација за средбата и резултатите од неа...

    ... Заедно со Стојан Андов, на полноќ, го анулираа усвоениот амандман на Уставот, за Македонија “како матична држава на македонскиот народ“. Не остана доследен ниту на својот предлог за Македонија “како држава на македонскиот народ и држава на рамноправни граѓани“, што претходно Собранието го усвои пристапувајќи кон донесувањето нов Устав на земјата...

    ... Заедно со Стојан Андов без собраниска одлука, на 10 декември 1992 година декларираа промена на државното име во “Република Македонија (Скопје)“. Денко Малески ги чекаше во Лондон, ама Собранието не го прифати предлогот на Глигоров...

    ... Во 1992 година ги подели Македонците во светот формирајќи втор Светски Македонски Конгрес со Џон Битов од Канада како алиби за манипулација со емиграцијата заради промената на државното име и знаме. Ја изигра и Црквата, преку архиепископот Михаил, што ги подели Македонците на сите меридијани...

    ... Цели шест месеци по одлуката на Собранието во јули 1992 година не ја поднесе апликацијата на Македонија за прием во Обединетите Нации се’ до обелоденувањето на пресот на портпаролот на Генералниот секретар во јануари 1993 година дека Македонија се’ уште не поднела апликација за прием во оваа меѓународна организација. Дури од Давос во Швајцарија на 8 јануари 1993 година Киро објави дека Македонија повторно (?) поднела апликација за членство во Обединетите Нации...

    ... Спротивно на одлуката на референдумот од 8 септември 1991 година, со Бранко Црвенковски ја внесе Македонија во Обединетите Нации под понижувачкото времено обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“...

    ... Со Стево Црвенковски ја прифати македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година со којашто се суспендира една третина од Уставот на државата Македонија. Цинизам е сега жалопојката на Бранко на комеморацијата на Киро, демек “го обвинувале Киро и СДСМ дека направиле предавство со приемот во ООН под времената референца и со потпишувањето на времената спогодба со Грција“, а “денес за најголем успех и победа се прогласувала токму одбраната на таа времена спогодба пред меѓународниот суд во Хаг, и дека за крајна цел на нашата меѓународна политика се поставувал приемот во НАТО и отпочнувањето на преговорите со ЕУ токму под таа иста референца“. Судот во Хаг, за жал, препрочита, тоа што власта и трабантите на СДСМ цели 16 години не знаеја да го прочитат, дека Македонија во меѓународните организации може да аплицира за членство и да членува под државното име, како што и приемот во ООН е под државното име Македонија, со временото обраќање „пЈРМ“ за што согласност даде Бранко премиерот...

    ... Македонците ги прогласи за “Словени од зад Карпатите“ и се откажа од културното и историското наследство на античка Македонија, од Филип II Македонски и Александар III Македонски. Испрати писмо до членките на ЕУ во кое кажа “ние сме словени од шестиот век дојдени од зад Карпатите на овие простори, за да не не’ поистоветуваат со Срби и Бугари, се нарековме Македонци поради името Македонија на територијата што ја населивме. Ние не сакаме да ја присвојуваме историјата на античка Македонија и на Александар Велики. Александровата цивилизација не е наша.“ А главен гостин беше на промоцијата на книгата на Тупурковски за Александар Македонски во МНТ...

    ... Ја суспендира грижата на државата Македонија за положбата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји на Републиката и за иселениците од Македонија. Како што на протераните Македонци од западниот дел на Македонија им велеше „за еден бут нема да колам цел вол“...

    ... Ја прифати промена на државното знаме на Македонија...

    ... Од 1994 до 1998 година беше Претседател на државата без парламентарна опозиција, со партизирано судство...

    ... Направи груб атак врз уставниот поредок, во обид за суспензија на парламентарната демократија, осудувајќи го поразот на СДСМ како крај за демократијата во Македонија, барајќи од народот „да не го остава сам“...

    ... Беше и остана покритие на Бранко Црвенковски за криминалната приватизација на општествената сопственост со која се криминализира целото општество. Сопственичката на пирамидалната штедилница ТАТ во Битола Соња Николовска, на Киро му беше џокер... Ја заборавивме аферата со актерката во кабинетот? Човекот се подзанесе за Клинтон со Моника Левински...

    ... После се’, Киро Глигоров замина, но на нацијата и’ остана должен, јавно да се извини заради согласноста за прием на Македонија во Обединетите Нации под временото обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“ кое според него, требаше да остане само три месеци, а од 8 април 1993 година до денес станаа дури цели 19 години со правни последици по идентитетот на државата и нацијата, македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Од него ни остана Југославија и во Уставот на земјата. Ја внесовме Југославија во Уставот на Македонија за да може Киро да го кандидират за Претседател. Од него, Југославија во Уставот и “поранешна Југословенска“ во Обединетите Нации. Затоа на митинг во Штип викаше “Да живее Југославија!“ место Македонија!

    ... Рекол ќе биде тешко кога Грците ставија ембарго. Ами кога ние го испочитувавме ембаргото на Обединетите Нации према Србија заради НАТО-бомбардирањето, зошто не побаравме оштета? Не ни дадоа, оти знаеја дека оваа власт од прекршувањето на ембаргото, на црно, инкасира милиони, милиони кои завршија во џебот на финансовата олигархија, црвената буржоазија на СДСМ...

    ... И кога на еден 90-тиот роденден Киро тажно го прашал Бранко зошто толку го критикуваат, Бранко му рекол “Претседателе, ваша најголема грешка е што сте уште жив“. Која морбидност и некрофилија на комеморација...

    ... Коментарите на Андов и не заслужуваат внимание. Шекерот одамна му ја загорчи душата. Читајте му ги само колумните. После предлогот за референдум “Дали сте за ЕУ или Александар Македонски“ ќе сфатите колку му сечи умот. Тој и Киро ја спасиле Македонија... оф мори мајко, уште да се заедно...

    И... таков беше Киро. Осветољубиво и злопамтило. Од Андов и Бранко, се разбира, се’ најдобро за Киро, па, заедно играа во исто оро. Според Бранко, вредностите за Киро ќе сме ги мереле откога го изгубивме. Малку патетично, ама, Бранко, колку луѓе изеде Вашата партија, со вредности, кои или се на улица или повеќе меѓу живите ги нема?... Читам една колумна: “Глигоров беше погребан без говори, без лицемерство... Знаел стариот мудрец дека со немањето говори некого ќе спаси од непотребно лицемерство, дека некому тоа ќе му олесни, а некого заслужено ќе натажи.“ Која глупост. А што беше говорот на Црвенковски на погребот на Трајковски, патриотизам? Кој здрав од гробот на Киро гради кариера, освен Бранко? Ама, Киро, демек, си избрал и гроб при живот, “одбил меѓу Борис Трајковски и Никола Кљусев, прифатил меѓу Димитар Влахов и Крсте Црвенковски од десно, дрво дистанца, па од лево Љупчо Арсов и Лазар Колишевски“. Тоа бил кодот на Киро во Бутел, ех Ероле, Ероле... рајо забегана... Kодот на Киро го прочитавме во живо, сега СДСМ нека го бара во Бутел...

    Пишува: Тодор Петров
     
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Иако авторот на колумната не е светец, не се сложувам со 20% од колумнава но има и што да се прочита


    Без лицемерие: Киро умре, Тито е жив!

    Кога би читале политичка историја на Македонија каква што комунистите ни кроеја во ЦК на СКМ со децении во согласност со српско-грчките интереси, ќе кажевме, можеби вистина било. Ама, ниту сме држава со ЦК на СКМ, ниту СКМ е партија на власт, ниту кога и да е ќе биде. Им помина векот. Киро повлече нога. Не е лошо за покојникот и лаф-два да има, ама се изнаслушавме и изнапрочитавме славопојки, да биле само СКМ, Црвенковски, Андов, Малески, Фрчковски на власт та други сведоци ни еден?! Од спој меѓу 1944 и 1991, до Гоце Делчев во минатиот век, Киро Глигоров до денес, до тестаментот на Киро за НАТО и ЕУ, ко на татко му да е па ја остава во наследство земјата некому. Де Киро сакал скромен погреб да не му дошле лицемерите во Бутел. Лигаво, не се гледа, а камо ли да се голта...

    Патем, поводот... На 1 јануари 2012 година, почина Киро Глигоров, роден на 3 мај 1917, во историскиот Штип, поранешен Претседател на Република Македонија. Првиот мандат на 27 јануари 1991 година го доби во Собранието при повторено гласање со пазарење за Љубчо Георгиевски како “Потпретседател на претседателот“, а вториот мандат го доби на 19 ноември 1994 на фалсификуваните претседателски избори. Некои можеби не паметат, ама има и живи кои се сеќаваат. Шефот на изборниот штаб на Киро, Тито, влезе во прес-салата на Собранието и уште пред Државната изборна комисија да ги соопшти конечните изборни резултати рече “еве го Претседателот на Македонија“?! Според ДИК Киро доби 715.744, Љубиша 197.210 гласа. 130.810 гласачки ливчиња биле неважечки, ама за противкандидатот Љубиша Георгиевски, така кажа Тито и остана жив. И, Киро експресно стана претседател. Впрочем, никој од “независните“ новинари тогаш не праша ништо. Му веруваа на Тито? Или се плашеа од Киро? Ко брат на овој тазе погребаниот Ким Јонг Ил, им забранија да поставуваат прашања и “независните“ одмолчаа, а имаше многу што да се праша. А, кој смееше, пак, нешто да праша? Како влегоа, така и излегоа, Тито го спроведе до претседателскиот трон и Киро повторно остана Претседател. Функцијата Претседател ја извршуваше до 19 ноември 1999 година. Која беше цената за Киро? На 150.000 Косовари полицијата им подели македонско државјанство на повторениот попис по куќи, после ги наполнија кутиите без проблем. Се’ поради коалцијата СДСМ-ПДП. Во мандатот од 1994-1998, поради опозицискиот бојкот на ВМРО-ДПМНЕ и ДП на вторите парламентарни избори, поранешните комунисти владееја суверено, ептен демократски, без опозиција, со апсолутно дво-третинско мнозинство. Ги доизбраа сите судии кои од благодарност им ја легализираа криминалната трансформација, доиспокрадоа се’ од општествената “сечија и ничија“ сопственост, која до вчера како “авангарда на работничката класа“ ја штитеа од “групно-сопственичкото однесување“. Фрази, боли глава. Не, светот не се потресе поради власта без опозиција како полани, кога СДСМ и со мандати бегаше од Собранието, па Брисел го стави тоа како услов за препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ...

    ... Како и да е, за волја на вистината, поради историјата, точно е дека Киро беше Претседател, но поранешен, а не прв. Лесна му земја, сочуство до фамилијата. За покојникот, велат, се’ најдобро. Мртвите не зборуваат самите за себе оти повеќе ги нема, за нив секогаш зборуваат живите, не заради тие кои заминале, туку поради сопствените фрустрации и амбиции, или како сведоштво за минатото зад нас. Погребот на Борис Трајковски не можеше да се реплицира. Не оти Трајковски беше подобар од Глигоров, ниту Глигоров е споредлив со Трајковски. Секој со своите вредности. За помладиов, Глигоров дури знаеше да каже “кога дојде Борис кај мене како кандидат за Претседател, му реков, Борисе, во кампањата кажи се’, ама не, оти Бугари сме!“ И Глигоров само еднаш во животот рекол “че е благонадежен“, ама тоа поради адвокатската кариера, разбирливо.



    Заедничкото меѓу Киро и Борис, и двајцата беа жртви на атентати. На Киро на 3 октомври 1995 во 9 часот и 50 минути му извршија атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот "Бристол". Службено, се’ уште не се познати ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот, но целта беше да пројде промената на знамето и временото обраќање за името, оти ден по атентатот опозицијата требаше да организира најголем протест пред Собранието против ратификацијата на македонско-грчката Привремена согласност. Киро уште не се знаеше дали ќе преживее во Државна, ама Андов за “возот да не замине“ си ја изврши задачата, свика и одржа седница, ратификацијата помина, помина и промената на државното знаме. Физички Киро остана со трајни последици. Му загина шоферот и случаен пешак, подоцна под непознати околности се фрли под воз обезбедувањето, ја отепаа девојката во МВР која била дежурна во петтата управа на скалите во Козле, никој не праша од каде се најде фичото “случајно“ со полицајци што ја забави колоната пред претседателскиот мерцедес, прашање дали се водеше истрага кој го сервисирал мерцедесот со веројатност за вградување на сензор за активирање на експлозивот во амито, Господ знае каде заврши демолираното возило. Фрчковски сигурно не случајно, откако мистериозно исчезна, од самиот почеток погрешно ја наведе целата истрага, ги евидентираа сите хаварисани ами-8 низ градот, прекопаа тони и тони песок низ цело Скопје, едно време фатија хајка по русокоси, тие биле некоја врска со атентаторот, ги сардисаа жените по фризерај за фарбање коси.

    На Борис Трајковски, пак, и тогаш беа СДСМ на власт, заедно со 9 членови на екипажот, му “падна“ авионот во близина на Мостар кај Столац, на 26 февруари 2004 во 08 часот и 1 минута, го убија, бидејќи не се согласуваше со владината територијална организација на локалната самоуправа. Борис го испратија на Бутел, остана коалицијата СДСМ-ДУИ! Со Борис во авионот не летнаа еден министер за економија и еден претседателски советник, кој знае зошто?! Кумановци велат “ја си ќуту“...

