Поминаа 5 години - не го преболев!

Дискусија во 'Разделби' започната од Silvija.S, 18 декември 2009.

  1. Briana0086

    Briana0086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    8
    Imav vrska koja traese skoro 6 godini. Pred 9 i pol godini za golema glupost se ispokaravme, raskinavme, ne zboruvavme nekolku dena, otidov na odmor i koga se vrativ zapoznav nekoj, a vo isto vreme i toj zapoznal nekoja. Od inaet za nego, (ili deka se cuvstvuvav osameno, ili sto znam) posle samo 2-3 meseca nova vrska se omaziv, a toj posle 2 godini se ozeni.
    Ne mozam da vi go opisam cuvstvoto koga samo sto se omaziv go vidov bivsiot decko vo ist restoran. Srceto mi zastana, placev vo sebe, mislev na nego, go zamisluvav nego pokraj mene koga vodev ljubov so soprugot. Posle mi se rodi dete, malku prestanav da mislam na nego, a i ne go gledav cesto. Se razvedov od soprugot posle 5 godini i mislam koga prv pat izlegov sama, naletav na nego. (mojata prva ljubov) Zastanavme, mi ja drzese rakata 2-3 minuti, mi ja bakna, zbruvavme polovina cas (ova bese na ulica), se isprasavme eden so drug koj sto raboti sega i kako e, iako mislam ako da mu recev da odime da sedneme nekade, ce prifatese. Dodeka zboruvavme telefonot mu zadzvoni, toj ja ignorirase zena mu. Razmenivme telefoni, no do sega nitu ednas ne se osudiv da mu se javam. Na razdelba mesto obicno doviduvanje, me gusna i me bakna na obraz. Toj den ne mozev da spijam. Mislev na nego. Pred nekoe vremed pak go sretnav. Dodeka zboruvav so nego i se smeevme, bivsiot soprug pomina so segasnata sopruga i ne vide. Se cuvstvuvav prekrasno deka ne vide. Za polovina cas jas otidov doma, i toj mi se javi da me prasa ako sakam da izlezeme na kafe. Rekov ne, izmisliv deka imam nekoja rabota. Ne sakav da izlezam, ke bese mnogu tesko za mene. Se uste ne go prebolev, a i den denes nekoj prijatel/ka koga ke me sretne ke mi kaze nesto za nego, go videle, vamu bil, tamu bil so onoj.
    Znaci ne samo 5 godini, tuku vo mojot slucaj 9 i pol, jas se uste ne go prebolev, i se uste go sakam!
     
    На Gaabbii, N.Kety, UbavkaBube и 4 други им се допаѓа ова.
  2. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    292
    ^^^леле колку е тешка љубовта :(
     
    На ProkletoZaljubenaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. senza.parole

    senza.parole Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    2.757
    Допаѓања:
    15.567
    Пол:
    Женски
    Уфффф, стварно е комплицирана љубовта :(
     
    На ProkletoZaljubenaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    114
    Да ти е**м љубовта...по контрадикторно нешто нема! Кога ја немаш и си разочаран од неа си велиш "кој ја измислил раце да нема" а кога ја имаш и си задоволен/а си викаш "кој ја измислил рацете да му се позлатат"...средина нема...или ти дава волја за живот, или не ти се живее...ненормална работа...не е за џабе најголемата инспирација за се во животот, песни, книги, филмови, или едноставно-за живеење...ах таа љубов, само проблеми ни носи.
     
