Секоја ситуација има излез,немој да размислуваш на нешто вакво.Да очигледно не си во нај сјајна ситуација и во моментов е се црно околу тебе,но сигурно имаш некој што би ти помогнал,да земеш од некој,да продадеш нешто или слично да пробаш да се снајдеш.. Некоја привремена дополнителна работа да најдеш додека го решиш проблемот..
Сум помислувал не се плашам да посегнам ама се плашам од смртта и од другата страна... Ама кога би се решил на таков чекор би земал и друштво
Obidi se,probaj. Zboruvaj so roditeli Ili nekoj blizok... Nema chovek koj ne pomislil na samoubistvo vo nekoi momenti no tezinata da se spodeli,se e minlivo,samo da ne izleze od kontrola. Nema problem koj ne moze da se reshi. Zboruvaj I komuniciraj so lugjeto,no prvo poseti struchno lice.
mn e tesko koga nemas blizok !! a imam i soprug i deca .. nikakva podrska odnego.. dopolnitelen stres
Зборувај на форум со некој, помага кога неможеш со никој друг бидејќи не те познаваат. Што и да било остани силна за децата, многу е тешко за едно дете да расте без родител, дури и после тебе да има маќеа која што навистина ќе го чува...
Зошто се зачленуваат и пишуваат глупости. Прво пишува дека се запознала со албанец, па демек и се свиѓал, после пишува омажена е и има деца. После работела во ИТ индустрија, а тука пишува вкупно 47.000 ден. должи. Бара совет на осетлива тема, ама се служи со лаги. Колку и да е сензитивна темата, некои луѓе тука се дојдени за сеир.
Мислам дека не е лошо да побараш помош од стручно лице - психолог или психијатар. Мисливе (и емоцииве) што те мачат да ги продискутираш со тоа лице. Мислам дека е многу битно да ги адресираш - да ги кажеш и да ги довериш на некој што е стручен.
Јас сум добар ама секојдневието примитивно со примитивност и пропаст а и лицемерието ми влијае сурово психички... Кога одев еден пат на психолог па после и на психихатар само ми препишаа хелекс и тоа е се... Ама не пијам апчиња бидејќи не ми требат и не сакам да бидам во тој воз со тие што пијат бидејќи од тие истите личности патам јас... Без емпатија примитивни погани без општествена одговорност мазохисти.. Духовно празни изопачени негативни песимисти пропалици
Пиењето апчиња некогаш е неопходно за да се доведе афектот во некоја понормална граница, за да може да се работи на психотерапија, но само по себе не е доволна само медикаментозна терапија. Таа мора да оди во комбинација со психотерапија. Можеби треба да се проба некој друг психолог ако искуството со првиот не се погодило. Убаво е што се осеќате добро, дај Боже така и да остане. Може е само промена во расположението во прашање, ама следи се како си.. ако трае подолго, пример месеци, пола година, треба да се побара помош. Знаеш, секојдневието не е само розево, некогаш се случуваат добри некогаш лоши работи и нема бегање ни од едните ни од другите. Лош настан е лош настан, ама неговото влијание проаѓа низ внатрешни филтери. Како ние ги перцепираме секојдневните случки, какви емоции и расположенија будат во нас, зависи не само од самите случки т.е од надворешните фактори, туку и од внатрешни фактори, од нашата психичка состојба. Некогаш може да е во прашање растројство во расположение а не депресија во прашање. Разликата е пред се во интензитетот и траењето на таа емотивна состојба.
❤️ Ееех во секојдневието не се сите со емпатија како тебе.... а мојата средина е прилично со токсични негативни луѓе ама јас сум изолиран од нив ама плаќам со осаменост
Батали ги тие запознај си нови луѓе, ќе најдеш некој за да не бидеш осамен.. Дај шанса на некој да го запознаеш подобро, иако мислиш дека не би ти било добро во негово друштво, може спротивното да ти го докаже.
Подобро еден искрен пријател него десет лажни. Многу, премногу токсични луѓе имам и јас околу себе. Со нив комуницирам онолку колку што морам. Некогаш се толку напорни, имам чувство дека физички е залепена за мене нивната негативна енергија. Со тек на време научив како да се оградам од сето тоа или како да се детоксицирам и декомпресирам после се, инаку и моето ментално здравје би било загрозено. Сакав и прееска да речам - нашата емотивна состојба е наша. Контролата е во наши раце за нашите емоции. Иако може да личи дека не е така и дека многу малку имаме контрола врз нив, или дека тие „едноставно ни се случуваат“. Кога ќе сфатиш дека може да имаш контрола врз мислата и чувствата, макар и ограничена, го поместуваш локусот на контрола од надвор од себе, кон внатре во себе. И веќе не ја гледаш вината во дешавките вон тебе за своето располежение. Ако се обидуваш активно да учествуваш во тоа како ги примаш нештата и особено како реагираш на нив, тогаш веќе не си само приемник на она на што си изложен во светов, туку си проактивен во односот со светот околу тебе и ти си тој што имаш моќ и самоконтрола. Сам одлучуваш како ќе го перцепираш, како ќе го процесираш и во која ментална фиока ќе го ставиш, со која етикета ќе го означиш настанот, дури и тој негативниот. Емотивната стабилност донекаде има врска и со тоа колку сме развиле вештини да се носиме со негативното околу нас, тоа ми беше зборот
Ох секаде има такви негативни луѓе, мојте се пример од фамилија пола и више такви ја се отпишав, заради свој мир.