Мене девојкава ми е прекрасна, гледам и други имаат постирано од неа слики. Не е се во тежината, додека некој добро се носи со тоа, не гледам оти на друг би му сметало.
IZVINI AMA OVAA ZA TEBE E POLNICKA DAJ BE NE ME ZEZAJ AKO ONA E POLNICKA TOGAS SLABITE KOSTUR LI TREBA DA BIDAT
Убавици кои го рушат стереотипот за манекенските пропорции На модните писти обично чекорат девојки со одредени мали пропорции кои се бараат од нив, а нивниот изглед е наметнат како идеал за убавина од страна на модната индустрија и медиумите. Тоа придонесува голем број жени бескрајно да се трудат да дојдат до пропорциите на витките манекенки, иако природната градба на нивното здраво тело не им го овозможува тоа. Од оваа причина, а и поради зголемената свест кај жените и потребите на индустријата, сè повеќе популарни стануваат манекенките со поголеми пропорции. Овие убавици ги рушат поставените стереотипи за манекенските пропорции. Нив не ги собира во малите фустани наменети за слабите девојки, но тоа не фрла сенка на нивниот прекрасен изглед. И покрај тоа што не одговараат на сè уште владејачкиот идеал за женска убавина во нашата култура, тие ја прифаќаат својата раскошна убавина и женствени облини. Овие девојки немаат вишок килограми, туку само се чувствуваат убаво во своја кожа, прекрасни какви што ги создала природата. Ова се дел од најпознатите од нив. Извор:кафе пауза
Според мене ова не се воопшто дебели девојки. Дебело е бре да виси сало од сите страни. Овие се само малце пополнички од манекенките. Неможе жена од 120-130 кила да облече вакво нешто и да изгледа убаво. Без навреда бидејки јас спаѓам во да се каже дебелите со мои 90 кила и знам како изгледав кога имав 60 а како изгледам сега. Не стои облеката исто. Сега се облекувам само во широко да не ми се гледа салото. Ако облечам тесна маичка на што ке личам од напред стомак, од позади газови толкави.
Не е до дебелината туку како ќе се искомбинира облеката. Во Македонија сме навикнати да ги гледаме и тие што треба и тие што не треба да се во тесни фустани и толку кратки што дури и долниот дел од тоа мини фустанче ја истакнува вдлабнатината од месото од долниот раб на фустанот. На ништо не личи. Како што може и по сликиве да се забележи, сите се добро средени и знаат што добро ќе им стои, а што не би ни требало да помислат, а не пак да го облечат. Кога посетив еден град, надвор од Македонија (не е важно кој) кој исто така не е којзнае колку развиен, точно дека речиси секоја девојка беше висока и со долги нозе, но знаеја и да искомбинираат (за разлика од кај нас што купуваат скапи парчиња облека но пак не им стои добро). Забележав прилично пополнета девојка која ме остави без зборови кога ја видов како е средена. Колку и да беше пополнета, така добро и стоеше краткиот фустан, добро искомбинирани додатоци и беше пријатно за гледање. Но се е до тоа колку општеството ти наметнива каков да бидеш. Доколку некоја пополнета девојка нема свое „јас“, нема потреба од дополнително коментирање.
Од полнички до дебели има разлика... Тие девојки кои се по 80-90 кила баш и не ми се допагаат, и не ги оправдувам што се препуштиле толку многу... А и се зависи до конструкцијата на телото. познавам девојки кои константно се фалат дека се само 48 килца а изгледаат како крави бидејки се ниски и ни малку затегнати..
Не би сакала да се сватам погрешно но јас сум малку против напишаново и затоа се обраќам со ТИ!! Како можеш да кажеш дека се запуштиле ако имаат 80 или 90 кила(па и 120 да имаат) , евентуално може имаат проблем ??!!! Или тоа е надвор од опција за зголемување на тежина?!!! Се запуштила зошто има проблем тироидна жлезда и хормонски не може да ослаби?! Или пак донесла на свет нов живот и сега е полничка - читај „дебела“ !! Извини, но не го прифакам ова !! Да не и фали нешто ??? Jennie Runk Спојлер http://www.bbc.co.uk/news/technology-22508670 јас повеќе ја преферирам нејзината убавина него на 100% анорексичната мода!!Незнам каде е убавината? Спојлер