Поминаа 5 години - не го преболев!

Дискусија во 'Разделби' започната од Silvija.S, 18 декември 2009.

  1. nena-26

    nena-26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    Он имаше некои причини кои сеуште не ги разбирам баш. А, иначе моментално тој живее мн далеку.
     
  2. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    А што да ви кажувам јас....дооолга приказна која започна пред неколку години
    Во трета средно се заљубив во него...во четврта заедно бевме во организациски одбор за матура,цело време заедно...се надевав и бев среќна...иако од него само пријателство...инаку тој е од многу богата фамилија а јас не,но ќе се изненадите каков е скромен и добар,ист како неговите родители,убав ,паметен,културен...за матура бевме партнери,и тоа јас му реков сепак од негова страна пак ништо,џабе се трудев да му дадам знак...значи тоа беше одамна....
    Откако се запишавме на факултет,по 2 години-јас уште не го заборавив,,,,,се погоди да чекаме заедно нова година...цела вечер игравме заедно се смеевме...се смувавме...бев пресреќна а потоа испадна дека тој не се ни сеќава на тој бакнеж...на таа нова год му се засвиќа другарка на сестра ми,на втората вечер и се пушташе и таа прифати....и ден денес се заедно...а јас,и ден денес неможам да го заборавам...од сестра ми слушам за нивните убави моменти...колку ја сака тој,
    Кога се фатија тие,после 2месеца раскинаа кратко и од сестра ми разбрав дека воопшто не комуницирале....кога доаѓаше девојка му на гости кај сестра ми ја прашав дали ќе се смируваат зошо тој почнал да ми се пушта мене-а уствари ја лажев...и кажував дека ми пушта пораки мене,дека сме се договориле да се видеме итн...таа инаку поверува во моите приказни и 5,6 месеца збор немаа прозборено со него за да дознае дека сум ја лажела уствари...но изгледа љубовта им беше појака па се смирија....оттогаш тој ни з драво не ми вика-сигурно дознал што сум правела иако ми немаат речено ништо, и сега се срамам од тоа но бидна....ниту таа е дошла 5 год на гости кај нас,а со сестра ми комуницираат на кафе......
    но луќе неможам да го заборавам, никако,никако,на овие години се осеќам ко дебил,скоро 8години вљубена и знам дека никогаш нема да ми возврати
    .......фатив сега дечко,и тој излезен од долга врска,абе луѓе неможам ни за рака да одам со него,никој неможам да засакам а не знаете колку се трудаммммм...како да си помогнам незнам,а осеќам дека кога ќе ме видат со новиот дечко-мојоата љубов и девојка му ми се потсмеваат пред сите глумам силна и никој незнае дека сеуште го сакам ама јас си знам
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nena-26

    nena-26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    Ицеберг, многу е зезната љубовта, особено ако некој те повредил... Ние женските сме такви обично го сакаме тоа што не можеме да го имаме и го идеализираме. Во твојов случај ти не знаеш дали воопшто тој некогаш те сакал или те гледал само како другарка. Башка има девојка толку долги години е со неа(Што не мора да значи дека толку многу ја сака), но сепак ако сакал да биде со тебе немало да се фати со неа, бидејќи вие сте се смувале. А и си ја зезнала работава кога си сакала да им ја уништиш врската. Мој совет е ти да прекинеш секакви контакти со него, да не го гледаш и да не слушаш ништо во врска со него. Пробај со новиов дечко, опушти се и речи си нека ме види и нека пукне од мака дека јас сум среќна. Јас можам да бидам среќна и со друг одлуката е моја!
     
    На Iceberg му/ѝ се допаѓа ова.
  4. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    231
    Животот мора да продолжи,причините за разделбите се секогаш болни и не секогаш се вина само на едниот во врската.Секој си има свое мало изгаснато кандилце...ама баш секој.Се разбира тука не ги сметам ,,среќлиите,, без срце и душа.Затоа не очајувајте подолго време,излегувајте и со поглед барајте нови лица,по можност насмеани,најдете сила одвнатре за да продолжите..друго чаре нема и сигурен сум дека ќе има награда за вашиот труд во вид на нова љубов..на крајот нели мора да има сон за секого.
     
