1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полнички и убави

Дискусија во 'Слики' започната од Snow-Queen, 9 април 2012.

  1. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Се разбира дека кога го давав моето мислење, не мислев на оние со некој здраствен или психички проблем, доста е еден смртен случај на близок за да се свртеш кон утеха во храната. Зборувам за здрави личности со добар живот.

    А на сликите не им фали ништо - имаат вишок, и тоа многу :rofl:

    А сега, дека не се сложуваш, како израз на ниска култура потенцираш дека ке ми се обракаш со ТИ, а демек ако се сложуваш со мене ке ми се обракаш со што, Ваше височество, или Нејзино височество :rofl: Извини ама, просто од твоја страна... Се е вред дека не се сложуваш, ама тоа се ендноставно ниски работи веке..
     
  2. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.983
    Полничките ќе речат- да убави се, секси.
    Слабите ќе речат- Ау, сало, одвратни се, се запуштиле.
    И тоа е тој непрекинат круг.

    Мене ми се допаѓаат. 8)
    Mи имаат некоја посебна енергија и топлина. Посебен шарм.

    http://www.youtube.com/watch?v=VMxyZQfMmM4
    http://www.youtube.com/watch?v=pcuhqD5vDjY
     
    На tinan и didicool им се допаѓа ова.
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    А зошто секогаш се оди во тие две крајности- се правдаат демек имаат здравствени проблеми, или килограмите се постпородилни, или се ставаат слики од анорексични девојки како споредба за нешто што не изгледа убаво.
    Да, не изгледа убаво анорексична девојка, исто како што не изгледа убаво и девојка со доста вишок, затоа што и анорексијата и дебелината се болести, ако не беше така немаше да постојат сите тие табели за тежини под нормалната, нормална, и над нормалната.

    Мене најмногу ме нервира и од секогаш ме нервирало ова криење дека не се слабее поради здравствен проблем.
    Многу повеќе ќе прифатам и ќе те ценам ако ми кажеш дека си сакаш да си јадеш од се и тоа во поголеми количини, и дека си голем гурман.

    Такви личности имам во моето блиско опкружување и речиси секојдневно се “борам“ со нив убедувајќи да вежбаат, барем малку да бидат физички активни.
    Како се гледа дека сте “улежани“? Пробајте со прстите или со цела дланка да го допрете подот без да ги виткате колената, ако успеете значи телото ви е во добра форма, ако не значи треба да го размрдате задникот.
    И таа финта им ја правев, не го допреа подот им реков дека сега мора да ме дружат, ама не бре, ќе си умреле достоинствено дебели, нејќат ни ѓумбир да пијат, не па друго. :D
    Значи не се скратуваат од убаво калорично јадење (не дека и јас се скратувам), ама не сакаат ниту да вежбаат.

    Епа, ако сте и вие такви, тогаш или гордо носете си ги килограмите без да се криете зад изговори, или јадете ама вежбајте многу и ако не секојдневно барем пет пати неделно, па нема да имате гајле и да завидувате ако некој си купува ефтина облека, а за вас нема број, и дека тие од бутиците се многу злобни што носат само мали броеви- накратко кажано сите да ви се криви.

    Или исто познавам доста луѓе што од кога знам за нив постојано се на некаква диета кога ќе ми дојдат на гости не пробуваат од ништо, а потоа уз муабет ќе спомнат како спремале некое печење и сл.
    Па или признај или барем пази како лажеш, мислам...што да се каже на ова.

    Јас гласам за затегнати девојки кои вежбаат и внимаваат на нивното здравје, со тежина која е соодветна за нивната градба на тело.
     
    На Ann.94, Rose96, MandyLane и 8 други им се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Во контекст на муабетот....
    Сметам дека дебелината е болест, ама болест на лакомост (тука ги елиминирам личностите кои навистина имаат здраствени проблеми како на. пр. дијабет, проблеми со тироидната жлезда и др. хормонални дисбаланси и пореметувања.)