    ... Во СДСМ, правни наследници на Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти) формирана 1918 во Белград, владее една чудна традиција, секогаш кога треба да ја спасат партијата, ја жртвуваат кралицата. 1995 година, да не ја изгубат власта, му се случи атентат на Глигоров, да го свртат вниманието на јавноста од предавството за знамето и името. Го сменија знамето и во правниот промет на Македонија го внесоа временото обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“. По атентатот, Киро остана до крај на вториот претседателски мандат. Нели, старо правило е, зад секое политичко убиство, нема правна разврска. Затоа што убиството е кроено во власта. Тоа му се случи на Глигоров. Настрана приказните дека кругови на српската или бугарската мафија го дигнале во воздух поради профитни интереси во Македонија и виа Македонија на Балканот. Настрана и настраноста на Фрчковски кој бркаше купишта песок, се ѕвереше во секое ами-8, ги сардиса русокосите кои масовно ги фарбаа косите, конспирацијата на бугарската мафија во една вила на Водно, и така натаму и така наваму. Ништо од тоа не било верно, за трагата која ја сотре. Да не зборуваше Фрчковски дека на Глигоров му нуделе пари за продажба на името, или обратно беше?...

    ...За волја на вистината, потсетија некои телеграми на сочуство и од власта и од опозицијата, па, да не заборавиме: Киро никогаш не беше, ниту ќе остане „прв“ Претседател на државата Македонија, затоа што Македонија не почна од 8 септември 1991, Македонија само ја возобнови својата државност од 2 август 1944. Дури и да бил записничар на АСНОМ, прв Претседател на државата Македонија засекогаш ќе биде Методија Андонов Ченто. Него комунистите го ликвидираа, тајфата на Бранко. Не се знае колку Киро помогнал Ченто жив да биде...

    ...На Тито веќе стигна, деновиве ќе му постават восочна фигура во Музејот на ВМРО и жртвите на комунизмот и на Киро. Како и Тито, Киро не беше претставник на капитализмот во времето на комунизмот, и тој беше дел од социјализмот. Цел живот во Белград, за во 1990 да ни се врати, место архиепископот покоен Михаил...

    ...И бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, почит кон функцијата што ја вршеше, да не претераме со славопојките, а она што не беше, да не кажеме како било...

    ...За време на распаѓањето на поранешна СФРЈ, со босанскиот претседател Алија Изетбеговиќ, Киро беше коавтор на платформата за асиметрична југословенска федерација. Додека Словенија и Хрватска прокламираа независност, Глигоров со Изетбеговиќ предлагаше спас на Југославија. И затоа го збунивме светот: сакаме самостојна држава или редуцирана федерација со Србија и други. Нема врска дека мотивите за вториот дел од референдумското прашање беа заради негов успех и прогласување на македонската независност. Вториот дел беше заради “можноста од договор за Југославија“ и верата на СДСМ дека со референдумот ќе се спречи прогласувањето на независноста во Собранието, во коешто немаа сила. Обидот на Владата на Кљусев да предложи Уставен закон за прогласување на независноста со потребните државно-правни акти, на затворена седница, откога ЈНА здивее во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, беше дочекан на нож од СДСМ со обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ предлага „еднострано отцепување“ од СФР Југославија. За да не пројде независноста во Собранието, предложија референдум, после три варијанти и пак го дезавуираа Уставот, не се повикаа на „правото на македонскиот народ на самоопределување до отцепување“, туку на одредбата за референдум како претходно изјаснување, Собранието да се информира за мислењето на народот, ама ако сака може и да не ги прифати неговите резултати. И добро што го прифатија амандманот на Тодор Петров зборот “суверени“ да се замени со зборот “суверените“, та од “со право да стапи во сојуз на суверени држави на Југославија“ вториот дел после запирката стана “со право да стапи во сојуз на СУВЕРЕНИТЕ држави на Југославија“ со образложение, ако и една република не остане, ниту Македонија да не биде во редуцирана федерација.

    По референдумот, откако Никола Кљусев му ја “подари“ реновираната со буџетски пари вила на МАНУ на Водно, Киро Глигоров и Стојан Андов ја турнаа Владата на Кљусев и го доведоа на власт Бранко Црвенковски. И затоа не е чудно што Бранко на Киро му даде книшка број еден и што му е благодарен до Бутел и после тоа. Го тргнаа Кљусев, за да се спаси од одговорност во Собранието југословенството на Денко Малески, кој како Министер за надворешни работи на Македонија, жалеше за Југославија и не криеше да каже дека се чувствува за Југословен, Македонија без Југославија не може. А Кљусев, го молеше од собраниската говорница на еден метар дистанца “Претседателе, нели не се договоривме да паѓа Влада, Претседателе, нели се договоривме Владата да не паѓа?“ Арно ама, Андов заврши задача, Киро мудро одмолча. Заборавивме дека од заедничкото присуство на осми март слава, утредента Митре Арсовски го пречекаа на врата со решение за разрешување од Началник на Генералштабот на АРМ? Е тој и таков беше Киро...

    ... Без образложение за мисијата поради која го именуваше, го смени Васил Тупурковски од Специјален пратеник на Претседателот на Републиката во Соединетите Американски Држави. Никому не даде отчет...

    ... Кога ЈНА се повлекуваше од Македонија, Глигоров беше против дислокацијата на регрутната документација од подрачните одделенија на Министерството за одбрана што ја изведоа Кљусев и Мијалков...

    ... Во време кога Македонија бараше независност, на 2 август 1992 Киро се сретна со премиерот на СР Југославија Милан Паниќ, српскиот печат се отепа од вести за согласноста на Глигоров за федерација со Србија и Црна Гора, Киро уста не отвори да демантира, додека не го повикавме во Собранието да поднесе информација за средбата и резултатите од неа...

    ... Заедно со Стојан Андов, на полноќ, го анулираа усвоениот амандман на Уставот, за Македонија “како матична држава на македонскиот народ“. Не остана доследен ниту на својот предлог за Македонија “како држава на македонскиот народ и држава на рамноправни граѓани“, што претходно Собранието го усвои пристапувајќи кон донесувањето нов Устав на земјата...

    ... Заедно со Стојан Андов без собраниска одлука, на 10 декември 1992 година декларираа промена на државното име во “Република Македонија (Скопје)“. Денко Малески ги чекаше во Лондон, ама Собранието не го прифати предлогот на Глигоров...

    ... Во 1992 година ги подели Македонците во светот формирајќи втор Светски Македонски Конгрес со Џон Битов од Канада како алиби за манипулација со емиграцијата заради промената на државното име и знаме. Ја изигра и Црквата, преку архиепископот Михаил, што ги подели Македонците на сите меридијани...

    ... Цели шест месеци по одлуката на Собранието во јули 1992 година не ја поднесе апликацијата на Македонија за прием во Обединетите Нации се’ до обелоденувањето на пресот на портпаролот на Генералниот секретар во јануари 1993 година дека Македонија се’ уште не поднела апликација за прием во оваа меѓународна организација. Дури од Давос во Швајцарија на 8 јануари 1993 година Киро објави дека Македонија повторно (?) поднела апликација за членство во Обединетите Нации...

    ... Спротивно на одлуката на референдумот од 8 септември 1991 година, со Бранко Црвенковски ја внесе Македонија во Обединетите Нации под понижувачкото времено обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“...

    ... Со Стево Црвенковски ја прифати македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година со којашто се суспендира една третина од Уставот на државата Македонија. Цинизам е сега жалопојката на Бранко на комеморацијата на Киро, демек “го обвинувале Киро и СДСМ дека направиле предавство со приемот во ООН под времената референца и со потпишувањето на времената спогодба со Грција“, а “денес за најголем успех и победа се прогласувала токму одбраната на таа времена спогодба пред меѓународниот суд во Хаг, и дека за крајна цел на нашата меѓународна политика се поставувал приемот во НАТО и отпочнувањето на преговорите со ЕУ токму под таа иста референца“. Судот во Хаг, за жал, препрочита, тоа што власта и трабантите на СДСМ цели 16 години не знаеја да го прочитат, дека Македонија во меѓународните организации може да аплицира за членство и да членува под државното име, како што и приемот во ООН е под државното име Македонија, со временото обраќање „пЈРМ“ за што согласност даде Бранко премиерот...

    ... Македонците ги прогласи за “Словени од зад Карпатите“ и се откажа од културното и историското наследство на античка Македонија, од Филип II Македонски и Александар III Македонски. Испрати писмо до членките на ЕУ во кое кажа “ние сме словени од шестиот век дојдени од зад Карпатите на овие простори, за да не не’ поистоветуваат со Срби и Бугари, се нарековме Македонци поради името Македонија на територијата што ја населивме. Ние не сакаме да ја присвојуваме историјата на античка Македонија и на Александар Велики. Александровата цивилизација не е наша.“ А главен гостин беше на промоцијата на книгата на Тупурковски за Александар Македонски во МНТ...

    ... Ја суспендира грижата на државата Македонија за положбата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји на Републиката и за иселениците од Македонија. Како што на протераните Македонци од западниот дел на Македонија им велеше „за еден бут нема да колам цел вол“...

    ... Ја прифати промена на државното знаме на Македонија...

    ... Од 1994 до 1998 година беше Претседател на државата без парламентарна опозиција, со партизирано судство...

    ... Направи груб атак врз уставниот поредок, во обид за суспензија на парламентарната демократија, осудувајќи го поразот на СДСМ како крај за демократијата во Македонија, барајќи од народот „да не го остава сам“...

    ... Беше и остана покритие на Бранко Црвенковски за криминалната приватизација на општествената сопственост со која се криминализира целото општество. Сопственичката на пирамидалната штедилница ТАТ во Битола Соња Николовска, на Киро му беше џокер... Ја заборавивме аферата со актерката во кабинетот? Човекот се подзанесе за Клинтон со Моника Левински...

    ... После се’, Киро Глигоров замина, но на нацијата и’ остана должен, јавно да се извини заради согласноста за прием на Македонија во Обединетите Нации под временото обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“ кое според него, требаше да остане само три месеци, а од 8 април 1993 година до денес станаа дури цели 19 години со правни последици по идентитетот на државата и нацијата, македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Од него ни остана Југославија и во Уставот на земјата. Ја внесовме Југославија во Уставот на Македонија за да може Киро да го кандидират за Претседател. Од него, Југославија во Уставот и “поранешна Југословенска“ во Обединетите Нации. Затоа на митинг во Штип викаше “Да живее Југославија!“ место Македонија!

    ... Рекол ќе биде тешко кога Грците ставија ембарго. Ами кога ние го испочитувавме ембаргото на Обединетите Нации према Србија заради НАТО-бомбардирањето, зошто не побаравме оштета? Не ни дадоа, оти знаеја дека оваа власт од прекршувањето на ембаргото, на црно, инкасира милиони, милиони кои завршија во џебот на финансовата олигархија, црвената буржоазија на СДСМ...

    ... И кога на еден 90-тиот роденден Киро тажно го прашал Бранко зошто толку го критикуваат, Бранко му рекол “Претседателе, ваша најголема грешка е што сте уште жив“. Која морбидност и некрофилија на комеморација...

    ... Коментарите на Андов и не заслужуваат внимание. Шекерот одамна му ја загорчи душата. Читајте му ги само колумните. После предлогот за референдум “Дали сте за ЕУ или Александар Македонски“ ќе сфатите колку му сечи умот. Тој и Киро ја спасиле Македонија... оф мори мајко, уште да се заедно...

    И... таков беше Киро. Осветољубиво и злопамтило. Од Андов и Бранко, се разбира, се’ најдобро за Киро, па, заедно играа во исто оро. Според Бранко, вредностите за Киро ќе сме ги мереле откога го изгубивме. Малку патетично, ама, Бранко, колку луѓе изеде Вашата партија, со вредности, кои или се на улица или повеќе меѓу живите ги нема?... Читам една колумна: “Глигоров беше погребан без говори, без лицемерство... Знаел стариот мудрец дека со немањето говори некого ќе спаси од непотребно лицемерство, дека некому тоа ќе му олесни, а некого заслужено ќе натажи.“ Која глупост. А што беше говорот на Црвенковски на погребот на Трајковски, патриотизам? Кој здрав од гробот на Киро гради кариера, освен Бранко? Ама, Киро, демек, си избрал и гроб при живот, “одбил меѓу Борис Трајковски и Никола Кљусев, прифатил меѓу Димитар Влахов и Крсте Црвенковски од десно, дрво дистанца, па од лево Љупчо Арсов и Лазар Колишевски“. Тоа бил кодот на Киро во Бутел, ех Ероле, Ероле... рајо забегана... Kодот на Киро го прочитавме во живо, сега СДСМ нека го бара во Бутел...

