Ќе контролира член што минал низ такви работи. Мислењата од типот "животот е убав", без образложение од членови не треба да го има на темата. И пожелно е да ја стават модераторите во скриено катче, каде лицето ќе има барем 10 мислења, а не 100.
Сум размислувала за тоа, посебно ланскиот период кога се борев со ансиозност, сама. Пандемијата повеќе ми ја имаше влошено ситуацијата, па и плус депресија, мх мх. Многу падови имав, неуспесите и разочарувањата се редеа, секој ден. Дури и да побарав совет, секогаш ќе го добиев она дека ништо не ми е. Па и плус она - Ајде бе, животот е убав. Уау, како не се сетив на тоа порано? Утехата ја барав во храната, напуштив и работа, не се препознавав себе. Дојдов до момент кога побарав помош преку онлајн психолог надвор од мојот град за било каква онлајн сесија и не можев поради ограничените мерки и возни линии да си дозволам очи у очи да отидам кај стручно лице, убаво ја објаснив ситуацијата во која што се наоѓав за да видам дали можам некаква онлајн сесија да имам, барем 2 3 пати. Добив експресен одговор за да закажам дури по 3 недели. Незадоволна од одговор решив да си ја земам работата у свои раце и да поработам на ситуацијата. Среќа, па излегов од сето ова. Денес сум подобро.
Има луѓе кои се длабоко навлезени во секаков вид на проблеми и тие не се решаваат со години, а не пак утре. Пример имам сосетка која нема каде да оди, оти родителите не и оставиле ниту една соба, а мажот ја тепа често, се расправаат со полиција. Од тие проблеми синот не им се ожени. Како ќе донесе жена дома кога постојано е како бојно поле, а сета таа наслога води и кон финансиско пропаѓање. Таа жена, па и синот лесно би можеле да посегнат по својот живот. За нив нема решение, за жал.
Ако работат и двајцата мислам би издржиле со некое станче под кирија. Зашто да се принудени да го трпат тој насилник? За жал, повеќе е психолошки ефект, страв и потчинетост кон мажот.
Жената е стара, има 60, или можеби 61 година, и никогаш никаде не работела. Кој неа ќе и даде работа сега? Синот има 40 години. Работеше за минималец, пола пари за цигари му одат, и остави работа. Каде да одат? Стан под кирија не е евтин, плус сметки, плус храна и други трошоци. Ни со плати нема да излезат од тој лавиринт. Тие се психички потиштени. Цел век да се занимаваш со насилник, дали ќе имаш волја за работа и живот? Не. Единстевно сега им останува тој да почине, и да се спасат. Но, и тоа да се случи, што фајде кога пропуштија да живеат нормално?
Пиши на било кој од нас во инбокс, ќе те ислуша и ако не друго, ќе ти биде полесно. Какво е тој толку голем проблем, дали е навистина нешто нерешливо?
Добро, а полиција не презема нешто во врска со насилникот? Или они не можат некако да го испратат на рехабилитација?
Беше осуден за семејно насилство, одлежа 6 месеци затвор и се врати дома. Тој друга куќа нема, тие исто така и сите заедно си седат. Еднаш жената и рекла на мајка ми „па што и ако умрам, ова живот ли е?“. Дека државата некого ќе рехабилитира не се надевајте. Посебно не ако некој пие и има лош нарав. Дури и да е трезен, тој е исто така незгоден. Имавме соседи кои се пореметија, и буквално имаше ризик да нападнат некого без повод и причина. Колку пати доаѓаше полиција, и никому ништо. Ќе видеа дека се луди, дека провоцираат и маваат со камења по луѓе без причина и си одеа. Среќа умреа, па се спаси народот. Институциите не преземаат мерки.
Многу пати имам помислувано на самоубиство, скоро секоја вечер пред да заспијам ама немам храброст да го направам.
Сум помислувала и јас. За среќа, никогаш сериозно. Имало периоди кога сум била на дното, па сум се издигнувала пак. Тоа е обично и мислата што ме води кога имам лош период, дека и тоа ќе помине. Дека таков е кругот на животот, промена на лошо и добро, а лошото е тука за да не' научи да го препознаваме доброто. Не знам дали е така, но за мене е утеха