    Дебел е само оној кој сака да јаде, лакомо да јаде, да јаде како последен оброк да му е, да си мрцне од се` по малку и се оправдува со она-што да правам, што и да каснам се фаќа на мене и си продолжува да си мрцнува со сласт, дури и се смешка. А бе, ајде....

    Или како што викаш едноставно признај дека си гурман, дека уживаш во јадењето и дека не сакаш да се лишиш од одредена храна. Мислам она-сакам да ослабам, ама сакам и се` да си каснам.... |(
    Ок, касни си, ама умерено, имај исав или тогаш не каснувај се, внимавај на исхраната....морало од се` да се проба....не мора.

    Еве јас ќе го наведам мојот сопруг....во овие 8-9 год. колку што сме заедно се поправи цели 20 кг.
    Кога се запознавме беше дечко со 74кг, а сега има некои 92-94кг. и тоа овие 2 кг. ги изгуби за време на Велигденските пости. Да, само толку затоа што можеби јадеше посно, ама јадеше обилно и количински.
    И вика-како да се ослабе....едноставно- му викам-не јади и оди вежбај. :!:
    И секој ден од понеделник почнува :^)

    Од др. страна јас родив две деца, со првата бременост се поправив страшни 24 кг. :o но, за две год. се вратив на 55.
    Сега пак се борам со вишокот, имам некои 62-3 и упорна сум и сакам да се вратам на мојата идеална тежина, онаа од 55кг., ама ќе се задоволам и ако стигнам само до 58 кг.

    Ама пазам на јадење, а сум поголем гурман и од него.....всушност тука сме некаде :lol: и двајцата сакаме убаво зготвена храна, ама јас станувам и викам доста ми е, а тој-ај јас уште малку.
    И сакаш да ослебеш :^) , е па нема :!:

    И јас сакам да јадам.... и јас сакам да седнам и да се накркам квалитетно, и благичко и мрсничко да си каснам, и салатичка, ај па пивце или винце...и јас сакам...
    Ама после кога ќе одам да пробувам некоја гардероба, некое преубаво фустанче, здолниште, панталони, блуза....било што која на излог изгледа совршено, а на мене одвратно, припиено и стомакот и спојлерите ми виснале од сите страни :@ и во рацете као кечер некој.... и си викам -Лолитке, сакаш да си згодна и сакаш да јадеш...избери...нема двете. И бирам, што да правам.

    Јас не вежбам, немам време, и ова не е оправдување, затоа што со две мали деца и куќа, башка и тоа што нема кој да ги причува....ама доволна активност ми е кревењето на малиов (како што вика мм -од 24 саати, 20 ми е во раце :lol: ) и трчкањето околу него....ако ништо друго рацете ми се обликуваа и не ми висат, имам мускули :muscle:, бутки и задник колку толку обликував преку нишање на количка, остана уште стомакот. Треба стомачни, знам, ама еве признавам, ме мрзи, од секогаш сум мразела стомачни да правам. Затоа не јадам т.е. јадам, ама умерено.
    Баш вчера пробував фустани и влегов во 38 конфкц. број, а фустанот од кршетевката на син ми (ја правевме кога имаше 3 мес., а сега има скоро 11 мес.) е 42.
    И да, задоволна сум...има уште работа, ама има и напредок.

    Секој кој сака да ослабе, презема мерки.... дали ќе вежба, дали нема да јаде, дали ќе прави комбинации и од тоа и тоа....битно презема мерки.
    Останатите оправдувања се тресење празна слама.
     
    На sesilija, Espadrila и tinan им се допаѓа ова.
  5. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    И треба да си гурман, и хедонист, и се ќе пробам, и живеам за да јадам а не да јадам за да живеам. Јадам мооогу споро и во мали количини. Вчера во ресторан ме прашаа што не е во ред со храната. Мислеа дека не ми се допаѓа.
    Тежината ми е идеална (68 до 70 кг на 172 висина), но ми фали малку вежбање, колку за подобар тонус на мускулите.