    Пишува: Тодор Петров
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    1945 година


    1 Кога тогаш и актуелната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе биде предмет на надгласување во Комисијата за лустрација. Кога веќе расправале зе бивш министер за внатрешни работи од времето на СДСМ, кој, замислете, издавал наредби и соработувал со полицијата, тогаш предмет на лустрација ќе бидат сите останати министри за внатрешни работи.
    И Гордана Јанкулоска сигурно потпишува некакви налози и дава наредби на началниците. Ај што соработува со полицијата, туку и е на платен список во МВР. Значи, по дефиниција од соработката остварува и материјална корист. Плус, очигледно е и дека напредува во кариерата. И тоа е исклучиво врз основа на соработка со полицијата. Кодош со тапија.
    До сега, освен оние што го предале Гоце Делчев во Баница, ниту еден ВМРО-вец не е осомничен дека соработувал со некоја полиција. Па ако дојде нов собраниски состав, а некогаш ќе дојде, ќе се смени и Комисијата за лустрација. Па новите членови пак ќе толкуваат документи и ќе се надгласуваат кој какви наредби давал и кој на чиј список е ставен.
    Секоја нова власт се правда: "Вие крадевте, па и ние ќе крадеме". Секоја нова власт секојпат ги отвора приватизициите, тендерите и зделките на претходната власт. Па така и ова со лустрацијата ќе се претвори во наменско производство на луѓе на кои актуелната власт не им е баш омилена. Вие лустриравте. И ние ќе ве лустрираме. И така со генерации ќе се вртиме во круг и ќе се давиме во калта.
    Па после некој ќе ми каже дека имало напредок во демократијата. Да. Можеби има напредок за некој што излегол од шупа и исклучиво со помош на партиската книшка станал некакво директорче на јавна служба. Ама напредок - нема. Ние сме сe уште во далечната 1945 година. Всушност, кај нас постојано се повторува '45-тата. Жално е, но ни 1991-та уште не сме ја изживеале.
    Туку, дај додека имаат мнозинство нека изгласаат нова измена на урбанистичкиот план во Скопје. Нека нацртаат маркичка за доградба на музејот на жртвите на комунизмот. Да фрлат згора уште пет-шест ката. Оти ќе се нарачуваат нови восочни фигури.
    Штом реформираниве антикомунисти се покажаа поголеми комунисти од комунистите, какви ли ќе бидат реформираните комунисти кога пак ќе дојдат на власт?

    2 Ова што ќе се кодошат министрите не ме загрижува толку, оти самите си избрале да бидат политичари. Туку, што ќе значи оваа пародија со лустрацијата за бебедносната состојба во земјава? Кој ќе се осмели да пријави што било сомнително во полиција, без да се плаши дека ќе биде внесен во некој записник и дека името ќе му го вадат кога наменски ќе им притреба или на едните, или на другите.
    Какво време дојде, колку се опиени од власт и жедни за реваншизам човек да се плаши да не те стават во полициска белешка за погрешно паркирање. Па уште и ако фатиш врски да ти ја скинат, готов си. Оти со тоа си остварил материјална корист.

    3 На една дебата за декриминализација на клеветата зборуваше и јавниот обвинител Љупчо Шврговски. Не ми се допадна тоа што му пречело дека новинарите го вознемирувале со прашања на мобилниот телефон, но ми остави впечаток неговата споредба на Македонија со цивилизираниот свет. Според него, пресудите на Судот за човекови права во Стразбур се темелат на "еволуција на свест". Тој вели: "Ние тука дискутираме и правиме стандарди, а забораваме дека ние сме, да не претерам, најмалку шест-седум генерации во поглед на цивилизациско, културолошко, политичко, економско... какво сакате ниво зад западните демократии".
    Е тоа е тоа. Ние тука, пред сe, не сме научени да слушаме. Не сме научени да го почитуваме туѓото мислење колку и да не се согласуваме со тоа. Не сме научени да разговараме за теми за кои не се согласуваме. Не сме научени да ги решаваме работите со компромис, туку попрво ќе се скараме или ќе се степаме. Не сме научени да почитуваме дека некој верува во еден Бог, друг верува во друг Бог, а трет не верува во Бог.
    Не сме научени да прифатиме критика, туку бараме заговор и истражуваме кој нарачал, зошто нарачал и слично. Газдите на медиумите не се свесни дека имаат јавна одговорност, туку си ги злоупотребуваат новинарите за ситни и крупни добивки. Во овие дваесет години, со многу ретки исклучоци, сфативме дека политичарите немаат свест за јавно добро. Мотивот за работа им е приватниот ќар.
    Конечно, сите ние како обични граѓани не сме научени да прифатиме одговорност за сопствените постапки, туку секогаш некој друг ни е виновен. Па дури и самиот Шврговски кому му дале многу одговорна, но јавна функција не сфатил дека кога новинарите му ѕвонат да го прашаат за ланскиот снег тоа им е работа. А тој не треба да се вознемирува на секое ѕвонење на мобилниот, оти ете можеби и во веста за ланскиот снег има случај за неговото обвинителство.
    Е тоа е еволуција на свеста за којашто самиот зборува.

    4 Шврговски ни ја откри Америка кога ни кажа дека сме шест-седум генерации поназад од цивилизираниот свет. А како потврда на неговата изјава веднаш по него одеше вест дека на претседателот на лустрациската Комисија Томе Аџиев му ја исчкртале куќата во Битола со графити. Напишале: Умри педер.
    Арно ама некои медиуми, веројатно чувари на моралот, пренесоа дека на куќата имало погрдни графити и пишувало: "Умри п...р". Демек едниот збор бил срамотен, а другиот не. Е во такво лицемерно и малограѓанско смрдливо мочуриште живееме.
    Во Македонија е пострашно да си педер, отколку да умреш.

    Горан МИХАЈЛОВСКИ - Вест.
     
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.209
    Пол:
    Женски
    Горан Стефановски е драмски писател. Роден е на 27 април 1952 година во Битола. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет. Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година е професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Моментно живее и работи во Лондон. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1979 година. Автор е на делата: Клинч (тв-игра, 1974), Јане Задрогаз (драма, 1974), Чиракот Шекспир (радио-драма, 1975), Сослушувањето на железничарот (тв-драма, 1976), Томе од бензиската пумпа (тв-филм, 1978), Наши години (тв-серија, 1979), Диво месо (драма, 1979), Тумба, тумба, дивина (тв-драма, 1980), Лет во место (драма, 1981), ХИ-ФИ (драма, 1982), Дупло дно (драма, 1983), Тетовирани души (драма, 1985), Бушавата азбука (тв-драма, 1985), Црна дупка (драма, 1987), "Long Play" (драма, 1988), Кула вавилонска (драма, 1989), Травијата (либрето, 1989), Зодијак (либрето, 1990), Чернодрински се враќа дома (драма, 1991), Гоце (едночинка, 1991), Сараево (драма, 1993), Старецот со камен околу вратот (едночинка, 1994), Оазата на Мира (тв-драма, 1994), Сега му е мајката (едночинка, 1995), Баханалии (драма, 1996), "EX-YU" (едночинка, 1996), Аирлија транзиција (тв-серија, 1996), "Казабалкан" (драма, 1997), Демонот од дебар маало (драма 2006). Добитник на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“ (двапати), „Војдан Чернодрински“ (шестпати).




    КАКО МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ЈА ЗАГУБИЈА НИВНАТА ПРИКАЗНА

    Така, сега живеам во Кентербери, во еден рустичен свет, мало туристичко место со катедрала. На главната улица има продавница за стрипови во којашто се продаваат американски новитети. Во излогот е поставен колор-картон во природна димензија од еден од ликовите во популарната научно-фантастична телевизиска серија Бабилон 5. Се работи за слика на едно суштество со голем ореол од месо околу нејзината глава. Ја познавам жената што го игра овој карактер. Пријателка ми е. Нејзиното име е Мира Фурлан. Своевремено, беше една од најдобрите артистки во бившиот југословенски театар, филм и на телевизија. Беше протагонист на нашата драма и херој на нашата приказна. Сега е вонземјанка. Се претвори во стереотип за тоа кои се источно-европјаните.
    Неодамна, еден пријател дојде да ме посети во Кентербери. Името му е Раде Шербеџија. Беше легенда во бившо-југословенското глумиште. Беше Хамлет. Играше во неброени филмови и нови театарски претстави. Беше протагонист на нашата драма и херој на нашата приказна. Денеска Раде е меѓународна ѕвезда и добива улоги во холивудските филмови. Какви улоги? Улоги на сомнителен, источно-европски мафијаш, човек кому не може сосема да му се верува, на граница на психопатија. Хамлет стана епизоден карактер. Протагонистот се престори во антагонист. Раде стана илустрација за клишето што постои за источно-европјаните.
    Направивме скара, под еден сонцебран, во едно врнежливо англиско неделно попладне. Пиевме вино и зборувавме за “старите времиња”. Потоа го одведов да ја види картонската фигура на неговата “вонземна” сограѓанка Мира Фурлан. Ги посматрав двајцата заедно. Двајца бивши херои во виртуелна реалност. Надвор од својата историја, од својата географија и од својата - приказна. Му реков на Раде: “Ја загубивме нашата приказна”. “Можеби никогаш и не сме ја имале”, рече тој.
    Можам да ги слушнам проѕевањата од пост-модерниот балкон. “Приказна. Континуитет. Судбина. Живот. Смрт. Зошто сте вие источно-европјаните толку смуртени и патетични и параноични? Што не се развеселите малку? Будењеее! Светот е една пост-модерна игра!”...
    Па, можеби е. Или можеби би можел да биде. Доколку не е пред-модерна масовна гробница.


    ЈАДЕЊЕ СОЛ

    За време на нашите граѓански војни, Си-Ен-Ен ни прикажа како племиња со компликувани имиња и чудни политички навики. Наспроти ваквата сценографија стоеја добро воспитаните и кохерентни репортери на Си-Ен-Ен, стегнати во тукушто отпакувани кошули, ставајќи ред во хаосот, објаснувајќи го нередот на едноставен англиски јазик. Имаше ли од тоа некаков резултат? На разни меѓународни конференции западните интелектуалци често со шепотење ме прашуваа: “Што точно се случува таму долу?” Така, Си-Ен-Ен навистина успеа да разјасни само една работа: дека ние сме неразјасниви. “Воопшто не се заморувајте нив да ги сфатите!”
    Ваквата претстава не е фер и ме погаѓа. А знам како реагира мојот ум кога сум погоден. Подготвен сум, што се вели, да изедам кило сол! Тука, ако ми дозволите, би ја сменил “брзината” и, од мојот есеј, со атавистички глас би заталкал во драмски монолог: “Мислите дека јас сум несфатлив?! Ништо вие уште не сте виделе! Сега ќе ви покажам што е навистина несфатливост! Да, знам дека изигрувам будалетинка јадејќи сол пред вас, додека нишате во неверување со главите. Тоа го правам само за да ве згрозам вас! Да се повредам себеси. Затоа што научив од Достоевски дека единствениот начин на којшто можам докажам дека сум слободен е да работам против сопствените интереси. Мојата сопруга, протестант, ова никогаш нема да го разбере. Таа одбива ваквото поведение да го прифати како логично човечко однесување. И - јас се согласувам со неа. Но, вака се однесувам само во неразумни ситуации, кога сум ставен под неразумен притисок. Само кога ќе ми згазнете врз жуљ. И сега уште и ми велите дека сум ирационален монструм?! Вие, коишто самите ми ласкавте колку сум великодушен, гостољубив, топол, со големо срце и душевен?! Велите, не ви се допаѓа мојата приказна. Велите дека би требало да ја променам? И дека ако јас не го сторам тоа, тогаш вие тоа ќе го направите за мене? Знаете што? Кој ве ебе! Како ќе ја промените мојата приказна? Со бомбардирања? Со Хашкиот трибунал? Со резолуција на ОН? Со поткупи и уцени? Со театарски фестивали?... Не би рекол дека ќе ви успее. Ќе ја променам својата приказна само тогаш кога јас ќе сакам и ако посакам. Мислите дека не сум секси? Па, што! Како што рекол поетот: 'Грди сме, но пееме.'. Е, сега успеавте да ме натерате да излезам на барикади! И, знајте, оваа битка ќе ја тераме во следниот милениум. И во оној по него!”
    Назад во есејот! Дозволете ми да расчистиме една работа. Овдека кревам глас против грдите, невидливи маси коишто го создаваат и го одржуваат клишето. Се бунам против јавното мислење кое се ствара и владее по крчми и барови. Овдека сигурно не им се обраќам на моите пријатели во Франкфурт, во Стокхолм, во Авињон или во Килбурн, коишто се чувствуваат исто толку фатени во стапица колку и јас. Не им се обраќам на идеалистите коишто се крстеа во Летната школа на Корчула и коишто, во 68-та, ја обожуваа мојата бивша држава. Оние чијшто идеал денеска лежи во парам-парчиња исто толку колку и мојот. Коишто сега гледаат како банките и меѓународните компании ги купуваат. И нивните западни влади исто како и нашите. Нивниот и мојот свет се поблиску.


    ШТО Е ПРИКАЗНА?

    Приказната е нарација. Расказ. След од настани. Ни кажува кои сме, што сме биле, кои би можеле да станеме. Таа е интерпретација. Како и идентитетот, којшто е исто така приказна за тоа кои мислиме дека сме, постојано испитување и преиспитување на себеси. Како театарот, којшто на сличен начин е рефлексија, визија за светот и за нас, исчитување на минатото и проекција на иднината.
    Дозволете ми да направам неколку лични забелешки за тоа како јас ги гледам разликите меѓу основните приказни на Источна и на Западна Европа, меѓу двете мастер-нарации. Се надевам дека тоа може да фрли извесна светлина на прашањето каде се наоѓа мојот Исток и како, воопшто, се случи тој да се најде таму.

    КОГА БЕВМЕ СЕКСИ?

