Инспирирана од дискусијата пред некој ден во СДК решив да ја отворам темава. Доколку е глупа или не е соодветна подкатегоријата преместете ја, избришете ја. Дали ви е битно дали ќе одите кај машко или женско медицинско лице? И зошто? Дали би оделе кај гинеколог женско, или пак кај гинеколог машко? Дали се чуствувате по опуштено кај машко или женско? Дали некој ви се меша (маж, дечко, родител итн) кај кого ќе одите на преглед? Имам слушнато примери каде што женско се прегледува само кај машко медицинско лице. Имам слушнато каде што мажот забранува да оди кај машко медицинско лице. Имам слушнато каде што женско се прегледува кај женско, бидејќи така се чуствува посигурно.
Не ми е важно искрено, важно ми е само да е стручен докторот. Никогаш немам бирано према пол доктор. Иако непишано правило е, но скоро 90% од времето за било што да сум била на преглед, претежно сум била кај докторки, зошто жените се позастапени во медицината.
Во анкетата фали опција Не ми е битен полот туку стручноста и квалитетот што го поседува медицинското лице. Јас лично бирам според тоа, не според полот.
Ме интересира стручност, не пол. Гинеколог маж, стоматолог маж, општ лекар се менуваат двајца и жена и маж. Така се погодило.
Isto mi e samo da e strucen. Koga bev bremena izbrav zena em strucna em e po socuvstvitelna vo toj pogled. Mozi mene taka mi se pogodi.
Гинекологот ми е маж, сега отиде во пензија па на негово место е жена, стоматологот ми е маж, матичниот исто. Пред да отидам некаде барам на форумов или на нет за препораки, се јавубам по пријатели, никогаш не сум барала по пол. Еве маж ми на пример го приметувам дека ако е за посериозно - срце, глава сака маж доктор, а ако е за земање крв сака кај женско а не кај машко, понежни му биле
Од искуство како стоматолог, маживе сакаат жена за правење заби, а маж за вадење заби. Некоја глупа психологија. Имам неколку пациентки кои барале исклучиво женски доктор, и иако не сакам да пропагирам стереотипи, се работи за муслиманки, па сами направете си математика зошто барале жена доктор. Јас лично одам кај каков доктор ќе ми се падне. Не сум приметила некоја разлика помегу половите за да речам дека едните се подобри од другите. Конкретно за гинеколог, матичната ми е жена, истата ми е од прво одење на гинеколог на 16-17 години. Тогаш се сеќавам дека сум размислувала дека не сакам кај маж, сега сеедно ми е, сум била на приватен преглед кај маж бидејќи кај него имаше слободно, сеедно ми беше.
Кои предрасуди се ова за маж или жена стоматолог, страшна работа Кога би знаеле само дека нема врска толку силата туку фатот и знаењето ама ај. За другиов дел низ долгогодишно раб. искуство имам приметено дека кај нив жени пожелно е жена да ги прегледува, а маж исклучиво маж доктор, дека ако е жена не ја ни сфаќаат до толку озбилно, како да не сакаат од жена ум и совет. Не се сите со вакви гледишта и стереотипи ама ете си спомнала и јас ги имам приметено како такви појави. На темава не ми е гајле за пол, име, од каде потекнува и што и да е таму. Најбитни ми се стручноста и како ќе се постави кон мене, дека има некои престручни а катастрофален им е односот.
Сеедно никогаш не ми менувало. Гинекологот мој е маж, стоматологот маж, матичната жена, офтамологот жена…. Тие ми се за редовните прегледи и ништо од тоа не ми е бирано по пол, туку поради низа други фактори. Имам приметено лично јас, можеби е само моја перцепција и мое досегашно искуство, женските гинеколози како да се малку понежни во прегледите. Претпоставувам тоа е дека како жени знаат точно колку е непријатно, осетиле на своја кожа. Ама пак ќе речам може се лажам може тоа е само моја перцепција од досегашни прегледи.
Само на заболекар бирам маж и си имам еден ист што одам зошто е специјалист Инаку не ми е битно дали ке се погоди маж или жена битно ми е да си ја заврши работата
Повеќето жени што ги познавам не одат кај маж гинеколог поради тоа што имаат забрана од нивните мажи. Тука се наметнува прашањето како може сопруг да одлучува за здравјето на сопругата. Будали жени, створ им ги крши сите права. Никогаш не би била со таков створ. Со три раце би потпишала развод
Не ми забранува никој кога станува збор за пол на медицинско лице. По некоја случајност и гинеколог, стоматолог, матичен па и педијатар, сите ми се погодија машки и не се чувствувам нелагодно, тоа им е работа, а и некако со нив подобро ми оди комуникацијата Без навреда ама лично сметам дека во оваа професија постручни се мажите
Не сме во камено време, не е во половиот орган во умот е. А тие што не зимаат ум од жена полека се требат, мина тоа време, јас сум медицинско лице и никој ме нема дикриминирано.
Порано многу ми беше непријатно да одам ка маж гинеколог. Не знам зошто, едноставно ми беше. Е, кога дојде време за пораѓање не ми беше битно дали е маж, жена или еднорог, само да помине се како што треба. И сега веќе е така, не ме занима пол, само да е добар доктор
Џабе бирате гинеколог маж, кога ќе се породите во визита цела сурија доктори ќе ви поминат можеби од нив пет ќе бидат мажи, една жена. Мене воопшто не ми е важно пол, важна ми е стручноста. Во бременоста па мислам од Систина нема маж гинеколог што не ми ја виде , баш ме брига
Најважна ми е стручноста и односот нормално, полот ич. Гинеколог имав матична жена, сега имам маж таа замина во пензија и тоа само една година е постар од мене и што има врска, знам дека учел и дека е стручен. Нему тоа му е работа. Општ имав и маж и жена, мажот дојде пред кратко време но сега пак замина на усовршување, ок ми се двајцата ама мажов беше многу повнимателен во се и поубав однос имаше., може дека нов и млад. Стоматолог жена, не би ја менувала за ништо. Како и да е кога недај боже одиме итно, само да е стручен доктор, тогаш не може да бираш пол.