Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полот кај медицинско лице

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од edna_malecka, 28 јуни 2022.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    26.166
    Пол:
    Женски
    Искрено , доколку лицето ја врши соодветно стручно својата работа , не ми е битно дали е маж или жена во прашање . На пример , матичниот стоматолог кога бев дете ми беше маж . Се беше добро , додека не прими на работа девојка која во тоа време беше стажистка . Девојката немаше искуство ( што е секако нормално , и се трудеше да биде коректна , меѓутоа не ме слушаше мене како нејзин пациент , беше малку своеглава ) па по еден инцидент , развив фобија да одам на стоматолог , се додека не се префрлив кај новиот матичен стоматолог , кој е маж . Искрено , работи како ќе му кажам . Од прво седнување знае дека имам лошо искуство и знае дека сум " б'згајца " па се труди психички да ме опушти пред воопшто да отворам уста за работа ( иако секогаш барам анестетик , дури и за најмала поправка на заб ) . Накратко , важно ми е како пациент , да бидам сослушана и доколку нема компликации за она што го барам , да биде исполнето моето барање , во овој случај новиот матичен стоматолог е секогаш тука за своите пациенти , секогаш ги сослушува и исполнува барање ( за анестетик , лек , вадење заб , буквално прави она што го барате од него ) . Се додека не отиде во пензија , не го мењам дефинитивно :D .
     
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    11.063
    Важна ми е стручноста и успат и енергијата. Бидејќи дали сум на преглед или третман, важно ми е да се чувствувам сигурно и опуштено, а не негативно и исплашено.