    Се случи во јануари годинава со моите пријатели од хамбуршкиот Меѓународен летен театарски фестивал да седнеме и, онака, пријателски да поразговараме за темата на мојот говор што требаше да го одржам на Фестивалот. Предложија провокативен наслов: Зошто Истокот повеќе не е секси? Инстиктивно се почувствував нападнат. Што?! Јас да не сум секси? Што мислат со тоа да кажат? Впрочем, како секси? Според кои критериуми! “Секси” - како евтин збор!... Повторно се навратив на темата. “Повеќе не е секси?”. Ова имплицира дека порано сме биле секси. Кога порано? Кога, точно, сме биле ние секси?
    Може ли ова да значи дека Истокот беше секси кога не беше секси? Кога стенкаше под огламникот на сталинизмот? И дека сега повеќе не е секси кога се обидува да стане секси во западната смисла на тој збор? Беше ли секси кога се преправаше дека Е невин и наивен, а престана да биде секси сега, кога претендира да биде софистициран и искусен? Беше ли секси кога беше старомоден и фолклорЕН, а престана да биде секси сега, кога сака да го достигне Западот и да ги фати трендовите со последните “изми”?
    Моите фестивалски пријатели се умни луѓе. Можеби нивната теза беше иронична, можеби смртно сериозна, а можеби и двете. Но во секој случај ме фатија на јадица. Почна да ме јаде потребата да кажам нешто на таа тема. Нешто иронично, или смртно сериозно или и двете. (Моето “нешто” ќе се фокусира врз екс-Југославија, каде што живеев и која најдобро ја познавав. Не сум сигурен колку моите примери се однесуваат на другите источно-европски земји.)
    Источна Европа очајнички се обидува наново себеси да се измисли и да го дефинира својот нов идентитет. Нејзините уметници се будат од историска наркоза. Си ги тријат очите, си ги истресуваат илузиите и си го преиспитуваат паметењето. Погледнуваат во часовниците за да го проверат времето, напипуваат наоколу за да го проверат просторот. Зјапаат гледајќи се себеси во огледалата, збунети. Се прашуваат што да облечат денеска: “Како сакам да изгледам? Кој сум јас?”.
    Повеќето облека што денеска се нуди доаѓа од модните куќи на Запад. Источно-европските политичари бесрамно парадираат наоколу во неа. Горди се што молат за пари секаде каде што ќе ги намирисаат. Со задоволство ги менуваат уставите на своите земји за да ги задоволат барањата од Европската унија, ММФ и Светската банка. Безрезервно го прегрнуваат глобалниот, мултинационален начин на делување, и тоа го викаат прогрес. Па, сепак, истите овие политичари повеќе не ги плаќаат своите уметници. “Жалам, нема ли државна контрола, нема ни државни пари. Сега сме сите на пазар.”
    Сепак, од истите тие уметници, “под маса”, премолчено очекуваат парче национална чистота, потрага по корените, малку “религија од старото време”. Велат: “Да, сега имаме нов хардвер, но не е лошо да го причуваме и стариот софтвер. Да, навистина, сите сме сега на пазарот и навистина ги продадовме нашите фабрики и нашите газови но ваша должност е да не ги продадеме нашите срца и души”. Така, не само што политичарите ги држат своите уметници гладни, туку од нив уште се бара и да пеат!
    Не е за чудење што некои од уметниците пекаат по сигурноста за време на “стариот режим”. Велат: “Барем цензорите ни обрнуваа недвојбено внимание и имаше греење преку зима. Диктатите на партијата не беа така безочни како што е диктатот на масовниот вкус. Социјалистичкиот Реализам не беше ништо полош од Капиталистичкиот Реализам.” Целата оваа слатко-кисела агонија врви под згодното име: “општествена транзиција”. Што е друго име за духовно силување.
    А Западот се проѕева. “Сето ова и порано сме го виделе. Низ истото тоа и самите сме поминале пред стотици години. Се работи за првобитната акумулација на капиталот од времето на Оливер Твист. Здодевно! Ќе ви требаат стотина години да го достигнете нивото на нашата социјал-демократија. До тогаш, сосема е можно ние да заминеме на Месечината.”
    Така, уметниците од Источна Европа се чини дека не се само осудени на понижувачката сиромаштија дома, туку се и безнадежно демоде на Запад, каде што се надеваат за спас. Сето тоа му доаѓа како пипер на лута рана.
    Мојата расправа со фестивалските пријатели за темата на говорот некако се симна од дневен ред со почетокот на војната на Косово. НАТО ја бомбардираше Србија до мајчината. Како да сакаше со сила да ја втера во модерност. Дали со тоа привремено повторно станавме секси? Тоа никогаш нема да го дознаам.


    МОЈАТА МАПА НА СВЕТОТ

    Западот однегува едно гранитно цврсто уверување дека “ништо добро не може да дојде од Исток”. Дека приказната на земјите зад Железната завеса е онаа за блед живот, за црна естетика и за тајна полиција. Ова беше политичката проекција создадена заради целите на Студената војна. Во Југославија секогаш инсистиравме да бидеме изземени од ваквата слика, секогаш расположени да докажуваме дека имавме “свој пат”. Можеби бевме исклучок од правилото, но бевме исклучокот што го потврдуваше правилото. Клишето, сепак, однесувало и на нас.
    (Се разбира, и јас имам свои клишеа. Отсекогаш сум бил сомничав кон секој што свири рок'н'рол, а не е англо-саксонски белец; или свири џез, а не е црнец. Затоа, веројатно, не би требало да се жалам кога среќавам луѓе кои се сомничави кон источно-европејците коишто си го пикаат носот во изведувачките уметности.)
    Па, по што се разликуваше нашата приказна од клишето? Што беше, ако воопшто постоеше, нашата дифферентиа специфица? Е, па, ние израснавме во шеесеттите со нашите народни приказни исто колку и со Кафка и Sgt Pepper’s Lonely Hart’s Club Band. Слободно патувавме во странство. Израснавме со Белградскиот Меѓународен театарски фестивал - БИТЕФ. Театарската група Тhe Living Theatre дојде во Југославија во 1968, кога тешко дека кој било надвор од Њујорк знаеше нешто повеќе за нив. Гротовски, Брук, Боб Вилсон беа домашни животни во Југославија. Се чешавме рамо до рамо со нив. Верувавме дека ние нив ги испраќаме на Запад. Дека прво доаѓаа кај нас за да покажат што имаат, па дури потоа, откако ние ќе им “одобревме”, ќе отидеа за да се покажат на други места, надвор. Бевме мошне помпезни и арогантни. Речиси секси!
    Но, што со тоа? Веројатно бидејќи југословенското искуство беше толку софистицирано, доживеа толку срамен и крвав крај. Всушност, Белград никогаш навистина не ги присвои новитетите што му доаѓаа на БИТЕФ. Гледаше и набљудуваше, но малку учествуваше во тоа. Под превезот на европеизмот, ја чуваше византиската нарација нечепната.
     
    На papilona му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Колумна од БАГРА

    Војна?
    Секогаш постои желба за животен простор која ќе им послужи како мотив. Но тоа не е доволно. Кога неможат да го покријат целокупниот спектар мотиви, ќе најдат кој се уште има интерес и ќе имаат мотиви и повеќе од потребно.На некого му треба “коридор 8”, на некого му треба “АМБО”, на некого му требаш, но не би знаел што со тебе, а на некого едноставно му треба да те нема.

    А човекови права? Ма ајде те молам.

    Поради тоа:

    Оваа, војна не е случајна.Позади неа стои интелигенција.Да беше случајна Ќе беше многу насилна. Поука – Минимум насилство максимални (конролирани) ефекти. Ваква контрола не може да се оствари од далечина.Таа МОРА да е тука. Не е тука само нејзиниот причинител. Избегнување на војна е можно ако се употребува интелигенција и од наша страна. Тоа зависи од прибирање на можните избори и нивно интелигентно користење, но дали сеуште имаме избори. Сеуште не ни е јасно дека имаме само еден. Ако не се покрене акција ќе останеме и без тој. Наравоучение- кога нешто не се одвива во твоја насока, замати ја водата. Тој што ја води играта нема да има целосен увид, следствено, ќе има помала контрола, понеизвесен исход.(господарите на војната ги нервираат несигурните исходи)
    Следен чекор ако ова не ги даде саканите резултати. Тотална ентропија, максимален хаос. За контрола на максимуми е потребна екстремна енергија која расте експоненцијално. Непостои сила која може, и/или има доволни ресурси да контролира максимален хаос.

    Нема да ни треба стабилност, таа не ни е од корист. ќе ни треба хаос. Ионака немаме што да загубиме.
    Хаос – кога? Кога е вистинскиот момент. Едноставно, кога ќе дојдеме до моментот до кога сме сеуште способни да го изгенерираме, ТОГАШ.
    Глупоста може да не спаси. Глупост и интуитивни (се разбира погрешни) одлуки.

    Паметните, (господарите на војната) никогаш нема да те затераат во ќош со само еден можен избор.Еден избор добиваш само кога ПАДОТ Е НЕМИНОВЕН. На глупавите секогаш им се дава да бираат помеѓу две работи. За повеќе од две намаат капацитет. Наравоучение, Секој што ќе те стави во дилема, те смета за глупав.
    А што е тогаш интелигенција.Способност ли да се согледа покрупната слика? Да се види од друг агол? Тоа секогаш не е можно. Затоа створи малу хаос, па справувај се со неговите очигледни последици.Тоа е пооперативна работа и дава каква таква контрола врз ситуацијата, сопствена контрола. Тука се зависи од одлучноста. Нетреба да си паметен и да носиш паметни одлуки (за тоа заклучивме дека немаме капацитет). Треба да си само одлучен. Поодлучен од противникот.Тие што сметаат дека се во предност подлегнуваат на самозадоволство од постигнатиот успех.Тогаш одлуките се донесуваат бирократски и споро. Дејствувај брзо (немора паметно) . Ќе ги збуниш, а тие ќе се колебаат.

    СУДИР

    Поривите кои наведуваат на судир се подлабоки од свеста.Искористи ги. Противникот ги користи.Тука нема ништо рационално. Не рационализирај, дејствувај.
    Тоа е погодна почва за фанатизам. Спротивстави се на фанатизам со фанатизам. (погледај точка еден) Натерај ги да се видат во тебе како во огледало. Тоа нема да им се допадне. Тоа раѓа страв. Тоа (стравот) може да се контролира и секако, да се употреби.

    Секој судир има свои осцилации. Фанатиците се велоченствени креатори на осцилации.Осцилирај, но на сопствена бранова должина. Наметни твоја фрекфенција.

    Нетреба да ствараме слика дека сме ние разумните кога тоа не сме. Логиката сегогаш е спора кога се работи за опстанок. Инстинктот подобро функционира кога опстанокот е во прашање.

    Неможеш да се спротивставиш на неразумна сила со разумност. Спротивстави им се со нивното оружје, со лудило. Во почеток ќе веруваат дека постои некој план и ќе пробаат во него да проникнат. Ќе пробаат да преговараат.
    Тука е Шансата.
    Додека неразумните пробуваат да резонираат, дејствувај. Дејствувај со сила против сила. На разум со неразумност. Војната има сопствена логика. Таа неможе да ја согледаат тие што седат во кабинети како што генерали на бојно поле неможат да водат политика.

    (крај на првиот дел)
    ПИШУВАНО НА ДЕНОТ НА ПОТПИШУВАЊЕ НА РАМКОВЕН ДОГОВОР
     
  9. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Некои споредби понекогаш изгледаат претерани. Но, во Македонија сегашниов страв врши работа. Страв+пропаганда+манипулација е доволно за помала и посиромашна држава како Македонија

    Та не сме саде ние, та не сме саде тука... Еве што се случува во една земја, на едни луѓе далеку од нас. Барем според зборовите на двајца странски новинари кои ги следат веќе долго време.

    Пренесениот текст прочитајте го полека. Сами донесете заклучоци. Само едно ќе ве замолам: оставете го крајот на колумната навистина за крај. Без прескокнување. И дури откако ја имате својата слика и своите коментари. Можеби ве очекува едно изненадување.



    Лидерот ги влече сите конци... И тоа наидува на воодушевување. Неговата дисциплинирана публика живее лошо. Стандардот на живот е многу понизок од порано. Несигурноста се зголемува. Стравот расте.

    Критичарите на лидерот се во право кога велат дека таквата публика лесно може да се злоупотребува. Неговите настапи тоа го потврдуваат: подготвен е да ги искористи сите, ама буквално сите средства кои оценува дека му обезбедуваат нови следбеници. Подеднакво е бескрупулозен и кога ги разгорува огновите на омразата и кога воздигнува неверојатни надежи.

    Ги повикува во борба против тиранијата на нивните соседи со поинаква етничка и религиска припадност. Тие се вештачкото „плашило“, создадено онака ад хок. Едноставно, пропагандата бара таква работа...

    Во оваа земја, како и во сите други, постојат големи разлики во образованоста на населението. И тоа ги прави луѓето различни... Овдешниот лидер остро се спротивставува на тоа. Тој се бори за правото на полуобразованите да имаат своја слика за светот. За правото на полуобразованите да имаат култура дефинирана исклучиво со љубовта кон својата земја. Ги напаѓа студентите ако не размислуваат на ист начин како и останатите... Лидерот е самоук и во неговите очи, клучната работа не е вистинското знаење или интелектуалниот финиш, туку само активната љубов кон сопствената земја и меѓусебното разбирање... Убави зборови кои лесно се кажуваат, а никогаш не можат да се „измерат“. Дотолку подобро.

    Лидерот повикува на единство, им ветува дека поради тоа единство цел свет повеќе ќе ги почитува, и им порачува дека нивната земја нема да има успешна надворешна политика се' додека целосно не се обедини. И толку... Ниту една од овдешните партии нема толку едноставна формула.