    На nitokris, little-butterfly и irs им се допаѓа ова.
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.231
    :clap: :clap: :clap: :clap: Совршено кажано.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.755
    Iceberg сите ние имаме некаква животна љубов, неостварена љубов, платонска љубов и секогаш кога ќе ја сретнеме, односно кога ќе го сретнеме нешто ни игра во мешето.
    И ништо не се случува, секој си продолжува по својот пат и тоа е сосема нормално да имаме ваква личност во животот.

    Но мислам дека не е убаво да бидеме преокупирани со таа личност и буквално да се измачуваме со тоа дека таа љубов не ни се остварила ниту реализирала во нешто посуштинско. Што би било кад би било, овде не помага.

    А можно е вакво нешто да ти се случува токму на тебе. Јас мислам дека само по себе ќе си дојде тоа. Можеби нема да го заборавиш, но ќе се заљубиш во друг и ќе ти помине.

    А не знам како се трудиш. Тој дел не ми е јасен малку :?:

    Едноставно можеш да се трудиш таа енергија која ја трошиш мислејќи на него да ја пренасочиш. Се тоа може многу добро да се истренира. Чуствата не се тренираат но твоите мисли можеш да ги свртиш кон нешто сосема друго.
    Едноставно не е возможно да се фокусираш само на еден дечко речиси цел живот, не е здраво ниту убаво пред се за тебе.

    Пробај да правиш работи кои на друг начин ќе те исполнат тебе а ќе ти ги оттргнат мислите од него. Ако имаш некакви начини на кои сеуште си во некаков контакт со него, макар и добивала информација каде кој го видел, да ги прекинеш. Едноставно изостави го сосема, и самото ќе си помине ;)
     
    На Iceberg и irs им се допаѓа ова.
  7. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Da vistina e toa sto go kaza Lilit.
    Na primer zosto da ne go zatvoram minatoto i prodolzam ponatamu.Tuku koga i da go vidime sakaniot se potsekame na momentite sto sme gi imale zaedno(dokolku sme gi imale).
    Se potsekame na seto toa,placime,se nervirame..Depresija :worried:
     
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.750
    Не за џабе ни велеа постарите еден фати си кога ќе си постара, кога навистине ќе се залјубиш и ајт да не се замараш со спомени и споредби кој бил подобар...ама како проклето ќе доазнаеш ако не пробаш?
     
