Пробај со онлајн психолог .. кога твоите не се дома .. Се надевам дека во најскоро време ќе излезеш од тој лавиринт и ќе го земеш својот живот , своите желби и мисли во свои раце . Не го прави тоа ниту сега , ниту во иднина . Се ќе се среди еднаш . Мора . Верувај во тоа . Секое лошо , за добро е . Бори се со сите предизвици како што лавицата се бори да ги заштити своите чеда , бори се со животните препреки и за инат излези посилна од таа борба . Не паѓај и не се предавај . Никогаш . Затоа што , за да го видиш виножитото , прво мора да има дожд .
Сум помислувал и порано, ми се случива да помислам и сега кога имам многу нервозен, емотивен период и све се насобрало. Но, знам дека е тежок период и ќе помине. Таков е животот.
Помислувам иако не смеам. Пред две години тоа и ќе се случеше. Единствена работа што ме спаси тогаш а и сега е син ми. Тој е моја единствена љубов и единствено од него добивам љубов и гушкање.
Само сами си знаеме со какви демони се бориме. Јас барем, себично ми е да пречам на друг и да ги потресувам со моите мисли, од друга страна себично ми е да живеам ради друг. Па така, само си постојам. Помислувам да, ама не би. Мислам.
Само да ве охрабрам сите и да не им придавате значај на суицидните мисли, ќе помине не се откажувајте од себе барајте поддршка од психолог ќе ве разбере и помогне, само немој сите тежини на светот да ги земате врз себе , ве гушкам сите ❤
Не дека не сум помислила, ама не би имала храброст за такво нешто. И тоа зависи, можда некогаш ќе се случи нешто што би ме турнало на раб и после кое мислам дека нема смисла моето живеење. Повеќе помислувам за to stop existing for a while иако не е возможно.
Ајде ајде не се обесхрабрувај Никому не му е мед и млеко, ниту на најбогатите... И јас имав многу црни мисли во врска со сѐ, но успејав да се смирам на некој начин. Јас имам осетено дека кога најмалку надеж имам, тогаш ми стига позитивно чудо. Немој да се грижиш, сѐ ќе биди само трпение. Познавам човек кој се самоуби и ништо друго не направи, освен лошо. Ја остави ќерка му да тажи и неговата сопруга исто така.... Никој не треба да дозволи брзите постапки да бидат побрзи и од мозокот. Размисли за сите убави работи кои ти се случиле, за луѓето околу тебе кои те сакаат. Биди храбра и главата горе, бидејќи утре е нов ден и нова можност да ги поправиш работите. За разговор можеш да ме побараш кога и да ти е тешко. Од дното на душата ти посакувам сѐ најдобро.
Не дека не се трудам, денес имав анксиозен напад плус црни мисли, ама издржав. Вчера имав непријатна случка, па малку и денес ме држеше. Малку сум подобро сега, не се предавам.
И јас помислувам ради секојдневни нервози, уште не дошол клучниот момент. Се надевам нема ни да дојде.. Единствено нешто што ме спречува е бог..
Помислив.. Нервозите и притисоците од домашните тотално ме убијаа. Се чуствувам за мртов, психички сум мртов. Не сакав да мислам на ова, но мртов сум, прашање е кога и телесно ќе ме нема иако некогаш нешто ме спречува, се прашувам зарем толку виде тешко на 20 години? Но ете.. како да ми стојат на рамената од една страна добар ангел а на другата лош, како во цртаните.. Зоштоо се родив, јас не сакав да се родам никој не ме праша ниту по моја желба, вие што ме родивте вас нека ве јади совеста.
Да се потрудиме да немаме вакви црни и ѓаволски сценарија во нашиот ум. Сите имаме потешкотии ама со силна волја и Божја помош се се надминува. Ништо не се постигнува со самоубиство, само ќе ги скршеш оние што те сакат и ќе ги нахраниш црвите в земја. Сети се дека си потребен на некој друг и дека лично тебе те чекаат многу убави работи во животот. Најди си спорт било каков, човек кога е сам размислува само на глупости. Ние сме социјални суштества,ни треба друштво. Нема потреба од повише објаснување Толку.
@quattro , @Hellobeautiful @edna_malecka и сите други што ќе прочитате: Колку и да ви изгледа ситуацијата безизлена, нерешлива, очајна или трајна, реално таа никогаш не е таква! Само така личи од сегашната перспектива и од точката во која се наоѓате. За секој проблем колку голем или нерешлив да изгледа, има решение. Кревањето рака врз себе не е никогаш решение. И кога сме на дното има излез кон површината. Запомнете го тоа кога мислите дека сте го допреле дното. Ако ви се чини дека нема решение некогаш, не го наоѓате сами излезот, не се мислете да побарате помош од друг. Верувам дека најтешко им е на оние кои немаат поддршка и разбирање од дома, од родителите и од блиските, зошто тие се оние со кои сме посилно врзани емотивно. Но, семејството не е едниственото кое може да ви помогне и никој на светов не е сам. Побарајте помош од стручно лице доколку веќе не сте. Ќе ви помогне да се справите со чуствата и мислите кои ве обземаат, ќе ви даде совет како да ги подобрите релациите со другите, а ако треба и медикаменти ќе ви препишат. Ако е само тежок животен период ќе ви биде поддршка додека да го минете. Ако е подолготрајна депресивна состојба ќе ви помогне во борбата со неа.
Јас се мислам помеѓу самоубиство и психичка болница. Сам живеам, имам анксиозност и депресија, плус тотално сум изгубен во просторот и времето. Сите ме одбегнуваат и не ме бараат. Се мачам секој ден и психички и физички, на лицето почна да ми се познава.