    ...Министерот за правда испрати циркуларно писмо. Пишува дека сите судии ќе бидат тестирани за патриотизам и општествен интегритет. За лидерот, концептот на апстрактна правда е истрошен. Според него, суштинската правда е онаа која и' служи на државата.

    Новите владетели на овој новосоздаден народ имаат и нов вокабулар. Во литературата и уметноста, во професиите па дури и во спортот, нови барања ги заменуваат вкусот, знаењето и искуството. Уметничкото дело не „поминува“ ако не е создадено од „избраните“. Музиката и театарот се приспособуваат на потребите на пропагандата.

    Медиумите се веќе „асимилирани“. Сопствениците, уредниците и новинарите кои се сметаат за непријателски, млаки, либерални, умерени, пацифисти... се веќе избркани, а партиски комесари го проверуваат секој напишан ред. Вниманието е сконцентрирано исклучиво на општи соопштенија, говори на лидерот, извештаи за „масовки“ и големи прослави.



    Го читате текстот и сигурно ви звучи познато: неприкосновеноста на лидерот, бруталната злоупотреба на сиромаштијата и незадоволството на граѓаните, супериорното создавање „виновници“, систематското оцрнување на се' што е интелектуално, односот „елиминирај по кратка постапка“ кон објективните медиуми, партиското боење на културата... Животот се турка од една до друга прослава, од еден до друг непријател, од еден до друг говор... А, во секој од нив – истата приказна. Човекот кој најмногу не' дели повикува на единство. Човекот кој владее со кавги, бара обединување. Човекот кој ветува поголема почит кон Македонија од страна на „Големиот свет“... лека-полека ги затвора сите наши врати кон него. Можеби некои од вас наоѓаат утеха во тоа што не сме осамени во овие проблеми. Ако им се случува на други, тогаш сигурно не е наша вина – така можеме да се правдаме. Ама, не бива. Не оди. Фактот дека нашите „јавачи на апокалипсата“ само тераат по еден одамна напишан прирачник – кој е најважната (понекогаш единствена) литература на сите автократи во зародиш – воопшто не ме теши, туку ме плаши. Не' опоменува, а не треба да не' релаксира.

    И на крај, она што го ветив. Морам да ви признаам дека во почетокот не ви ја кажав целата вистина. Да, текстот кој го пренесов го напишале двајца странски новинари. Не кои било. Едниот – уредник на престижниот Foreign Affairs, а другиот – познат дописник од Москва и Вашингтон. Да, текстовите ги напишале за една земја и едни луѓе далеку од нас. Една земја и едни луѓе од кои не' делат 2000 километри и... околу 80 години.

    Тоа е она што го премолчев во почетокот. Армстронг и Шефер ги напишале своите статии во далечните 1932 и 1933 година, во срцето на Европа, и ... веќе погодувате – тие го сликаат владеењето на Хитлер.

    И да, се сложувам дека тие споредби понекогаш изгледаат претерани. Знам. Во Македонија нема и нема да има концентрациони логори и СС-единици. Нема потреба – и сегашниов страв врши работа. Страв+пропаганда+манипулација е доволно за помала и посиромашна држава како Македонија.

    Груевски не е Хитлер. Не. Но, не' храни со истиот отров и не' гаси со истиот бензин. И дел од публиката се' уште аплаудира. Се надевам дека некои од нив повторно ќе ги прочитаат овие стари текстови и ќе видат дека насилството никогаш не почнало со оружје. Туку со збор.
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Играње версус пеење

    Химната „Боже, правде“ е настаната уште во 1872 година, во времето кога Србија била несекуларно кнежество, со кое (според средновековниот византиски модел) управувале монархот и црквата, а српската парламентарна демократија била во пелени

    „Пред некоја година некоја ситна мака ме натера да се обратам за помош во полициската станица во еден хрватски град (сместен на далматинското крајбрежје, со други зборови - туристичка дестинација низ која поминуваат луѓе од разни народи и со разни бои). Дежурниот полицаец беше исклучително љубезен и заедно со своите колеги веднаш ми излезе во пресрет (од некоја за мене непозната причина, Далматинците покажуваат силни симпатии кон Македонците). Но она што прво ми падна во очи не беше неговата љубезност, туку видно истакнатиот католички крст над кој стоеше натписот „Бог и Хрвати!“, а под кој беше истакната некаква молитва до мајката божја да го благослови хрватскиот род. И морам да признаам дека за миг се штрецнав и се почувствував нелагодно: хрватска, за разлика од Иран, е секуларна земја во која црквата е одвоена од државата. Зошто тогаш јас, нехрват и некатолик морам во една институција што ја претставува државата да се чувствувам небаре сум дошол во манастир на молитва, а не во полициска станица за помош?
    На оваа моја епизода ми текна кога на Интернет некни ја прочитав веста за тоа како селекторот на српската фудбалска репрезентација, бившиот фудбалер и Арканов симпатизер Синиша Михајловиќ, го набркал репрезентативецот Адем Љаиќ поради непочитување на член од договорот што вели дека секој што игра за српската репрезентација е должен да ја пее српската химна на јавните натпревари. Несомнен факт е дека Адем требало внимателно да прочита што потпишува, бидејќи од правна гледна точка Синиша е во право. Само што правото не секогаш е на страната на правдата: српската химна е убава и Адем веројатно нема никаков проблем да ја отпее нејзината мелодија - но мислам дека има проблем да се поистовети со нејзиниот текст.
    Мало појаснување: химната „Боже, правде“ е настаната уште во 1872 година, во времето кога Србија била несекуларно кнежество, со кое (според средновековниот византиски модел) управувале монархот и црквата, а српската парламентарна демократија била во пелени. Тоа е време на првите обиди за модернизација и за европеизација на српското општество и негова трансформација од турски пашалак (основан по побуната на крстот против полумесечината) во слободна модерна држава - обиди што честопати завршувале со политички атентати врз реформаторите. Таа химна е ода на православниот бог, кој го штити српството, а со промената на државните уредувања во него се слави и српскиот крал (во времињата кога Србија станува кралство), односно српскиот род (денес кога Србија е република). И во што е проблемот со оваа величествена стара песна? Ништо, освен во тоа што Адем е Бошњак по етничка и муслиман по верска припадност, значи несрбин и неправославец. Како тогаш Адем да пее во слава на богот чија вера не ја исповеда и да се идентификува себеси како дел од народот на кој не му припаѓа?
    Сега некој би рекол: а како во Франција сите се Французи? Или пак во Америка сите се Американци, па никој нема проблем да се идентификува со тоа? Да, во Америка сите се Американци - само според пасошот што го носат. Тоа не значи дека Србија како национална држава на српскиот народ по своето уредување и историја е трошка подолу од американскиот модел - нејзин единствен спортски (а и не само спортски) проблем е што фудбалерот Адем одбива да пропее, бидејќи не може да се идентификува со нештата што се опеани. Да победела челичната тупаница на Синиша, Адем ќе пеел сосила - а сосила убавина не бидува, ниту пак сосила се испејува химна на една слободна и демократска држава. Пеење химна е личен и достоинствен чин на изразување припадност - не може сосила достоинствено да ме натераш лично да се почувствувам припадник на нешто што не сум!
    Да не испадне сега дека зборувам за некој исклучиво српски или пак наш балкански локален проблем - идеологијата дека секоја птица треба да си лета во своето јато е во поголема или помала мера присутна во сите европски држави. И во сите нив, како и во српскиот пример, е во несогласие со модерните мултиетнички и мултиконфесионални текови на развој на современото општество.
    Се сеќавам дека како студент се дружев со двајца Британци што одбиваа да ја пеат сопствената химна „Боже, чувај ја кралицата“ бидејќи беа агностици и членови на антимонархистичкото крило на лабуристичката младина. А што се однесува до хрватскиот пример од почетокот на текстот, слична непријатност имав и во Шпанија кога побарав асистенција од локалната жандармерија. Влезот на нивната зграда го красеше нивното старо лого, реликт од франкистичките времиња: „Тодо пор ла патриа!“ („Се за татковината!“). Баш фино што нивните жандарми се патриоти, ама што правиме со оние што се во неволја, а не се граѓани на нивната татковина?

    И за крај, да си ѕирнам и во сопствената бавча: дали очекувам од нашите репрезентативци немакедонци да се идентификуваат со текстот на македонската химна, кој вели „Македонците се борат за своите планини/правдини“? Дали очекувам Мекејлеб да се најде себеси во Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански? Искрено, мислам дека тие момчиња ја покажале својата определба со самото тоа што го облекле македонскиот дрес и ги бранат македонските бои. Доколку не се наоѓаат себеси во одредени стихови - ич не им замерувам.
    На крајот на краиштата, не се наоѓам ниту јас во оние „нови песни, нови весници“. Но искрено им замерувам на нашите фудбалери што се тешки трупови во она за што се платени - џабе им е и да пеат кога не знаат да играат.
    За тоа (и само за тоа) требало да подразмисли и Синиша: ќе дадат ли неговите орли повеќе голови сега кога го нема Адем да фалшира?
    „ - автор: Дарко Митревски, режисер и сценарист

    Превземено од Нова Македонија
    линк: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6212914492&id=13&prilog=0&setIzdanie=22594
     
  11. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    Текст посветен на коалициите формирани деновиве напишан од студент на правен факултет.

    (ДПМНЕ+ДУИ)+ (СДСМ+ДПА)= МАКЕДОНИЈА-МАКЕДОНЦИ

    Дека политиката не познава принципи и дека е сфера на чист интерес е јасно секому, особено нам во Македонија. Секој кој редовно прати политика знае дека нашиве политичари термините ,,етика’’ и ,,вредности’’ треба да ги бараат во Речник на помалку познати зборови. И не треба човек да биде гениј и да ја познава историјата на човештвото за да сфати дека е вистинита изјавата ,,Каков народ- такви водачи’’. Не само што е вистинита, туку ова е и единствената можна комбинација.


    Од она што се случува во нашава Македонија можам да заклучам дека овде нема да полуди само оној кој не е нормален. А не е нормален само затоа што веќе привикнал на секојдневните парадокси. Кај нас веќе нема ,,политички невозможно’’ како што не постојат ни ,,политички константи’’. Нема цврсти и непроменливи ставови, зрели и одговорни политики. Имаме суфицит на политички активисти, но истовремено и дефицит на лидери со вистински лидерски потенцијал кој би се базирал на вредности и силна идеологија.


    Главен мотив за овој текст се тековните случувања на политичката сцена. Пред отприлика една недела медиумите објавија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со партијата ДУИ, на локалните избори 2013та година. Во некои општини етничките албанци членови на ДУИ ќе гласаат за кандидатот на ДПМНЕ, а за возврат, пак, Македонците членови на ДПМНЕ во некои други општини ќе гласаат за кандидати на ДУИ. Кога го слушнав ова ме удри дамла! Низ мојот ум веднаш помисла мислата дека во пракса ова би значело дека ДПМНЕвците ќе бидат приморани да гласаат за некој бивши командант на ОНА.

    Она што го очекував беше дека СДСМ ќе ја искористи оваа прилика и ќе го обвини ДПМНЕ за соработка со бившите терористи. На тој начин, СДСМ ќе се прикаже како партија со национално чувство. Голем дел од ДПМНЕвските гласови од западна Македонија (,,западна’’ за сега со мало ,,з’’- да се надеваме уште долго ќе остане така!) би гласале за СДСМ, наместо за ДПМНЕ+ДУИ. Со тоа СДСМ во голема мера ќе го поправи својот имиџ и ќе покаже вистинска зрелост и рационалност на долги патеки.


    Да беше така немаше сега да го пишувам текстов. Не помина долго време, кога слушнав дека СДСМ најавува соработка со ДПА. Овој пат прво што помислив беше како и каде можам најбрзо да се отселам. ,,Ама кај ќе патувам на +50?’’- си велам. ,,По се’ изгледа ќе морам!’’ Младите и совесни Македонци (значи оние кои сеуште не полуделе) се делат на две групи: оние кои веќе си заминаа одовде и оние кои чекаат прва прилика да го сторат тоа!

    Моја претпоставка е дека ДПМНЕ ова ќе го искористи во своја корист. А еве и како. Мислам дека ДПМНЕ одигра многу силен потег. Имено, пуштија во медиумите вест дека ќе коалицираат со ДУИ, а всушност нема да го сторат тоа. СДСМ се фати во замка и наместо да игра на картата на националното чувство кај Македонците, реши дека повеќе му значат неколку илјада албански гласа отколку да се претстават како партија која се грижи за македонштината. Е сега, ДПМНЕ ќе ги негира информациите дека некогаш планирале да коалицираат со ДУИ за локалните избори и СДСМ повторно ќе ги претстави како предавници. НО, сепак мислам дека ова ќе биде популистичко решение, само за ,,една употреба’’, т.е. веќе на наредните локални избори ова веќе ќе биде до толку релативизирано и нормално што четирите партии полека ќе се фузираат во цврсти коалиции и на сите нам ќе ни биде прифатлив фактот дека ДПМНЕвците гласаат за ДУИ а СДСМовците за ДПА. До тогаш веќе за никого нема ова да биде шок. А со сигурност можам да гарантирам дека пред да се случат наредните парламентарни избори ќе се знае албанскиот коалиционен партнер на македонските партии.