  9. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    568
    Мислам дека сите си имаме по некоја ваква приказна..за жал. За мојава тажна сторија со стара љубов сама сум си крива ама ете..
    Дечкото ме сакаше многу, а јас ладна, не му возвраќав, воопшто не бев заинтересирана за него. Он сирот правеше се за мене, ме сакаше година ипол- две, се уништи самиот поради тоа што не му возвраќав.. НОкако викаат, кругот се врти. Јас го засакав после, сфатив дека никој нема така да ме сака, и ете,неговата љубов кон мене прекина, од ден на ден беше се помала се додека он не си фати женска и сега си е во долга и среќна врска. И јас имам дечко но знам дека никој и никогаш нема да ме сака како тој. Знам дека сум млада, можеби уште овие муабети се бизарни, но како што тој ме сакаше ретко се наоѓа. И сегашниот дечко ме сака многу, и прави се за мене,но еве и после три години јас пак на моменти мисламна него и колку тој ме сакаше. И не викам не, ми фали, и кога ќе го сретнам со женската и кога гледам како ја сака и пази, си викам можев да бидам на тоа место... Ме сакаше.. ама сама сум си крива. Тоа е тоа, двајцата продолживме по сопствен пат.. Животот продолжува :)
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Во право сте и тоа го знам....требаше досега да го заборавам....сега повторно сама и ако ми е,се ми е заслужено...едноставно никако да се помирам дека никогаш нема да биде мој,уствари потајно се надевам ко некој дебил,неможам да го гледам со неа,а секаде ги гледам...дури и на свадбата на мојата сестра...
    но ете...морам од некаде да соберам сили,да престанам да мислам на него да се потрудам да бидам среќна и јас...морам одлучно да кажам не...многу ми е тешко бидејќи не сум запознала таква особа која е перфектна во се,и на која сите и љубоморат на неговата девојка зашто успеа да го фати....не сум сретнала подобар од него,денешните машки незнаеш дали да им веруваш,овој е злато невидено....толку е добар,фин,убав,висок,паметен,културен,од богато семејство и угледно-но никој не понижува,не се занесува,со секој разговара,секогаш намсеан,позитивен,,,аххххх..........толку внимание и посветува на девојка му,не ни е јасно како успеа да и остане верен оти многу го сакаат,а тој е само со неа,би сакала да сум на нејзино место,пошто таа не го залужува :@
    Ете како да не го сакаш........знам дека секогаш дел од моето срцето ,макар мало,ќе чука за него ,како моја голема љубов....
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.702
    Факт е дека скоро сите имаме некоја ваква приказна-незаборавна и непреболена љубов.
    Животот мора да продолжи понатаму, колку и да ни е тешко. Спомените остануваат. На добрите треба да се сеќаваме со насмевка, да не заборавиме колку ни било убаво со него. На лошите да не им обрнуваме внимание.
    Секој си продолжува по својот пат. Но штом таа врска не успеала, тоа било со причина. Со тек на време ќе помине, ќе дојде нова љубов. Можеби е навистина излитено, но за оваа ситуација само времето е лек. :)
     
    На marina.m.g, Page, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    2.818
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден видов еден бивши што ептен ни беше убаво заедно и пак ми затрепере нешто во мене ...јбг луѓе сме не сме имуни на емоции...останало пак тука нешто не се брише се така преку ноќ
     
    На cvetce93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dushka-07

    dushka-07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    И јас бев како тебе.. со години не можев да го преболам !! Но со тек на време.. се пројде, сватив дека е КРЕТЕН и дека нема да си дозволам на себе да патам поради еден КОПИЉ |( Си реков, ЗОШТО ТОЈ НЕ ПЛАЧЕ ЗА МЕНЕ,ЗОШТО ТОЈ НЕ ПАТИ,ТУКУ САМО ЈАС,.. навистина многу го сакав и беше многу убав,но не и единствен.. Потоа после 1-2 недели го баталив .. си најдов друг,многу подобар,покултурен,поубав,што го цени тоа што го има.. и дури сега сваќам колку сум била глупа |( А и нема да дозволам пак да потпаднам во истата грешка.. нема да дозволам повторно некој да ме гази и да ме исмејува..да ме мачи со години.Таков е животот.. денес сме тука,но можеби утре не,затоа уживајте во него и не дозволувајте некој друг да ве гази и понижува,а особено некој КРЕТЕН !! Па сега добро размисли ;)
     
    На DEBELUSKA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    292
    И после четири годишна врска,сеуште мислам на бившиот.Не плачам секоја вечер,не се нервирам,не мислам каде е (далеку од тоа) само понекогаш ке помислам на него како било,што би било да сме уште заедно...офффф не можам да го исфрлам од мислите
     