    Значи, се сложувам дека лакомоста е најчеста причина за прекумерна тежина. Иначе цурите погоре се ТОП. Несакаме анорексични.
    Треба жена да е бре, не закачалка.
     
    На classy_M му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Постов како да сум го напишала јас пред само една година, не ми се верува. Бев убедена во истото, дека ако се сака се се може, ама не било баш така. Откако почнав да примам хормонска терапија, која ужасно те подувува, не само во стомак, туку и рацце и нозе и стапала и лице ......., кога си се откажал од вечерање и конзумирање на леб и се што е тесто, газирани пијалоци, а си се фрлил на возење точак , ама и од тоа не можеш многу да правиш зошто ти се слошува на улица од напор и губиш свест, кога ќе се сетам што зборев и што моментално читам умирам од смеење. Не за џабе рекле осети на своја кожа па после збори и куди. Не мислам на тебе конкрето бидејќи на никого не му го посакувам тоа што мене ми се случува, ама не знам колку си запознаена со тоа дека за одредени болести не смееш физички да си активен бидејќи болеста зема уште поголем замав(зачестено гушење и губење на свест во мојов случај). Затоа ќе кажам и јас гласам за затегнати девојки кои изгледаат како извадени од списание, но не ги судам ни оние кои заради причини кои не се по нивна волја се стекнале со вишок килограми и се борат против истите.
     
    На A.Fenty и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  7. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Сум можеби во оваа категорија со исти проблем како и Chupe и секојдневно се внимава на се живо и диво и се пијат по 3 врсти лекарста (за кои треба и витамини и соодветна храна и 500илјади чуда плус) во убавите денови, а има и такви кога бројот на лекарства се зголемува, а тоа се повторува секој ден во континуитет 12 години ...
    но тоа е мој проблем и мој живот .
    Без разлика на тоа дека сум во оваа 90кг категорија се уште можам да најдам од облека, и секако не купувам ништо скапо..Има интересни модели и има броеви колку и да звучи тоа ненормално или несвојствено!!Пешачам со кученцето минимум по 3 часа секој ден и ништо не се намалува- нема како да се намали.(мислам дека ова сепак се брои во физичка активност?!^^ и можам без да ми се свиткаат колената да го допрам подот!!).
    Но сепак има/идат денови кога на многумина ке налегнат годините и ке се натрупаат работи кои не се лесни за да се средат или да се сменат. ПОзнавам многу кои на 18 или на 25 биле шланг, на овој или на оној начин и наеднаш има крах и крај на целата „младос“ хелло на дебелина ...
    Не е се до јадењето, не е се ни до лакомоста, и навистина не е се ни до болесите.. Просто за мене девојката од горе изгледа здраво, изгледа и изгледа исполнето и убаво, и дефинитивно нема вишоци, нема целулити итн...На моето патување во Египед ми кажаа дека мајките своите синови не ги давале на слаби жени зошто истите биле најчесто неухранети и болни. Гледале невестата да е нормална и здрава на тој начин што кога ќе ги прегрнеле и пробувале да ги штипнат ако прстите им се составувале без да има дополнително „месо“ меѓу нив тогаш тоа било знак за нездрава невеста!!
    Но како што пиша Chupe ја повторувам Не за џабе рекле осети на своја кожа па после збори и куди.
    Се обратив погоре со ТИ зошто тој пост беше наменет точно за тоа кое беше напишано во оној пост од горе, и се обратив точно до тебе(Aniston), со ТИ! Ти не е знак за ниска култура (очигледно нема да се обратам со Ваше Височевство или што и да има друго на репертуарот).„Ти“ е Заменка во Македонскиот јазик и само и единствено во таа смисла ја употреби за да не те именувам како пред малку.
    прекинувам да спорам/коментирам на темава.
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Девојки ниту јас, а како што прочитав, ниту Лолита, не мислиме на оние што не можат да ослабат поради хормонски проблеми.