    Кога се соземав од двата шока и кога се соочив со мојата песимистичка (за жал и реална) препоставка за идните политички случувања, почнав да размислувам зошто сево ова ни се случува? И после една многу едноставна анализа дојдов до заклучокот дека ова е најнормална последица на однесувањето на ,,обичните’’ граѓани на мојата татковина. Не се главните виновници политичарите, драги мои браќа и сестри Македонци. Ние сме виновни! За жал нема кој друг и нема нешто што би можело да ги спречи политичките партии да постапат на овој начин и да го спремат ова погубно сценарио за нас Македонците. Единствените кои можат, единствените кои имаат интерес да ги спречат политичарите да не одведат во амбисот сме самите ние. Нажалост, националното чувство кај Македонците е многу слабо. Еве еден можеби највообичаен пример е со зборувањето на јазиците на нашите соседи. Доаѓа некоја српска музичка ѕвезда во Македонија, сите му/и зборат српски. Оди наша ѕвезда кај нив- пак нашиот збори српски. Јас живеам во Гевгелија. Вози Грк по улица, застанува и прашува некого нешто на грчки. Мојот сограѓанин ќе се утепа да му објасни на Гркот на грчки јазик! Да не ви кажам дека одреден број фирми, освен на македонски, своите услуги ги испишале и на грчки јазик (дури има случај каде прво стои грчкиот натпис, а одоздола е ,,преводот’’ на македонски!). Одиме ние во Грција, наместо да се правиме наудрени и да прашаме ,,Има соби’’ ние прашуваме ,,Ехи доматиа?’’ За мене ова е чист пример на нашата национална понизност. На граница ни лепат етикети, не ни ги признаваат пасошите, а ние кутрите среќни сме што брзо сме ја минале границата и што не ни правеле проблеми. И на домашен и на туѓ терен играме според туѓи правила. Да не ги спомнувам десетиците (можеби се веќе и стотици) илјади Македонци кои имаат бугарски пасош. Толку е излитено македонското национално чувство, што политичките калкулатори знаат дека ако играат на таа карта нема да освојат многу политички поени и (за нив уште поважно) нема да им донесе нови гласови на изборите.

    Полека, полека дојдов до заклучокот дека во оваа констелација на ѕвездите на политичкото небо го нема сонцето! Вистинските Македонци ќе излезат од оваа помија! Верувам дека ќе се согласите дека оваа политичката равенка е точна: (ДПМНЕ+ДУИ)+(СДСМ+ДПА)= МАКЕДОНИЈА БЕЗ МАКЕДОНЦИ! Да, Македонија ќе остане без Македонци ако гласаме спротивно на нашите национални интереси.

    Сфатив дека имаме две опции. Првата е да си остане се’ по старо. Во тој случај немојте да очекувате дека со повторување на истите постапки ќе се изродат различни резултати! Ако останеме пасивни тогаш сфатете дека ќе мораме да си заминеме од овде. Ако Мухамед не оди кај планината, планината ќе дојде кај Мухамед! Или ние ќе одиме во странство или ,,странството’’ ќе дојде овде! Или ние ќе се отселиме одовде или еден ден ќе се разбудиме во некоја од соседните држави- Албанија, Грција, Србија или Бугарија- зависно од тоа кој каде живее.



    Втората опција е да кажеме ,,Доста беше!’’ Во ова време имаме можности да го сториме тоа. Еден статус на фејсбук или твитер може да заврши голема работа. Вие кои сте партиски членови треснете на маса во партиските штабови. Спротивставете се на ова лудило!



    Драган Алчинов

    (Авторот е студент на постдипломски студии на Уставно право)

    Превземено од http://draganalcinov.wordpress.com/
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Не е политика ама е живот во кој неизбежно е вмешана политиката многу ... Интересни факти се ова.

    Сите оние кои се родени во периодот помеѓу 1978 и 1984 година се смета дека припаѓаат на т.н „изгубена генерација“.

    Сита анализи и пресметки на домашни и странски експерти укажуваат дека оваа генерација неправедно ќе има мног потежок живот од останатите.Тие никогаш нема да го живеат животот кој нивните родители, барем го пробале. До крајот на својот живот ќе го плаќаат данокот кој го зема економската криза и ќе ги исплаѓаат долговите во кои општеството досега тонеше. Сите кои се родени во периодот помеѓу 1978 и 1984 година ни криви ни должни ќе имаат далеку потежок живот од нивните помлади и постари сонародници. Причина за тоа е што се премногу млади да го имаат почувствувано „среќниот социјализам“, како деца поминале низ вистински пекол кој пустошеше во деведесетите години, а се премногу стари за да го дочекаат конечното избавување од кризата, кредитите, државните долгови...

    Оваа генерација, многу повеќе од сите останати, уште како невини деца ја почувствуваа ужасната војна, лудите деведесетти, распаѓањето на државата... додека седеа во клупи во основно училиште надвор грмеше од куршуми, државата се распаѓаше, немаше леб и млеко, во средно училиште го искусија и бомбардирањето.

    Сега овие луѓе имаат околу 30 години, задолжени се до гуша и до крајот на животот ќе ги враќаат долговите на државата која е повеќе од потоната.Оние помладите можат да се надеваат на подобро утре, а пак оние постарите, некои помалку некои повеќе но во главно сите колку толку почувствуваа живот во средена држава каде владее благосостојба.

    Мајка и маќеа

    Некогаш се знаеше. Ќе завршиш факултет, ќе најдеш работа, државата ќе ти даде стан или ќе земеш кредит со многу поволни услови и ќе се вдомиш,ќе си купиш автомобил, па ќе основаш семејство, одиш на летување и зимување, платата ти е редовна, работата сигурна и така среќно ќе си дочекаш пензија. Сега за жал академската диплома не е билет за среден живот.

    Сега сите знаат дека тешко ќе најдат работа, дека ќе мораат да работата многу повеќе од нивните родители. Свесни се дека најверојатно никогаш нема да можат да купат стан, знаат дека ретко кога ќе можат да си припуштат летовање, дека се храбри ако се решат да основаат семејство и дека најверојатни никогаш нема да имаат пензија.

    Како се упропастија овие генерации?

    Да поченеме од почеток. Деведесетите беа обележани со војни, празни полици во продавниците, долги редици за леб, илијадници бегалци, бомбардирања, атентати на политичари и на крај како јаготка на шлагот, светската економска криза.

    Меѓутоа не треба да се лажеме дека не е така во целиот свет па дури и во САД. „Милениумската“ генерација (оние родени после 1980 година) имаат многу проблеми, пишува „News week“. За разлика од оние кои се родени после втората светска војна, кои живееле и живеат никогаш подобро, на младите Американци никогаш не им било полошо. Тие се нарекувани и „бумеранг генерација“ бидејќи по самостојниот живот се принудени да се вратат кај родителите, бидејќи не можат да пронајдат работа и да си ги плаќаат сметките.

    Проблемите на американската младина почнаа со новата криза, но нашите проблеми(на просторите на поранешна Југославија) почнаа многу порано, поради тоа за упропастени генерации се сметаат и они кои се родени во седумдесетите години на 20 век, па дури и оние родени во деведесетитте.Економската состојба кај нас е лоша, бројот на невработени расте и сите ние доживотно ќе ги исплаќаме државните заеми.

    Во последниов период, најголем раст на сиромаштијата се забележува кај младите. Истражувањата покажуваат дека околу 80% од лицата до 30 години живеат со родителите.

    Позната е појавата на „одлив на мозоци“ која кај нас во последно време е застапена во голема мера. Не само во Македонија туку и кај нашите соседи, најголем дел од студентите планираат да ја напуштат својата татковина, засекогаш откако ќе дипломираат. Иван Павловиќ, Србин кој живее во Виена, смета дека неговата земја мора да го реформира образовниот систем, доколку сака да го спречи „одливот на мозоци“. Тој вели:

    „Треба да се укине партиципацијата не само на наши туку и за странски студенти. Верувам дека тогаш половина од нив би останале овде.Невработеноста на малдите е проблем во јужна Европа, и младите од Австрија бегаат во САД. Но затоа Австрија за да привлече млади од други земји ги намали критериумите за добивање работна дозвола. Зошто би ги бркала образованите луѓе, кога тие се насекаде потребини?“ тој додава:

    „За разлика од минатото, денешните упропастени генерации не можат да сметаат ни на работа а не пак на стан, а неможат ни да размислуваат за семејство. Тоа е основната и клучна разлика. Од 2008 година бројот на невработени млади луѓе со академско знаење е зголемен за 80%. Тоа е резултат на „болоњскиот систем на студирање“ и на „инфлацијата“ на дипломи, но и на фактот дека дипломата веќе на никого ништо не му гарантира.

    Земете го за пример неодамнешниот концерт на Брус Спрингстон во Лондон, на кој свој настап имаше и Пол Макартни, на концертот присуствуваше и нивниот премиер и владешее вистинска хистерија. Но сепак во 23 часот полицијата ја исклучи струјата. Е тоа е земја во која ригорозно се почитува законите и каде ниту премиерот ниту воодушевениот народ не може да биде над законот.А бидејќи ние ја сакаме анархијата и уживаме во неа, живееме во ваква беда. Кога нема правила, и никој не ги почитува тогаш се живее како кај нас. Тоа е она што недостасува во Србија, а и кај нашите соседи. Нам ни недостига држава со јасни правила. Кога ќе го исполниме тој критериум ќе тргнеме напред. А сега сме во ситуација во која наредната година Албанија ќе биде пред нас по развиеност. Албанија минатата година успеа да ја надмине Босна.“

    Суров капитализам

    Од друга страна родителите на овие „изгубени генерации“ живееле во благосостојба. Имале доволно пари да одат на одмори, да скокнат до Белград за пар фармерки. Ни тогаш не било се мед и млеко, но сепак било далеку подобро од сега. Психотерапеутот, Зоран Милутинович вели дека среќните времиња на чело со Тито се само мит.

    „Луѓето освен за благосостојбата во која живееле зборуваат и за страшната диктатура. Се заборава дека таквата диктатура била возможна, благодарение на огромните кредити, кои денешните генерации денеска ги исплаќаат.

    Победничката стратегија е дефинирање на целите и прифаќање на околностите такви какви што се . Сите треба да видиме кои се нашите силни и слаби страни, да видат какви можности нуди опкружувањето и да се фатат за работа. Историјата на цивилизацијата покажува дека луѓето само така успевале во најтешките времиња. Секогаш има нешто што е тешко за издржување,но мора да се бориме.“ Вели Милутинович

    Родителите на „изгубените генерации“ не знаеја како да ги упатат своите деца во капитализмот, како да е прескокнат процесот на премин од социјализам во капитализам. Многумина на своите деца им велеле дека треба да почекааат да помине „Лудилото“ и дека повторно се ќе се врати во нормала.А всушност ни тие не сфатиле што всушност значи транзицијата. Па затоа неможеле да ги подготвата своите деца за нешто друго.Капитализамот е систем кој се заснова на страв, луѓето во капиталистичко општество работат многу за да можат да преживеат.

    Доста се жалите, дејствувајте!

    Налошо е да се заземе пасивен став и да се бара постојано оправдувања. А што друго можете да очекувате од некого кој израснал во деведесетитте години.Но никако не е добро да се глуми жртва, туку треба да се дејствува. Никој не треба да се откажува од своите животни цели,под изговор „некогаш тоа било возможно, но не и сега“. Сите треба да се прашаме како да ги оствариме нашите цели? На колективно ниво, генерациското решение е во политичката структура. Овие генерации имаат право да влијаат на сегашноста на состојбата во земјата и затоа треба да се организраат и да се развие свест за колктивните проблеми и конечно да почната да ја уредуваат државата во која ќе живеат.
     
    На Alex.T, AngieVi, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    На царот царевото, на Бога божјото - краток текст од Мирко Ѓорѓевиќ објавен во српскиот весник „Danas„ за штетните последици од поврзаноста на државата Србија и Српската православна црква (СПЦ), а спротивно на уставот.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Утрински Весник: Амин за „АМАН„-от! Или пак не? од Огнен Јанески

    „Ќе бидам многу искрен и се надевам дека така и ќе бидам сфатен, зашто вистина, во последно време верувам дека рационалното расудување на луѓето е поместено на многу незавидно ниво.

    Ги следев „Аман“ протестите коишто се одржуваа деновиве против поскапувањата на енергенсите (електрична енергија, парно и горива) и против дополнителните оптоварувања на македонските граѓани. Ги следев, што преку медиумите (традиционалните и социјалните мрежи), што од тераса, а дел и од самите места. И имам многу дилеми околу целата оваа ситуација. Дилемите не ми се однесуваат на тоа дали треба да се протестира или, пак, не. Нема да расправам криви економски и статистички дрини, туку на против, дилемите ми се однесуваат околу памтењето на граѓаните. Околу ненадејната појава на бунтовност и околу толкавата растревоженост.

    Имено, не ми е јасно, зошто ниту еден од граѓаните (со исклучок на одредени кои ги направија будали и ги казнија) не излезе на времето да протестира и да се бунтува против одобрувањето на малициозниот проект „Скопје 2014“? Велам „малициозен“, зашто неговата зла страна излегува на виделина токму последните месеци. Да, токму овие поскапувања се должат на огромните задолжувања, кои беа направени само за граѓаните кога ќе поминуваат покрај еден куп камења, столбови, куполи, бронзи, мермери и слични градежни и уметнички глупосници, да велат: „Ако! Убаво е – нека се гради!“

    Е ПА НЕКА НАРОДЕ!!! Што се бунтуваш сега? Убаво ти беше да се гради, а мислеше дека од небо парите паѓаа, или магарицата ги кака? Или од милост Владата одлучила да ти дарува струпови архитектонски и наконтени чичковци и стрини на постаменти? Оти си им убав на министрите? Оти те сакаат најмногу на цел свет, со двете рачиња раширени? Па не! Туку, оти си најдоа бунари без дно, полни со светкави материјални добра, а за сметка на твоите навидум среќни очиња, тие бунари го покажуваат дното, кое засушило толку многу, што сега мора вештачки да се полни од твоите славини од кои не тече вода повеќе!