  15. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Не ги сакате вие бившите туку самите си правите да мислите дека сеуште ги сакате. Ги гледате убавите моменти поминати со нив и убавите нешта што ви ги рекол. Но погледнете малку на лошата страна, колку пати не ви вратил порака, колку пати ве игнорирал, моментот кога ви раскинал....не ви се верува но многу ги има. Истиот проблем јас го имав но посе 2 години сватив дека седење дома и плачење за него по цел ден навистина е само губење време. Немојте да мислите дека аку ве гледа тажна ке се сожали и ке дојде да ве теши. Тоа е грешка број 1 што сите девојки ја прават бидејќи со тоа му давате сознание дека сеужте не го имате преболено. Но аку ве види викендот после раскинувањето излезена со друштво и насмеана ке се чуди зошто си среќна кога треба да седиш дома и да плачеш. Не било судено да бидете заедно па продолжиси напред со животот. Господ го тргнал него бидејќи има нешто поубаво да дојде за тебе. И за да го заборавам неколку филмови навистина ми помогнаа па мој предлог е соберетесиги најдобрите 3 другарки направетеси пуканки и седнете да гледате ( Jerks theory, Lars and the real Girl, High Fidelity, Forgetting Sarah Marshall, 500 days of summer, The Holiday)
     
    На marina.m.g му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Noname7

    Noname7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Lele devojki i jas sum vo vakva situacija..veke 4 godini nemozam da go zaboravam ,prv mi bese...neznam sto da pravam ,sakam da go zaboravam i da prodolzam ponatamu so zivotot , no problemot e vo toa sto i toj seuste mi dava znaci na ljubov , barem jas taka mislam...ili toa mu se samo trikovi da doznae dali seuste go sakam bidejki e skorpija i se saka da doznava :(
     
    На DEBELUSKA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    2.613
    Знаеш на секого му е убаво кога некој го сака. Тој знае дека го сакаш и си поигрува со твоите чувства, можеби. Зошто не пробаш со некој друг? Така тогаш тој ќе остане изненаден од твојата постапка, затоа што повеќе нема да си девојката што секогаш ќе го сака. Што мислиш, нема ли да му е мака да те види со друг? Мислам дека тоа е најдобро решение за излез од оваа ситуација. Пробај, можеби ќе успееш. :)
     
    На DEBELUSKA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Noname7

    Noname7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    No jas znam deka e taka deka toj si poigruva so mojte custva ,probav i so drug da probam kako sto velis ti , toj poluduva da no sekogas koga mu se vrakam toj me izneveruva bidejki znae deka sum mnogu popustliva no ovojpat ako mu se vratam ke bidam zestoka isto kako sto e toj pa ke vidime kako ke mu dojde...mene problemot mi e vo toa sto nemozam da go zaboravam :(
    [mod-kirilica:D4bkdu7d][/mod-kirilica:D4bkdu7d]
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.282
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Женски
    Жално што баш ова ќе го кажам на Денот на вљубените,но и јас го имам истиот проблем.Поминаа 5години,точно 5 откако се разделив со љубовта на мојот живот.И не сме во добри односи,и тоа ми паѓа многу тешко ;( ,посебно бидејќи е многу далеку од мене.
    Сакам да го мразам,но неможам,се измачувам секој ден мислам на него,се ме потсеќа на него,а за да биде уште потрагично воопшто немам среќа во љубовта.
    Неможам веќе да живеам така,но не смеам да му пријдам тој е најголемата моја љубов но и ми е најзабранет :( .
    Единствено сакам да биде среќен,да биде заљубен,јас не сум важна ќе претрпам се за него,како што го правев тоа исто како кога бевме заедно.
    Заспивам со помислата за него,се будам со надежта дека ќе го видам бареш уште еднаш во животот.
    И да ме сака,и да ми се врати,сите се против нас,тоа неможе да се смени ,за жал.
    Јас сум осудена на забранети љубови,поточно неодобрени посебно од мајка ми.
    Благодарам што постои ваква тема за несреќно вљубените.
    Нека ви е среќен на сите СВ.Валентин и СВ.Трифун :hai:
     
  20. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Машки
    ^
    Но пријателке, и ти, а и сите што пишале на оваа тема со сличен проблем...
    Дали некого ќе преболувате 5 месеци/години, па и 55, зависи само од вас, вашата волја и решителност.
    Од ништо друго/никој друг... :)
     
    На DEBELUSKA, WildCherry и daddys.princess им се допаѓа ова.