1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Политички настани кои ја одбележаа 2010 година

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 5 јануари 2011.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Кој се политичките настани кој според вас ја одбележаа оваа година?

    Да почнам јас прва :)
    1. Името не го дадовме, ама БЈРМ го сочувавме- изминатава година направивме огромни чекори наназад во решавањето на проблемот со името, а со тоа и за нашите евро интеграции. Ако на почетокот на годината бевме на нула, на крајот на годината стигнавме до сериозен минус.

    2. Време на предавници и патриоти-Некогаш народот го делеа на бугарофили и србомани, на комуњари и вмровци, но, во 2010-та делбите максимално се вулгаризираа, па тренди беше поделбата на предавници и патриоти, Антички Македонци и Словени, преродбеници и соросоиди. Критериумите за диференцијација се јасни - тие што пуштаат лиги за преродбеничките 100 чекори секако дека се патриоти, додека сите останати кои критикуваат, дури и со најдобри намери, се предавници.

    3. Велија во пајажина, Керим во шише- иако селективно и тенденциозно, расчистувањето во медиумската сфера започна. Прв на тапет беше непослушниот Велија(кој вети дека ќе се посвети на уривањето на диктаторчичот) и неговата медиумска империја. А Керим!? Па за него не сме надлежни!?!

    4. Свилен гајтан во судството-турнато на колена, политички зависно, исплашено, дури и без основни средства за работа, и натаму тромо и неефикасно-реална слика за судството во изминатата година.

    5. Се случи народ! -Протестниот марш на опозицијата,беше сигнал дека разликата меѓу власта и опозицијата се топи. Некој рече ,, Груевски денес може да уапси повеќе луѓе отколку што може да ги собере на митинг,,. И не погреши.

    6. Лустрација - Цел закон за само еден Трендафил! Македонската лустрација е најдобрата илустрација за патологијата на преродбата. Замислете, после проверка на стотици врвни функционери, се пронајде дури цел еден - кодош.

    7. Економија-долговите кон стопанството се трупаа, буџетот го јадеше администрацијата, странските инвестиции изостанаа, енергетиката не доби сила, ама преродбата не запре! Затоа и стандардот на граѓаните почна да паѓа.

    8. Скопје 2014-Дали има ПАЈАЖИНА и во барокот? Во година во која според Владата сеуште ги трпиме последиците од економската криза, излезе проект за ново Скопје. :x

    9. Болно здравство- како да се заборавија дека во државата има болни луѓе на кои им се потребни лекови и болници, па се случи тотален колапс на здравството.

    10. Образование-Министерот со своите експериментите го поткопа образовниот систем.

    11. Охрид-Кавгите го закопаа Охрид, бисерот на Балканот, културно наследство заштитено со УНЕСКО. Среќа што дождовите престанаа, ианку политичкиот инает, Охрид ќе го претвореше во македонска Венеција.
     
    На Ashling, Dafnee, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.211
    Пол:
    Женски
    Во насловот не е прецизирано па можеме да ја прошириме темата и на настани кои ја обележија 2010 во Светот. :^)

    1. Воените провокации на Северна кон Јужна Кореа-најмистериозната и диктаторска земја на планетава а воедно и нуклеарна сила си поигрува со светските велесили делејќи ги на подржувачи и остри критичари на својата политика. Да се наеваме дека во новава година ќе имаат малку повеќе разум :worried:

    2. Најголемата еколошка катастрофа во Мексиканскиот залив-не е иректно политички настан но ја покажа бавноста на администрацијата на Обама за справување со кризи. Покрај еколошката димензија катастрофата имаше и економски последици.

    3. Џулијан Асанж-Викиликс. Во една статија прочитав дека Асанж покажа дека еден човек и една тастатура можат да фрлат десетици од светските најмоќни луѓе на колена. Мислам дека објавувањето на тајните документи на американската администрација ќе има далекусежни последици во годините што доаѓаат и можеби ќе го промени текот на зацртаните настани.

    Во Македонски рамки, 2010 како и секоја претхона во изминативе 20 години- сиромаштија, невработеност, СДСМ или ВМРО, јавна администрација, неефикасно судство, катстрофално здравство и образование. А за разбивање на монотонија годинава си го измисливме и Скопје2014 :bandit:

    4. Скопје2014-кога ќе прошетам низ центарот на Скопје скоро и да не го препознавам мојот град,ама ај тоа е мој проблем. Но наш проблем е што парите од сите граѓани на РМ се трошат само во една општина само во еден град и тоа баснословни суми на пари за скоро бесмислени проекти. Премиерот во една прилика рече, сите пари ќе се потрошат но делата(објектите) ќе останат. Несомнено, но дали има/ше потреба од сите тие споменици, згради со несреќно обрани локации и мостови наредени еден до друг на рсатојание од 500метри. За изгледот и не коментирам бидејќи нели за вкусовите не се коментира, но да се трошат толку пари во волку тешки времиња јас никако неможам да сватам :fubar:

    5. Образование-вчера како за илустрација го слушам министерот и на обвинувањата за лошите учебници, како од пушка кажа дека он неможел да ги прочита сите книги и не се разбирал во сите области за кои се учебниците :x Незнаев дали да плачам или да се смеам! Министре не си сам во министерството, таман работа да се разбираш од како што сам кажа дрводелство до хемија! Ич нема потреба ти да ги читаш има кој ама пустото на никого не му се работи. А универзитетот да го оставите на мира, и така го направивте како вечерно училиште со дисперзирање во секое село во државава.

    6. Во здравството состојбата е толку лоша што незнам дали настаните од 2010 ќе бидат најлоши или во годините што следуваат ќе биде се полошо. Изгледа ќе се лечат само тие што ќе имаат да платат ;(
     
    На BoaVista и Phyramide им се допаѓа ова.