    Не ми продавајте „пуфки“ дека бевте против „Скопје 2014“, зашто ако беше така – немаше да го имаме сето она што го сведочиме! Што мислите, од чии пари ќе се одржуваат сите фонтаништа - за да им тече водата? Од чии пари ќе се чистат оние градбетини? Од чии пари ќе се полираат бронзите? Од чии? Ама ако, па ќе се отворат нови работни места! Па да де – за 100 хигиеничарки и уште толку чистачи на вода, и толку! Радувај се ти! Оди уживај во Вагнеровите „Валкири“, гледајќи го Ацета со Буке, како си ги „прчат“ копјата, додека ти си ја свиткуваш кичмата од глад, студ, жештина, жед и од одење пешки. Се чувствуваш патриотски сега? Ти расте татковинското во тебе? Е па мене не!

    Старите многу(!) одамна рекле дека подобро е да се спречи отколку да се лечи. Ние не спречивме, а лечењето во оваа држава е ужасно скапо! Како Романците да ни се преку светот, па немаме пример да земеме од нив! Букурешт е најскапиот главен град на Балканот! Не чудете се – проверено, споредбено со сите главни градови кои ги посетив на полуостровов! Од убавини мислите? Од ќеиф? Не! Од Чаушеску и неговите луди идеи, кои ја втурнаа Романија во тежок очај и до ден денешен! Прашајте ги Романците, што мислат за нашето „Скопје 2014“, слободно. И замислете си како омиленото ви работиче во текот на денот – пиењето кафе ве чини 200 денари, а не 100 како сега! Замислете си како јадете бурек за 100, а не за 50 денари! Замислете си дека веќе не пазарувате, туку одгледувате пиперки во саксии по дома!

    Искрено мислев дека наплатата на долгот и казната за недомаќинлокот ќе ги стигне моите деца или внуци, но не мислев дека ќе биде толку многу брзо!

    Дали сум „за“ протестите? ДА! „Амин“ од мене за „АМАН“ иницијативата. Дали верувам дека ќе промени нешто? НЕ! Зашто туркањето далновод во Прилеп за да им „секне“ струјата на Скопјани не помага, туку туркањето глупост во градба од страна на сите ќе им помогне на сите. Сите за сите, а не сите за еден или обратно.

    П.С. И како не ви пречи да плаќате за нешта кои ќе ги гледаат само Скопјани, а останатите ќе имаат само разгледници од сопствената држава?
     
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Позитивно Вето

    Бидејќи е ладно, да почнам со информации за времето. По обилните снежни наноси, улиците во Скопје како и европските интеграции. Замрзнати! Втора вест која беше објавена и на твитер е дека во Македонија е толку е ладно што дури и министерот Ставревски си ги пика рацете во СВОИТЕ џебови! Заклучок? Во Mакедонија е многу ладно деновите!
    :D :D :D
    За жал од Брисел вестите дополнително не смрзнаа. Дојде и тој ден покрај Грција и “мајка” Бугарија да ги блокира нашите напори за интеграција во ЕУ. Штета што Катар и Индија не се во ЕУ ! Шеикот Калифа и Рој Субрата ќе потегнеа некоја врска за нас да се отворат преговорите. Вака јадните останавме на Аврамопулос и Младенов да се надеваме! Toa што е добро е тоа што барем Виктор Орбан и Унгарија ни се сеуште големи поддржувачи. Ете, кој вика дека авторитарни десничари од ЕУ не ја поддржуваат Македонија. Не се сите како Грција и Бугарија!

    Фуле на дипломатски начин ни кажа дека ќе добиеме датум за преговори кога ќе можеме да добиеме датум ама и тогаш може да не добиеме датум ако не го решиме тоа што не го решивме до сега! Јасно Ви е ова нели? Не? Ниту на мене. Ама има многу работи кои не ми се јасни за ЕУ. Како на пример онаа дека добија Нобелова награда за мир, а Ганди кој бил номиниран 5 пати ја нема добиено! Ако веќе ЕУ добиваат Нобелова награда за мир нека им ја именуваат како што треба. Нобелова награда за мир. За мир во куќа!

    Конечно сфатив зошто нашите европски комшии во Бугарија и Грција се несреќни веќе подолго време. Не, не е во прашање кризата во нивните земји. Несреќни се зошто на комшијата во Македонија не му умрела некоја коза подолго време. За да се израдуваат повторно решија пак да ни го блокираат отворањето на преговорите за членство во ЕУ. Овој пат во тандем. Можеби не сакаат да станеме земја членка зошто тогаш ќе има повеќе гужва за молзење на козине од ЕУ.

    Инаку јас студирав европски интеграции. Сега се чувствувам како да сум студирал латински јазик. Мртов јазик. Исто како јазикот на европските интеграции. Џабе збориме кога во ЕУ не го разбираат веќе. Само политичкиот јазик се зборува во Брисел. Ќе треба да запишам нов факулет. Зошто со дипломава за ЕУ интеграции во Македонија немам работа. И онака со диплома во Македонија немам работа. Можеби подобро е да си упишам партиска книшка. Барем така ќе ме интегрираат. Ако не во ЕУ тогаш во јавната админстрација.

    Мене лично најинтересен ми беше министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Младенов кој изјави: “Да се одреди датум за датум за Македонија.” Во превод на бугарски тоа е нешто како “Тази дупка не е дупка”. Само што нивната во ЕУ не е дупка, туку е црна рупетина! Центарот на таа црна дупка во европското соsвездие е јужно од нас и се вика Грција. Во неа мистериозно изчезнуваат пари од европскиот финансиски универзум. Вчера за жал таму освен европските пари повторно изчезнаа и македонските европски апсирации.
    За тоа време нашиот премиер како да е во космосот.

    Имаше 2 неделна шатл инвестициска дипломатија и на крај слета во болница во Хјустон. Му пишаа од тука новинарите, Хјустон имаме проблем, ама не слушнал. Познато е дека има проблеми со слухот. Не слуша ниту новинари ниту критичка мисла. Не слуша ништо друго освен резултати од анкети.

    Бугарскиот премиер и претседател како капак на се со заедничка изјава соопштија дека Македонија може да се деблокира „не преку пропаганда и маркетиншки агенции туку со реални активности за засилување на добрососедските врски“. Абе овие од Марс или од ЕУ се паднати Бугариве? Па знаат ли тие дека во Македонија само пропагандата и маркетиншките агенции функционираат! Не можеме ние туку така да се откажеме од тоа што најдобро функционира кај нас. Инаку како ќе се бори Владата против штрајкот на лекарите, АМАН или против лошите внатрешни н надворешни непријатели. Залудно ли се снимаат пропагадни пораки за тие силни кампањи кај нас. Ај што не не сакаат во ЕУ ама нека не ни се мешаат во економијата.

    Попрво Грција ќе признае Александар дека е македонски, пред владата да се откаже од маркетиншки агенции и пропаганда. Но во владата веќе имаат развиено план Б излезен директно од генијалниот кабинет на министерот за здравство. Сега ќе им направиме контра протест на бугарите и грците како одговор на нивниот протест за нашето членство во ЕУ. Протестот едноставно ќе гласи Во ЕУ според учинок. :D

    Кој не знае треба да знае дека македонски инает е лоша работа. Не може бугарите толку да не блокираат колку што ние можеме да одиме во Банско. Еве од туристичката заедница на Солун нека Ви потврдат. Таа наша желба за влез во ЕУ е нескршлива. За тоа сме мајстори во Македонија. Да правиме работи од инает. Ако не ми верувате погледнете ги ВМРО и ДУИ за законот за бранителите. Тие од инает ќе дигнат јарболи и знамиња дури до месечината. Од инает ќе не поделат по сите линии само да докажат дека можат. Од инает и на Бранко ќе му дадат пак предвремени избори!

    Така да комшии залудно Ви е. Можеби не денес, можеби не утре ама еден ден од инает ќе влеземе во ЕУ, ако не според учинок. Само тогаш што? Ако во ЕУ не ни тече мед и млеко тогаш од инает не може да излеземе. За тоа ќе треба да признаеме дека сме погрешиле. А тоа во Македонија не се случува. Но да бидеме и малку позитивни. Еве барем еднООки извојуваа една победа. Можеби гледаат само на едно око ама проектот #НеуЕУ им е визионерски!

    Неделава што измина беше и меѓународниот ден на човековите права. Би сакал да му го честитам на Душко Илиевски – Млекарот поради практикување на човековото право на слободно изразување! За малку човекот ќе попушеше затворска казна за одгледување на слободен говор!

    За крај вестите од владата дека сме спремни за преговори и влез во ЕУ! Тоа е тој владин оптимизам и позитивни пораки. Очигледно дека годинава се ни е позитивно. Прво имавме позитивна рецесија. Сега добивме и позитивно вето.

    До следното читање, Валтер од Сараево
    http://www.zdravo.com.mk/pozitivno-...aggregation&fb_aggregation_id=288381481237582
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Нова кампања со стари трикови

    Да му кажеме на Груевски „Чао бела“ или да му дозволиме да ги реализира сите замислени дела од него

    Кампањата за локални избори не' стави во голема дилема. Дали да гласаме за промена на власта и да му кажеме на Груевски „Чао бела“ или да му дадеме можност тој заедно со неговите градоначалници да ги реализира сите замислени „Нови дела“. Во кампањата, всушност, нема ништо ново. Единствена новост е обидот на Груевски, кој со шал околу вратот а ла Хозе Мурињо, се обидува да биде вицкаст на митинзите. Те Аце Петревски заспал во присуство на синот од големиот и чесен инвеститор Субрата Рој, те Гркот Бранко играл сиртаки по грчки ноти, та бил Бранко, та не бил ама да го биде, и многу други духовитости, за кои додека тој ги чита од напишаните говори, кандидатите за градоначалници и кандидатите за советници што стојат зад него, умираат од смеење и аплаудираат. А, сите зад него се нови и докажани. Михајло Маневски за советник на Град Скопје. Хурем Султанката за градоначалник на Кисела Вода, виталната и проверена Јагнула Куновска за градоначалник на Карпош, полицискиот портпарол на Битола за градоначалник на Ресен и многу други слични, способни, докажани и цврсто идеолошки определени, за разлика од оној Марјан Ѓорчев, кој не помина на внатрешниот конкурс на партијата во конкуренција со младата глумица. Сите уметници што добиле пари од Министерството за култура, од кои некои се прославија и со протестите против опозицијата, како директорката на Театарот за комедија, попозната како Шехерезада, младиот Тавијан и други, лупаат лајкови за делата на власта, во изборните спотови по телевизиите и ни кажуваат дека партијата ВМРО-ДПМНЕ за нив е вистинскиот избор. Како ново дело се пее на митинзите и изборната химна, која, како што секој може да види на сајтот на Нова ТВ, е плагијат на руската песна „Москва“.

    Но, подуховити од Груевски се луѓето на социјалните мрежи. Првиот ден кога се појави слоганот „Нови дела“, еден Албанец имаше напишано: „Ако ги остварите сите ваши дела, Македонија со сигурност нема да остане цела“? Еден друг граѓанин прашува: „Дали и кривичните дела ги броите како дела?“. А, трет пак напишал: „Секое ваше дело го имате наплатено од нас граѓаните дебело“.

    И додека македонскиот дел од опозицијата се' уште составува листи за советници, избира кандидати, се дели и доцни со кампањата како Марко на Косово, овие што Македонија ја сакаат со дела, секој ден во провладините медиуми објавуваат по цели 4 страници реклами за кои плаќаат дневно по 17 илјади евра. Ја сакаат Македонија со дела и кога дневно, покрај сета поддршка од телевизиите, емитуваат платена политичка програма за која дневно трошат дополнителни стотици илјади евра. А никој до сега не слушнал дали ВМРО-ДПМНЕ си го плати долгот, во висина од 3 милиони евра, кој остана неплатен по затворањето на сметката за изборите во 2011 година. И никој во „демократска“ Македонија не смее ниту да праша дали и како ќе биде вратен тој долг, а не дај боже и дали некој од големата партија ќе одговара за тој прекршок на изборните правила. Истовремено, додека таквото однесување на „чесните“ поминува без забелешки, еден лидер на опозициска политичка партија е осуден 7 години затвор за илегално финансирање на изборната кампања во висина од 130 илјади евра, од кои 100 илјади не ги ни земал, туку му биле подметнати пред полицијата и веднаш вратени на чесниот финансиер, а за другите 30 илјади веќе му ја продаваат куќата за да ги врати.

    Денес во „демократска“ Македонија, како и во Белорусија, имаме голема мисија за набљудување на изборите. Во Белорусија, се сеќавам, за шеф на мисијата на ОБСЕ беше поставен Антонио Милошоски. За него, веројатно, оцениле дека како човек од ВМРО-ДПМНЕ ги знае сите трикови околу изборите. И тој таму констатираше дека изборите не биле фер. Овдешната мисија, веројатно, ќе констатира дека на денот на изборите немало посериозни инциденти и нарушување на изборниот процес, врз основа на што ќе заклучи дека изборите во оваа земја, кандидат за членство во ЕУ, како и до сега, откако е на власт Груевски, беа во основа фер и демократски.

