Полицистични бубрези

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од MistichnA28, 27 октомври 2011.

  1. MistichnA28

    MistichnA28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Имам полицистични бубрези, и двата бубрега ми се полни со цисти, а во десниот има и камења.
    Оваа болест е наследна од родителите така и јас си ја имам во наследство од мајка ми,а таа од татко и ... Ми рекоа дека нема лек и дека тоа е тоа , сега сум млада не ми дадоа ни некој режим посебен на иСхрана бидејќи сум била млада и поради тоа не се очекувале никакви опасности кај мене , но со тек на време и со тек на стареењето Ќе си имам проблеми со цистиве бидејќи тие ке раста и растат, ми рекоа редовни контроли на секоја година , ми зимаат крв и 24часовна мокрача и тоа е тоа. Не сакам јас моите бубрези да чекам да се претворат во големи водени цисти и заради тоа барам чаре со некоИ чаеви,некои народни лекови и сл. Еве дечко ми ми го кажа ЗОДЕКС ЧАЈОТ,го гледал на реклама и се мислам за да го земам.... Е сега ме интересира дали некој од вас има некој ваков сличен проблем и дал го пробал овој чај и дал е добар ? Ви благодарам однапред :*
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    На MistichnA28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Penelopa123

    Penelopa123 Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, гледам дека прашањето е одамна поставено, но сепак би сакала да дискутирам со некого на оваа тема. Јас имам полицистични бубрези и кај мене се работи за наследна болест. Оваа болест прогресира релативно бавно и во просек проблемите се појавуваат околу 60 години, како висок крвен притисок, ослабена функција на бубрезите и може да доведе до дијализа. Сепак ова е статистички, а секој човек е различен, мене еден доктор од Систина ми кажа дека 40% од случаите не завршуваат со дијализа, што за мене е супер вест и јас ќе гледам да бидам во тој број. Досега во Америка е одобрен еден лек за забавување на оваа болест, но постојат доста активни истражувања за наоѓање на нови лекови и третмани, кои се надевм дека ќе донесат позитивни резултати. Се мислам да се зачленам во здружението Нефрон, како би можела поактивно да влијаам на истражувања или барем донесување на лекови кај нас. Би сакала да размениме искуства.
     
  4. PalmAngel

    PalmAngel Нов член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки

    Дедо ми имал полицистични бубрези, бил на дијализа, починат е.
    Татко ми моментално е на дијализен програм...
    Кај мене моментално има неколку цисти во бубрезите, од кои една е поголема, 25мм и во црн дроб исто, од кои најголемата е 19мм.
    Моментално правам некои анализи, па да видиме.
    Инаку, има при Институтот за генетика во Клинички, се прават генетски тестирања, за да се види дали е наследена или стекната. Ако е наследена, се бара начин да се стопира, ако е стекната, нема опасност од наследување. Моментално нема реагенси за тестирање...