Не ми е битно дали докторот е жена или маж битна ми е неговата стручност и професионалниот однос кон работата а не само да го истера работното време. Општата лекарка ми е жена. Гинекологот ми е жена. Стоматологот ми е маж. Имав општа лекарка која воопшто не се грижеше за моето здравје, за обична настинка добивав антибиотик, крвна слика непознат поим а за други некакви испитувања да не правиме муабет. За среќа ја сменив и имам одлична матична сега која се грижи за моето здравје а не да го протурка денот со кафе и цигара како претходната. Гинекологот ја избрав по препорака на другарка и презадоволна сум. Стоматологот исто така по препорака не се откажува од забот се додека има и мали шанси да го спаси, за разлика од претходната која пола заби ги умртви за да не се мачам наводно јас. Од моите примери може да се види дека не е битен полот туку професионалноста и стручноста. 21 век е не ги делете лекарите со такво делење може само да се западне кај некој што не е стручен.
А ако медицинското лице е транвестит преферирате тоа да е доктор преправен во докторка или докторка преправена во доктор? И што ако не познаете дека вашиот омилен доктор е всушност докторка и обратно?
Стручноста и професионалноста е важна а не полот, не само во медицината туку и во многу други области. Најважно е здравјето и да се реши проблемот, не ми е јасно како на некој би му било поважно да пребира пол заради разни причини. До сега повеќе ми се погодиле жени но тоа е така веројатно затоа што се по застапени а не дека сум бирала. Никој нема право да ми се меша кога е во прашање моето здравје и моето тело. Маж да се обиде да ми наложи промена на лекар само заради некое негово заостанато сфаќање, поверојатно е дека мажот ќе го сменам а не докторот.
Многу побитно ми е докторот да е стручен и да си ја знае својата работа отколку неговиот пол. Не ми е воопшто битно дали е машко или женско туку да знам дека здравјето го препуштам во добри раце.
ни мене не ми е битен полот, точно дека пред жена сигурно полесно би се соблекла и да ми е гајле, ама стварно не ми е битно.Како и на сите погоре, побитно ми е да го/ја бива во тоа што го работи него што има меѓу нозе
Полот не ми е битен, порано се срамев на гинеколог да одам ама сега после толку прегледи отрпнав и не ми смета дали е машко или женско.
Matichen lekar-mashko Matichen stomatolog-mashko Matichen ginekolog-zhensko Me poragjashe -mashko Bitno mi e lekarite da se struchni vo svojata bransha I da Im veruvam 100% a Dali se mashki ili zhenski koga Imam Maka ich ne mi e gajle.
не читам назад, само ова ќе ви го кажам, прва бременост ме следеше др... ај не кажувам кој, во Ремедика, и како одминува бременоста така си зборуваме поопуштено секој преглед и дојде ден за раѓање ми вели: жена гинеколог никогаш нема да биде подобра од маж гинеколог, зошто? затоа што таа сама си ја нема видено, па туѓи ќе прегледува
А неврологот може да биде жена или и таму се постручни мажите?Или како целина во сите специјализации збориш?
Како детиште сум мислела само машко да не е посебно гинеколог. Ко се омажив др град никој не знам не па доктор и ми препорачаа машко гинеколог (веќе бремена) и така јас си викам како ќе одам , како ќе се соблечам Ама едно време си реков абе ај матичен ќе изберам жена ама ко ќе дојди ред за раѓање ако е ноќе пример кој ќе ми дај да бирам и ете срам не срам отидов прв преглед кај машкиов па тоа опуштање , па тоа објаснување абе цела бременост да ти иде секој ден да одиш само за да го слушаш за ништо не би го сменила! И да машко беше на пораѓај во 1 по полноќ Општ лекар моментално машко , ми биле и жени од некои задоволна од некои не. Стоматолог жена ми беше односно иста ординација со сопругот и мј се деси да го вика за помош при вадење заб ... Така да се на се мислам стручноста и спретноста е најважна
Кај мене сите матични ми се жени освен стоматологот. Бившиот гинеколог ми беше маж, ама го сменив со жена поради стручност. Немам никакви предрасуди дали е маж или жена. Битно да е стручен
Тоа што го мислам го напишав доволно јасно и од мое лично искуство и не ми се продолжува дискусија која ќе отвори расправии, овде тешко можеш да оствариш нормална дискусија без навреди и препукувања. Поз
Бирам според препораки. Матичната ми е жена, стоматолози сменив многу, сега ми е жена по двајца мажи, и уште една жена специјалист, гинекологот маж, за скрининзи кај жена одев. На пораѓај во сала имаше бели мантили и униформи зелени, мажи жени не паметам од паника.