    Прашање е дали мисијата ќе забележи дека Никола Груевски, кој се колне во чесност, и дека имал образ, и овој пат ги употребува старите трикови за крадење барем на малку гласови со забуна од социјалдемократската опозиција. Директор во неговото Министерство за труд и социјална политика кој е формално претседател на партија со име Социјалдемократска и на чии партиски сметки нема ниту приходи ниту расходи со години, истакна свои кандидати за градоначалници и советници во речиси сите општини. Во таква функција овој пат е активирана и партијата Социјалдемократска унија, која е основана од човекот кој беше министер за одбрана во владата на Груевски и кој по заслуга е пратен, како кандидат на ДУИ, за амбасадор во мандатот на оваа влада. Овој трик, во политичкиот систем на Слободан Милошевиќ беше познат како „формирање приватен партиски систем на вождот“, во кој партија си имаше и неговата сопруга Мира Милошевиќ (ЈУЛ), а двајцата сопружници и го имаа за коалициски партнер д-р Воислав Шешељ. Другата опозиција беше прогонувана и целосно оневозможувана.

    Но, ако ваквите примери се само политички фолклор и доказ за „чесните дела“ на Груевски од кои тој и натаму не се срами и ги поддржува, тогаш ќе биде интересно како набљудувачката мисија ќе го оцени користењето на буџетските пари за изборни цели од страна на власта. Дали е нормално, што точно на денот на почнувањето на изборната кампања владата реши да се раздолжи кај стопанствениците и да им даде 92 милиони евра, кои им ги должеше по основа на невратеното ДДВ. Тоа се пари со кои токму пред изборите голем број фирми се спасуваа од банкрот и можеа да исплатат плати на вработените. Дали е нормално на 280 илјади пензионери на денот на почнувањето на изборната кампања да им се зголемуваат пензиите за 5 отсто кога има информации дека Фондот за пензиско е во финансиска криза, а земјата се задолжува. Дали е нормално непосредно пред изборите да се вработуваат лица во јавната и локалната администрација, па и во јавните претпријатија со дозвола на Државната антикорупциска комисија. И дали е нормално премиерот и клучните министри од владата да одат по митинзите и да ветуваат дека најавените проекти во општините и вработувањата ќе бидат реализирани со поддршка на централната (партиска) власт, а за проектите во општините и вработувањата кај што ќе победи опозицијата централната власт не дава какви било гаранции.

    Изборите во вакви земји, кај што медиумите се под целосна контрола на власта, се купуваат уште пред денот на изборите. Само дури ако овие методи не успеат, тогаш се применуваат методите познати како „бугарски воз“ или полнење на кутиите, фалсификување на записниците, заплашување на опозициски гласачи и сл. Прво ќе биде направено се' да се купи се' што може да се купи, од гласови до медиуми, веројатно само затоа што „Македонија се сака со дела“, па макар тие биле и незаконски. Но, таквите системи се познати не под поимот демократии, туку како изборни автократии.

    За жал, ништо не е подобра состојбата ниту меѓу партиите од албанскиот кампус. Нивната партија на власт ДУИ е копија на ВМРО ДПМНЕ и по демократичност и според методите за опстојување на власт. Али Ахмети кон албанската опозиција во Македонија се однесува како Сали Бериша кон Еди Рама. Командантот на ОНА, Али Ахмети, веќе десетта година живее од славата на неговата војна за промена на Уставот. Веројатно затоа ДПА на овие избори на командантот Али ќе му го спротивстави поголемиот командант Рамуш Харадинај од Косово, кој е веќе прогласен од страна на градоначалникот на ДПА во Тетово за почесен граѓанин на Тетово. Двајцата команданти ќе направат се' за да не им се замеша некој трет во бизнисот, како Руфи Османи. Затоа Теута е прекомандувана од европскиот фронт на фронтот во Тетово. И така европскиот фронт е веќе напуштен.

    Според она што сега се случува на теренот, предност имаат оние што „Македонија ја сакаат со наведените дела“, но уплашениот народ е непредвидлив и нема ништо да биде чудно да му каже уште на овие избори на Груевски „Чао бела“.

    (Авторот е универзитетски професор -Ѓорѓи Спасов)
     
  17. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Наздравје Рамковен!
    Ден после Локалните избори 2013. Избравме Дела. Славеничка атмосфера низ цела држава. Сите слават, освен македонците во западна Македонија. Струга, Кичево, Дебар, Гостивар, Тетово македонците неслават тука. Кичево веќе не е македонски град. Вчера го изгубивме, неможам да се радувам на победата која ВМРО – ДПМНЕ ја извојува во скоро цела држава. Не! Изгубивме цел град! Од луѓе кои пукаа врз нас, од луѓе кои со дилање на дрога и трговија со оружје направија пари и си купуваат делови од Државава

    http://mk4d.think.mk/2013/03/25/nazdravje-ramkoven/
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    За лажните херои и жртвите - од проф. Билјана Ванковска, колумната е објавена во Нова Македонија број 22856 | понеделник 15.4.2013.

    "Под знак на прашање би ја ставила казната (12 години за една акција со седум загинати) во споредба со пониски казни за хрватски и за српски генерали за масовни злосторства, пред кои македонските се мачкина кашлица. Но Хаг не е виновен за проширената амнестија што ја изгласаа и Павле Трајанов и мнозинството, кое деновиве паѓа во транс од родољубие

    Јавно искажаниот став дека дочекот на Тарчуловски како национален херој и најдобриот македонски син беше не само патетичен одраз на национални комплекси туку и дека е лоша порака за младите, на кои тој им беше прикажан како „морална вертикала“ и „пример за тоа како се сака/брани татковината“, веќе ми донесе популарност.
    Гасните комори, набивањето на кол и протерувањето од државата не се веќе загарантирани само за Албанците; таа „чест“ ја имам и јас. Тоа е она што ми го порачуваат кога ми праќаат слики со надгробен камен на кој пишува дека сум предавник на родот свој и љубителка на „Шиптари“ (иако не знам што е лошо во тоа да сакаш некого?). Со оваа колумна ризикувам мојот „јуначки“ народ навистина да покаже на што сѐ е подготвен. Но нека биде. Подобро да напишам колумна, отколку да јадат бурек на моја сметка или за мој парастос...
    Јохан не е и не смее да биде херој (макар и само кај македонските деца) од овие причини: прво, пред десет години никој не знаеше ни дека постои таков полицаец во обезбедувањето на претседателот Трајковски. Неговата формациска задача беше покрај претседателот, а не да биде бранител на бојно поле (ако сакал, можеби и ќе го испрателе таму?).
    Со знаење на својот претпоставен или не, извесно е дека Јохан го напушта работното место и заедно со другарите, па и членови на приватна безбедносна фирма „Комета“, како некаков Зоро тргнува во приватна одмаздничка мисија во родниот крај.
    Во говорот тој порача дека одбраната на семејството и на својата земја немале цена. Но тоа е локалпатриотизам и непочитување на прописите, па и на работната дисциплина. Да сум сега претседател на државата, не би сакала таков јунак во моето обезбедување, ама гледам државниот врв е горд на Јохан!? Поклонувањето пред споменикот на бранителите го доживеав болно, како врв на невкус, па и подбив со оние на кои јавноста им ги заборави и имињата, а кои загинаа на борбени позиции, почитувајќи наредби и воени задачи. Како може Јохан, недисциплинираниот полицаец, одмаздник и учесник во егзекуција на цивили, да биде најголемиот македонски бранител, кога таму се врежани имињата на оние што беа мобилизирани, на борбени линии, или дури и како јагниња на клање (Вејце) или живи изгореа во војнички камион (Карпалак)?
    Јохан доби казна од Хаг затоа што беше на место и со задача зад која не стоела државната безбедносна служба.

    Ако сакате, тој покажа дека во 2001 г. дел македонски безбедносни сили се однесувале како параполициски формации, небаре пандан на УЧК. Затоа и ја загубивме војната, дури и во пропагандна смисла - од недисциплина, неред, некадарност, глумење херои (со шешири и драматичните фрлања по земја никогаш нема да ги заборавам). Јохан го цитираше Гоце Делчев (!?) дека делата немале почеток и крај. Делото во случајов е убиство на цивили, луѓе што без истрага, без суд и без адвокати се најдоа на нишан. Што порача Јохан, свесен ли е?
    Дека и натаму ќе нѐ брани од „Шиптарите“? Бидејќи единственото „херојско“ дело што го има во биографијата е токму убиството на тие седуммина, уништувањето цивилни домови и малтретирање стотици селани, од кои еден почина од претепување. Иако лично мислам дека хероизам во граѓански војни и конфликти нема, сепак убивање човечки суштества, особено кога се невооружени или веќе не даваат отпор, е голо воено злосторство.
    Во целава хистерија никој, ама баш никој, не помисли на жртвите. Уште и дочекот и авионот беа платени и од нивни пари. Ниту една ТВ-екипа не отиде кај овие семејства, и не само сега туку и десетици години наназад. Истото е и со македонските жртви; барем во тоа се еднакви! Повеќе се паметат и привилегираат директни учесници во конфликтот отколку што некој покажува сожалување и емпатија со жртвите, небаре за нив постои пресумција дека ја заслужиле смртта, додека за Јохан има пресумција дека е жртва на меѓународна конспирација. За какво помирување зборуваме тука? Велат дека дочекот бил легитимен израз на македонската фрустрација од 2001 година. Да, имам и јас фрустрација. Под знак на прашање би ја ставила казната (12 години за една акција со седум загинати) во споредба со пониски казни за хрватски и за српски генерали за масовни злосторства, пред кои македонските се мачкина кашлица. Но Хаг не е виновен за проширената амнестија што ја изгласаа и Павле Трајанов и мнозинството, кое деновиве паѓа во транс од родољубие.

    Воени херои не ме восхитуваат, ама од политички страшливци ми се лоши. Заради власт, ја продадоа елементарната потреба од правда и право да знаеме што и зошто им се случи на исчезнатите, на мавровските работници, чие судење беше прекинато токму кога она неписмено начкртано писмо на Јохан стаса од затворот како поддршка на амнестијата. Во цел Уставен суд само една судијка ја зазеде страната на правото над неправото. (И ниту еден албански интелектуалец не го осуди чинот, туку дури и суфлираа во автентичното толкување). Да бев еден од мавровските работници, ќе се самозапалев на свечениот дочек. На Македонците не им е виновен никој од надвор: самите прифатија договор за ослободување од вина на злосторници, за заборав и на вистинските жртви и на оние што во униформи загинаа, а чии родители сѐ уште не знаат зошто. Живите бранители, ама и бившите борци на ОНА, се парички за поткусурување, а Јохан е згоден за политичка митологија зашто „гниел“ в зандани.

    Тој, пак, изгледа е слеп (или целосно врзан) кога едно заробеништво го заменува со друго должничко ропство на партијата што му го издиктира она писмо, па и говорот, и која сега ќе го експлоатира како свој личен „херој“. Дури и Љубе при враќањето имаше пораки за соживот и помирување (слично порача и Готовина). Јохан, пак, е влезен во „филмот“ за јунаштво (некои велат наша верзија за Аркан и Цеца) и вели дека и натаму ќе нѐ брани. Аман, немој веќе! Минувањето низ Триумфалната порта е тешка самоиронија: 2001-та беше сѐ, но не победа. Тоа беше класичен пораз на безбедносниот систем на држава како раштиман оркестар со импровизирани акции на „јуначишта“. Дочекот сепак не беше толку масовен како што сакаа да покажат. Низ градот сретнав многу нормални луѓе, кои си бркаа работа и не трепереа од восхит. Тоа беше партиска забава, слична на онаа кога ДУИ ја славеше албанската државност. Со тој декор, за жал, веќе живеам, но стрепам по секоја тепачка меѓу младите, која следува по дозата патриотски адреналин. Најодвратниот миг што го одбележа враќањето на херојот беше „интервјуирањето“ минувачи, кои требаа да кажат „хамбургер“ за да се утврди кој заслужува ќотек. Тоа е тој патриотизам и херојство, од кои се срамам. А сега продолжете да ме плукате и да се заканувате! Хаг е завршена епизода, ама на насилството не му се гледа крајот."

    извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41513959182&id=13&prilog=0&setIzdanie=22856
     
    На AngieVi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. peperutka7

    peperutka7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    91
    Не најдов по адекватна тема за да поставам вакво прашање па бидејќи видов дека тука се збори за бранителите од 2001 сакам да прашам кој деца се сметаат за деца на бранители? Дали само на оние бранители кој загинале?
     
  20. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    http://zazu.mk/ne-e-glupo-ushte-da-se-delime

    Инаку јас сум од Источна Македонија и потполно се согласувам со напишаното!
    Немате претстава каква мизерија владее посебно во тој дел на државата. Во западна и Скопје не дека нема сиромаштија, ама источниот дел е дефинитивно најсиромашниот, најмизерниот дел во државата.
    Самиот факт дека НИТУ ЕДНА фабрика не работи кажува се. Луѓето постојано бегаат и бараат чаре надвор од oваа мизерија. Градовите остануваат се попразни. Нема веќе луѓе. Само старите остануваат. А младите, тие што се иднината бегаат и не се враќаат повеќе. И тие што вадат бугарски пасоши ги етикетирате како предавници. Е мили мои ќе ви кажам едно од патриотизам не се живее.
    Јесте дека Скопје е главниот град, ама Македонија не е само Скопје.