Уште ли не разбравте дека овие вашите што ги дадовте како предлози не се за овие сегашниве ..они се праат јаки типкици ..ко божем 20 годишни да се . и да ајде кажи дали сакаш по конкретно или несхо по секси со штикла еве на оваа тема има интересни фустанчиња како за на штикла со секси фустан а има и нешо поконкретно moda-i-stil/fustani-t1186/
Јас нема да дискутирам за тоа дали треба да се носи штикли и како треба да се облече на полуматура.Кој како сака и на кој како му е убаво така нека си прави. Инаку јас за мојата полуматура бев во вакво фустанче само црно (на сликата некако грго изгледа но стварно преубаво стои) и во сандали на полна пета а косата ми беше нешто вака.
Девојки годинава сум полуматурантка а за полуматурската вречер сакам да носам некоее спортско фустанчее.го пребаравв целл гоогл и неможев ништо да си најдам. имате вие некој предлози.?
еее и јас прошлата година бев полуматурантка и баш ме потсетивте сега на се.Исто како и вие и јас два месеци однапред се мислев што да купам како..ова-она...дали да ставам надградба на нокти(не ставив на крајот)...но кога додје да се купува јас купив едно обично цветно фустанче со фарбелчиња од половината надолу не беше ни премногу кусо не беше ни како мантија..горе беше со корсетче....и на нозе носев римјанки..косата ми беше извиткана со преса(иако за многу брзо ми се пушти). јас до искуство ви препорачувам да не си ја „бубате“ многу главата за полуматура.излезете и тоа што ќе ви се допадне(и ќе ви стои убаво нормално) да си го земете.штикли мислам дека не мора да носите,но ако ви се прави ќеф носете за другарската.ќе видите се ќе ви помини како на сон.паа кога ќе ви поминат полуматурите пишете како поминавте што купивте и слично. еве и неколкуу предлози за фустанчиња за кои јас мислам дека се прикладни за полуматура.
Од кај да почнам сега. Вака прво: Јас си одлучив на полуматура да не носам фустан.90 % од девојчињата носат фустани, 2-3 модели се вртат, само со различни шари.Е, сега вакви некои комбинезончиња мислам да носам: Спојлер Како прво затоа што поубаво мене ми стојат, а и не сум многу навикната по фустани, попријатно ќе ми биде вака.Може и некоја кошулка и шорцеви ама чисто сумњам. За обувки, сандали најобични, да можам после цело лето да си ги изнаносам, евентуално на плута, ама тешко да ќе најдам.Во Бата заглеадав едни многу убави, бонбона беа ама 6000 бре мајката.Јас за 6000 свадба ќе направам. За фризура, тетка ми е фризерка па што знае нека прави и пусти , и верувам на неа.За шминка и онака не планирам многу, креон, римел и сјај.За педикири, маникири сама ќе се средам, еднашка отидов нокти да ми цртаат, 200 денари дадов, а не беа ништо посебно, поубави сама ќе си ги направев.Надградба да ставам за 3 дена ќе ми отидат.И така. Совет: Не се кинџурете многу на 15ка штикли и минич до п*ч, не си правете фасади на лицето и бидете свои!
Супер ти е идејата.убаво размислуваш,и подобро да се издвоиш од другите,отколку и ти да бидеш во фустан како и сите останати.
За мојата полуматура имаше премногу теткести девојки Јас носев едно кремаво цветно фустанче без рамки, а косата ми беше со 3 внатрешни плетенки од левата страна и пуштена на десната страна( се надевам добро објаснив ) Гледав баш минатата година слики од една полуматурантка која воопшто не личеше за своите години! Превисока штикла, пресвечан фустан кој ни матурантките не би го носеле. Мислам дека треба да се облечете прикладно за своите години, ќе имате време да бидете тетки и да носете штикли од 15цм. На нозете можете да носите сандали на не многу висока плута, таман колку за нозете да ви изгледаат подолги.
^ова фустанчево мене воопшто не ми изгледа како за полуматурантки..иако знам дека 90% од девојчињата од моја генерација ќе носат такви фустани..јас си купив една сукњичка и бела блузичка..а за нозете си купив црни балетанчиња..еве вака изгледаат сукњичката и блузата.. блузата е слична на оваа..бидејќи и мојата е така малце чипкана
Јас си купив едно темно плаво фустанче од Еуро Азија, сега скоро. Ништо од моите филмови да си шијам, па после ќе сум купувала од Њу Јоркер (немаше моја големина), па си викав нема фустанчиња за мене тука, морам маичка и сукња, али на крај си го најдов моето прекрасно фустанче, не е ни многу наџиџано, ни многу обично. А за тоа дека сите можат да го имаат.. веќе не се замарам, само мене вака ке ми стои
Да не е едно нагоре тегет, а надоле цветно? И јас го бендисав тоа. Ама го уште немам купено. Можеби ќе се предомислам.
премногу нефкусни фустанчиња не ми изгледаат ни за матура а камоли да ги носи некој кој што има 14 години.Некое така елегантно да не биде премногу шарено кратко и едноставно.Некои за полуматура носат и штикли јас тоа не би носела бидејќи би изгледала како девојка од 18 години. -_-
Сестра ми купила црвено фустанче (баш е весело) и горе има прерамки а надоле е цело пуштено слободно да паѓа и има со него коланче, многу убаво стои. Ќе носи црна ташничка и црни чевли, и уште нешто ќе искомбинираме.