    На ProkletoZaljubenaa и WiseGuy им се допаѓа ова.
  5. DzamPolat

    DzamPolat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    0
    Помина 1 година - не го преболев!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
  6. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    По прекинот на подолгите врски, треба и подолг период за да се заборави тоа што било..Јас еве ке ви кажам моја историја... Имав дечко 3ипол години, врската беше совршена, ама беше врска на далечина последната година, зашто кога завршивме средно секој си замина во својот град. Одалеченоста беше огромна и јас тоа неможев никако да го сварам..Сакав почесто да се гледаме, а него приватната работа не му го дозволуваше тој `луксуз`. И решив да ставам крај. Тој за да не ме изгуби ме побара за жена, јас го одбив (и ден денес незнам зошто не го прифатив предлогот), сменив тел број, го извадов од сите контакти, почнав да излегувам со другарките и најдов нов симпатија. и почнав нова врска,ама уште си го сакав него, мислев на него, ама пуста гордост не попушта. Кај што плукам не лижам, е тоа правило ми даваше сила за понатака. И еве ме сега мажена сум за истиот човек со кој ја пребродував таа разделба. Си го сакам најмногу, неизмерно многу ми значи, имаме златна керкичка, АМА ден денес се сеќавам на бившиот. Некои личности оставаат таков печат на нас и нашата душа, што е невозможно да ги заборавиме, само треба да научиме да живееме без нив, да се помириме дека и без нив е добро и да ги пуштиме да останат таму каде што им е местото - ВО МИНАТОТО. Џамполат не мисли на него , фрли ги сите слики, мечки, поклони, се што те потсеќа на него, не излегувај на места кај што сте оделе заедно и почни да бараш нов симпатија. КОга ке се окупираш со ново нешто, забораваш на стариот проблем. Ти посакувам срека :*
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3.561
    Допаѓања:
    23.972
    Пол:
    Женски
    <object width="425" height="349"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/4YMzzhOMjAY?fs=1&amp;hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/4YMzzhOMjAY?fs=1&amp;hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="425" height="349"></embed></object>

    Кога ја слушам песнава плачам како мало дете зашто се молам на бога да не се најдам во истата ситуација. 6 години и 2 други врски потоа јас се уште го сакам него...
     
  8. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Знам дека е тешко да се заборави некој,исто и јас бев во ваква ситуација и се трудев да го заборавам 3 години.3 е*ани години(со извинение на речнникот)трошев време на една будала,па дури и се карав за него али наивна тогаш...запознав едно момче преку интернет во моментот кога ми беше многу тешко и немајки друг излез морав да се искажам за да ми биде полесно.Тој ми помогна да го преболам за најможен брз начин,и ен ни помислував на него(поминаа 3-4 години од кога го видов последен пат)и погодете што?овој испадна поголем идиот од претходниот.Поминав пеколни две години речиси со него али онака пријателски ама го сакав и копнеев по него.Случајно една вечер се запознав со момче преку интернет(пак)и му кажав како стојат работите со мојот живот.
    Феминки,верувајте одкога го запознав животот ми се промени.Премногу ми е убаво со него зошто дозволив самата да ми помогне.И ми помогна,беше покрај мене кога сите ме напуштија,не даваше да заплачам,не даваше да се нервирам,секогаш ми помагаше без да побарам помош од него,зошто знае како дишам,кога сум во депресија заради некои проблеми,кога сум срекна и на бившите не ни помислувам,а и кога ми кажат нешто за нив јас се смеам ко да не ми значеле ништо,ко да не сум ги познавала.
    Треба да дадете шанса на сегашниот партнер да допре до вас,да се чуствува дека е дел од вас а другото се само по себе ке си дојде. :)
     
    На ProkletoZaljubenaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sunnygirl

    sunnygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    19
    Девојки, девојки :D :D :D
    Па зошто сте влегле во нова врска ако не сте ја преболеле старата?
    Понекогаш и јас се чувствувам носталгична кога мислам на минатото и на врските ама тие се минато.
    Затоа што имате нова личност во вашиот живот, и уште поважно заради себе морате да ги оставите таму!!!
    Јас неколку години бев заљубена во дечко што оддвај ме погледнуваше. По цели ноќи бев будна, пишував поеми и писма (кои никогаш не му ги праатив). Секогаш кога имав можност го гледав и тоа ми беа моменти ми беа многу важни. Многу ми беше важен, тој ми беше инспирација. И еден ден се разбудив и си реков доста беше, веќе нема да се замарам со него, немам чувства за него. И знаете што? Супер ми беше!!!! Се што ме потсетуваше на него го скинав и го фрлив во ѓубре.
    Сега кога ќе го видам се смеам слатко. Ич не зажалив. Сега сум во долга врска, ни јас не памтам колку долга и работиме/зборуваме за бебе и да го потпишеме тоа ливче што и официјално ќе не направи маж и жена :rofl:
    Девојки, животот е преубав, препрекрасен и не знам кој друг збор да го употребам за да ви кажам колку може да ви биде прекрасно да се биде со некој кој ќе ве сака. Има само еден Г-дин. ВИСТИНСКИ и ако поранешниот дечко не бил тој дадете си шанса да бидете среќни покрај некој друг!!!
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elena1347

    elena1347 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    стварно не ми е јасно, но морам да искоментирам... како можеш да го немаш преболено??? мажена си, имаш маж кој сигурно те сака, и прекрасно дете??? зошто тогаш си се мажелаа??? или сум јас премногу патриахално воспитана или вие сте премногуу модерни?? ако нешто што треба да направиш е мислите што ти се насочени кон таа особа, можеш слободно да ги насочиш кон својот маж и тоа сонцето што го имаш дома. наместо да се бориш со тоа да го преболиш, слободно почни повеке да ги љубиш домашните повеке... извини уште еднаш што си дадов дозвола да искоментирам
     
  11. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    66
    Прво сигурна ли си дека го сакаш?
    Зборот сакам е голем збор. Можеби само се присетуваш колку убава ви била врската,можеби немаш сеуште имано таква,но тоа не значи дека мора да си сеуште вљубена,можеби само сакаш нешто подобро од оваа врска што ја имаш сега.
    Сепак ти си знаеш најдобро јас ова ти го кажувам од сопствено искуство долго време мислев дека сеуште сакам едно момче во кое бев вљубена,но на крај сфатив, не сум вљубена во него, само немам запознаето некој добар колку него. И викаш го сакаш сегашното момче што тогаш? Биди среќна со него не прашувај за кога ќе се венчал. Тој преболил направи го истото и ти. Или ако ти е навистина тешко раскини со сегашното момче, малку прибери се и сфати што навистина чувствуваш. :)
     
  12. un.luckygirl

    un.luckygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    нова сум овде и сакам да побарам совет од вас. пред некаде 2 години се најдовме со едно дете на нет. не знам зошто почна многу да ми се свиѓа. пишувавме една година и се чинеше дека и двајцата чуствуваме нешто еден за друг. по една година пишување се видовме и се фативме. се одеше ок кога решив да се опуштам и да му се предадам. по тоа што се случи тој ме откачи на најлош можен начин. долго време нне можев да се соземам и да се вратам на обврските. згора на тоа и ми каснеше и кога му го кажав тоа тој ме отфрли велејќими кој знае со кого сум била па него го наглавувам за тоа. му благодарам на бога што не бев бремена оти тогаш ке беше крај за мене. по се со се случи се решив некако да се кренам и да продолзам понатаму колку и да го сакав. по 6 месеци се фатив со едно машко и му кажав се што се случи и ме разбра. бившиот за тоа време се вери. но пред 3 месеци пак ме побара велејќи дека се кае за тоа што го сторил и дека ако јас се согласам тој ќе ја напушти вереницата. одбив оти не сакав да ја повреди и неа но и не знаев дали беше искрен. сега иако сум со момчето многу работи ме потсеќаат на него. не знам дали расчистив со чувствата што ги имам за него. мислам дека уште го сакам, можеби и многу повеќе отколку што заслужува. се чувствувам виновна пред себеси затоа што мислам дека не сум воопшто фер спрема сегашново момче.
    ве молам за совет и искрено ви благодарам сто ме ислушавте.
     