    Зборуваме за оние што лицемерно се кријат позади овој изговор, а реално немаат никаков хормонски проблем, туку не можат да се контролираат што и во колкава количина јадат.
    И после се` се фаќало за нив. :D
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.211
    Пол:
    Женски
    Мене ич не ми е битно дали некој е дебел или слаб, ваков или онаков, негов проблем си е, не мој. Бидејќи сум естета и сакам да гледам убави работи, мерак ми е кога ќе видам девојка или жена која што е убаво средена, без разлика дали е слаба или дебела. Имам еден куп примери од околината на слаби девојки со сон тело кои што не знаат да се облечат, па џабе им е и тело и се, иако викаат дека на убаво тело се стои, не е баш така. Од друга страна, мило ми е што во последно време се повеќе приметувам девојки кои се полнички дури и дебели, ама знаат да се дотераат и да изгледаат прекрасно. Да ти е мерак да ги гледаш, просто зрачат. Така што, се е до тоа како се чувствуваш во сопственото тело.
    Инаку јас сум од оние златна средина со некој 2-3 кг. вишок кои гордо си ги носам. :!:
     
    На girl-miri, maculencence, Blindfold и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Незнам девојки зошто се напнавте толку кога баш никој овде не ги обвинува оние девојки кои што имаат проблем со килограмите поради здравствени проблеми. Имам блиска другарка која што беше многу слаба и еве последните 2 години качи дури 20 кг затоа што пие некакви хормонски апчиња. Знам дека е речиси невозможно да се симне некое килце додека примаш таква некоја терапија така да воопшто не ги обвинувам девојките кои што имаат вистински оправдана причина за вишокот килограми.

    Ќе се сложам со останатите дека и мене ме нервираат девојките кои што сакаат да јадат и тоа обилно јадење, од се да се бутне во уста, некои дури не гледаат што ќе им дојде при рака па мешаат се што ќе најдат од солено, кисело до благо итн.
    Ме нервираат првично затоа што воопшто не водат сметка за нивното здравје, притоа сите органи па и срцето им се во сало, немаат сила ни кондиција за да одат 5 минути, е тоа ти е чиста болест. И да бидам толку нездрава и незадоволна од својот изглед само заради храна неможам да си дозволам.
    Од една страна ги сфаќам затоа што и јас самата сум гурман, но решението не е да се откажеш од јадење туку да балансираш. И јас имав неколку вишок килограми на времето па пробав со УН диетата но сепак не успеав да се придржувам стриктно до неа па едноставно намалив јадење а навечер не јадев после 8 и резултатите за неколку недели беа видливи. Касни си од се што ти се јаде, по еден залак-два-три и толку.
    Некои луѓе се зависни од храна исто како што наркоманите се зависни од дрога. Буквално е така, и тука веќе станува збор за прекумерно јадење на психичка база.

    Од друга страна многу ме нервира што во секојдневниот живот многу ги омаловажуваат полничките девојки, баш некој пост погоре една девојка имаше напишано дека и висело салото и изгледала како крава, тоа е веќе навредување без основа. Или пак дека ако е дебела по дифолт мора и да биде несредена што е апсолутно неточно. Тоа се некои глупави стереотипи а и комплекси, зошто не гледам причина до толку да ме погоди нечиј изглед за да го именувам со толку погрдни зорови. А оние малку послабите тие обавезно се нарекувани костури, булимични, питачи - зошто немале што да јадат, ко од Етиопија да се дојдени итн. Мизерија сме како народ, навистина.

