@WildMk Не мора да планираш како да го направиш тоа за да бидеш суицидален доволно е да помислиш на самоубиство како едно од можните решенија за да се окарактеризира како суицидалност. И од кај тоа дека сите понекогаш помислуваат на самоубиство?
Сакаш да кажеш дека ти до сеа не си помислил/ла за некоја ситуација да ме нема да се спасам/спасат,? Или ти е животот мед и млеко што искрено се надевам или лажеш.
Решение не е да рипнеш од мост каде што има или каде што нема вода, што ако рипнеш од мост кај што нема вода и само тешко се повредиш па не дај боже после останеш инвалид цел живот. Дали таа ситуација би ти била полесна одколку ова во која што си сега?
Никогаш нема размислувано за самоубиство и верувај дека повеќето немаат никогаш помислено без разлика со што се соочуваат.
се согласувам дека има луѓе кои не размислуваат на самоубиство колку и да им е тешко. Зошто на смртта се гледа како спас? Секој ден носи нова радост, ново решение, мислам дека треба да се бара убавина во мали нешта во такви моменти. Да се размисли што се ни се нуди како опција за решение, ни никако смртта според мене не е спас и решение, напротив. Зошто да не го видиш следното утро? Можеби баш решението во следното утро кое не би го дочекал.
Ти кажувам што ми кажале психијатри. Од таму ми е. И да... сум имала периоди кога сум била суицидална и периоди кога сум помислувала на самоубиство како 'Џенем сето' - мисла која ќе ти пролета низ глава. Затоа што во такви моменти 'Следното утро' изгледа како продолжување на тортурата.
Што ти кажале психијатри, дека нормална појава е ако некогаш помислиш на самоубиство? Да се биде суицидален не значи дека на крајот ќе се одлучиш да се самоубиеш али и не е нормална појава да помислуваш на самоубиство, тоа е знак дека имаш суицидални мисли.
А зошто тортура, секој ден носи нови случувања, зошто кога мислиш на утре, не си помислиш колку убав ден, ќе биде, и како ќе ти се разбистри главата и ќе најдеш решение за проблемот. Како знаеш дека сигурно ќе биде нова тортура. Зошто не размислиш дека можеби и утре ќе биде тортура, но ако направам добар план за да излезам од таа ситуација тогаш ќе дочекам ден кој што ќе биде светол и убав. За секој проблем постои решение, а за некои проблеми постои и прифаќање, само човек треба да ги види работите и од друга перспектива.
Затоа што така ти изгледа кога си депресивен (не е рационално). Затоа е дијагноза. Затоа се бара помош од доктор. Како за било која друга болест.
Добро, јас не сум стручна да зборам за болест, сум била во многу течки ситуации во животот и сеуште сум. Имам многу причини да бидам депресивна, но секогаш се обидувам да гледам на страната на решението. Но веројатно има некои околности кои што прават луѓето да посегнуваат по својот живот, но веројатно тоа не е самата тежина на проблемот, туку сплет и на повеќе околности, фамилија, социјален живот воспитување, карактер.
Болест е бре. Нема врска со тоа 'Колку и какви проблеми имаш'. Исто како што дијабетисот не зависи од тоа 'Колку и какви проблеми имаш'. Така ти функционира мозокот, затоа такви ти се мислите. Или за дијабетис: Така ти функционира панкреасот, затоа таков ти е инсулинот во крвта. Кога е здрав мозокот, размислуваш рационално. Ама кога ти е болен мозкот, не размислуваш рационално. И тоа се вика психичка болест.
Ок, ставете крај на дебатата, се знае што е самоубивство и зошто некому му доаѓа таа помисла. Ок ако ви се виде дека внимание барам, во ред. Јас барав решение за еден проблем. И плус јас не барам внимание од личности што не ги познавам, да беше така јас на моите родители ќе им кажев дека помислувам на такво нешто. Јас не реков дека сум решена на такво нешто, но размислував и побарав помош. Не ми е во план да се објаснувам по 100 пати. Им благодарам и од срце и душа на тие што ми помогнаа и ми кажаа начин за решавање на проблемот. Сега мене ми е редот да видам дали ќе пали тоа што ми пишаа. Благодарам е мал збор за тие што ми помогнаа Стварно не знам што да кажам за да се оддолжам
Баш напротив. Многу добар знак е што го препознаваш проблемот и што се обидуваш да најдеш решение. Тоа е првиот чекор кон здравјето. Со соодветна дијагноза и терапија, повеќето психички проблеми, релативно лесно се менаџираат. Се' ќе биде во ред
Повеќе пати, не еднаш. Страшно е кога си заглавен во таа тампон зона, помеѓу сигурната зона и онаа опасна зона. Напред немаш зошто, назад немаш за што и така остануваш заглавен. Сите кои ви се случува да помислите на вакво нешто првин прочитајте го следниот текст, кој сметам дека ќе ве натера да размислите подлабоко.