  13. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    297
    Каков совет ти треба?
    Препрочитај си го самиот твој пост и ќе сфатиш што да правиш!!
    Таков кретен што те оставил на таков начин и плус те навредил , не само што не треба во животот повеќе да му се обратиш , па него треба Х да му пишеш да и го избришиш од животот.
    Каков кретен е тој што сега има и плус вереница и те бара повторно тебе ?
    Што ако еден ден ти биде тебе вереник, а потоа му текнува на некоја бивша, па оди кај неа?
    Девојко , типот според овој муабет што ни го кажа ти е КРЕТЕН !!!
    Подалеку од такви, ако не сакаш да останеш повредена.
    Си имаш нов дечко, терај си со него, нема што да расчистуваш со тој идиотот, освен ако сакаш да го спуштиш и да го направиш подолу од ... ајде да не кажувам што.
     
  14. un.luckygirl

    un.luckygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ти благодарам KalaV, знам дека е така и во право си, но се уште ме мачи мислата дека можеби ќе се сменеше ако повторно му дадев шанса за да успееме :$ , дека свати дека ме повреди и можеби се кае за сето тоа што ми го стори. си мислам дека можеби јас ја уништив шансата за да бидеме среќни.
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.303
    Девојко, јас нема да навлегувам во карактер читање, филозофирање, можеби, со сигурност, ваков е таква си...само ќе ти речам, ама мислам и сама знаеш, поради последното што го рече во првиот пост, дека најдоброто за тебе ќе биде да бидеш сама некое време.
     
    На un.luckygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.183
    Зошто кога некој сакате не се борите да бидете со тој некој
     
  17. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.079
    Ќе почнам од каде што те цитирав! Ти каснело, си била исплашена не дај боже да не си бремена а "фраеров" те шутнал како стара крпа. Те искористил и те шутнал. Извини ама така е! Сега имаш покрај тебе нов дечко кој те разбира и цени, поради тоа што си а не поради тоа што можеш да му го дадеш!
    Друга работа што ми падна во очи беше "каењето" на овој првиов. Ако мислел дека си за него ко прво никогаш не би ти го направил тоа што ти го направил, и ко 2ро никогаш не би дошол до тој степен за да се вери со друга!
    Ти си сега и те како збунета! Мој совет ти е да си останеш со сегашниот дечко, можеби сега ти се измешани некои работи поради тоа што овој пак те пбарал(да не те побарал веќе никогаш ти немаше да пишуваш тука за него, зошто не ти бил битен пред тоа)! Ова не е љубов за да му се вратиш, а и размисли колку луѓе би биле повредени заради таа постапка.! Дечко ти кој безусловно ти понудил љубов и разбирње, и неговата вереница што не знае со каков СКОТ е верена! Сето ова е само спомен! Седи си на страна, и уживај во животот со сегашниот дечко!
     
  18. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    1.057
    зошто не вреди секогаш и по секоја цена да се бориш за некој,прво треба да промозгаш некои работи,да видиш дали и колку заслужува...
     
  19. nena-26

    nena-26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    Девојки не знам што ми се случува во последно време! И кај мене поминаа скоро 4 години откако раскинав со бившиот со кој бев долго време заедно и јас имам долга врска моментално, ама некако нешто фали... На почетокот со новиов дечко беше супер ама ете последниве година дена и више се трудам да биде се во ред, ама целата ситуација ми делува вештачка, со сила. Откако раскинав со бившиот ние продолживме да контактираме, се слушавме на кафе одевме, после некој период тој ме молеше да се смириме ми кажуваше дека сеуште ме сака, но јас некако немав сила да му простам и да му се вратам , бидејќи веќе бев заедно со сегашниот дечко и не сакав него да го повредам. И ете 4 години ние контактираме, 4 години тој ми ги кажува сите проблеми, јас му се доверувам го чуствувам близок. Ми кажува дека ниедна не може да се спореди со мене, а пак не сме заедно. Во последно време многу слабо комуницираме и тоа толку многу ми фали, се чуствувам како моментално да го губам,а не пред толку години. Мислам и дека има и девојка и тоа толку јако ме боли. Не знам што да правам , ќе полудам!
     
  20. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    Која е причината поради која сте се разделиле???