    Да резимирам, во едно сум сигурна а тоа е дека ни тие што се ''анорексични'' ниту тие пак со вишокот кг не се среќни. Затоа секој треба да си го мрдне и испоти газот за да дојде до посакуваното нешто и да живее нормален живот пред се заради неговото здравје а потоа се останато.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Срценце многу ја сакам и многу ми е убава. :* :inlove: :inlove: :inlove:
    I :l: ADELE! :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • th.jpg
      th.jpg
      Големина на фајлот:
      20,8 KB
      Прегледи:
      741
  14. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Никогаш не сум ги ценела луѓето по тоа дали биле малку пополнети или не.Сепак не е исто да јадеш нормално и да бидеш малку поплнет и да јадеш прекумерено, не е здраво.
    Ако се чусвуваш слободно и убаво во своето тело зошто да подпаднеш под влијание на општеството?
    Подобро да имам некое килце плус откулку да сум коски и кожа :!: Облините се секси!
    Еве јас сум гурман и уживам во храната, но сепак не претерувам.Секој си има свој живот и никогаш не би рекла за некој зад грб ,,Колку е дебела" |( |(
    А го слушам тој коментар секој ден...И што ако е? Твој проблем? НЕ!
    Како што кажав самодовербата не е во тоа како изгледаш туку како се чуствуваш во својата кожа!
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На hermosa, aaaaa, figgiMK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    И јас сум во тие јадачите, ама ем јадам ем вежбам. Воопшто не кријам што сакам да јадам. И се сакам да јадам. :D Посебно благо. Гурман сум, и кога седнам на маса сакам да си се најадам. Ама, трипати неделно поминувам по 20 километри со точак, и плус дома вежбам стомачни и вежби за рацете.

    Мене лично не ми сметаат луѓето со вишок тежина, и јас бев буцко до пред некоја година, и знам како е до некаде. Често се случило тие да се подобри личности отколку другите. Се додека не им штети нивен проблем. Ама ете, комшивка имаше проблеми со срцето па најде начин и ослабна. Едно дете од генерација исто магично ослабна за неполни шест месеци. Дваесет кила можеби. Доказ дека кога се сака - се може. Оние кои едвај одат веќе, и ми се жалат дека не може, воопшто не ги поднесувам.
    Убаво е кога ќе се види полничка жена, ама без сало и остали висечки нешта да се подаваат од секаде.

    Овие што ги постирала Cacy мислам дека не се дебели, туку само полнички. Сепак има разлика. И овие многу симпатично изгледаат. Добога, живи суштества сме! Имаше еден модел, со облини, со вишок килограми, а сепак совршена беше.
    А на некои девојки, па и машки, им личи дебелината. Некако високи се, стројни и да ослабат ќе бидат ко некои костури. На пример мене. Јас имам вишок 5-6 килограми за мојата висина, ама на градбата не ми личи. Лани ослабев многу и страшна бев.

    И да, среќата не е во килограмите. Кој ја прочитал Дебела, бисквити, чипс и љубовна болка знае. Лада не се чувствуваше посреќна кога ослабна. ;)
     
  17. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Убавината е релативна работа и е во очите на оној кој ја гледа. Ама искрено има разлика од полничка девојка која има стегнати облини (вежба и е активна) и дебелка девојка која не мрда од кауч. Дебелината си носи со себе салце и целулит, апла е дека сите девојки кои сте ги постирале погоре се испеглани во бутовите и нозете и сите оние наши критични места. Се сложувам дека сите девојки си се убави на свој начин и дека убавината и сексипилот доаѓаат од внатре, од односот кон другите и енергијата која ја зрачиш, а не само од надворешноста и килограмите, но на прв поглед сите го забележуваме надворешното. Свесна и сум сама колку плитко звучи ама верувам дека си има некој стандар за згодни девојки (згодни не убави). За мене едно е згодно друго е убаво. ;)
     
    На theowndemon и Ilinaaa им се допаѓа ова.
  18. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
  19. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Полнички се и прекрасни се!
    П. С. Не ли сте забележале дека поголем број од полничките девојки имаат прекрасни фигури на ресочен часовник???? :inlove: :inlove: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови: